автобуси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 13:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автобуси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-zadushnitsa-dopolnitelen-broj-avtobusi-na-liniite-59-59a-i-59b-3/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-zadushnitsa-dopolnitelen-broj-avtobusi-na-liniite-59-59a-i-59b-3/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895852

ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел. -Утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/za-zadushnitsa-dopolnitelen-broj-avtobusi-na-liniite-59-59a-i-59b-3/feed/ 0
Утре автобусите на ЈСП ќе возат по други траси, еве ги причините https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-avtobusite-na-jsp-ke-vozat-po-drugi-trasi-eve-gi-prichinite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-avtobusite-na-jsp-ke-vozat-po-drugi-trasi-eve-gi-prichinite/#respond Sat, 30 Sep 2023 10:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=883543

Заради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2023“, утре од дел од 7 до 14 часот дел од линиите на ЈСП „Скопје“ ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Како што информираат од јавното сообраќајно претпријатие во тој период нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б. Во периодот, пак, од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите: 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57. Со непроменета траса утре ќе останат градските линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В и приградски линии: 11, 11А, 18, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 66, 66А, 68, 71, 74, 81 и 162. Со изменет режим на сообраќање ќе бидат: Линија 5: од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал) од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал) Линија 7 од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал), од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 Македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица Линии 15 и 15А од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал) Линии 21 и 22 од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-avtobusite-na-jsp-ke-vozat-po-drugi-trasi-eve-gi-prichinite/feed/ 0
Штип од денеска има јавен градски превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtip-od-deneska-ima-javen-gradski-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtip-od-deneska-ima-javen-gradski-prevoz/#respond Fri, 01 Sep 2023 13:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=873412

Над 1.500 граѓани до пладне се возеа со градскиот линиски превоз во Штип кој почна да функционира од утринава. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски на денешната прес-конференција истакна дека интересот од страна на граѓаните e голем, а за тоа зборува и сликата на терен. -Сите возила од утринава тргнаа на време, без никакви проблеми. Имаме огромен одзив од граѓаните. Ако денот по утрото се познава, ова ќе биде успешен проект за сите, вели Стефановски. Граѓаните кои денеска се превезуваа на линијата Трговски центар до населба Баби велат дека ако за такси превоз од нивната населба до центарот на градот плаќале 100 до 120 денари во еден правец, сега ќе се плаќа автобуска карта од 30 денари. Забележуваат дека со ова ќе имаат можност да одат до центарот за помалку пари. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов апелираше јавниот превоз да се користи со цел да се намалaт трошоците на граѓаните, но и да се намали гужвата во сообраќајот. -Да ги смениме навиките на граѓаните за да придонесеме често да се користи јавниот превоз, пред се да се намали сообраќајниот метеж, намалување на трошоците на граѓаните, ова е само почеток, вели Јорданов. На шест линии ќе возат седум автобуси,во приградските штипски населби и до Општина Карбинци. Но и покрај апелот и денеска автомобили имаше паркирано на автобуските постројки. Автобуските постројки кај Трговскиот центар, ООУ „Ванчо Прке“, Домот на култура и Градскиот пазар се само дел од севкупниот број кои се узурпирани од паркирани автомобили. На дел од нив новите автобуси воопшто и не можат да застанат, па влегувањето во и излегувањето на патници од автобусите предизвикува дополнителен сообраќаен метеж. Градоначалникот,Јорданов, посочи дека за решавање на ваквиот проблем во следниот период ќе има позачестени контроли во соработка со сообраќајната полиција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtip-od-deneska-ima-javen-gradski-prevoz/feed/ 0
Автобусите од утре ќе возат по зимски возен ред https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/avtobusite-od-utre-ke-vozat-po-zimski-vozen-red/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/avtobusite-od-utre-ke-vozat-po-zimski-vozen-red/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=873336

Ве информираме дека од утре, сабота (02.09.2023 год), согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред. Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/avtobusite-od-utre-ke-vozat-po-zimski-vozen-red/feed/ 0
ДОКОЛКУ СО АВТОБУС ОДИТЕ НА МАТКА ЗА ГОЛЕМА БОГОДИЦА ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ – еве како ќе се сообраќаат автобусите за време на неработниот ден! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dokolku-so-avtobus-odite-na-matka-za-golema-bogoditsa-ova-mora-da-go-znaete-eve-kako-ke-se-soobrakaat-avtobusite-za-vreme-na-nerabotniot-den/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dokolku-so-avtobus-odite-na-matka-za-golema-bogoditsa-ova-mora-da-go-znaete-eve-kako-ke-se-soobrakaat-avtobusite-za-vreme-na-nerabotniot-den/#respond Fri, 25 Aug 2023 08:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=870775

