автопатска делница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 13:27:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автопатска делница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се избира надзор за автопатската делница Кичево-Букојчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izbira-nadzor-za-avtopatskata-delnitsa-kichevo-bukojchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izbira-nadzor-za-avtopatskata-delnitsa-kichevo-bukojchani/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=800836

Објавен е тендер за надзор за првата фаза од автопатот Кичево – Букојчани на Коридор 8, проект што го реализира Јавното претпријатие за државни патишта со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Рокот за заинтересираните фирми е до 28 месецов. Тендерот се спроведува според правилата на ЕБОР и е објавен на нејзината ECEPP платформа, како и на веб страницата на ЈПДП. Од ЈПДП велат дека проектирањето е во завршна фаза и моментно не се знае точната вредност на целиот проект. Како што изјавија за МИА од ЈПДП, во тек е избор на проектант за допроектирање на четири километри од трасата, откако жителите на село Строгомиште побараа таа да се дислоцира од селото. Делницата на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево е проектирана пред повеќе од 50 години и е изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно - динамички услови, се планира изградба на делницата на ниво на современо автопатско решение. Според претходните најави на надлежните институции, за изградба на подделницата од Букојчани до Кичево во должина од околу 10,2 километри вкупните проектирани трошоци се 132,7 милиони евра, од кои 110 милиони евра се обезбедени со заем од ЕБОР, а 19,8 милиони евра се инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан. На ниво на автопатско решение ќе биде и трасата Гостивар-Букојчани, во должина од 30,1 километар, која е дел од пакетот четири автопатски делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. На 2 февруари годинава во Владата беше потпишан договор со ИРД инженеринг за надзор на изградбата на овие делници, по што стартуваа преговорите со Бехтел и Енка околу стартот, динамиката и останатите активности за проектот, но се уште нема конкретен исход. Во тек се активности за изградба на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце и треба да се објави тендер за вториот дел, а од февруари 2014 година се гради автопатот Кичево-Охрид којшто според последните најави треба да биде завршен до крај на годинава.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izbira-nadzor-za-avtopatskata-delnitsa-kichevo-bukojchani/feed/ 0
Минирање на делница од патниот правец Градско – Прилеп меѓу 10 и 16 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miniranje-na-delnica-od-patniot-pravec-gradsko-prilep-megju-10-i-16-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miniranje-na-delnica-od-patniot-pravec-gradsko-prilep-megju-10-i-16-chasot/#respond Sat, 29 Sep 2018 07:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=107657

Мактек ДООЕЛ денеска од 10 до 16 часот ќе изврши минирање на патниот правец Градско – Прилеп, делница Фариш - Дреново, од км 1+600 до км 2+000, соопшти Автомотосојузот на Македонија. АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miniranje-na-delnica-od-patniot-pravec-gradsko-prilep-megju-10-i-16-chasot/feed/ 0
Граѓаните го плаќаат луксузот на Владата: Прослава и чочеци во тунел во услови кога државата секојдневно се задолжува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-plakjaat-luksuzot-na-vladata-proslava-i-chocheci-vo-tunel-vo-uslovi-koga-drzavata-sekojdnevno-se-zadolzuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-plakjaat-luksuzot-na-vladata-proslava-i-chocheci-vo-tunel-vo-uslovi-koga-drzavata-sekojdnevno-se-zadolzuva/#respond Tue, 24 Apr 2018 10:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=45278

