автомобили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 09:41:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автомобили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен прилепчанец, крадец на автомобили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-prilepchanets-kradets-na-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-prilepchanets-kradets-na-avtomobili/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=896363

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128", на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико" и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра". Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило. По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, "одземање на патничко моторно возило".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-prilepchanets-kradets-na-avtomobili/feed/ 0
Реакција на МНР во врска со изнајмувањето на возила за Министерскиот Совет на ОБСЕ: Не е точно дека ќе се потрошат околу 900 илијади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-na-mnr-vo-vrska-so-iznajmuvaneto-na-vozila-za-ministerskiot-sovet-na-obse-ne-e-tochno-deka-ke-se-potroshat-okolu-900-ilijadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-na-mnr-vo-vrska-so-iznajmuvaneto-na-vozila-za-ministerskiot-sovet-na-obse-ne-e-tochno-deka-ke-se-potroshat-okolu-900-ilijadi-evra/#respond Fri, 03 Nov 2023 16:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=896258

Во врска со набавката за возила за потребите на високите делегации кои ќе пристигнат во земјата за Министерскиот Совет на ОБСЕ и во интерес на вистината замолуваме вашиот медиум интегрално да ја пренесе нашата реакција во однос на сите шпекулации кои се појавија во однос на оваа набавка. Не е точно дека Министерството ќе потроши преку 900.000 илјади евра како што се тврди во медиумите за изнајмување на возила. Станува збор за рамковен договор а од понудувачите е побарана цената да биде дефинирана за изнајмување по ден и по возило. Ова значи дека само откако ќе се исцрпат сите домашни институционални капацитети и достапни возила, ќе се изнајмат одреден број возила кои недостасуваат. Министерството интензивно планира и обезбедува возила од институциите, но заради стандардите кои се предвидени од ОБСЕ, нужно е да има резервна опција доколку истите не се обебзедат. Согласно досегашната анализа, веќе половина од потребните возила се потврдени и ќе бидат обезбедени од институциите, што значи дека ни одблиску нема да се потроши планираниот буџет од Рамковниот договор. Предвидувањата се дека нема да се потроши ни половина средства од финансиската рамка. Понудените цени се цени кои ги дефинира понудувачот. Заради ниската достапност на возилата со потребната спецификација во толкав број, веројатноста цената на истите да биде повисока во понудата е очекувана. Наша цел е да обезбедиме што повеќе возила од институциите и на тоа интензивно се работи, но апсолутно е нужно да имаме поддршка од професионална компанија за оној дел кој ќе недостастува. Станува збор за возила со специфични карактеристики, опрема и перформански кои институциите ги немаат во доволен број, покрај ВИП возилата, ескортни возила, мини ван возилата и автобуси. Министерската Конференцијата на ОБСЕ преставува најголемиот надворешно - политички настан што било кога е организиран во земјава. Се очекува во Скопје да пристигнат над 70 делегации со приближно 1000 чкенови на делегациите на највисоко ниво, но и дополнително високи претставници од бројни меѓународни организации. Сметаме дека е недозволиво да не се исполнат стандардите и да не се одговори на обврските кои произлегуваат од обврските за организирање на ОБСЕ Министерскиот совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-na-mnr-vo-vrska-so-iznajmuvaneto-na-vozila-za-ministerskiot-sovet-na-obse-ne-e-tochno-deka-ke-se-potroshat-okolu-900-ilijadi-evra/feed/ 0
Москва ги повика државните службеници да купуваат руски и кинески автомобили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-gi-povika-drzhavnite-sluzhbenitsi-da-kupuvaat-ruski-i-kineski-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-gi-povika-drzhavnite-sluzhbenitsi-da-kupuvaat-ruski-i-kineski-avtomobili/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=891299

