азербејџан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 05:57:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азербејџан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Еурактив“: Ерменија и Азербејџан ја понижија европската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euraktiv-ermenija-i-azerbejdhan-ja-ponizhija-evropskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euraktiv-ermenija-i-azerbejdhan-ja-ponizhija-evropskata-diplomatija/#respond Tue, 24 Oct 2023 05:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=892345

Две земји од Источното партнерство на Унијата во кои ЕУ вложи значителни дипломатски напори за да ги седне на преговарачка маса - Ерменија и Азербејџан, прифатија иранско посредување за мировни преговори и сега на разговорите во Техеран нема да биде присутна ниту една западна земја, туку Русија и Турција, наведува „Еуарктив“. - Зарем тоа не е понижувачко?, прашува авторот на колумната во бриселскиот портал, додавајќи дека ако мировните преговори во Техеран бидат успешни, заслугата затоа ќе ја има рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а не претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вложи многу време во посредничките напори меѓу Ереван и Баку. Иранското Министерството за надворешни работи во најавата на преговорите наведе дека земјите од регионот сакаат да разговараат за регионалните прашања „без мешање на нерегионални и западни земји“. Според порталот, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквиот развој на настаните и не претставува големо изненадување, имајќи предвид дека напорите на ЕУ да посредува меѓу Ерменија и Азербејџан „не беа убедливи“, а дополнително и членки на Унијата бараа воведување санкции доколку ситуацијата се влоши. - Последниот чин се одигра неодамна во Нагорно-Карабах, кога Азербејџан – воено многу помоќен од Ерменија – за кусо време презеде контрола врз сепаратистичкиот регион, при што речиси целото етничко ерменско население од 120.000 лица побегна од енклавата во Ерменија, се додава во текстот. „Еуарктив“ наведува дека Ерменија се чувствуваше предадена од Русија, со која има потпишано одбранбен договор, но и од Западот, кој, според многумина, не вршеше притисок врз Баку затоа што се уште му треба азербејџанскиот гас. - Оставен без пријатели, Ереван се сврте кон Иран. Иако Техеран историски има лоши односи со Баку, Азербејџан ја прифати поканата за меѓународно посредување, во услови кога ќе биде присутна и Турција, нејзиниот регионален голем брат. Азербејџан неодамна ги отфрли разговорите со посредство на ЕУ токму затоа што на нив не беше поканета Анкара, туку Франција. Париз, особено, преставува проблем за Баку, затоа што го смета за премногу пристрасен во корист на Ерменија, се наведува во колумната. Авторот на текстот потсетува дека по „ерменскиот геноцид во Отоманската империја во 1915 година“, значителен дел од ерменското население побегнало во Франција, формирајќи една од најголемите ерменски дијаспори во странство, па така денес околу половина милион француски граѓани имаат ерменско потекло, додека самата Ерменија има околу три милиони жители. - Срамота е што Русија и Иран ја играат улогата на мировни посредници во соседството на ЕУ, во време кога руската армија ја пљачкосува Украина, додека Хезболах поддржан од Иран лансира ракети кон Израел од Либан, наведува „Еурактив“, прашувајќи дали би било големо изненадување доколку Иран или Русија утре посредуваат за ослободување на заложниците на Хамас во Газа? Според авторот на колумната, никој не би требало да биде изненаден доколку Русија ги истисне настрана САД и ЕУ, наметнувајќи се како предводник во мировниот процес на Блискиот Исток. - ЕУ, која е создадена како мировен проект, е во поволна позиција да биде водечки мировен посредник во светот, особено во време кога ОН честопати се блокирани од две нејзини постојани членки на Советот за безбедност. Но, јасно е дека ЕУ е далеку од тоа, бидејќи трпи неуспеси дури и во сопственото соседство, да го спомнеме само неуспехот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и покрај повеќе од 10 години напори. Затоа мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан, со посредство на Иран, треба да ја алармираат ЕУ, заклучува „Еурактив“, додавајќи дека единствената утеха за понижената ЕУ е што Грузија, уште една земја од Источното партнерство на Унијата, во последен момент одби да учествува на разговорите чиј домаќин е Техеран.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euraktiv-ermenija-i-azerbejdhan-ja-ponizhija-evropskata-diplomatija/feed/ 0
Ереван: Едно лице загина во напад на границата со Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/#respond Mon, 02 Oct 2023 19:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884381

