автокефалност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 12:09:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автокефалност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил: Се молиме и посакуваме вашата Црква да стекне автокефалност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-se-molime-i-posakuvame-vashata-tsrkva-da-stekne-avtokefalnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-se-molime-i-posakuvame-vashata-tsrkva-da-stekne-avtokefalnost/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=882776

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, во присуство на голем број верници ја одбележа втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен крст Господов – Крстовден. Во манастирот беа присутни и митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил и епископот Дремвицки г. Давид. - Исклучителен благослов за годинешнава слава на оваа Свештена Обител на славниот Великомаченик е присуството на нашиот драг и возљубен во Христа брат и сослужител, Високопреосветениот Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил. Светиот Имвроски, пожртвуван и трудољубив работник на Господа и докажан пријател и спомагател на нашата Црква, ни доаѓа за празникот на Чесниот Крст од една распната Црква, но која постојано го навестува и го живее Воскресението. Ни доаѓа од Мајката Црква Константинополска, која се распнува и бдее за своите рожби, за тие да напредуваат во добро и да растат во слобода и вистина. Навистина неизречива е нашата благодарност кон Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, што повторно ни го испрати својот татковски благослов преку Архиерејот на неговиот роден Имврос, рече во обраќањето епископ Антаниски г. Партениј. Тој додаде дека посебна радост претставува и присуството на Преосветениот Дремвицки г. Давид, викарен Епископ на Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан. - Со Светиот Дремвицки се знаеме долги години, уште од почетокот на обновувањето на монашкиот живот кај нас. Впрочем, тој е една од првите рожби на возобновеното општежително монаштво во нашата татковина и тоа ја прави нашата чест уште поголема што го имаме вечерва заедно со нас. Ерудит, елоквентен теолог, поет на црковното слово, врз кого во еден дел од неговиот живот исто така падна неблагопријатниот товар на денешните мачни состојби во Православието, нагласи г. Партениј. Епископот Дремвицки г. Давид, рече дека ја споделувам истата радост со Преосвештениот Епископ Партениј, што денес тука е присутен Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, којшто ни доаѓа од Великата Црква Христова, од распнатата Константинополска Патријаршија, којашто секогаш е верен сведок на Воскресението Христово и од којашто на мнозина им блеснала светлината на Светото Евангелие. - Денес сме заедно со него на оваа Вечерна богослужба, којашто трогателно, молитвено блеска со црковно благолепие. Оваа вечерна богослужба и Литургијата на којашто, со Божја помош, утре ќе се причестиме, сведочат за единството на нашата помесна Црква, за единството и соборноста коишто, како што на сите многу добро ви е познато, не се само некаков непотребен надворешен украс за Црквата, туку се самата суштина на Црквата, без коишто Црквата и не би можела да се именува како Црква. И затоа сите сме должни, со саможртвена љубов токму овие соборност и единство да ги чуваме како зеница во окото, посочи тој. Во своето слово на вчерашната Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирик порача дека „нашиот живот е крстовоскресен, христијани мои. Го понесуваме својот крст, за да стасаме до воскресението. И се молиме и бараме силата на Чесниот Крст да нè поткрепи во тоа“ - Преосвештени браќа, свети архијереи, г. Давиде и г. Партениј, сечесни отци и почитувани браќа и сестри, возљубени Старици и монахињи, ги имам радоста и благословот да доаѓам од еден друг врв на распетието – сечесниот врв на Вселенската Патријаршија, којашто е распната веќе стотици години. Но, среде своето распетие, таа им го дарува воскресението на сите други. И тоа ние го живееме секој ден. И вие го живеете тоа овој период уште поистакнато. Вселенската Патријаршија ви подари каноничност на Црквата, по една агонија од многу години. Распнатата жртвена прегратка на Константинопол ве прегрна и вас, вашата Татковина. И дојдовме до овој најубав момент – денеска да бидеме овде сите тројца архијереи заедно, во каноничноста на Црквата и да се причестуваме со едниот Христос, со Телото и Крвта Христови. И да се молиме и да посакуваме добриот Бог, под покровот на Чесниот Крст, да ги доведе во ред сите нешта, така што да завршат проблемите, и вашата Црква да ја стекне својата автокефалност, посака г. Кирил. Според сестрите особена чест предизвикувало тоа што тој го носел штедриот благослов од Првопрестолната Црква во православието, возглавена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој ја врати нашата Помесна Црква во канонско единство со одлуката од 9 мај 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-se-molime-i-posakuvame-vashata-tsrkva-da-stekne-avtokefalnost/feed/ 0
Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил: Процесот за доделување на Томосот за автокефалија е на добар пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-protsesot-za-dodeluvane-na-tomosot-za-avtokefalija-e-na-dobar-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-protsesot-za-dodeluvane-na-tomosot-za-avtokefalija-e-na-dobar-pat/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=844555

