автопати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 12:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автопати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Проектот за коридорите 8 и 10-д ќе се реализира – тоа е завршена работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-proektot-za-koridorite-8-i-10-d-ke-se-realizira-toa-e-zavrshena-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-proektot-za-koridorite-8-i-10-d-ke-se-realizira-toa-e-zavrshena-rabota/#respond Fri, 19 May 2023 12:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=836421

Бектеши ги повика антикорупционерите да бидат поекспедитивни и да излезат со нивните наоди имајќи предвид дека веќе го имаат договорот. Пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе се усвојат, проектот ќе се реализира, тоа е завршена работа и тоа треба да им биде јасно на сите, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање. Одговорот на Бектеши доаѓа откако денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска објави дека го добиле договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ што ДКСК го побара како дел од документацијата за предметот кој го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д. „Во однос на законите враќање назад нема. Ја имаме една од најголемите реномирани компании која ќе биде изведувач, а тоа е ‘Бехтел’ во конзорциум со ‘Енка’“, рече Бектеши. Министерот Бектеши ги повика антикорупционерите да бидат поекспедитивни и да излезат со нивните наоди имајќи предвид дека веќе го имаат договорот. „Има институции, ДКСК, Обвинителство, па и другите, нека си ја завршат својата работа. Владата ги заврши своите работи, сега законите се во Собрание, очекуваме пратениците што побрзо да ги усвојат и да почнеме да работиме што ќе влијае позитивно и во делот на економијата имајќи предвид дека над 50 отсто од договорот ќе се реализира од домашни економии, а ние очекуваме тоа да биде и над 70 отсто“, додаде Бектеши. На прашањето за состојбите во ДУИ и дали очекуваат пратениците од „огнената“ група да не ги гласаат законите за коридорите, Бектеши без конкретен одговор рече дека ДУИ е најстабилна партија во Северна Македонија. „Утре да излеземе на избори ДУИ секогаш ќе победи бидејќи ја има довербата од страна на граѓаните и гласачите. Тоа сме го докажале и ќе го докажеме кога и да е потребно“, рече Бектеши. Од ДКСК денеска рекоа дека веќе е формиран тим од четворица советници за анализа на предметот, но дека не можат да кажат рокови, иако, како што рече претседателката Ивановска, тој предмет им тежи најмногу и со сите сили се вложени за да се сработи побрзо. Покрај Антикорупциската комисија, и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите објавени во медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, на крајот на март отвори предмет по допрен глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-proektot-za-koridorite-8-i-10-d-ke-se-realizira-toa-e-zavrshena-rabota/feed/ 0
Милошоски: Самиот Договор имале можност да го видат 8 пратеници од ДУИ и 2 од СДСМ – бараме да биде даден на увид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-samiot-dogovor-imale-mozhnost-da-go-vidat-8-pratenitsi-od-dui-i-2-od-sdsm-barame-da-bide-daden-na-uvid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-samiot-dogovor-imale-mozhnost-da-go-vidat-8-pratenitsi-od-dui-i-2-od-sdsm-barame-da-bide-daden-na-uvid/#respond Tue, 02 May 2023 11:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=829687

Антонијо Милошоски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес даде свој коментар на темата тајноста на Договорот за автопатите на Артан и Ковачевски. -Уште еднаш гледаме дека парламентарното мнозинство самостојно си одржува координации и самостојно носи заклучоци како што нив им одговара, па така гледаме дека денес донеле некои заклучоци кои што ја промашуваат суштината на барањето на пратениците од опозицијата. Суштината на нашето барање е според Законот за класифицирани информации. Ние не бараме Договорот некој министер да ни го раскажува, ние бараме и имаме право Договорот да ни биде даден на увид и бидејќи се работи за 500 страни договор, да имаме разумен рок од најмалку 10 дена да го разгледаме, анализираме и потоа да имаме затворена седница на која што ќе ги искажеме сите наши забелешки, но и ќе ги обзнаниме сите клаузули кои што се штетни по буџетот на Република Македонија. Тоа е нашето барање, вели тој. Милошоски потенцира дека сметаат дека ова барање им следува на пратениците затоа што веќе е направен еден преседан. -Самиот Договор имале можност да го видат 8 пратеници од ДУИ и 2 од СДСМ. Тоа се оние кои ги поднеле 8-те закони за измени во Собранието поврзани со автопатите на Артан и Ковачевски иако знаеме дека најмалку двајца пратеници од