Едно лице загина, а две други се повредени на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, каде азербејџанските сили денеска пукаа во возило на ерменските сили, соопштија властите во Ереван. - Денеска, по пукањето на азербејџанските вооружени сили врз возилото на ерменските сили кое превезувало опрема за војниците, едно лице загина на ерменска страна, а две се повредени, соопшти ерменското Министерство за одбрана. Нападот се случи откако речиси целото население на Нагорно Карабах си замина од областа. Во еднодневната воена кампања која почна на 19 септември, азербејџанската армија тешко ги порази сепаратистичките сили на Ерменија, кои имаа недостиг од луѓе и оружје, и беа принудени да капитулираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erevan-edno-litse-zagina-vo-napad-na-granitsata-so-azerbejdhan/feed/ 0
Азербејџан го притвори поранешниот премиер на Нагорно Карабах, Ереван тврди дека апсењето е незаконско https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-pritvori-poraneshniot-premier-na-nagorno-karabah-erevan-tvrdi-deka-apseneto-e-nezakonsko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-pritvori-poraneshniot-premier-na-nagorno-karabah-erevan-tvrdi-deka-apseneto-e-nezakonsko/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=882687

Азербејџанските власти го приведоа поранешниот премиер на Нагорно-Карабах, Рубен Варданијан, обвинувајќи го за финансирање тероризам и други злосторства. Судот одлучи да примени „превентивна мерка за апсење“ на бизнисменот кој од ноември 2022 година до февруари минатата година водеше сецесионистички регион со ерменско мнозинство, објави азербејџанската безбедносна служба. Ерменија го обвини Азербејџан дека спроведува „незаконски апсења“ на цивили кои во колони бегаат од Нагорно Карабах. „Азербејџан врши незаконски апсења на луѓе на контролниот пункт, што е многу загрижувачко за нас“, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан по веста за апсењето на Варданјан. Повеќе од 65.000 Ерменци веќе избегаа од Нагорно Карабах во Ерменија. Тоа е повеќе од половина од населението на енклавата што Азербејџан ја зазеде минатата недела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-pritvori-poraneshniot-premier-na-nagorno-karabah-erevan-tvrdi-deka-apseneto-e-nezakonsko/feed/ 0
Азербејџан го достави нацрт-мировниот договор на Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-dostavi-natsrt-mirovniot-dogovor-na-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-dostavi-natsrt-mirovniot-dogovor-na-ermenija/#respond Thu, 21 Sep 2023 13:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=880346

Советникот на претседателот на Азербејџан, Елчин Амирбеков, денеска изјави дека преговорите меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските сепаратисти од Нагорно-Карабах може да доведат до потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван, додавајќи дека азербејџанската страна веќе испрати нацрт на тој договор. „На средбата во Џевлах се разговараше за форматите за реинтеграција на Ерменците од Карабах. Сметаме дека овој дијалог може позитивно да влијае на мировниот процес меѓу Ерменија и Азербејџан. Двете земји почнаа да разговараат за мировен договор кој би можел да стави крај на децениските кризи и непријателства“, рече азербејџанскиот претставник за „Скај Њуз Арабија“. Тој додаде дека мировниот договор ќе содржи пет точки врз основа на меѓународното право и дека двете земји ќе бидат обврзани да не се мешаат во внатрешните работи на другата. „Нацрт-мировниот договор го доставивме до ерменската страна. Ја чекаме нивната реакција“, рече Амирбеков, нагласувајќи дека нема потреба од посебен договор со Ерменците од Карабах. Во Јевлах денеска почнаа разговорите меѓу ерменските сепаратисти и азербејџанските сили, а ерменската страна објави дека се уште има нерешени прашања, и дека се уште се работи на конечниот договор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-go-dostavi-natsrt-mirovniot-dogovor-na-ermenija/feed/ 0
Претседателот на Азербејџан прогласи победа над Ерменците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-azerbejdhan-proglasi-pobeda-nad-ermentsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-azerbejdhan-proglasi-pobeda-nad-ermentsite/#respond Thu, 21 Sep 2023 07:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=880148

