автобуска несреќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 09:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автобуска несреќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Испитуван вештак за Ласкарци, судењето продолжува на 31 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispituvan-veshtak-za-laskartsi-sudeneto-prodolzhuva-na-31-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispituvan-veshtak-za-laskartsi-sudeneto-prodolzhuva-na-31-oktomvri/#respond Thu, 19 Oct 2023 09:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=890697

Во основниот кривичен суд Скопје во врска со автобуската несреќа кај селот Ласкарци денеска беше испитувано вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот, денеска продолжи да го испитува вештото лице Љупчо Постолов. Прашан дали 1,67 секунди не се доволни за сопирање, но е доволно за реакција на воланот и насочување на воланот кон десно, тој одговори дека неколку пати нагласиле дека од возачот на автобусот немало никаква реакција. Во врска со тоа дека воланот по незгодата е најден завртен во десно, прашан дали во предметот сретнале фотографија каде што воланот е фотографиран во позиција за движење право, тој одговори дека во крајната положба воланот е во деформирана состојба. - Таква фотографија нема, но објаснив дека сите фотографии каде што е воланот свртен кон десно може да биле од многу други причини и деформации, рече вештакот. Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не. - Според машинските согледувања, АБС системот не бил исправен, односно била пресечена жицата што е поврзана со уредите, одговори тој. На прашањето дали таа неисправност на АБС системот била кај едно од тркалата, или кај сите тркала, тој одговори кај сите. Прашан дали со ваков неисправен АБС систем за кочење, овој автобус смеел да биде пуштен во сообраќај и да превезува патници на ден 13.2.2019 година од страна на одговорните лица на превозникот Дурмо Турс, тој одговори дека не би требало. - Сметам дека не би требало, бидејќи секоја неисправност која би се утврдила на техничкиот преглед, пред да биде пуштен автобусот во сообраќаен промет, требало да биде отстранета, рече вештакот. Прашан дали при ваков неисправен АБС систем, при максимално кочење со ножната кочница, може да дојде до тоа предните тркала на автобусот да не се управуваат, тој одговори дека АБС системот немал никакво влијание ниту е во причинска врска за случување на сообраќајната незгода. Сослушувањето на супервештаците се одвива веќе подолго време. На последните рочишта бранителот на шестообвинетиот - возач на автобусот, постави повеќе прашања во однос на настанувањето на несреќата и техничката неисправност на автобусот, на кои на најголем дел имаше приговори од страна на бранителите на останатите обвинети, според кои, прашањата се повторуваат. Обвинителот на денешното рочиште рече дека стратегијата на бранителите на останатите обвинети е да ја префрлат одговорноста на возачот, на што, тие одговорија дека е недозволиво јавен обвинител, изјавувајќи такво нешто, да се става во улога на бранител на обвинет. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето продолжува на 31 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispituvan-veshtak-za-laskartsi-sudeneto-prodolzhuva-na-31-oktomvri/feed/ 0
Тешка автобуска несреќа во северна Италија, повредени 15 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-avtobuska-nesreka-vo-severna-italija-povredeni-15-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-avtobuska-nesreka-vo-severna-italija-povredeni-15-litsa/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=888961

Петнаесет лица се повредени синоќа во нова автобуска несреќа во градот Местре, во северна Италија, единаесет дена по несреќата на автобус во истиот град, во која животот го загуби 21 лице, јави ДПА. Полицијата соопшти дека овој пат електричен автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда. Ниту една од жртвите не е во критична состојба, велат властите. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро, на социјалната платформа напиша дека сите автобуси на компанијата „Линеа“ во областа Венеција „веднаш ќе бидат сопрени и нема да сообраќаат“. Автобусот, кој од висина од десет метри пред 11 дена падна врз електрични жици во близина на железничката станица во Местре, исто така беше изнајмен од управата на кампот Ху во областа Маргера во градот. Претходно оваа недела, италијанските обвинители отворија истрага против три лица, вклучително и извршниот директор на „Линеа“ и двајца службеници од градското собрание задолжени за мостови и патишта. ДПА потсетува дека обдукцијата извршена врз телото на 40-годишниот возач на автобусот покажала дека тој е здрав. Имаше првична верзија дека му се слошило зад воланот. Според италијанските медиуми, цитирани од ДПА, возачот на автобусот кој синоќа излетал од патот, имал здравствен проблем и поради тоа изгубил контрола над возилото. Како и повеќето патници, тој има релативно полесни повреди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-avtobuska-nesreka-vo-severna-italija-povredeni-15-litsa/feed/ 0
Бендот кој свирел на свадбата на бремената Хрватка која загина во автобуската несреќа во Италија со најважната објава во нивната кариера (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bendot-koj-svirel-na-svadbata-na-bremenata-hrvatka-koja-zagina-vo-avtobuskata-nesreka-vo-italija-so-najvazhnata-objava-vo-nivnata-kariera-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bendot-koj-svirel-na-svadbata-na-bremenata-hrvatka-koja-zagina-vo-avtobuskata-nesreka-vo-italija-so-najvazhnata-objava-vo-nivnata-kariera-foto/#respond Thu, 05 Oct 2023 15:33:06 +0000 https://kurir.mk/?p=885670

