автомобилска индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 07:41:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автомобилска индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали автомобилската индустрија заминува од Европа во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-avtomobilskata-industrija-zaminuva-od-evropa-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-avtomobilskata-industrija-zaminuva-od-evropa-vo-sad/#respond Sat, 22 Apr 2023 07:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=826307

„Нема да го преселиме постоечкото производство во САД. Но, поверојатно е дека следните фабрики ќе ги изградиме во Америка. Постои ризик дека Европа ќе загуби од оваа прераспределба.“ Оваа изјава на Клаус Розенфелд, шеф на Шефлер, четвртиот по големина германски производител на автоделови со повеќе од 80.000 вработени ширум светот, одразува важен тренд: автомобилската индустрија се повеќе го преместува своето производство од Германија и од други места во Европа во Кина и Северна Америка. „Постојат многу причини зошто автомобилската индустрија ги напушта Германија и Европа“, изјави за ДВ Стефан Шнебергер, менаџер во Berullys Strategy Advisors, консултантска фирма специјализирана за автомобилска индустрија. Главната причина за селењето се скапите енергенси. Цените на струјата во ЕУ се два до три пати повисоки отколку во САД. „Но, построгите регулаторни барања на кои е изложена индустријата во ЕУ и Германија, исто така, се во прилог на селењето. И, се разбира, субвенциите што моментално се нудат во САД се исто така примамливи.“ Сепак, овие милијарди субвенции се поврзани со климатските технологии како што е електромобилноста. Американските субвенции само за климатски прифатливи технологии Поради плановите за преместување на производството, ќе опадне и бројот на автомобили што треба да се произведуваат во Европа во периодот од 2023 до 2029 година, според сегашната анализа на Берулис. Но, овој тренд, од друга страна, предизвикува многу попозитивни прогнози за другите региони во светот. Глобалното производство на возила дури се очекува да расте, иако послабо од предвиденото во 2021 година. „Сегашните прогнози ги покажуваат негативните ефекти од надворешниот шок предизвикан од војната во Украина, како и корекции на премногу оптимистичките прогнози од 2021 година во поглед на крајот на ограничувањата поврзани со пандемијата и кризата со чиповите“, објаснува Шнебергер. Загуба на 100.000 работни места во Германија Според анализата, во наредните години се очекува разлика во производството од околу четири милиони возила меѓу Германија и САД. Преместувањата, како оние што неодамна ги најавија Ауди и Форд, би го засилиле овој тренд. Како резултат на тоа, се предвидуваат загуби до 100.000 директно засегнати работни места и пад на бруто домашниот производ (БДП) во Германија од 0,6 проценти во 2029 година. Во овој контекст, проект менаџерот Шнебергер посочува дека важноста на автомобилската индустрија во Германија е поголема отколку во соседните европски земји. „Тука нејзиниот удел е речиси пет отсто од БДП, што значи дека падот особено ќе влијае на германската економија. Дополнително, паѓа и конкурентската предност на германските производители на автомобили и автоделови, која главно се поврзуваше со моторите со внатрешно согорување“. И на Америка и требаат електрични автомобили Но, тоа е речиси минато. Бидејќи покрај дигитализацијата, проширувањето на алтернативните погони е еден од мегатрендовите во автомобилската индустрија. Во САД, крајот на моторот со внатрешно согорување е исто така на повидок, но сепак побавно отколку во Европа или Кина. За споредба: во моментов добри 14 отсто од новите регистрирани возила во Германија се чисто електрични, во Кина, најголемиот пазар за електрични автомобили, тоа е 21 отсто, а во САД помалку од шест отсто. Ова би можело значително да се промени во блиска иднина. „Времињата кога електричните возила беа феномен ограничен на западниот брег на САД се во минатото“, вели за ДВ Хенинг Лудс, американски експерт за автомобилскиот пазар и партнер во Берилс Стратеџи Советници. Според Лудс, кој соработувал на соодветната анализа, САД веќе се во директна конкуренција со Европа за второто место како најважен светски пазар за електрични автомобили, веднаш зад Кина. Продажбата на такви возила се очекува да надмине шест милиони единици годишно во САД во 2030 година, што одговара на пазарен удел од околу 40 проценти. „Неодамнешните најави на американското Министерство за енергетика за построги стандарди за економичност на горивото и најавата на американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА) за ограничување на емисиите на CO2 би можеле да го зголемат пазарниот удел на електричните автомобили во САД до 60 отсто до 2030 година. “, вели Лудес. На американскиот пазар најмногу се продаваат пикап камионите Најголем предизвик за германските компании ќе бидат специфичните потреби на американските клиенти кои не се многу запознаени со електромобилноста. Ова вклучува специјални модели на возила. „За разлика од Европа, теренците и пикапите ќе сочинуваат повеќе од 75 проценти од пазарот на чисто електрични автомобили“, вели Лудс. „Фордовиот пикап F-150 останува најпродаваното возило на американскиот пазар“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-avtomobilskata-industrija-zaminuva-od-evropa-vo-sad/feed/ 0
Следната година уште потешка за автомобилската индустрија, велат познавачи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/slednata-godina-ushte-poteshka-za-avtomobilskata-industrija-velat-poznavachi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/slednata-godina-ushte-poteshka-za-avtomobilskata-industrija-velat-poznavachi/#respond Wed, 21 Dec 2022 11:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=778563