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, прогласи победа над ерменските сепаратисти во конфликтот во Нагорно Карабах. Денеска треба да започнат разговори за „реинтеграција“ на Нагорно Карабах во Азербејџан. Азербејџан, според претседателот Илхам Алијев, го ставил под целосна контрола кавкаскиот регион Нагорно Карабах, населен со Ерменци. За само еден ден „антитерористичките мерки“ против сепаратистите таму беа успешно завршени и суверенитетот на земјата беше вратен, рече Алијев во говор до нацијата. Власта во Нагорно Карабах се согласила на прекин на огнот по жестоките напади на Азербејџан, што меѓу другото вклучува и разоружување на нејзините борци. Разговорите за „реинтеграција“ на Нагорно Карабах во Азербејџан треба да започнат денеска (21.09), се најавува од Баку. Руските мировни сили посредуваа за прекин на огнот Ерменија и Азербејџан се борат за Нагорно Карабах уште од советско време. Регионот е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година е контролиран од етничките Ерменци поддржани од владата во Ереван. Во 2020 година Азербејџан освои голем дел од регионот и околните области кои претходно беа под контрола на ерменските вооружени сили. Русија во тоа време посредуваше за прекин на огнот и во регионот стационираше свои мировни сили. Сегашниот прекин на огнот беше постигнат со посредство на овие мировни сили. Извештаи за најмалку 200 загинати Конфликтот повторно ескалираше во вторникот. Азербејџан со артилерија и беспилотни летала бомбардираше позиции на етничките ерменски сили во Нагорно Карабах, кои не само што беа драматично помалубројни, туку и недоволно снабдени поради повеќемесечната блокада на регионот. Омбудсманот во Нагорно Карабах, Геган Степанјан, информираше за најмалку 200 загинати лица, меѓу кои десет цивили и повеќе од 400 повредени. Овие бројки не може да се проверат од независен извор. Според Москва, убиени се и неколку руски војници. Илјадници луѓе во бегство Илјадници жители на Нагорно Карабах избегаа во камп на руските мировни трупи, додека други се надеваат на бегство од аеродромот во регионалниот главен град Степанакерт. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека по стапувањето на сила на прекинот на огнот во средата (20.09) во 13 часот, интензитетот на непријателствата значително се намалил. Тој нагласи дека руските мировни сили се одговорни за безбедноста на Ерменците во регионот. Протести во Ереван Пашинјан рече и дека неговата земја не учествувала во разговорите за прекин на огнот, туку само ја примила на знаење одлуката на властите во Нагорно Карабах. Тој нагласи дека неговата земја не сака да биде вовлечена во борбите. Пашинјан повтори дека во регионот нема ерменски војници, иако според властите во Нагорно Карабах, повлекувањето на ерменските војници од таму е дел од договорот за прекин на огнот. Вечеравечер во Ереван многу луѓе демонстрираа со барање нивната земја да им помогне на Ерменците во НагорноКарабах. Демонстрантите фрлаа камења и шишиња кон полицијата, јави новинар на АФП. Безбедносните сили употребија шок-бомби и уапсија неколку лица. Во исто време, тие се заканија со преземање „посебни мерки“ доколку судирите продолжат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-azerbejdhan-proglasi-pobeda-nad-ermentsite/feed/ 0
Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/#respond Wed, 20 Sep 2023 20:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=880019

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телевизиски говор вечерва го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот населен со Ерменци Нагорно-Карабах, пренесе ДПА. Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, рече тој од Баку. Засега нема коментар од ерменската страна. Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна воена операција за освојување на спорниот регион во Јужен Кавказ. Според Ерменците, повеќе од 30 луѓе загинале, а повеќе од 200 се повредени. Двете страни денеска се согласија на прекин на огнот со посредство на Русија, по што борбите стивнаа. Азербејџанската страна се согласи на прекин на огнот под услов ерменските сепаратистички борци да се откажат од отпорот и да го положат оружјето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhan-proglasi-kraj-na-voenata-operatsija-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Засилениот артилериски оган во Нагорно-Карабах ги подгреа стравувањата од голем конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zasileniot-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah-gi-podgrea-stravuvanata-od-golem-konflikt-megu-azerbejdhan-i-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zasileniot-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah-gi-podgrea-stravuvanata-od-golem-konflikt-megu-azerbejdhan-i-ermenija/#respond Wed, 20 Sep 2023 06:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=879720