овие осум, немаат безбедносен сертификат. И сега, ако можел некој пратеник колега да има увид во Договорот без безбедносен сертификат и да прави предлог за законски измени на 8 клучни закони, вклучително и Законот за работни односи, тогаш можат сите пратеници да го добијат Договорот, во најмала рака сите оние кои што имаат безбедносен сертификат, да имаат време да го разгледаат и потоа Собранието на затворена седница да ги слуша забелешките, критиките, пофалбите или обвинувањата од страна на пратениците. Тоа е нашето барање. Очекуваме власта да постапи согласно Законот за класифицирани информации, согласно Деловникот и да ни го достави Договорот, кој откако ќе го разгледаме, ќе закажаме затворена седница и ќе расправаме по истиот, порача тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-samiot-dogovor-imale-mozhnost-da-go-vidat-8-pratenitsi-od-dui-i-2-od-sdsm-barame-da-bide-daden-na-uvid/feed/ 0
Влада: Нема да плаќаме милионски суми за пенали, туку изградбата на коридорите ќе трае подолго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-nema-da-plakame-milionski-sumi-za-penali-tuku-izgradbata-na-koridorite-ke-trae-podolgo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-nema-da-plakame-milionski-sumi-za-penali-tuku-izgradbata-na-koridorite-ke-trae-podolgo/#respond Tue, 11 Apr 2023 16:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=822949

Ако не се сменат законите, државата нема да се плаќаат милионски суми за пенали, туку коридорите 8 и 10 ќе се градат подолго. Владата не го објавува договорот со Бехтел и Енка но негира дека се обврзала во рок од 45 дена да донесе законски измени со кои ќе ја ја зголеми работната недела за работниците на коридорите од 40 на 60 часа, а во спротивно да плаќа дестици милиони евра казни како што објави опозицијата. Доколку не пројде пакетот зкаони во Собранието изградбата на автопатите ќе трае подолго од 5 години, а доколку бидат изгласани законските измени градежните работи треба да завршат за 4 години и 7 месеци. Влада: Согласно обврските во случениот договор, Изведувачот може да работи во услови во кои важат постоечките одредби од законските решенија врзани со изградбата на Коридор 8 и 10Д, но во тој случај рокот за изведба би бил подолг од 5 години. Во овој случај државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи, што во краен случај, државата и граѓаните ќе ги чини повеќе средства. Потретседателот на вмро дпмне Александар Николовски на Сител вчера објави дека ако не се зголемми работната недела владата ќе плаќа три вида на пенали кон Бехтел и Енка. Еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра. Лидерот на партијата Мицкоски денеска вели дека шокантните информации од договорот ги видел во медиумите. Наместо да го штитат државниот и интересот и граѓаните го штитат интересот на приватната компанија, смета Мицкоски. Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи, односно да потпише договор кој свесно презема обврска буџетот на Македонија, на сите граѓани да исплати би рекол стотици милиони евра пенали на компанијата која е изведувач, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Уставниот суд летоска го укина членот 12 од Специјалниот закон со кој беше избран конзорциумот Бехтел и Енка да ги гради автопатите. Со тој член се овозможуваше работното да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината за работниците на коридорите но уставните судии го укинаа се повредува начелото на еднаквост на работниците но и дека се загрозува правната сигурност. Сега власта работното време за работниците на кордиорите 8 и 10 го зголемува преку измени во законот за работни односи исо кои се предвидува прекувремената работа да може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно. Од владата целат дека работниците кои ќе ги градат коридорите 8 и 10 ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-nema-da-plakame-milionski-sumi-za-penali-tuku-izgradbata-na-koridorite-ke-trae-podolgo/feed/ 0
Николоски: Со Груби и Ковачевски, Македонија нема да види ни “А” од автопати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-grubi-i-kovachevski-makedonija-nema-da-vidi-ni-a-od-avtopati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-grubi-i-kovachevski-makedonija-nema-da-vidi-ni-a-od-avtopati/#respond Mon, 10 Apr 2023 18:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=822595