Руската влада денеска објави список на автомобили произведени во државата што им се нудат за купување на владините службеници, и сите се руски или кинески марки, јавија западни медиуми. Кинеските производители на автомобили добија пазарен удел на рускиот пазар по повлекувањето на брендовите како Рено и Нисан. Кремљ им нареди на високите функционери вклучени во подготовките за претседателските избори во 2024 година да престанат да користат Apple iPhone поради стравувањата дека уредите се ранливи на западните разузнавачки служби. Ова денеска го објави весникот Комерсант. Министерството за индустрија и трговија објави дека списокот на автомобили е наменет за употреба од државни и општински службеници за службени цели по инструкција на претседателот Владимир Путин. „Домашните компании до денес веќе имаат произведено широк асортиман на модели со различни технички карактеристики и опрема (шест марки и над 20 модели) што можат да ги задоволат потребите на вработените на различни нивоа“, велат од Министерството. Сите производители на автомобили се обврзаа да го зајакнат производството преку специјални инвестициски договори со владата, додаде одделот. Руските автомобили на листата вклучуваат пет модели на Лада произведени од најголемиот руски производител на автомобили Автоваз, како и УАЗ, Аурус, Москвич и електричните автомбили „Еволут“. Списокот вклучува и пет модели на кинескиот производител на автомобили Хавал, кој од 2019 година произведува автомобили во фабриката во регионот Тула, на 200 километри од Москва. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-gi-povika-drzhavnite-sluzhbenitsi-da-kupuvaat-ruski-i-kineski-avtomobili/feed/ 0
Новите автомобили во ЕУ ќе поскапат во просек за 600 евра поради данокот на јаглерод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-avtomobili-vo-eu-ke-poskapat-vo-prosek-za-600-evra-poradi-danokot-na-jaglerod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-avtomobili-vo-eu-ke-poskapat-vo-prosek-za-600-evra-poradi-danokot-na-jaglerod/#respond Fri, 13 Oct 2023 09:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=888431

Новата гранична такса за јаглерод во Европската унија, според проценката на американската консултантска компанија Boston Consulting Group, ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра. Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглерод што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот. Бостон Консалтинг групацијата посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили, објави порталот Енергија Балкан. Имајќи предвид дека данокот на тон јаглерод во моментов е 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра. Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-avtomobili-vo-eu-ke-poskapat-vo-prosek-za-600-evra-poradi-danokot-na-jaglerod/feed/ 0
Десетина европски градови бараат построги мерки против емисиите на гасови од возилата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-protiv-emisiite-na-gasovi-od-vozilata-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-protiv-emisiite-na-gasovi-od-vozilata-2/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=887402

Десетина големи европски градови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Брисел, поднесоа петиција до Европскиот парламент со барање за построги стандарди „за квалитетот на воздухот и емисиите на штетни гасови од моторните возила“, објави денеска белгискиот портал „Судинфо“. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, петицијата е поднесена во пресрет на усогласување на ставот на Европскиот парламент во однос на измените утврдени од Советот на ЕУ на предлогот на новата регулатива предложена од Европската комисија за издувните гасови од патничките возила. Дел од земјите членки на ЕУ, пред се Франција и Италија, се против заострување на важечките стандарди и фаворизираат поблаг пристап од предлогот на Европската комисија од ноември 2022 година, кој предвидува значително намалување на емисиите на азотен моноксид и на честички од возилата. Градоначалниците потписници на петицијата, иницирана од Градот Париз, сметаат дека предлогот усвоен од Советот на ЕУ на крајот на септември „претставува уназадување и неспроведување на стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитетот на воздухот и емисиите на гасови од моторните возила“. - Ние, претставниците на големите европски градови кои концентрираат 75 отсто од европското население, не можеме да прифатиме такво демократско негирање и таков скандал, се наведува во петицијата, која покрај градоначалниците на Париз, Рим и Брисел, ја потпишаа и првите луѓе на Загреб, Крижевци, Бордо, Монпеље, Безансон и Лион. Потписниците на петицијата сметаат дека со измените усогласени од земјите членки на ЕУ наместо да се принудува производителите на возила да се усогласат со амбициозниот план за намалување на емисиите на штетни гасови, Унијата „се усогласува со нивните барања и интереси“. - Доколку се усвои (предлогот) ќе овозможи загадување, а со тоа и убивање, непочитувајќи ги стандардите на СЗО. Ова ќе биде нов скандал за јавното здравство од европски размери, тврдат потписниците на петицијата. „Судинфо“ наведува дека секоја година од последици од загадувањето на воздухот во ЕУ умираат по околу 70.000 лица. Совет на ЕУ на 25 септември ги усогласи позициите на земјите членки на Унијата за предлогот на Европската комисија за усвојување на регулативата „Еуро 7“ за воспоставување на стандарди за емисиите на штетни гасови и за издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-protiv-emisiite-na-gasovi-od-vozilata-2/feed/ 0
Бројот на возила на патиштата се зголемува, се увезуваат повеќе половни и дизел автомобили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-vozila-na-patishtata-se-zgolemuva-se-uvezuvaat-poveke-polovni-i-dizel-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-vozila-na-patishtata-se-zgolemuva-se-uvezuvaat-poveke-polovni-i-dizel-avtomobili/#respond Sat, 23 Sep 2023 06:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=880898

Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја, а бројот на возила на патиштата од година во година расте. Минатата година на патиштата низ нашата земја имало 483 илјади автомобили или по 263 на 1 000 жители, што е раст од 80 проценти за десет години, од 146 возила на 1 000 жители во 2012 година. Најголем дел од автомобилите што се возат се дизел, над 80 отсто се постари од 10 години, а просечната старост изнесува 19,5 години. Ако пред десетина години повеќе се возеле бензински, од 2012 година досега бројот на дизел возила на патиштата е зголемен за 200 проценти. Овој тренд само продолжува, па од над 115 илјади увезени возила во последните три години, две третини се половни дизел автомобили. Се зголемува и бројот на увезени хибридни и електрични возила, но нивниот удел на патиштата е речиси незначителен. Минатата година биле регистрирани 190 електрични возила. Бројот на возила се зголемува, но повеќе се увезуваат половни од нови Според Пописот од 2021 година вкупното резидентно население во земјава е 1 836 713 луѓе, додека бројот на регистрирани патнички возила е 477 820 или 260 на илјада жители. И додека бројот на возила на патиштата се зголемува, паралелно расте и просечната старост на возилата, па така на патиштата низ земјава лани во просек се возеле по 19.5 години стари автомобили, од кои над 88 проценти биле постари од десет години. За десет години просечната старост се зголемила за околу 2,5 години, од 16,8 во 2012 година, на 19,5 во 2022 година. Истовремено, променета е и структурата, па наместо бензински, сега повеќе се возат дизел автомобили. Во 2012 година околу 200 илјади возила или над две третини од вкупниот број автомобили биле на бензин, а околу 92 илјади биле дизел возила. За споредба, бројот на автомобили со бензиски погон за десет години останува речиси ист и во 2022 година има 192 илјади, но нивниот удел во вкупниот број на возила на патиштата е намален на 40 отсто, додека бројот на дизел возила е зголемен за 200 проценти, односно на 280 илјади автомобили. Од вкупно 483 477 патнички автомобили на патиштата лани, над половина или 58 проценти биле на дизел, 40 отсто на бензин, а само 2 проценти користеле ЛПГ. На електричен погон имало 190 возила. Според податоците од Царинската управа од 2020 година досега се увезени над 115 илјади возила, од кои само 18 проценти или нешто над 21 илјада биле нови, а останатите половни. Најголем дел од нив или две третини се половни дизел возила, додека најмногу нови возила се увезувале со бензински погон – над 15 илјади или околу 13 проценти од вкупниот број на увезени возила. Секој трет до работа најчесто оди со автомобил Според податоците од Пописот 2021 година, автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја. Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти, 2,6 проценти меѓуградски автобус, а велосипед само 2,3 проценти. Со воз до работа или училиште патуваат само 0,06 проценти или вкупно 341 лице. Над осум проценти до работа или школо користат организиран превоз и исто толку, рекле дека користат повеќе од едно превозно средство. Над 10 илјади граѓани или 1,65 проценти рекле дека не патуваат до работа или училиште. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нем Мажите најчесто до работа или училиште возат автомобил, и тоа над 40 проценти, потоа околу 17 проценти рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4 проценти и 2,1 проценти со меѓуградски автобус. Велосипед користат 2,6 проценти, мотоцикл 0,77 проценти, а воз 0,08 проценти. Жените најчесто до работа или училиште одат пеш, и тоа над 27 проценти, потоа околу 19 проценти возат автомобил, 10,8 проценти со градски автобус и 3,34 проценти со меѓуградски автобус. Велосипед користат 1,86 проценти, мотоцикл 0,15 проценти, а воз 0,03 проценти. Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од над 15 години според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или школо, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-vozila-na-patishtata-se-zgolemuva-se-uvezuvaat-poveke-polovni-i-dizel-avtomobili/feed/ 0
Хрватска има повеќе од 1,8 милиони автомобили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-ima-poveke-od-1-8-milioni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-ima-poveke-od-1-8-milioni-avtomobili/#respond Fri, 22 Sep 2023 10:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=880671

