автори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 18:13:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png автори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН: Авторите и рецензентите на учебникот по Историја за 5-то одделение предизвиците требало да ги надминат со Националната комисија за учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-avtorite-i-recenzentite-na-uchebnikot-po-istorija-za-5-to-oddelenie-predizvicite-trebalo-da-gi-nadminat-so-nacionalnata-komisija-za-uchebnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-avtorite-i-recenzentite-na-uchebnikot-po-istorija-za-5-to-oddelenie-predizvicite-trebalo-da-gi-nadminat-so-nacionalnata-komisija-za-uchebnici/#respond Mon, 26 Dec 2022 18:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=780803

Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на МОН, велат од Министерство за образование и наука, потенцирајќи дека предизвиците требало да ги надминат во корелација со Националната комисија за учебници. -Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука. Оттаму посочуваат дека сите предизвици кои им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници. – Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен, велат од Министерство за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-avtorite-i-recenzentite-na-uchebnikot-po-istorija-za-5-to-oddelenie-predizvicite-trebalo-da-gi-nadminat-so-nacionalnata-komisija-za-uchebnici/feed/ 0
Наградени шест автори од Македонија и странство на Меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagradeni-shest-avtori-od-makedonija-i-stranstvo-na-megjunarodniot-festival-za-kratki-knizevni-formi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagradeni-shest-avtori-od-makedonija-i-stranstvo-na-megjunarodniot-festival-za-kratki-knizevni-formi/#respond Tue, 30 Nov 2021 08:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=601755

Шест автори од земјава и странство се добитници на наградите од конкурсот на Меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми, што го организираше Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје.  Творбите беа во шест категории: поезија, проза, есеј, критика, драма и творештво за деца, а единствен услов беше трудовите да не бидат поголеми од една страница текст. Како што соопштија организаторите, наградени се Наталија Неделкова од Бугарија за поезија, Фрањо Франчич од Словенија за проза, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ од Србија за драма, проф.д-р Саша Делиќ од Босна и Херцеговина за творештво за деца, и од нашата држава проф.д-р Виолета Николовска за есеј и проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска за критика. Инаку, на конкурсот пристигнале повеќе од 1.000 творби од над 500 автори од земјава и странство. Во жири-комисијата беа проф.д-р Христо Петрески, проф.д-р Даниела Андоновска – Трајковска и Искра Пенева. Избраните и наградените текстови се објавени во електронското издание „Современи кратки книжевни форми, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nagradeni-shest-avtori-od-makedonija-i-stranstvo-na-megjunarodniot-festival-za-kratki-knizevni-formi/feed/ 0