автопортрет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 08:07:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автопортрет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Автопортрет на Фрида изложен првпат по 25 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avtoportret-na-frida-izlozen-prvpat-po-25-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avtoportret-na-frida-izlozen-prvpat-po-25-godini/#respond Thu, 25 Aug 2022 08:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=723646

Култниот автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало – „Диего и јас“, убедливо најскапата латиноамериканска слика во историјата, е изложена првпат по скоро 25 години во музејот во Буенос Аирес чиј сопственик ја купил. „Диего и јас“ (Diego y yo) е автопортрет на Фрида Кало, со нејзиниот типично интензивен поглед, и со нејзиниот сопруг – сликарот Диего Ривера, насликан на нејзиното чело над веѓите. Тој бил близок со позната мексиканска глумица, што е причина за болката за Кало, изразена во нејзината слика. Делото коешто Фрида го насликала 1949 година, е купено лани во ноември, на аукција во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари. Дотогаш, најскапата слика од Латиноамериканец беше „Ривали“ од 1931., на Диего Ривера, продадена 2018 година, на наддавање за 9,76 милиони долари. Едуардо Ф. Костантини, аргентински колекционер и основач на Музејот на латиноамериканска уметност во Буенос Аирес, најави дека делото од петок ќе биде поставено во склоп на изложбата „Трето око“ (Tercer Ojo). – За мене Фрида е уникатна уметница. Таа имала драматичен живот којшто го раскажува без срам, спонтано и отворено. Мислам дека тоа е токму она што луѓето го сакаат кај неа, изјави вчера Костантини за оваа икона на феминизмот, која почина 1954 година, на 47-годишна возраст. Изложбата ќе има 240 дела, многу од кои јавноста не ги видела речиси со десетлетија. „Диего и јас“ последен пат беше изложена во 1998 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avtoportret-na-frida-izlozen-prvpat-po-25-godini/feed/ 0
Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/#respond Fri, 15 Jul 2022 11:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=705694

Скриен автопортрет на Винсент ван Гог е откриен зад една од неговите слики, покриен со слоеви лепило и картон повеќе од еден век. Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген-зраци на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба. Ван Гог честопати употребувал веќе искористени платна за своите слики, поради заштедување. Скриената слика се наоѓа на задниот дел од платното, покриена со картон, соопшти Националната галерија на Шкотска. Веројатно околу 1905 година, кога „Глава на селанка“ била позајмена на изложба во музејот „Штеделик“, во Амстердам, е одлучено платното да се залепи на картон пред да се урами, според претпоставките. Во тоа време „Главата на селанка“ најверојатно се сметала за „подовршена“ од автопортретот на Ван Гог. Сликата претрпела и неколку измени додека не била префрлена во Шкотска во 1951 година. Не е ова првпат скриени слики од познати уметници да бидат откриени под други дела. Напредната технологија за сликање и 3-Д печатењето, на пр., помогнаа да се открие слика со гола жена под површината на слика на Пабло Пикасо минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/feed/ 0
Автопортрет на Рембрант продаден за 16 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avtoportret-na-rembrant-prodaden-za-16-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avtoportret-na-rembrant-prodaden-za-16-milioni-evra/#respond Wed, 29 Jul 2020 07:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=382944

„Автопортретот со црна капа“ на холандскиот сликар Рембрант ван Ријн, од 1632 година, е продаден за 14,5 милиони фунти (речиси 16 милиони евра) на интернет наддавање на аукциската куќа „Сотби“. За сликата биле заинтересирани шест понудувачи. Аукциската куќа соопшти дека станува збор за нов рекорд за автопортрет на холандскиот сликар. Претходниот рекорд го држеше автопортретот продаден на аукција за 6,9 милиони фунти во 2003 година. Сликата што се продава денеска е една од трите автопортрети на сликарот, кои се во приватна сопственост. Наддавањето се одржа на интернет. – Како што глобално се менуваше уметничкиот свет, ние ја искористивме можноста да работиме поинаку, рече Хелена Њуман, претседателка на Сотби за Европа. Меѓу највредните слики на оваа аукција е „Жената со црвена капа“ на Жуан Миро од 1927 година, проценета на 20 до 30 милиони фунти. Триптихот на Банкси – „Поглед на Средоземното Море“, насликан 2017 година, исто така е меѓу понудените. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avtoportret-na-rembrant-prodaden-za-16-milioni-evra/feed/ 0