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во централниот дневник во Тема на денот вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес ја напуштиле седницата на која на дневен ред се ставени 8 закони поврзани со Коридорот 8 и 10д бидејќи немаат доволно информации како пратеничка група , како и дека според нив треба да се спроведе една поширока јавна дебата во која што ќе биде вклучена стручната јавност и ќе каже кое законско решение е потребно, а кое не. Првата наша забелешка е затоа што се работи за 8 закони, за кои што е потребно да се спроведе една поширока јавна дебата во кои што стручната јавност ќе каже што е тоа што е потребно да се донесе како закон во собранието, а што е тоа што не е потребно да се донесе како закон во собранието. И да направиме една јавна дебата и покрај јавноста и пратениците да добијат доволно информации за тоа што се предлага, па после тоа да можеме да дебатираме во собранието. На ваков начин се поднесуваат во четврток закони, во петок се закажува седница која што се одржува во понеделник, не може да има никаква јавна расправа. Николоски потенцираше дека со Артан Груби и Димитар Ковачевски кои што се носители на овој проект, Македонија А нема да виде од автопати, посочувајќи го автопатот Скопје Блаце кои што 5 години не можат 2 километри да изградат, како и автопатот Охрид Кичево. Вториот момент ќе ми дозволите да бидам малку ироничен е што мислам дека јавноста пресериозно го сфаќа ова владеење на Артан Груби и Димитар Ковачевски затоа што тие се двајца носители и на владата и на овој проект. Мислам дека А нема да има од автопат, и колку што се изградија Скопје Блаце, и Охрид Кичево со оваа влада, толку ќе се градат и Тетово Гостивар Кичево и Прилеп Битола. Односно да бидам директен мислам дека се толку неспособни што километар автопат нема да можат да изградат, а всушност најдобар доказ за оваа работа е таблата која што стои, потрошија еден тон пари, повикаа се што е естраден уметник за да ги забавуваат на почетокот на градбата на автопатите, а всушност почетокот беше само откривање на една табла која што стои таму. Така што мислам дека со Артан Груби и Димитар Ковачевски Македонија А нема да виде од автопати, иако идејата за да се градат автопати е добра, на Македонија и се потребни автопати, тоа е основа за да биде државата поврзана, но од идеја до реализација има огромна разлика. А како најдобар доказ е тоа што од Скопје до Блаце 2 километри се градат 5 години, и Охрид Кичево наместо автопат стана пат на смртта каде што преку 100 луѓе го загубија животот во необезбедениот пат на трасата од Охрид до Кичево, затоа што како се смени владата 2017та така до дене тој пат не се гради, а стариот се уништи и не е обезбеден. Така што ова се двата примери како работи оваа влада кои што укажуваат на тоа дека не може нешто поразлично да очекувате, рече Николоски. Николоски вели дека Бехтел е сериозна компанија која има светско реноме, но поради тоа што владата на Груби и Ковачевски е неспособна, дури и со така набрзина донесени законски измени нема да може да го реализира проектот за изградба на автопати. Бехтел е апсолутно сериозна компанија. како што исто така мислам дека сега да можат да го вратат времето веројатно никогаш не би се нафатиле да работат проект кој што би им го срушил целосно реномето, бидејќи работат низ цел свет, не работат само во Македонија, затоа што координатор на овој проект е Артан Груби. Човекот го бива и за видео лотарија, пред некој ден регистрираше втора видео лотарија иако тоа е незаконски и ќе одговара, каде што во Управа одбор си ги стави најблиските соработници. Го бива и за кошарка, го бива и за фудбал, го бива и за Агенција за млади и спорт, го бива и за автопат. Но на крај не го бива за ништо и го руши реномето на една исклучително добра и позната компанија. Втора работа е кога преговарале веројатно на се кажале да. И на крај сфатија дека на се што кажале да, нема законски услови во Македонија и брзо сега поднесуваат закони во собранието со цел на тоа што кажале да, да можат некако да компензираат. Но, дури и со вака набрзина поднесени закони, тие проектот не можат да го реализираат, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-so-grubi-i-kovachevski-makedonija-nema-da-vidi-ni-a-od-avtopati/feed/ 0
Дали сте за зголемување на максималната брзина на автопатите? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-za-zgolemuvane-na-maksimalnata-brzina-na-avtopatite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-za-zgolemuvane-na-maksimalnata-brzina-na-avtopatite/#respond Wed, 29 Mar 2023 14:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=817781