Братството на Бигроскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста, предводени од владиката Партениј, а со благослов на надлежниот архиереј владиката Тимотеј, беа на поклоничко патување на островот Имврос, а од вчера се во Царигард, информираа од Бигорскиот манастир. -Процесот за доделување на Томосот за автокефалија е на добар пат. Уверен сум дека процесот на присоединување на Охридската Архиепископија, како автокефална црква ќе биде заокружен и дека Томосот за автокефалност, Вселенскиот Патријарх Ватроломеј ќе го донесе во Охрид, изјавил Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската патријаршија. Додал дека верува дека „Архиепископот Стефан и Свештениот Синод, но и Вие лично, ќе работите за да се заврши сѐ она што треба да биде, како би стасале до оној благословен ден кога Неговата Сесветост ќе богослужи во историскиот храм „Света Софија“ во Охрид, за да го предаде Томосот за автокефалија на Охридската Архиепископија“. -Секако, тоа е едно мачеништво, не бескрвно, тешка борба затоа што постои спротивната страна – ѓаволот, кој се обидува да го искористи моментот и да направи прашина и проблеми. Но, убеден сум дека еклисиолошката свест на сите што ја сочинувате Охридската Архиепископија ќе ги одведе работите онаму каде што треба да стасаат. Нѐ трогна архиепископот завчера, во понеделникот на Света Троица, кога по завршувањето на Светата Литургија, обраќајќи се кон Патријархот на Србија, му се заблагодари на нашиот Вселенски Патријарх што обезбеди каноничност и изрази надеж за доделување на Томос за автокефалност, изјавил митрополитот Кирил. Владиката на Имврос, кој неколку пати беше во посета на МПЦ-ОА, а беше дел и од Струшката литија и, како што рекол, по задача на Вселенскиот патријарх Вартоломеј да се посвети на Охридската Архиепископија. Од она со што досега се сретнал му донело благослов и радост. -Вашата посета и вашето присуство е навистина историски настан. Верувам дека овде, на нашиот Имврос, никогаш претходно во поновата историја не прокружиле толку монашки раса, монаси, монахињи, клирици, епископи. И навистина чувствувам дека сте еден ангел, гласник одгоре, кој доаѓате да ни кажете дека таа каноничност отвори една голема прегратка, за да ја собере и Охридската Архиепископија во православната Црква. Тешките години поминаа и сега повторно заедно чекориме, сослужуваме, заедничариме во Телото и Крвта на нашиот Христос од светиот путир и се веселиме сите заедно. Навистина е историска вашата посета и присуство, Преосвештен Владико, изјавил владиката Кирил. Во своето обраќање владиката Партениј посочил дека доколку во светот соперништвото може да роди иновативност и да биде корисно за оние кои спорат, доколку спорат доблесно, во Црквата не смее да има непријателство и спротивставени табори, зашто еден е Патот, една е Вистината, еден е Бог и една е Верата. - Од житијата на мачениците знаеме дека Бог се сведочи докрај и од житијата на Светите Отци знаеме дека Верата се брани без компромис. Да се помолиме на Богородица и на Светиот Кирил Александриски, да се охрабрат сите срца на оние што од лични и суетни причини не сакаат да го спомнуваат наследникот на Свети Јован Златоуст, бидејќи во својата заблуда тие не сфаќаат дека Првиот престол на Вселената не може да биде одделен, туку само тие да бидат отсечени од него. Нека Бог ни го врати потполното единството на Црквата и да ги собере сите свои чеда заедно, посакал владиката Партениј. Тој му се заблагодарил на светиот пастироначалник, Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, за „огромната чест што ни ја направи при нашиот престој на ова благословено место, а кое се овенча со ова свето литургиско празнување и повторно да му посакам многу и благословени години“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-protsesot-za-dodeluvane-na-tomosot-za-avtokefalija-e-na-dobar-pat/feed/ 0
Литургиско чествување на годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liturgisko-chestvuvane-na-godishninata-od-dodeluvaneto-na-tomosot-za-avtokefalnost-na-mpts-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liturgisko-chestvuvane-na-godishninata-od-dodeluvaneto-na-tomosot-za-avtokefalnost-na-mpts-oa/#respond Fri, 02 Jun 2023 08:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=841424