Финансискиот директор на „Фолксваген“ смета дека 2023 година ќе биде „уште попредизвикувачка“ година за автомобилската индустрија од оваа, пред сѐ поради инфлацијата и влошените економски прогнози коишто ќе влијаат на падот на побарувачката за нови автомобили. Сепак, ова најверојатно значи дека и цените ќе бидат пониски. Арно Анлиц, главен финансиски директор на групацијата нагласи оти „Фолксваген“ ќе мора да го подобри производството и да ги намали фиксните трошоци, бидејќи не може целосно да ги пренесе зголемените трошоци за суровини и енергија на потрошувачите. И додека очекува бројот на продадени автомобили да биде поголем, Анлиц верува дека тој раст ќе биде мал. Производителите на автомобили, коишто оваа година се борат со сериозен недостиг на чипови, како и со зголемените трошоци за енергија, сметаат на олеснувања за да ги зголемат пратките и тогаш кога побарувачката е пониска. „Фолксваген“ сè уште има „полни книги“ со нарачки, но како што продажбата расте, ќе станува сè потешко да се префрлат зголемените трошоци на крајната цена на автомобилот. Со поголема понуда и намалена побарувачка, се очекува автомобилите да бидат подостапни следната година, како во однос на времето на испорака, така и во однос на цената. За тоа сведочат и првите попусти на нови автомобили во Германија по речиси три години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/slednata-godina-ushte-poteshka-za-avtomobilskata-industrija-velat-poznavachi/feed/ 0
Поскапувањето на струја донесе четири и пол пати повисоки сметки кај компаниите од автомобилска индустрија – бараат поедноставување на процесот за поставување фотоволтаици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvanjeto-na-struja-donese-chetiri-i-pol-pati-povisoki-smetki-kaj-kompaniite-od-avtomobilska-industrija-baraat-poednostavuvanje-na-procesot-za-postavuvanje-fotovoltaici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvanjeto-na-struja-donese-chetiri-i-pol-pati-povisoki-smetki-kaj-kompaniite-od-avtomobilska-industrija-baraat-poednostavuvanje-na-procesot-za-postavuvanje-fotovoltaici/#respond Sun, 09 Oct 2022 07:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=742985

Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, чии објекти иако се енергетски ефикасни преку оптимизирање на производствениот процес бараат начин за намалување на влијанието врз профитабилноста. Овие компании, според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, бараат поедноставување на процедурите за поставување фотоволтаици на објектите. – Да нема лимит на големината на инсталацијата на фотоволтаиците на кровните конструкции на објектите, а истовремено да се дозволи можност за продажба на вишоците на струја на слободниот пазар, посебно за компаниите во Технолошко индустриските развојни зони, вели Мизо. Иако дел од компаниите, неодамна најавија отпуштање на половина вработени, доколку не добијат помош од државата за надминување на последиците од енергетската криза, тој посочи дека секторот со кој раководи, не е толку зависен од цената на струјата како што се металуршкиот и енергетскиот и оти германската компанија Костал, со која менаџира планира 50-тина нови вработувања до крајот на годината. – Струјата не влијае во толку голем процент во цената на крајниот производ кај нас и нема да се случи отпуштање на вработени. Ние дури и во моментите кога немаше целосно производство во Европа ги задржавме сите вработени, бидејќи во тој кадар е вложено многу и е нeопходен за нашето работење во иднина. Но, сигурен сум дека постојат компании, кои ќе имаат негативни влијанија, подвлече Мизо. Компаниите од автомобилската индустрија, додаде, бараат начин за штедење и рационализација на работниот процес, со концентрирање на производството во петте работни дена, но и спојување на празници и викенди и оптимизација на процесите, со што би се намалиле трошоците. Компанијата Костал, која деновиве одбележува шест години од официјалниот почеток, во време на криза, Мизо најави дека за идната година планира да вработи дополнително 200 лица, поради новите инвестициски проекти, но и отворање нови капацитети во друг град во државата. – Според последните стратешки анализи на сите локации на Костал во светот, Костал Македонија треба да биде главната европска локација за производство на системи за електрични и плагин хибридни возила. Ова значи една голема потврда и валоризација за она што сме го направиле изминатите шест години и начинот на кој сме се покажале во групацијата, додаде Мизо. Костал Македонија, во изминатиот период во Охрид инвестирала 100 милиони евра, во моментот има 1 030 вработени, и навлегува во третиот инвестициски циклус со инвестирање на нови 50 милиони евра во следните две години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvanjeto-na-struja-donese-chetiri-i-pol-pati-povisoki-smetki-kaj-kompaniite-od-avtomobilska-industrija-baraat-poednostavuvanje-na-procesot-za-postavuvanje-fotovoltaici/feed/ 0
Ковачевски: Можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-moznost-severna-makedonija-da-bide-mapirana-od-stranskite-investitori-od-avtomobilskata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-moznost-severna-makedonija-da-bide-mapirana-od-stranskite-investitori-od-avtomobilskata-industrija/#respond Thu, 11 Aug 2022 14:38:37 +0000 https://kurir.mk/?p=717192