Максималното ограничување на брзината на повеќето автопати во Европа, вклучувајќи и во Македонија, е 130 км/час. Кога станува збор за европските автопати, најчесто се споменуваат оние во Германија, каде на одредени делници нема ограничување на брзината. Во последните неколку години имаше неколку иницијативи кои се обидоа да ја намалат максималната дозволена брзина, прво од безбедносни причини, а потоа од причини за потрошувачка. И додека некои земји размислуваат за намалување на ограничувањето на брзината, некои региони сè уште размислуваат за зголемување на максималната дозволена брзина. Затоа се прашуваме дали сметате дека 130 км/час е вистинската мерка или треба да се коригира лимитот на максималната дозволена брзина. За намалување на брзината Статистиката покажа дека сообраќајните незгоди се почести на делниците без ограничувања, особено на оние со тешки последици. Сепак, по воведувањето на санкциите против Русија и наглото поскапување на енергенсите, иницијативата за ограничување на максималната дозволена брзина на сите автопатишта во Германија стана сè погласна. Така, уште во 2021 година, анкетата на јавниот сервис ARD покажа дека 60 отсто од испитаниците поддржуваат ограничување на брзината на германската автопатска мрежа со цел да се намали емисијата на штетни гасови и да се заштити животната средина. Истото го мислеа и Французите, односно француската влада, која сакаше да ја намали максималната дозволена брзина на 110 км/час уште во 2020 година. Тие пресметале дека со намалување на брзината за само 10 км/час би ја намалиле дневната потрошувачка за 290.000 барели. Физиката вели дека отпорот на воздухот директно се зголемува со брзината, а практиката покажува дека потрошувачката на гориво драстично се зголемува со зголемување на брзината. Германскиот автомобилски клуб (ADAC) пресметал за автомобилите од средната класа дека при возење со 160 км/час трошат до две третини повеќе гориво отколку со 100 км/час. Италија сака да го зголеми ограничувањето на брзината Италија има околу 7.000 километри автопати, од кои 2.000 километри имаат три или повеќе ленти. Министерот за транспорт Матео Салвини најави дека максималната дозволена брзина може да се зголеми на 150 км/час на одредени делови од автопатот. Тоа се рути кои се сметаат за безбедни, додека еколошкиот аспект и можностите за заштеда во моментов не се во фокус.   извор: kajgana.com]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-ste-za-zgolemuvane-na-maksimalnata-brzina-na-avtopatite/feed/ 0
Ќе се избира нов надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izbira-nov-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izbira-nov-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/#respond Fri, 12 Aug 2022 11:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=717608

Поништен е тендерот за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на автопатите што ќе ги гради на Коридор 8 и Коридор 10- Д американско-турскиот конзорцум „Бехтел и Енка“, откако избраниот понудувач на тендерот во предвидениот рок не ја обезбеди банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување на договорот. Во тек е рокот за жалби кој трае до 19. месецов, по што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) веднаш ќе започне со нова постапка за објавување нов тендер. Работите ќе доцнат онолку колку што ќе трае постапката за избор на нов надзор, информираа за МИА од ЈПДП. Од таму го претставуваат целиот тек на постапката и наведуваат дека Јавната набавка за избор на Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д, беше спроведена согласно со Законот за јавни набавки, за што беше објавен тендер, по што следуваше евалуација и избор на најповолна понуда. На 28.12.2021 година, потсетуваат, беше објавен оглас на електронскиот систем за јавни набавки со краен рок на поднесување понуди до 23.3.2022 година во 11 часот, по што Комисијата за јавни набавки одржа јавно отворање на понудите на кое е утврдено дека се поднесени две понуди. По завршувањето на евалуацијата, Комисијата за јавна набавка изготви Извештај од спроведената постапка при што е утврдено дека има една прифатлива понуда и даден е предлог за избор на најповолна понуда каде е наведена понудата на (ЈВ) Понуда од 23.03.2022 година од INSTITUT IGH d.d. акционерско друштво за истражување и развој во градежништво Загреб, ул. Јанка Ракуше бр.1 Загреб со ЕМБС: 3750272 како лидер на група на понудувачи здружен со Друштво за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДОО Велес, Ул. Населено место без уличен систем бр.1 Долно Оризари Велес со ЕМБС 7483503, што резултираше со Одлука за избор на најповолна понуда заверена под бр.02-423/43 од 17.05.2022 година. По конечноста на Одлуката за избор, информира ЈПДП, се изготви Договор и се потпиша на 19.7.2022 година, но не беше доставена банкарска гаранција за што беше побарано дополнително време за нејзино доставување. Но, и по добиеното пролонгирање на рокот, најповолниот понудувач не го испочитува рокот за достава на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d.