По повод годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) на 5 јуни во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија. -Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -По благодата Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископоија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liturgisko-chestvuvane-na-godishninata-od-dodeluvaneto-na-tomosot-za-avtokefalnost-na-mpts-oa/feed/ 0
Романска православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=800734

Откако на 9 овој месец, Светиот Синод на Романската православна црква соопшти дека „го одобрува признавањето на автокефалност доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година“, на својот официјален портал basilica.ro, Патријаршијата на Романија објави дообјаснување на ваквата одлука. - За време на синодското заседание беше земена предвид одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година за востановување на канонското и евхаристичко општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од архиепископот Стефан. Дополнително, Вселенската патријаршија на Црквата на Србија и го препушти регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија, се наведува во образложението. РПЦ посочува дека друга тема што била разгледана од страна на романските јерарси на заседанието, било прашањето на автокефалноста и начините на кои таа се доделува и признава, коа било анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква. - Ставот на Романската православна црква по однос на автокефалноста, кој исто така беше презентиран и на Средбата на подготвителниот Комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следниот: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалност на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од поглаварот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет синод. Правото на признавање на новата автокефалност и припаѓа на целата Православна црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалноста, потпишан без исклучок, од сите поглавари на автокефалните православни цркви по редот на диптисите во рамки на Синаксисот на поглаварите на православните цркви“, се наведува во образложението. Светиот Синод на Романската православна црква појаснува дека имајќи го предвид претходно наведеното, „ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристичко општење јерарсите, клириците, монасите и верниците раководени од архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви“. - По признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година од страна на Патријаршијата на Србија со кој се доделува автокефалност на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да иницира (консултации) и да издаде конечен томос за автокефалност за да изрази сеправославен консензус по прашањето за признавање на автокефалноста, се додава во текстот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/feed/ 0
СПЦ упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, крај на 55-годишниот спор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-upati-blagoslov-za-avtokefalnost-na-mpc-oa-kraj-na-55-godishniot-spor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-upati-blagoslov-za-avtokefalnost-na-mpc-oa-kraj-na-55-godishniot-spor/#respond Wed, 25 May 2022 05:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=681121