Ве информираме дека во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во недела (27.08.2023 год) на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник (28.08.2023 година) од 7 до 18 часот. Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка. Во понеделник (28.08.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација во понеделник нема да работат, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, ќе работи од 10 до 20 часот, при што од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, а во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dokolku-so-avtobus-odite-na-matka-za-golema-bogoditsa-ova-mora-da-go-znaete-eve-kako-ke-se-soobrakaat-avtobusite-za-vreme-na-nerabotniot-den/feed/ 0
ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ ПАК ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ?! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-skopje-od-utre-pak-ke-nema-avtobusi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-skopje-od-utre-pak-ke-nema-avtobusi/#respond Mon, 10 Jul 2023 11:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=854951

Скопјани утре повторно ќе останат без јавен превоз бидејќи дел од вработените во ЈСП од 4.30 часот наутро ќе започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда. Ова е веста со која скопјани се разбудија утрово. Но и покрај официјалните потврди за утрешниот штрајк, од Градот Скопје велат дека јавниот превоз утре ќе функционира непречено... Скопјани снаоѓајте се сами! -Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4:30 часот до 12:30 часот, изјави за МИА Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП. Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Тошевска вели дека овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа. Доколку никој од раководството на ЈСП не ги прими на разговор, како што најави, тие по 12:30 часот ќе си заминат дома и во Скопје пак ќе нема автобуси. -Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години, рече Тошевска. Таа информира дека во ЈСП вкупно се вработени 1300 лица, а 600 се возачи. И покрај ова, од Градот уверуваат дека јавниот превоз утре ќе функционира непречено. -Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки. Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП. Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити, стои во нивното соопштение. Скопјани се оставени сами на себе да се снаоѓаат...]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-skopje-od-utre-pak-ke-nema-avtobusi/feed/ 0
Во првиот квартал со автобуси превезени околу 13 милиони патници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prviot-kvartal-so-avtobusi-prevezeni-okolu-13-milioni-patnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prviot-kvartal-so-avtobusi-prevezeni-okolu-13-milioni-patnitsi/#respond Tue, 23 May 2023 06:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=837733

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првите три месеци од годинава изнесува 12 995 илјади и во однос на истиот период лани е зголемен за 24.2 %, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 34.6 %, во приградскиот превоз за 12.1 %, во меѓуградскиот превоз за 15.8 %, а во меѓународниот превоз за 37.6 %. Во првото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 9.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 8.1 %, во приградскиот превоз е намален за 0.2 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 22.5 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 7.6 %.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prviot-kvartal-so-avtobusi-prevezeni-okolu-13-milioni-patnitsi/feed/ 0
ЈСП информира: Скратени траси на 3 и 3Б, линијата 25 времено нема да сообраќа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-informira-skrateni-trasi-na-3-i-3b-linijata-25-vremeno-nema-da-soobraka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-informira-skrateni-trasi-na-3-i-3b-linijata-25-vremeno-nema-da-soobraka/#respond Fri, 19 May 2023 08:12:40 +0000 https://kurir.mk/?p=836203

Во недела (21.05.2023), поради одржување на спортско-рекреативната манифестација „Прв до врв“, во период од 9:30 до 10:30 часот, линиите 3 и 3Б ќе сообраќаат до стојалиштето Клинички центар. Линијата 25 нема да ги реализира поаѓањата во 9:20 и 10 часот од Транспортен центар, односно во 10 и 10:40 часот од Средно Водно. Посочената линија ќе продолжи да функционира вообичаено почнувајќи со термините за поаѓање во 10:40 часот од Транспортен центар, односно 11:20 часот од Средно Водно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-informira-skrateni-trasi-na-3-i-3b-linijata-25-vremeno-nema-da-soobraka/feed/ 0
50 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, девет возила упатени на вонреден технички преглед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/50-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi-devet-vozila-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/50-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi-devet-vozila-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/#respond Thu, 18 May 2023 11:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=835883

Во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици и контрола на лица во казина и обложувалници. При контролата констатирани се 50 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила. -Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/50-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi-devet-vozila-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/feed/ 0
30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/30-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/30-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi/#respond Tue, 16 May 2023 13:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=834872

Денеска (16.05.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон. При контролата констатирани се 30 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила. Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/30-sanktsii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenitsi/feed/ 0