азербеџан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Nov 2022 15:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азербеџан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пораз, Македонија погодуваше пречки, Азербејџан даваше голови https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraz-makedonija-pogoduvashe-prechki-azerbejdzan-davashe-golovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraz-makedonija-pogoduvashe-prechki-azerbejdzan-davashe-golovi/#respond Sun, 20 Nov 2022 15:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=763805

Македонската фудбалска репрезентација со пораз ја заврши годината откако на Националната Арена „Тодор Проески“ загубивме од Азербејџан со 3-1. Во седмиот меѓусебен дуел, Азербејџан дојде до првата победа против Македонија, реализацијата на избраниците на Благоја Милевски и овојпат беше проблем. Македонија поведе на натпреварот, во 25. минута Енис Барди погоди од пенал и донесе предност за нашата репрезентација од 1-0. 13 минути подоцна Елвин Цафаргулиев донесе израмнување на 1-1. По шест минути игра во второто полувреме, Бобан Николов доби втор жолт картон, Македонија остана со фудбалер помалку. Предноста од фудбалер повеќе Азербејџан ја искористи во 65. минута кога Муса Кирбанли даде гол за комплетен пресврт и водство на Азербејџан од 2-1. Во 75. минута силите беа израмнети откако Хојат Хахверди доби црвен картон. Следуваа две пречки на Македонија, најпрво Јани Атанасов, а потоа Енис Барди ја погодија гредата од голот на Азербејџан. Откако ние не ги искористивме шансите, казната стигна при крајот на мечот кога Рамел Шејдаев погоди за конечна победа на Азербејџан од 3-1. Формата на македонската репрезентација оди во надолна линија, а следен предизвик се квалификациите за ЕП кои почнуваат во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraz-makedonija-pogoduvashe-prechki-azerbejdzan-davashe-golovi/feed/ 0
Ереван пријави нови напади од страна на Азербејџан во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-prijavi-novi-napadi-od-strana-na-azerbejdzan-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-prijavi-novi-napadi-od-strana-na-azerbejdzan-vo-nagorno-karabah/#respond Thu, 29 Oct 2020 12:55:36 +0000 https://kurir.mk/?p=422140

Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах. Претходно, Владата на Ерменије соопшти дела биле гранатирани градовите Степанакерт, Шуши и Мартакерт со ракетниот систем Смерч. Во текот на изминатата ноќ, азербејџанските сили извршиле пет напади врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт. Во меѓувреме, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан предал тела на 30 војници загинати во борбите во Нагорно-Карабах, истакнувајќи оти и Ереван е подготвен да ги предаде телата на загинатите азербејџански војници. Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Досега се прогласени три примирја, на 10, на 17 и на 26 октомври, но сите се неуспешни и продолжуваат судирите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-prijavi-novi-napadi-od-strana-na-azerbejdzan-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Продолжуваа борбите во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaa-borbite-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaa-borbite-vo-nagorno-karabah/#respond Tue, 27 Oct 2020 12:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=421244

Ерменскиот обединет Инфоцентар објави дека Азербајџан денеска ги гранатирал јужните гранични премини на Ерменија со Иран. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека поради најновото кршење на договорот за прекин на огнот се принудени да се одмаздат на азербејџанските воени сили. Додека азербејџанското Министерство за одбрана тврди дека ерменските сили го прекршиле прекинот на огнот, а во борбите загинал полковник на ерменската армија. Борбите продолжија во три градови, а нападите на ерменската армија се одбиени и непоријателот се повлече назад и претрпе човечки загуби, се посочува во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана. Хуманитарното примирје што вчера стапи во сила истиот ден беше прогласено за неуспешно и продолжија борбите и меѓусебните обвинувања за кршење на договорот. Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Тоа беше трето примирје во Нагорно-Карабах од 27 септември кога почнаа судирите. Првите две беа постигнати на 10 и на 17 октомври со посредство на Русија. Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Тоа е трето примирје во Нагорно-Карабах од 27 септември кога почнаа судирите. Првите две беа постигнати на 10 и на 17 октомври со посредство на Русија. Вчерашното примирје уследи по состанокот на американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaa-borbite-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Сопругата на ерменскиот премиер оди во војна- Во чета од 13 жени од утре почнува со обука https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-ermenskiot-premier-odi-vo-vojna-vo-cheta-od-13-zeni-od-utre-pochnuva-so-obuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-ermenskiot-premier-odi-vo-vojna-vo-cheta-od-13-zeni-od-utre-pochnuva-so-obuka/#respond Mon, 26 Oct 2020 21:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=420968