Војната се врати во Нагорно-Карабах на 19. септември, придружена со воздушни сирени и напади со беспилотни летала, додека Азербејџан почна голема армиска офанзива против ерменската енклава лоцирана на нејзината територија. Министерството за одбрана на Азербејџан го нарече нападот „антитерористичка операција“, наменета за враќање на уставниот поредок и протерување на вооружените ерменски сепаратисти од регионот. Официјални лица во Ерменија, вклучително и премиерот на земјата, Никол Пашинјан, го обвинија Азербејџан дека започнал кампања за етничко чистење против Ерменците од Карабах. Засилениот артилериски оган во регионот Нагорно-Карабах ги подгреа стравувањата од голем конфликт со Ерменија, помалку од три години по војната во која загинаа повеќе од 6.000 луѓе. Дом на околу 120.000 луѓе, Нагорно-Карабах е етнички ерменски регион во Азербејџан што е жариште од распадот на Советскиот Сојуз. Регионот и големите околни територии паднаа под контрола на етничките ерменски сили со поддршка на ерменската армија на крајот на сепаратистичката војна. Азербејџан ги врати териториите и деловите од самиот Нагорно-Карабах во борбите во 2020 година. Воените мерки „успешно продолжуваат“ со уништување на оружје и воена опрема во тој регион, објави азербејџанското Министерство за одбрана на платформата Телеграм. Последната војна заврши со договор за распоредување руски мировници во регионот, но тензиите се зголемија од декември кога Азербејџан почна да го блокира патот што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија. Артилерискиот оган, што Азербејџан го нарекува „антитерористичка операција“, започна неколку часа откако наводно  четворица војници и двајца цивили биле убиени од нагазни мини за кои се вели дека биле поставени од ерменски диверзанти. „Се чини дека, за жал, може да биде страшно - војна број три, нешто од кое луѓето се плашеа, но се надеваа дека ќе го избегнат преку дипломатија во последните неколку недели и месеци“, изјави за американски емдиуми Томас де Вал, регионален експерт во фондацијата Карнеги Европа. Планинскиот Нагорно-Карабах има значајно културно значење и за Ерменците и за Азербејџанците. Имаше значителен степен на автономија во рамките на Азербејџан во времето кога таа земја беше дел од Советскиот Сојуз. Како што се влошуваше ситуацијата во СССР, избувнаа ерменските сепаратистички немири, кои подоцна се претворија во вистинска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Поголемиот дел од азербејџанското население беше протерано до крајот на борбите во 1994 година. Потоа, во средината на борбите во 2020 година, околу 90.000 етнички Ерменци беа раселени, некои од нив ги запалија своите домови пред Азербејџаните да се преселат. Руските мировници имаа задача да се погрижат патот што води кон Ерменија, наречен Коридор Лачин, да остане отворен. Но, коридорот е главно блокиран од декември, бидејќи Азербејџан наводно тврди дека Ерменците шверцуваат оружје и незаконски ги експлоатираат ресурсите. Ова доведе до сериозен недостиг на храна во Нагорно-Карабах и ерменските поплаки дека Азербејџан се обидува да изврши геноцид со глад. По неколкумесечни спорови и преговори, Меѓународниот комитет на Црвениот крст се согласи да испрати околу 20 тони брашно во Нагорно-Карабах оваа недела од Ерменија, како и медицински материјали преку друг пат што води од територијата контролирана од Азербејџан. Претставниците на Нагорно-Карабах претходно се спротивставија на помошта што доаѓа преку вториот пат, велејќи дека тоа е стратегија на Азербејџан да го апсорбира регионот. Ерменија постојано ги критикуваше руските мировни сили за неуспехот да го одржат отворен Коридорот Лачин и за игнорирањето на спорадичните помали судири долж границата. Иако Ерменија е долгогодишен сојузник на Москва, вклучително и местото каде што се наоѓа руската воена база, односите значително се влошија минатата година. Освен спорот за патиштата, Ерменија ја налути Русија оваа година со одбивањето да дозволи блокот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Москва да спроведува вежби на нејзина територија и со одржување заеднички вежби овој месец со американските војници. Покрај тоа, Москва беше навредена што Ерменија обезбедува хуманитарна помош за Украина. Вклучувањето на Русија во завршувањето на војната во 2020 година се сметаше за значајно достигнување што го зајакна нејзиното влијание во регионот. Но, почитувањето на тоа влијание сериозно се намали во текот на изминатата година. Коментирајќи го барањето на Ерменија руските мировници да престанат со борбите, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече: „А што е со Ерменија признавањето на Нагорно-Карабах како дел од Азербејџан? Русија денеска повика на итен прекин на борбите и крвопролевањето во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах со мнозинско ерменско население. „Ги повикуваме конфликтните страни веднаш да го прекинат крвопролевањето, да ги запрат непријателствата и да ги прекинат цивилните жртви“, се вели во соопштението на МНР на Москва. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, лут поради дистанцирањето на Ерменија од Русија, за ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече: „Погодете каква судбина го чека“. Одобрувањето на Пашинјан за договор со посредство на Русија за прекин на борбите во 2020 година беше длабоко непопуларен во Ерменија. Противниците го обвинија дека е предавник и побараа оставка на големите протести. Новите непријателства веројатно ќе предизвикаат нов бран протести, а Пашинјан е свесен за потенцијалната моќ на таквите протести, откако самиот стана премиер по големите протести во 2018 година. Во воената операција на Азербејџан досега загинаа 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола. Жителите на некои села се евакуирани, а Азербејџан најави дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zasileniot-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah-gi-podgrea-stravuvanata-od-golem-konflikt-megu-azerbejdhan-i-ermenija/feed/ 0
Албанскиот претседател во посета на Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-vo-poseta-na-azerbejdhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-vo-poseta-na-azerbejdhan/#respond Thu, 06 Jul 2023 12:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=853588