кој беше до 05.08.2022 година. Со ова беше прекршена Изјавата за сериозност, а потпишаниот договор нема правно дејство и можност за реализација. Имено, иако Договорот е потпишан од двете страни, тој не е стапен во сила од причина што во објавената тендерска документација е наведено дека за оваа постапка е предвидена банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот од 10 проценти од вкупната вредност на договорот со вклучено ДДВ и во Посебните Услови на Договорот е наведено дека основен услов за ефективност на договорот е доставување на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот. -Оттука, не е доволно избраниот понудувач само да го потпише договорот, туку истовремено треба да достави и Банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, односно согласно член 116 став 2 од Законот за јавните набавки договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата. Врз основа на наведеното како и врз основа на член 101 став 6, алинеја 4 од Законот за јавни набавки од причина што избраниот понудувач во предвидениот рок не ја обезбеди Банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, а истата е предвидена во објавената тендерска документација на 9.8.2022 година, донесена е одлука за поништување на постапката, стои во информацијата од ЈПДП. Како што дополнуваат, во моментов тече рокот на жалба кој е до 19.8.2022 година, по што Јавното претпријатие за државни патишта веднаш ќе започне со нова постапка за објавување на нов тендер, што значи дека работите ќе доцнат онолку колку што ќе трае оваа процедура, односно колку што ќе трае постапката за избор на нов надзор. По објавата на тендерот за избор на Надзор и правен трансакциски консултант што ќе ги води преговорите со американско-турскиот конзорцум „Бехтел и Енка“ заедно со формираниот Комитет за преговори, првичниот старт на градежните работи беше најавен за крајот на првата половина од годинава, а по втората седница на Комитетот на крајот на јуни од Владата објавија информација за старт на работи за овој или наредниот месец. За изградба на трите нови автопати, Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола). Со законското решение се уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридорот 8 и Коридор 10 д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата. Државната антикорупциска комисија оцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар, бидејќи не се предвидува тендерска постапка. Откако Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот, Владата формираше тим за преговори со американско-турскиот конзорциум за изградба на автопатите. Владата на седница на 28 јуни усвои Информација за одржана втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 и Коридорот 10 д на која, како што информираа, е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.Согласно со Информацијата Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10д. Почетокот на работите на овие автопатни правци, како што наведоа од Владата во соопштението по седницата, е предвиден за август и септември оваа година.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-izbira-nov-nadzor-za-avtopatite-shto-kje-gi-gradi-behtel-i-enka/feed/ 0
Каде се тие 260 километри автопат кои се градат? https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/kade-se-tie-260-kilometri-avtopat-koi-se-gradat/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/kade-se-tie-260-kilometri-avtopat-koi-se-gradat/#respond Fri, 03 Jul 2020 14:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=368381

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/kade-se-tie-260-kilometri-avtopat-koi-se-gradat/feed/ 0
Мисајловски до СДСМ: Да си играте со интелигенцијата на народот е навредливо, ветивте 600 километри автопати, сега не планирате да ги изградите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-sdsm-da-si-igrate-so-inteligencijata-na-narodot-e-navredlivo-vetivte-600-kilometri-avtopati-sega-ne-planirate-da-gi-izgradite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-sdsm-da-si-igrate-so-inteligencijata-na-narodot-e-navredlivo-vetivte-600-kilometri-avtopati-sega-ne-planirate-da-gi-izgradite/#respond Sat, 05 May 2018 08:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=50149

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски преку социјалните мрежи ја искоментира изјавата на министерот Горан Сугарески кој рече дека никогаш не ветиле 600 километри автопати во Македонија. -Пу Пу Не важи! После една година конечно и еден “искрен” одговор од оваа влада, а тоа секако е дека никогаш ниту ветиле ниту планирале да се изградат 600 километри автопати, 550 км регионални и 1000 км локални патишта ........ Тој потенцира дека едноставно СДСМ кажале дека ниту планираат да ги ИЗГРАДАТ патиштата ниту пак да РАБОТАТ на било какви нови проекти. -Тоа што постојано влегуваат од лага во лага не е ништо ново, но да си играте со интелигенцијата на народот е навредливо и срамно. Не само што ВЕТИВТЕ туку ви беше едно од најголемите ветување заедно со 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите, итн.....пишува Мисајловски на Фејсбук. Тој вели дека сега ќе почекаат да видат дали повторно ќе се демантираат сами себе или пак не сме ги разбрале добро како и обично. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-sdsm-da-si-igrate-so-inteligencijata-na-narodot-e-navredlivo-vetivte-600-kilometri-avtopati-sega-ne-planirate-da-gi-izgradite/feed/ 0