Српскиот патријарх Порфириј вчера по сослужувањето на заедничка литургија со aрхиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, ја одобри и упати благослов за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх. Архиепископот г.г. Стефан, пак, по објавата за прифаќање на автокефалноста од страна на Порфириј, рече: „Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“. – Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј. Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ му дал должност на Синодот, во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Потоа, додаде патријархот Порфириј, ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА. – Денес да се радуваме бидејќи денеска се радува целата црвка, се радуваат небото и земјата кога браќата се сакаат, кога го слават името на Господ, да се радуваме што по 55 години служевме света литургија прво во Белград, па во Скопје, два пати за само неколку дена, нагласи српскиот патријарх. Господ не поставил граници народот да се дели, продолжи во обраќањето патријархот Порфириј, туку границите значат можност секој народ подобро да се организира како свој посебен печат, посебни дарови што ги добил од Бога, ги умножувал, ја создал различноста и на секој му дал со свој личен печат да биде збогатен со другите, за да тогаш во заедница и убавина на сите народи сите да бидат едно. – Во едно сме единствени, во Христа сме едно, и навистина браќа и сестри, еден е Господ и една е црквата негова, една е верата наша и љубовта наша и затоа денеска неописливо се радуваме, бидејќи пред наши очи се случува чудо и ние сме дел сме од тоа чудо, учесници на тоа чудо. Она што беше раздвоено од 1967 година Господ не удостои да биде исцелено, нагласи српскиот патријарх. Пред неколку дена во Белград, денеска во Скопје служевме света литургија, повтори патријархот Порфириј и во Белград каде што имаше повеќе илјада луѓе и овде каде што сме собрани денеска видов радост, љубов во очите на сите нас, гледам обврска задача и порака на нас архиереите, а тоа е дека вашата љубов и вашите молитиви во Белград и овде го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. – Да покаже дека разбираме дека сме едно, дека не можеме едни без други, дека сме едно тело, дека Христос е нашата нашата мерка и оти неговите заповеди се закон по кој сакаме да живееме. Дека тој е алфа и омега на нашето постоење и во историјата и во вечноста, додаде српскиот патријарх Порфириј. По објавувањето на радосната вест од страна на патријархот Порфириј, следеше долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Г.г. Стефан на заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм рече дека нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена и на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. – Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар, истакна Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Овој денешен свет ден, како што рече тој, е и бањата Витезда, зашто ни пристапи човек – таткото на православните, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, кој нè спушти во водата, бидејќи не 38, туку 55 години седевме чекајќи во тремот и не наоѓајќи некој да се погрижи за нас! – Потоа ни пристапи и друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, да нè пресретне здрави и исцелени и срдечно да нè прегрне – и да нè испрати при првосвештеникот за да го потврди нашето исцеление, како што слепиот беше пратен во бањата Силоам, додаде г.г. Стефан. Архиепископот охридски и македонски посочи дека и нашата 80-годишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има. – Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство, нагласи г.г. Стефан. Тој потсети дека неодамна во Светосавскиот храм во Белград се случи братското помирување, кое произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката Црква – Вселенската Патријаршија и на Неговата Сесветост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-upati-blagoslov-za-avtokefalnost-na-mpc-oa-kraj-na-55-godishniot-spor/feed/ 0
Мицкоски по признавањето на автокефалноста од страна на СПЦ: Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-priznavanjeto-na-avtokefalnosta-od-strana-na-spc-golem-den-za-nashata-sveta-makedonska-pravoslavna-crkva-ohridskata-arhiepiskopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-priznavanjeto-na-avtokefalnosta-od-strana-na-spc-golem-den-za-nashata-sveta-makedonska-pravoslavna-crkva-ohridskata-arhiepiskopija/#respond Tue, 24 May 2022 10:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=680866

Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква - Охридската Архиепископија, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ. Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи. Да продолжиме да чекориме обединето. Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија! Нека е за многу години!, пишува во својата објава лидерот на ВМРО--ДПМНЕ Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-priznavanjeto-na-avtokefalnosta-od-strana-na-spc-golem-den-za-nashata-sveta-makedonska-pravoslavna-crkva-ohridskata-arhiepiskopija/feed/ 0
Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-ukrainskata-pravoslavna-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-ukrainskata-pravoslavna-crkva/#respond Sat, 12 Oct 2019 11:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=250806

Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) денеска и официјално го призна автокефалноста на Украинската православна црква (УПЦ). Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним. На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томос за автокефалност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-ukrainskata-pravoslavna-crkva/feed/ 0