Во страшната сообраќајна несреќа кај Венеција загина бремената Хрватка Антонела Б.(24), а нејзиниот сопруг Марко Б, исто така 24-годишен, е на интензивна нега во болница. Станува збор за млад брачен пар од Сплит, а нивниот идентитет го потврди италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Антонела и Марко се венчале пред околу 20 дена, а отпатувале во Венеција на свадбено патување. Антонела од Сплит била бремена, а хрватскиот портал „Индекс“ објави дека најверојатно била во петтиот месец од бременоста. Нејзиниот сопруг Марко е на интензивна нега во тешка состојба и му бил загрозен животот, но во моментов е стабилен. Завршил туризам и угостителска школа во Сплит, а професионално се занимава со фудбал. Тој неодамна се пресели од Работничкиот клуб Сплит во ХНК Мравнице. Играше и за Загора Унешиќ, Јунак од Сињ, НК Солин. Судејќи според социјалните мрежи, младиот пар живеел во Солин. Тие заедно со другите патници се враќале од Венеција со автобус кога се случила несреќата. Во страшната несреќа загина најмалку 21 лице, а меѓу загинатите покрај Хрватката има и пет украински државјани, Германец, Французин и Италијанец. „Во несреќата во Италија учествувале двајца хрватски државјани, од кои едниот за жал загинал, а другиот е тешко повреден, но во моментов е стабилен“, соопштија од министерството за надворешни работи на Хрватска. Несреќата се случила во вторникот околу 19:45 часот во градот Местре, на девет километри од центарот на Венеција, кога автобусот со туристи удрил во оградата на надвозникот, а потоа се превртел и паднал на покривот од нешто повеќе од 10 метри. Во меѓувреме од неа се прости и бендот кој ја свирел нивната свадба: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bendot-koj-svirel-na-svadbata-na-bremenata-hrvatka-koja-zagina-vo-avtobuskata-nesreka-vo-italija-so-najvazhnata-objava-vo-nivnata-kariera-foto/feed/ 0
Најмалку 21 загинат во автобуската несреќа во северна Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zaginat-vo-avtobuskata-nesreka-vo-severna-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zaginat-vo-avtobuskata-nesreka-vo-severna-italija/#respond Wed, 04 Oct 2023 06:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884866

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти. Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција. Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре - Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват. Идентификацијата на загинатите се уште е во тек. „Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-21-zaginat-vo-avtobuskata-nesreka-vo-severna-italija/feed/ 0
Трагедија во Италија: Најмалку 20 загинати откако автобус излетал од надвозник, паднал на пруга и се запалил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-italija-najmalku-20-zaginati-otkako-avtobus-izletal-od-nadvoznik-padnal-na-pruga-i-se-zapalil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-italija-najmalku-20-zaginati-otkako-avtobus-izletal-od-nadvoznik-padnal-na-pruga-i-se-zapalil/#respond Tue, 03 Oct 2023 20:07:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884798

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случи вечерва во Италија. Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил. Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-italija-najmalku-20-zaginati-otkako-avtobus-izletal-od-nadvoznik-padnal-na-pruga-i-se-zapalil/feed/ 0
Тешка сообраќаја несреќа меѓу два автобуси и камион со над 60 повредени во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-soobrakaja-nesreka-megu-dva-avtobusi-i-kamion-so-nad-60-povredeni-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-soobrakaja-nesreka-megu-dva-avtobusi-i-kamion-so-nad-60-povredeni-vo-romanija/#respond Fri, 22 Sep 2023 08:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=880612

Над 60 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во округот Телеорман во јужна Романија. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција, пренесува Аџерпрес. Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару. Досега во болница се пренесени четири лица. На терен се оперативни екипи со две противпожарни возила, две камиони, осум екипи на Мобилната служба за итни случаи за реанимација и вадење луѓе (СМУРД) и 14 возила на брза помош. За поддршка на силите се побарани два хеликоптери СМУРД. Надлежните побараа помош и на локално ниво - од Ѓургево: Обидете се да спасите што повеќе луѓе, пренесува БТА. Автомобилскиот сообраќај во реонот на несреќата е блокиран. Интервенцијата за гаснење на пожарот предизвикан од камионот продолжува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-soobrakaja-nesreka-megu-dva-avtobusi-i-kamion-so-nad-60-povredeni-vo-romanija/feed/ 0
Во автобуска несреќа во Мароко загинаа 24 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avtobuska-nesreka-vo-maroko-zaginaa-24-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avtobuska-nesreka-vo-maroko-zaginaa-24-litsa/#respond Sun, 06 Aug 2023 18:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=863976