Ана Хакобјан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска објави дека по воената обука, таа и уште 13 жени ќе заминат во Нагорно-Карабах. -Од утре, чета од 13 жени, вклучувајќи ме и мене, ќе започне воена обука. За неколку дена, ќе почнеме да помагаме за заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина, ниту нашето достоинство нема да му се предадат на непријателот, напиша таа на својот профил на „Фејсбук“. Да потсетиме, претходно беше објавено дека синот на премиерот на Ерменија, Ашот Пашинијан, оди во Нагорно-Карабах, каде траат борбите со Азербејџан за оваа спорна енклава. Ана Хакобјан тогаш изјави дека нема ништо поблагородно од давањето на својот живот за татковината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-ermenskiot-premier-odi-vo-vojna-vo-cheta-od-13-zeni-od-utre-pochnuva-so-obuka/feed/ 0
Путин ги повика шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-gi-povika-shefovite-na-diplomatiite-na-ermenija-i-azerbejdzan-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-gi-povika-shefovite-na-diplomatiite-na-ermenija-i-azerbejdzan-vo-moskva/#respond Fri, 09 Oct 2020 06:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=414160

Рускиот претседателот Владимир Путин ги повика денеска во Москва министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, на разговори за надминување на ситуацијата во Нагорно-Карабах, го пренесоа руските медиуми соопштението на Кремљ Тасс јавубва дека поканата, според Кремљ, уследи по разговорите меѓу лидерите на трите земји. -По серијата телефонски разговори меѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никола Пашинијан, рускиот претседател Владимир Путин повика на запирање на воените акции во конфликтот во Нагорно Карабах, се наведува во соопштението на Кремљ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-gi-povika-shefovite-na-diplomatiite-na-ermenija-i-azerbejdzan-vo-moskva/feed/ 0
Азербејџан и Ерменија продолжуваат со интензивни борби за спорниот регион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-i-ermenija-prodolzuvaat-so-intenzivni-borbi-za-sporniot-region/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-i-ermenija-prodolzuvaat-so-intenzivni-borbi-za-sporniot-region/#respond Mon, 05 Oct 2020 11:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=412539

Азербејџан и соседна Ерменија и денеска продолжија со интензивни борби околу спорниот регион Нагорно Карабах, со што вооружениот конфликт влезе во деветтиот ден. Ерменија пријави судири во јужниот дел на Нагорно Карабах, а воениот портпарол Шушан Степанјан изјави дека „се водат жестоки борби“. Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменските сили го нападнале вториот по големина град во Азербејџан, Ганџа, со ракети истрелани од северозападниот регион Берд во Ерменија. Спорниот регион Нагорно Карабах, кој ОН го сметаат за дел од претежно муслиманскиот Азербејџан, со децении е под контрола на христијанските ерменски сили. Азербејџан и Ерменија водеа војна за оваа територија кон крајот на 1980-те и раните 1990-ти години, откако станаа независни земји по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Се проценува дека тогаш загинале десетици илјади луѓе. Во последниот судир, кој се смета за најсмртоносен во последните четири години во тој дел од светот, досега загинале повеќе од 200 лица. Судирите предизвикуваат загриженост дека може да дојде до војна, со оглед на тоа што локалните борци бараат поддршка од регионалните сили Турција и Русија. Русија, која има блиски воени врски со Ерменија, повикува на итен прекин на огнот, додека Турција соопшти дека ќе го поддржи Азербејџан со сите неопходни средства. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-i-ermenija-prodolzuvaat-so-intenzivni-borbi-za-sporniot-region/feed/ 0
Чавушоглу: Ако Азербејџан побара Турција ќе интервенира во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chavushoglu-ako-azerbejdzan-pobara-turcija-kje-intervenira-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chavushoglu-ako-azerbejdzan-pobara-turcija-kje-intervenira-vo-nagorno-karabah/#respond Wed, 30 Sep 2020 11:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=410628

