азбестен отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jul 2021 12:11:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азбестен отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Опасен азбестен отпад несоодветно складиран стои на Дрисла, ДИЖС ќе врши вонреден надзор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasen-azbesten-otpad-nesoodvetno-skladiran-stoi-na-drisla-dizs-kje-vrshi-vonreden-nadzor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasen-azbesten-otpad-nesoodvetno-skladiran-stoi-na-drisla-dizs-kje-vrshi-vonreden-nadzor/#respond Fri, 16 Jul 2021 12:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=537716

Азбестни плочи завиткани во фолија некое време стојат на депонијата Дрисла. Изложеноста на азбестни правци и влакна може да резултира со рак, болест на белите дробови, како и други состојби. Според Правилникот за начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи што содржат азбест, отпадот од азбест треба да се собира и отстранува колку што е можно поскоро во соодветно запечатено пакување и обележано на начин што укажува дека содржи азбест. Отпадот од азбест се пакува во непропустливи затворени вреќи, при што споевите на ткаенината, односно фолијата, мора да бидат целосно заварени или залепени, а оној отпад со лабаво врзан азбест се пакува во вреќи од ткаенина за да се спречи емисијата на азбестни влакна во животната средина, пишува порталот МКД.мк. За фотографијата на која се гледа непокриен и несоодветно складиран азбест, од МКД.мк се обратиле во депонијата Дрисла, која е единствената со дозвола за складирање ваков вид отпад, како и до Државниот инспекторат за животна средина, од каде што посочија дека итно ќе излезат на терен и ќе биде извршен надзор. Од Дрисла прво ни беше одговорено дека азбест во моментов ниту има, ниту се чува на депонијата, а особено не несоодветно складиран. Но откако МКД ја испрати фотографијата со нескладираните азбестни плочи, од Дрисла потврдија дека таа е направена на депонијата, во просторот каде што привремено се складираат азбестните плочи, до моментот на негово депонирање во специјалните ровови за таа намена и дека во тој дел од депонијата Дрисла нема работни активности и движење на вработените. Повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opasen-azbesten-otpad-nesoodvetno-skladiran-stoi-na-drisla-dizs-kje-vrshi-vonreden-nadzor/feed/ 0