Во функција осветлувањето на дел од автопатите А2 и А4 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-funkcija-osvetluvanjeto-na-del-od-avtopatite-a2-i-a4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-funkcija-osvetluvanjeto-na-del-od-avtopatite-a2-i-a4/#respond Sat, 28 Apr 2018 09:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=47309

ЈП за државни патишта заврши со осветлувањето на дел од автопатите А2 и А4 во вкупна должина од 12 километри и го стави во функција осветлувањето на делниците: клучка Хиподром – клучка Белви – клучка Илинден во должина од 5,5 километри и клучка Хиподром – клучка Кадино во должина од 6,5 километри. На овие потези, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, вкупно се поставени 276 канделабри со 585 светилки. Вредноста на инвестицијата е 61 милион денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. - Целото осветлување е управувано од централен систем за мониторинг од каде е овозможено во реално време да се врши далечинска контрола во зависнот од интензитетот на сообраќајот и временски услови на патните делници. Преку системот се врши детектирање и алармирање во случај на настанат дефект, кој помага во добивање навремена информација заради брзо отстранување на дефектот, преку што се обезбедува подобра безбедност на сообраќајот во ноќните часови, соопшти Министерството. На овие делници, се додава во соопштението, во системот се интегрирани и шест мини метеоролошки станици кои ја мерат температурата, влажноста и притисокот на воздухот, а постојат и услови за дополнително поставување на сензори за мерење на температурата на коловозот. - Сите овие информации и параметри од уредите на системот за мониторинг, управување и контрола на осветлувањето, се зачувуваат во посебна база на податоци и се користат за понатамошни анализи за поефикасно превентивно и периодично одржување, се со цел за зголемување на животниот век на поставената опрема и намалување на трошоците за одржување во периодот на експлоатација на објектите, прецизираат од Министерството за транспорт и врски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-funkcija-osvetluvanjeto-na-del-od-avtopatite-a2-i-a4/feed/ 0
Денес рочиште за “Траекторија” во која се обвинува Груевски зошто градел автопати, кои сега новата влада ги кочи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-rochishte-za-traektorija-vo-koja-se-obvinuva-gruevski-zoshto-gradel-avtopati-koi-sega-novata-vlada-gi-kochi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-rochishte-za-traektorija-vo-koja-se-obvinuva-gruevski-zoshto-gradel-avtopati-koi-sega-novata-vlada-gi-kochi/#respond Wed, 14 Feb 2018 08:20:11 +0000 http://kurir.mk/?p=21265

Денес одново уште едно рочиште за случајот Траекторија кој веројатно е еден од најуникатните и најпарадоксалните судски предмети во кој поранешниот премиер Груевски се терети за градба на автопатите Штип Скопје и Кичево Охрид за измислена наводна добивка која не е изразена во пари, туку најверојатно во рејтинг кој обвинителството на Јанева го толкува како еден вид на добивка која оди на контото на Груевски. Во дел од медиумите сега блиски до владата се изоставува овој дел, правејќи свесна забуна дека станува збор за некаква материјална добивка што воопшто не е точно. Какви се фактите: Инаку фактите говорат дека постапка за градба за која освен Груевски се обвинети и поранешниот вицепремиер Пешевски, министерот Јанакиески и директорот на агенцијата за патишта Горгиевски е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура. Со цел да се заштеди, се обезбедило евтин кредит од кинеската влада со само 2 осто камата. За споредба другите банки давале кредит со над 8 осто камата. Постапката се спровела и врз основа на закон донесен во Собранието кој го подржаа и СДСМ и ДУИ. Се обезбедило и конкуренција во процесот при што меѓусебно надавале две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се остварило дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда. Оваој случај кој е правен апсурд, полека станува и политичка иронија. Груевски се обвинува за автопатите кои ги градел, а токму истите сега стагираат и нивниот процес на градба е речиси целосно закочен и покрај обезбедените средства за градба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-rochishte-za-traektorija-vo-koja-se-obvinuva-gruevski-zoshto-gradel-avtopati-koi-sega-novata-vlada-gi-kochi/feed/ 0