Кетеринг агенција која била ангажирана од ЈП Улици и патишта се нарачатели на автобусот за прослава на отворањето автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Според порталот Лидер, ова покажува дека за автобусот пари дале даночните обврзници на Македонија. Со автобусот дојде и плех музика која ги забавуваше присутните.  Таа веројатно исто така е платена од кетеринг агенцијата која била ангажирана од ЈП улици и патишта. Овој луксуз доаѓа во моменти кога државата се задолжува за 55 милиони евра. Државните институции даваат пари за изнајмување автобуси и музика во услови кога државата нема пари за зголемување на социјалната помош. Симптоматично е тоа што Град Скопје вели дека кетеринг агенцијата била ангажирана од ЈП Улици и патишта, а Министерството за транспорт и врски дека ниту една државна институција не е организатор на забавата. Министерството се оградуваат од чочекот. - Сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски, ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава, се вели во дописот од ресорното министерство. Во однос на сите други информации, од таму ги упатуваат медиумите да се обратат до Изведувачот на проектот. -Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности, подвлекуваат од таму. Сепак, грчката компанија АКТОР која ја градеше делницата вели дека тие ја организирале прославата со жива музика и чочеци во тунелите. - Вчера АКТОР организираше прослава на отворањето на патот Демир Капија-Смоквица. Настанот започна во кампот во Демир Капија и во тунелот и траеше кратко време. Целиот настан беше организиран од АКТОР. Во него учествуваа вработените, супервизорите и добавувачите од земјата. Сите луѓе дојдоа со автобус организирани од АКТОР. Сите гости отидоа со автобус од кампот во тунелот и по кратко време се вратија назад во кампот за да продолжат. Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано, се вели во реакцијата од грчката компанија. Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот сајт пишува дека е огромна трагедијата на СДСМ бидејќи прави веселба на инвистиција која е реализирана од минатата влада на Никола Груевски. -За што е веселбата !? За што се баханалиите ? Која е улогата на СДСМ во отворањето на автопатот, имаат ли воопшто улога ?! А и зошто се веселат и трошат пари на настан кој е платен и преплатен од даночни обврзници, од сите нас, а и кога се знае дека секој петти Македонец во државава е сиромашен, според последните вчерашни податоци, пишува Јоци. -СДСМ, дали е ова е вашиот начин на владеење ? Ефтин, без поента и без никаква логика? Вие не сте никаква арија, вие сте СДСМ-шунд и турбо фолк. Дали трошите ваши пари или наши ? Дали сте свесни дека откога сте дојдени на власт не сте излезени од кафеани и од турбо фолк рамка ? Ништо не работите, ништо не градите, трошите за ваши луксузи ,,шаком и капом”, а и ве сликаат постојано во пози кои се недостоинствени за функционери. Вие сте едно големо промашување ! Едно големо ништо, неизживеани и мали луѓе, на кои сепак најдобро им беше во опозиција. Барем бевте мирни и не доаѓаа до израз вашите ниски страсти, пишува Јоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-go-plakjaat-luksuzot-na-vladata-proslava-i-chocheci-vo-tunel-vo-uslovi-koga-drzavata-sekojdnevno-se-zadolzuva/feed/ 0
Пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија- Смоквица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pushtena-vo-upotreba-avtopatskata-delnica-demir-kapija-smokvica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pushtena-vo-upotreba-avtopatskata-delnica-demir-kapija-smokvica/#respond Mon, 23 Apr 2018 12:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=44858

Пуштена е во употреба автопатската делница Демир Капија- Смоквица со што се заокружи со целосно автопатско решение Коридорот 10 низ територијата на Македонија. Новата делница во должина од 28,2 километра, ќе го скрати за 25 минути патувањето на тој потег од автопатот „Пријателство“. Преку неа годишно се очекува да поминат 730.000 возила, а побрзото и побезбедно патување треба да придонесе за развој на економијата и поголема соработка на регионот и негова интеграција со европскиот пазар, беше порачано на свеченоста на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон, грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Кристос Спиртиз, економски министри во Владата... По новите 28 километри автопат граѓаните ќе може да возат од утре, а денешната церемонија го означи почетокот на кампањата „ЕУ за Тебе“ за инвестиции на ЕУ во транспортната инфраструктура. - Поврзувањето е основен чекор за изедначување на нашите регионални стандарди со оние на ЕУ кон која не водат сите патишта. Овој автопат е еден од нив и во буквална смисла. Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот „Пријателство“ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка, рече премиерот Зоран Заев. Како што потенцираше Даниелсон, новиот автопат ќе го олесни движењето, ќе го поттикне економскиот развој и ќе обезбеди одржливо и побезбедно патување за компаниите и граѓаните кои ќе го користат. - Изградбата на делницата Демир Капија- Смоквица беше навистина многу комплексен проект во поглед на геологија, како и геотехника, вклучувајќи дека имаше за изградба бројни тунели, вијадукти, високи насипи. Навистина реализацијата на овој проект покажува како може домашни компании од вашата земја рака под рака со компании од Република Грција да работат заедно во реализација на овој важен проект, рече Даниелсон. Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Македонија доби нова модерна и безбедна автопатска делница, проектирана и изградена согласно европските норми и стандарди за заштита на животната средина со сите потребни карактеристики за безбедност. - Демир Капија – Смоквица технички беше најтешката делница за изградба од патниот Коридор 10 во Македонија која поминува низ Демиркаписката клисура и тешко достапниот планински терен по неа. Од тие причини, ова автопатско решение претставува најсовремен тип на градба изградена по сите светски и европски стандарди, рече Сугарески. Вредноста на автопатот изнесува 218 милиони евра во делот на изградбата и 10 милиони евра за надзор, а од вкупните средства 70 милиони евра се грант од ЕУ, а останатите со заеми од Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка и шест милиони евра од државниот Буџет. Долж трасата на автопатот изведени се над осум милиони метри кубни високи насипи и длабоки ископи во теренот, шест моста, два тунела со должина од над 1,2 километри, две сообраќајни клучки кај Миравци и кај Смоквица, сто канали. Поставено е современо енергетско и ефикасно осветлување во тунелите, како и системи за вентилација и детекција и гаснење на пожар, за резервно напојување со електрична енергија, како и SCADA систем за мониторинг и управување со сообраќајот. На новиот автопат треба да има две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија, за кои пред еден месец беше издадена градежна дозвола и се очекува да бидат завршени за околу осум месеци. Автопатот го градеше грчката компанија „Актор“. Како што посочија на денешната церемонија премиерот Заев и министерот Сугарески, за автопатската делница почната во време на претходната власт, како и за останатите почнати проекти, е дадено ветување дека ќе бидат завршени. - Без разлика на сите слабости и долгови што ги наследивме, Владата даде збор дека ќе ги заврши сите почнати патни проекти во најбрзи можни рокови. Нам денеска ни останува да го одбележиме крајот на сите градежни работи и свечена атмосфера да го предадеме на граѓаните на нашата земја и на Европа делот од овој автопат кој овозможува безбедно стигнување до сите делници на овој потег до границата со Грција и обратно, рече Заев, посочувајќи дека Владата е определена да ги затвори празнините во транспортните мрежи и да ги отстрани тесните грла кои се уште го попречуваат нормалното функционирање на внатрешните и меѓународните ефикасни економски политики. Шестгодишните активности на терен ги одбележаа обвинувања и критики меѓу двете гарнитури. Во октомври лани Владата со анекс на договорот за изградба го продолжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава за да се завршат градежните зафати за изградба на Контролниот центар кај Неготино и за дислоцирање на далноводот на МЕПСО. Специјалното јавно обвинителство минатиот месец објави дека отвора истрага по име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица во однос, како што тврдат, на фаворизирање на „Актор“ на тендерот. Во „Актор“ има сомнение и за перење пари. На стартот на кампањата „ЕУ за Тебе“ беше потсетено на досегашните инвестиции на Унијата во транспортната инфраструктура на Македонија во износ од 325 милиони евра. - Поврзувањето и транспортот остануваат главната тема во нашата заедничка агенда. Транспортот ќе биде главната тема и на следниот Самит во Софија и ќе докажеме дека само преку подобро поврзување и подобри транспортни услови ќе успееме да ги поврземе луѓето и државите. Европската унија ќе продолжи со својата поддршка на овој процес, рече Даниелсон. Со вложувањата од ЕУ во Македонија се изградени и обновени над 100 километри автопат, 64 километри патишта во повеќе од 40 општини и 60 населени места, 16 километри железничка пруга и 11 железнички станици.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pushtena-vo-upotreba-avtopatskata-delnica-demir-kapija-smokvica/feed/ 0