Во Загреб денеска, на Меѓународниот ден без автомобили, ќе се одржи традиционалното возење велосипед низ улиците на главниот град на Хрватска, чијашто цел е да се потикне толеранција и поголема сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот. По тој повод, активисти на „Зелена акција“ во Хрватска изведоа перформанс со којшто, меѓу другото, покажаа колку простор зафаќа автомобил во споредба со пешак. Нивниот натпис со содржина „Толку простор за толку многу загадување“ послужи како порака за свесност. - Бројот на автомобили и во Загреб и низ Хрватска секојдневно расте и тие зафаќаат сѐ повеќе јавни простори. Во цела Хрватска има над 1,8 милиони автомобили и тие зафаќаат вкупно 27 квадратни километри само за паркирање... Во Загреб има над 350.000 регистрирани автомобили, што ја прави ситуацијата неодржлива и повикуваме на поинаква сообраќајната политика, изјави Бернард Ивчиќ од „Зелена акција“. Пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз треба да станат прифатливи и подостапни во градовите со цел да се намали загаденоста на воздухот, да се подобри општото здравје на населението и да се избегнат сообраќајни метежи и застои, истакнаа активистите во настапот на Централната станица во Загреб.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-ima-poveke-od-1-8-milioni-avtomobili/feed/ 0
Автомобилот доминантно превозно средство во ЕУ, Балканците најмногу летаат и пловат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtomobilot-dominantno-prevozno-sredstvo-vo-eu-balkantsite-najmnogu-letaat-i-plovat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtomobilot-dominantno-prevozno-sredstvo-vo-eu-balkantsite-najmnogu-letaat-i-plovat/#respond Tue, 19 Sep 2023 10:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=879477

Автомобилите и натаму остануваат доминантно превозно средство во сите земји на ЕУ во споредба со патувањата со возови, автобуси, авиони или бродови, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, објавени по повод „Европската недела на мобилност“, што секоја година се одбележува од 16 до 22 септември и има за цел да ја подигне свеста за одржлива урбана мобилност. Според податоците на Евростат, во 2021 година 79,7 отсто од целокупниот патнички превоз во ЕУ се вршел со автомобили, 7,3 проценти со авиони, 7,1 отсто со автобуси, трамваи или тролејбуси, 5,6 со возови и само 0,3 проценти за пловни објекти. Во споредба со 2011 година, користењето на автомибилите како превозно средство во 2021-та бележи раст за 6,6 процентни поени од тогашниот удел од 73,1 отсто. Од друга страна користењето на јавните превозни средства, како што се возовите, автобусите, трамваите и тролејбусите, бележи намалување за 1,9 процентни поени од 9,0 на 7,1 отсто, а на возовите за еден процентен поен од 6,6 на 5,6 проценти. Кога станува збор за уделот на воздушниот патнички превоз, тој е намален за 3,6 процентни поени од 10,9 отсто во 2011 на 7,3 проценти во 2021 година. Гледано по земји, во 2021 година учеството на автомобилскиот во вкупниот патнички превоз било најголемо во Литванија со 91,7 отсто, пред Холандија со 85,4 и Финска со 85,2 проценти. Автобусите, трамваите и тролејбусите имале најголемо учество во вкупниот транспорт на Малта од 13,3 отсто, пред Унгарија со 12,8 и Ирска со 12,4 проценти. Со воз најмногу патувале Австријците, во чија земја уделот на железничкиот патнички превоз во вкупниот изнесувал 8,6 проценти, по што следат Франција со 8,3 и Холандија со 8,0 отсто. Хрватска е убедлив шампион во учеството на воздушниот во вкупниот патнички превоз со 25,4 отсто, далеку пред Бугарија со 16,3 и Шпанија со 13,1 проценти. Кога станува збор за пловниот превоз и тука Хрватска е водечка со удел од 2,7 проценти, пред уште една балканска земја - Грција со 1,6 и Естонија со 1,5 отсто.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtomobilot-dominantno-prevozno-sredstvo-vo-eu-balkantsite-najmnogu-letaat-i-plovat/feed/ 0
Уапсени македонски државјани кои краделе луксузни автомобили на Халкидики (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-makedonski-drzhavjani-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-makedonski-drzhavjani-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki-foto/#respond Fri, 08 Sep 2023 17:30:23 +0000 https://kurir.mk/?p=876144