Патнички автобус се урна денеска во центарот на Мароко, при што загинаа 24 лица, објави државната новинска агенција МАП на северноафриканската земја. Автобусот се превртел на кривина во централната провинција Азилал, соопштија локалните власти. Автобусот превезувал неодреден број луѓе кои се упатувале кон неделниот пазар кога се случила несреќата, додаваат властите. Причината за несреќата се уште не е јасна. Властите соопштија дека истрагата за околностите на несреќата е во тек. Сообраќајните несреќи се чести во Мароко. Во ноември минатата година, 11 лица загинаа, а 43 беа повредени кога автобус се преврте во близина на источниот марокански град Таза. Сообраќајните несреќи годишно одземаат најмалку 3.200 животи во Мароко, според Националната агенција за безбедност на патиштата на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avtobuska-nesreka-vo-maroko-zaginaa-24-litsa/feed/ 0
Судењето за Ласкарци продолжува на 8 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-laskartsi-prodolzhuva-na-8-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-laskartsi-prodolzhuva-na-8-juni/#respond Tue, 30 May 2023 13:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=840449

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 8 јуни откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушан сведокот Јакуп Мамути, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење. Во првиот дел, јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година. По паузата, се продолжи со испитување на истото вешто лице на прашања кои беа во голем дел одбиени од Судот, а се однесуваа на лиценцата на вештакот Мамути. Покрај Јакуп Мамути и Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење е и вештакот Незат Зеќир. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, кое, според вештаците утврдило дека автобуската несреќа не е од машинска природа. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, пак, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата којшто започна во септември 2019 година, го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-laskartsi-prodolzhuva-na-8-juni/feed/ 0
„Нè разбуди шкрипење, а потоа почна превртувањето“: исповед на патник од автобусот што се преврте во Унгарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ne-razbudi-shkripene-a-potoa-pochna-prevrtuvaneto-ispoved-na-patnik-od-avtobusot-shto-se-prevrte-vo-ungarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ne-razbudi-shkripene-a-potoa-pochna-prevrtuvaneto-ispoved-na-patnik-od-avtobusot-shto-se-prevrte-vo-ungarija/#respond Sun, 30 Apr 2023 10:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=829153

Еден од патниците од автобусот од Србија што се преврте во Унгарија, го опиша страшното будење што го доживеал при превртувањето на возилото. „Сите спиевме во автобусот, јас бев полузаспан, слушнав некое шкрипење, како да е фатен работ од патот. Потоа почна вртењето. Пожарникарите дојдоа навистина брзо и почнаа да ги извлекуваат повредените преку шофершајбната“, изјави Угљеша Саванов за Телеграф.рс. Како што рекол, брзата помош и полицијата биле веднаш на терен. „Потоа започна истрагата. Околу 7:30 сите бевме веќе пред автобусот. Возачите се добро, слушам. За среќа немаше многу повредени, на некои им беше укажана помош на лице место, некои се пренесени во болница“, рекол Угљеша. Ниту еден од патниците кои се наоѓале во полниот автобус од Србија кој се преврте рано утрово во Унгарија не е повреден, а повеќето од нив го продолжиле патувањето кон дома. Несреќата се случила околу 5:30 часот, а еден од сопатниците бил и Угљеша Саванов (23). Тешка сообраќајна несреќа се случила во саботата на автопатот 53 во Унгарија, во која 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ne-razbudi-shkripene-a-potoa-pochna-prevrtuvaneto-ispoved-na-patnik-od-avtobusot-shto-se-prevrte-vo-ungarija/feed/ 0
Мирчевски: Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirchevski-prichinata-za-avtobuskata-nesreka-kaj-laskartsi-ne-e-od-mashinska-priroda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirchevski-prichinata-za-avtobuskata-nesreka-kaj-laskartsi-ne-e-od-mashinska-priroda/#respond Tue, 25 Apr 2023 11:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=827383

Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната. Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека не би се согласил дека за да се избегне случената сообраќајна незгода, единствена можност било предхаварско кочење. - Не сметам дека со кочење од било каков тип би била спречена особраќајната несреќа, туку со исправен систем на управување, автобусот може соодветно да се управува, рече тој. Прашан дали кој било од возачите на овој автобус реагирал на неисправноста на кочниците, одговори дека, како што рече „од она што го анализиравме, таков податок нема“. Потоа вештото лице го испитуваа во врска со состојбата на патот по кој се движел автобусот како и важноста на периодичниот технички преглед. На прашање од јавниот обвинител, „се согласувате ли со мене дека 16 дена возење на нерегистиран автобус е околност која укажува каков бил односот не превозникот кон обврските што ги има кон сообраќајот“, одговорот на вештото лице беше „ние не сме вршеле ревизија на работата на превозникот, ниту пак сме инспекциско тело кое што има овластувања да ја контролира работата на која било фирма“. Прашања до вештото лице постави и Судот кој праша во врска со индикаторите на контролната табла кои биле прелепени, на што вештото лице одговори дека во моментот на увид немало прелепување и посочи дека тоа е можеби резултат на долгиот временски пеирод и променливите временски услови на кои бил изложен автобусот. Со испитувањето на ова вешто лице заврши испитувањето на тимот што го изготви машинското супервештачење, а судењето продолжува на 4 мај со испитување на тимот кој го изготви сообраќајното супервештачење. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето и тоа сѐ уште трае. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 а во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mirchevski-prichinata-za-avtobuskata-nesreka-kaj-laskartsi-ne-e-od-mashinska-priroda/feed/ 0