Азербејџан е способен сам да ја ослободи својата територија, но ако сака поддршка и побара помош ќе бидеме со него, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу. Тој не ја исклучи можноста од воена интервенција во каквкаската област Нагорно-Карабах, претежно населена со Ерменци, која „де јуре“ е дел од Азербејџан. – Со ови напади Ерменија го игнорира меѓународното право. На ова е потребно да се одговори бидејќи Азербејџан води борба на своја територија. Во кој дел од светот окупаторот и окупираните би биле третирани на ист начин, истакна Чавушоглу. Изјавата на Чавашоглу уследи по наводите на Ерменија дека Турција е учествува во судирот во Нагорно-Карабах. Ерменското Министерство за одбрана вчера соопшти дека турски авион соборил авион на ерменското воено воздухопловство, што беше демантирано од портпаролот на турскиот претседател и и азербејџанското Министерство за одбрана. И претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев вчера демантираше дека Турција учествува во конфликтот во Нагорно-Карабах. – Тоа се лажни вести. Не постои ниту еден доказ дека Турција учествува во судирот и нема потреба за тоа. Азербејџан е доволно подготвен да го заштити својот народ и територија, истакна Алијев. Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира минатата недела, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за отпочнување на воените дејствија. На четвртиот ден од ескалација на насилството и денеска продолжува размена на артилериски оган помеѓу ерменската и азербејџанската армија во Багорно-Карабах. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chavushoglu-ako-azerbejdzan-pobara-turcija-kje-intervenira-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Азербејџан и Ерменија отфрлаат мировни преговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-i-ermenija-otfrlaat-mirovni-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-i-ermenija-otfrlaat-mirovni-pregovori/#respond Wed, 30 Sep 2020 08:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=410484

Лидерите на Азербејџан и Ерменија го отфрлија предлогот за мировни разговори, обвинувајќи се меѓусебно за попречување на преговорите на територијата на Нагорно Карабах. Судирите во регионот ескалираа во неделата, откако десетици луѓе беа убиени и повредени. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, зборувајќи за руската државна телевизија, категорично исклучи каква било можност за разговори. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан за истиот канал изјави дека разговорите не можат да се водат додека борбите продолжуваат. Алиев во интервју за руската телевизија Русија 1 рече дека Баку е посветен на преговарање за резолуција, но дека Ерменија го попречува процесот. -Ерменскиот премиер јавно изјавува дека Карабах е (дел од) Ерменија, период. Во овој случај, за каков процес на преговори можеме да зборуваме?, изјави тој. Премиерот на Ерменија, Никола Пашинјан, за истата телевизија рече дека „е многу тешко да се зборува за преговори кога во тек се одредени воени операции“. Тој рече дека нема воено решение за конфликтот и повика на компромис. Сепак, тој додаде дека Азербејџан прво мора „веднаш да ја прекине агресијата врз Нагорно Карабах и Ерменија“. – Сите ние го доживуваме ова како егзистенцијална закана за нашата нација, ние го доживуваме како војна објавена на ерменскиот народ, а нашиот народ сега едноставно е принуден да го искористи правото на самоодбрана, рече премиерот. Двете страни пријавија жртви, вклучително и цивили. И Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и воена мобилизација. Конфликтот во Нагорно Карабах почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион објави отцепување од Азербејџанска ССР. По вооружениот конфликт во периодот 1992-1994 година, Баку изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решавање на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, САД и Франција. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, а Ерменија ги штити интересите на непризнатата република, имајќи предвид дека Нагорно-Карабах не е страна во преговорите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-i-ermenija-otfrlaat-mirovni-pregovori/feed/ 0
Војската на Азербејџан нападна воена единица на ерменска територија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojskata-na-azerbejdzan-napadna-voena-edinica-na-ermenska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojskata-na-azerbejdzan-napadna-voena-edinica-na-ermenska-teritorija/#respond Tue, 29 Sep 2020 08:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=409951

Вооружените сили на Азербејџан нападнаа воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан, најавувајќи „соодветен одговор“. – Војската на Азербејџан отвори оган врз воена единица во Варденис, а исто така ја вклучи и авијацијата против овие позиции, напиша Степањан на својот Фејсбук профил. Таа нагласи дека на операцијата и претходеле, како што наведе, „дезинформации на азербејџанското Министерство за одбрана дека наводно ерменската армија од реонот Варденис го гранатирала реонот Дашкасан во Азербејџан“. – Очекувајте жесток одговор, истакна Степањан. Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Аркрун Ованисјан изјави дека азербејџанската војска при нападот на ерменскиот град Варденис не гаѓала само воени единици, туку и цивили, но за среќа нема жртви. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojskata-na-azerbejdzan-napadna-voena-edinica-na-ermenska-teritorija/feed/ 0