Во Република Северна Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово. -Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-moznost-severna-makedonija-da-bide-mapirana-od-stranskite-investitori-od-avtomobilskata-industrija/feed/ 0
Почнува со работа европската автомобилска индустрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-so-rabota-evropskata-avtomobilska-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-so-rabota-evropskata-avtomobilska-industrija/#respond Mon, 27 Apr 2020 09:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=337908

Во Европа постепено почнува производството на автомобили, по повеќенеделниот прекин на производството поради епидемијата на новиот коронавирус. Најголемиот произведувач на автомобили во светот, германскиот Фолксваген денеска повторно ја отвори фабриката во Волфсбург. Охрабрена од намалувањето на ширење на Ковид-19, Германија дозволи малите продавници повторно да се отворат, под услов да ги почитуваат строгите мерки за дистанца и хигиена, а нивниот пример сега го следат и големите компании. – Германската автомобилска индустрија се враќа денеска. Ние во Фолксваген ја искористивме петнеделната пауза да се подготвиме за рестартирање на производите, изјави претставникот на Фолксваген, Бернд Остерлох. И Бе-Ем-Ве денеска започна со производство во фабриката во Велика Британија, а следува отварање на фабриките во Јужна Каролина и во Мексико во мај. Работниците ќе мора да носат заштитни маски и да држат дистанца. Променети се и правилата во автобусите што ги превезуваат работниците кога станува збор за седиштата и влезот и излезот од возилото. За интензивирање на производството се подготвува и фабриката Мерцедес Бенз во Зинделфинген и Бремен. За разлика од Италија и Шпанија, Германија никогаш не го забрани производството на автомобили, но фабриките престанаа со работа бидејќи властите го ограничија движењето на луѓето и принудно ги затворија салоните за автомобили, што доведе до пад на побарувачката на автомобили. Фијат Крајслер денеска ја отвара фабриката во Севел во Италија, со план за продолжување на 80 проценти од производството. Во Франција, Тојота оваа недела започнува со со работа во фабриката во Валенсиен, а Рено го започна производството на мотори во фабриката западно од Париз. – Економијата во Европа е запрена. За вакцина ќе биде потребно многу време. Важно е да се рестартира производството на сигурен начин. Се надеваме дека можеме да придонесеме за нормализација, изјави извршниот директор на Волво, Хакан Самуелсон. Шведскиот Волво ја отвори фабриката во Торсленд по ремонт на производствениот процес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-so-rabota-evropskata-avtomobilska-industrija/feed/ 0
Кина најави целосна промена во автомобилската индустрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-najavi-celosna-promena-vo-avtomobilskata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-najavi-celosna-promena-vo-avtomobilskata-industrija/#respond Tue, 17 Apr 2018 16:00:16 +0000 https://kurir.mk/?p=42123

Кина најави дека за пет години ќе дозволи производителите на автомобили да бидат во целосна странска сопственост. Со тој потег ќе ги отстранат ограничувањата, кои придонесоа за заострување на односите со Вашингтон и други трговски партнери. Официјални претставници во Пекинг оваа година ќе ги укинат ограничувањата на странска сопственост на производители на електрични автомобили. Слични чекори ќе следуваат и во 2020 година за производителите на комерцијални возила и 2022 година за производители на патнички автомобили. Кинеската Народна комисија за реформи и развој соопшти дека ограничувањата на сопственоста во автоиндустријата ќе бидат укинати по петгодишниот преоден период. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-najavi-celosna-promena-vo-avtomobilskata-industrija/feed/ 0