автобуски несреќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Nov 2022 14:07:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автобуски несреќи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алијанса за Албанците: Автобуските несреќи во Ласкарци и Бугарија немаат епилог зашто судството е контролирано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-avtobuskite-nesrekji-vo-laskarci-i-bugarija-nemaat-epilog-zashto-sudstvoto-e-kontrolirano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-avtobuskite-nesrekji-vo-laskarci-i-bugarija-nemaat-epilog-zashto-sudstvoto-e-kontrolirano/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=765937

Истрагите за автобуските несреќи на „Дурмо турс“ во Ласкарци и на „Беса транс“ во Бугарија не добиваат епилог поради судството контролирано не само од политиката, туку и од групи кои имаат интереси, смета партијата Алијанса за Албанците. Нивниот пратеник Аднан Незири на прес-конференција во Собранието рече дека  целата јавност денеска била сведок на скандалозна постапка  на судот. -Денеска уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкарци со откажување на седницата со најбанално оправдување дека не е извршено супервештачење. Алијанса за Албанците оценува дека супервештачењето е измислено токму за оваа цел – да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај, рече Незири. Посочувајќи дека вчера беше навршена една година и од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, пратеникот во име на Алијанса за Албанците апелираше до органите на правдата да стават крај, како што рече, „на исмејувањето  со жртвите и нивните семејства“. -Овие скандалозни случаи го прават неопходен ветингот и радикалните реформи во судството, обвинителството и во други органи на државниот систем, додаде Незири. На новинарско прашање околу преговорите на Алијанса за Албанците за влез во Владата,  тој одговори дека од в.д. претседателот на неговата партија има извештај дека за тоа прашање не е разговарано и доколку има новини, рече, медиумите ќе бидат информирани.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-avtobuskite-nesrekji-vo-laskarci-i-bugarija-nemaat-epilog-zashto-sudstvoto-e-kontrolirano/feed/ 0
ОВА СЕ СИТЕ АВТОБУСКИ НЕСРЕЌИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ НА БАЛКАНОТ – вчерашната испиша историја која долго ќе се памети… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-site-avtobuski-nesrekji-vo-poslednite-20-godini-na-balkanot-vcherashnata-ispisha-istorija-koja-dolgo-kje-se-pameti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-site-avtobuski-nesrekji-vo-poslednite-20-godini-na-balkanot-vcherashnata-ispisha-istorija-koja-dolgo-kje-se-pameti/#respond Wed, 24 Nov 2021 12:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=599327

Повеќе од сто луѓе загинаа во несреќи на Балканот во кои учествуваа патнички автобуси. Последната се случи во раните утрински часови на 23 ноември во Бугарија и е, убедливо, најсмртоносната несреќа: со 46 жртви. Следува хронологијата на слични трагедии на Балканот во последните 20 години. ДЕСЕТ УБИЕНИ ВО НЕСРЕЌА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ КОСОВО И ЦРНА ГОРА | 25 ЈУЛИ 2002 г. Десет лица загинаа, меѓу кои две деца, додека 31 се повредени во автобуска несреќа на границата меѓу Косово и Црна Гора. Автобусот со 40 патници сообраќал на релација Улцин-Косово, кога излетал од патот и се превртел по амбис. Оваа несреќа се случила во 05 часот изутрината. ВО АЛБАНИЈА ЗАГИНАА ПЕТНАЕСЕТ КОСОВСКИ ЕМИГРАНТИ | 14 ОКТОМВРИ 2004 г Во сообраќајна несреќа во селото Фуше-Аррез во Албанија загинаа 15 матуранти од Косово, кои со автобус се враќале од екскурзијата во Албанија. Во автобусот имало 49 луѓе. Тој падна во бездна. Во оваа несреќа повредени се 34 матуранти од кои некои потешко. Петнаесет матуранти се погребани во Малишева, на околу 40 километри од Приштина, додека на местото на настанот во Албанија е поставена спомен плоча. ВО ЦРНА ГОРА ВО НЕСРЕЌА ЗАГИНАА 18 РОМАНСКИ ГРАЃАНИ | 22 ФЕВРУАРИ 2010 год Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подгорица-Колашин загинаа 18 лица, а 29 се повредени. Несреќата се случила кога автобус со романски регистарски таблички излетал под клисурата Морача. Утврдено е дека причина за несреќата е пребрзото возење. Автобусот од Романија на тој дел од автопатот се движел двојно побрзо од дозволената брзина. ВО НЕСРЕЌА ВО НИШ ЗАГИНАА ОСУМ ЛУЃЕ | 31 ДЕКЕМВРИ 2018 год Осум лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во автобуска несреќа во близина на српскиот град Ниш. Несреќата се случила околу 07:30 часот на необележаниот патен премин, во местото викано Долно Меѓурово. Во март 2020 година, Основниот суд во Ниш го осуди возачот на автобусот на компанијата „Ниш експрес“, Милан Здравковиќ, на осум години затвор и пет години забрана за управување со возила од категоријата Д. Судијата Бојан Павиќ рече дека вината за возачот е несомнена бидејќи не го запрел автобусот пред да ја премине пругата. 16 ЛУЃЕ УМИРААТ ВО ТРАГЕДИЈАТА ЛАСКАРЦИ | 13 ФЕВРУАРИ 2019 год Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релација Скопје - Гостивар излета од патот во селото Ласкарци при што загинаа 15 лица. Обвинителството на Северна Македонија соопшти дека причина за несреќата е дефект на сопирачката, но и брзината на автобусот. ПОЧИНА ВОЗАЧ ОД БОСНА | 2 ЈУНИ 2019 г Возачот на автобусот загина во сообраќајна несреќа што се случи на хрватскиот автопат А3, меѓу раскрсниците Окучани и Новска. Во несреќата учествувале автобус од Босна и Херцеговина и камион со регистарски таблички од Македонија. ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ОД КОСОВО ЗА ХРВАТСКА | ЈУЛИ 2021 г Десет лица од Косово загинаа, а над 40 се повредени кога автобусот со кој патувале, на редовната линија Франкфурт-Приштина, излетал од патот во хрватскиот град Славонски Брод. Во автобусот имало 67 патници, меѓу кои имало и деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-se-site-avtobuski-nesrekji-vo-poslednite-20-godini-na-balkanot-vcherashnata-ispisha-istorija-koja-dolgo-kje-se-pameti/feed/ 0