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска отпатува за Азербејџан, каде што ќе престојува во официјална посета на покана на неговиот колега Илхам Алиев. Во фокусот на разговорите на шефовите на двете држави, ќе биде билатералната соработка, како и взаемниот интерес за изградба на модерна гасификациска мрежа во Албанија. Исто така, значајно место во дискусиите ќе има и реализацијата на проекти за дистрибуција на гас од Албанија до другите земји од регионот. Последната средба на Бегај и Алиев беше во Баку, Азербејџан, во средината на март годинава, кога шефот на албанската држава учествуваше на тридневниот глобален форум. Алиев во Албанија престојуваше на 15 декември минатата година, што беше оцената како историска, бидејќи беше прва посета на еден азербејџански претседател на Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-vo-poseta-na-azerbejdhan/feed/ 0
Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-i-azerbejdhan-se-dogovorija-za-vzaemno-priznavane-na-teritorijalniot-integritet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-i-azerbejdhan-se-dogovorija-za-vzaemno-priznavane-na-teritorijalniot-integritet/#respond Thu, 25 May 2023 16:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=838704

Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан. „Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба на Врховниот евроазиски економски совет. Премиерот се осврна и на прашањето за обезбедување на правата и безбедноста на жителите на Нагорно Карабах „во рамките на меѓународниот механизам“. „Се надевам дека нормален конструктивен дијалог меѓу Баку и Степанакерт (главниот град на отцепениот регион Нагорно-Карабах) ќе започне наскоро“, рече тој. Пашинјан на прес-конференција во Ереван во понеделникот рече дека го признава територијалниот интегритет на Азербејџан, кој го вклучува Нагорно Карабах, но под услов - безбедност на ерменското население. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ermenija-i-azerbejdhan-se-dogovorija-za-vzaemno-priznavane-na-teritorijalniot-integritet/feed/ 0
Азербејџанецот кој со искршена „Лада“ тргна да и помага на Турција доби нов автомобил – кога дознал од кого и каков ќе се онесвестил (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhanetsot-koj-so-iskrshena-lada-trgna-da-i-pomaga-na-turtsija-dobi-nov-avtomobil-koga-doznal-od-kogo-i-kakov-ke-se-onesvestil-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhanetsot-koj-so-iskrshena-lada-trgna-da-i-pomaga-na-turtsija-dobi-nov-avtomobil-koga-doznal-od-kogo-i-kakov-ke-se-onesvestil-foto/#respond Fri, 17 Feb 2023 14:28:07 +0000 https://kurir.mk/?p=801818

Азербејџаецот Сервер Бесирли, кој се вклучи во акцијата за помош на Турција со својата стара црвена „лада“, доби нов автомобил. По земјотресите што го погодија југоисточниот дел на Турција, Сервер го наполни својот стар автомобил со работи што би им биле од помош на настраданите, па од својата трошна куќа во Баку се упати кон Турција. Фотографијата трогна многу луѓе, особено кога се дозна за условите во кои живее самиот Сервер. Многумина коментираат дека оние што имаат најмалку секогаш даваат најголема поддршка. Бесирли потоа гостуваше на национален канал во Азербејџан и даде информации за себе по што доби одговор од азербејџански бизнисмен. По излегувањето од студиото, бизнисмен по име Бахтијар, барајќи ја водителката за време на рекламата, му ветил на Сервер Бесирли нов автомобил. Во понеделникот азербејџанскиот херој Сервер повторно беше гостин во програмата и го доби клучот од својот нов автомобил.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdhanetsot-koj-so-iskrshena-lada-trgna-da-i-pomaga-na-turtsija-dobi-nov-avtomobil-koga-doznal-od-kogo-i-kakov-ke-se-onesvestil-foto/feed/ 0