За 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, се товарат членовите на криминалната организација, која ја разби грчката полиција, при што уапсени се тројца мажи и се трага по уште три лица вклучени во предметот, сите државјани на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека уапсените се странски државјани, меѓутоа според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за шестмина државјани на Северна Македонија, од кои тројца се уапсени и по тројца се трага, од кои двајца се веќе идентификувани. Едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики. Во рамките на континуираната истрага на полицијата биле откриени и другите две уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство. Конкретното возило било скриено во реонот на Козани, одземено е и ќе му биде вратено на сопственикот. Во однос на методологијата, од грчката полиција објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата. Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство. -Од досегашната истрага произлезе дека уапсените заедно со нивните соучесници, во последниот квартал, се вклучени вкупно: во 18 кражби на возила на различни области на Халкидики, од кои седум украдени возила, се пронајдени; во една кражба на возило на подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирано возило на подрачје на Солун. Вкупната вредност на украдените возила надминува еден милион евра, според оштетените. Исто така, од куќите одзеле и пари, електронски уреди, часовници и слично, чија вкупна вредност надминува 60.000 евра, соопштија од грчката полиција. Уапсените биле изведени пред јавен обвинител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-makedonski-drzhavjani-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki-foto/feed/ 0
Аутомакедонија со донација на енергетски ефикасна фасада за ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=872515

Аутомакедонија, една од водечките компании за услуги поврзани со мобилетот и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, направи уште една донација со која ја зацврстува титулата на општествено одговорна компанија. По своја иницијатива и темелно планирање на овој проект од страна на Аутомакедонија, основното училиште Стив Наумов во Автокоманда доби нова енергетски ефикасна фасада. На веќе постоечки ѕид е додадена изолација која ја зголемува топлотната изолација со што се добива енергетска заштеда.
„Истражувајќи ги потребите на училиштата во нашата општина, дојдовме до идејата за обнова на фасадата во ООУ „Стив Наумов“. Во договор со општината во која се наоѓа нашиот објект – Автокоманда, заеднички го избравме основното училиште „Стив Наумов“. Примопредавањето на фасадата го усогласивме со почетокот на училишната година, а ќе го продолжиме со уште еден мурал кој ќе биде избран преку ликовен конкурс со цртежи од учениците.“ – изјави Гордица Штерјева, заменик директор на Аутомакедонија.
„Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена одговорност преку донацијата на изградбата на енергетски - ефикасната фасада на општинското основно училиште Стив Наумов во Автокоманда. Како локална самоуправа негуваме партнерски однос со компаниите кои функционираат на нашата територија. Наша обврска како локална самоуправа е да изнаоѓаме различни начини на финансирање со цел реализација на што повеќе проекти. “ – изјави градоначалникот на Гази Баба - Бобан Стефковски.
Со сите чекори за обнова на фасадата објектот добива минимално 20% зголемена енергетска ефикасност, што воедно ќе придонесе и за намалување на вкупните трошоци за енергија на училиштето. Реновирањето на оваа фасада е само еден дел од активностите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/feed/ 0