азија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 15:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рекордно високи температури во Азија, има и жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoki-temperaturi-vo-azija-ima-i-zhrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoki-temperaturi-vo-azija-ima-i-zhrtvi/#respond Wed, 19 Apr 2023 15:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=825581

Делови од Азија овој месец ги зафати бран многу жешко време, а во Кина се регистрирани рекордни температури. Во Индија од горештините починале неколку луѓе. а во некои места се затворени и училиштата. Претходните години Индија често беше изложена на екстремни временски услови, а експертите стравуваат дека ситуацијата оваа година може да биде уште полоша. Топлотен бран во април ги зафати северните и источните држави на Индија, а метеоролозите издадоа портокалово предупредување за екстремни горештини. Климатологот Максимилијано Херера оцени дека овие невообичаено високи температури се „најлошиот топлотен бран во април во историјата на Азија“. Во Кина, според локалните медиуми, рекордни температури за април се регистрирани во неколку области вклучувајќи ги Ченгду, Жеџијанг, Нанџинг, Хангжу и други во регионот на реката Јангце, пишува Гардијан. Невообичаено високи температури се забележани во Југоисточна Азија, а во Лаос оваа недела се измерени рекордни 42,7 степени. На Тајланд, метеоролозите соопштија дека температурата достигнала 44,6 степени во провинцијата Так во неделата, што е исто така рекорд за април. Се предвидува, сепак, до крајот на неделата температурите да достигнат до 45 степени Целзиусови. Во Дака, главниот град на Бангладеш, саботата беше најтоплиот ден во последните 58 години кога беа измерени 40 степени, што предизвика топење на асфалтот на некои патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoki-temperaturi-vo-azija-ima-i-zhrtvi/feed/ 0
Руската шаховска федерација мигрираше од Европа во Азија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ruskata-shahovska-federatsija-migrirashe-od-evropa-vo-azija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ruskata-shahovska-federatsija-migrirashe-od-evropa-vo-azija/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=806413

Шаховската федерација на Русија објави дека од мај веќе нема да биде европска членка и ќе му се приклучи на Азискиот шаховски сојуз. Оваа одлука, која доби одобрување на азискиот шаховски самит во Абу Даби, доаѓа во време кога неколку руски спортски федерации, вклучувајќи ја и фудбалската, исто така размислуваат за напуштање на Европа. „Ова е историски настан. Прв пат една шаховска федерација, една од најсилните во светот, се пресели од еден на друг континент“, изјави синоќа првиот човек на рускиот шах Андреј Филатов. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги поздрави „многу добрите вести за нашите шахисти и нашиот сојуз“ што на руските спортисти ќе им овозможи настап на „големите меѓународни натпреварувања“. Руската шаховска федерација прецизираше дека оваа мерка стапува на сила на 1 мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ruskata-shahovska-federatsija-migrirashe-od-evropa-vo-azija/feed/ 0
Пелоси ја почнува турнејата низ Азија, неизвесна посетата на Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-ja-pochnuva-turnejata-niz-azija-neizvesna-posetata-na-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-ja-pochnuva-turnejata-niz-azija-neizvesna-posetata-na-tajvan/#respond Fri, 29 Jul 2022 07:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=711669

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, заедно со другите членови на делегацијата на американскиот Конгрес денеска ќе ја почне посетата на Азија, но се уште не е јасно дали ќе го посетат и Тајван, јави Ен-Би-Си Њуз повикувајќи се на два неименувани извора. Еден од изворите, кој имал увид во маршрутата, рече дека посетата на Тајван била означена како можна. За време на престојот во Азија, Пелоси ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Сингапур. Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди американскиот претседател Џо Бајден дека Пекинг е загрижен за можна посета на островот од претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Си изјави дека Вашингтон треба да ја почитува политиката на Кина и посочи дека земјата цврсто се противи на независноста на Тајван и странското мешање. Бајден рече дека американската политика кон Тајван не е променета и дека Вашингтон силно се противи на едностраните напори за промена на статус кво или за поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец, соопшти претходно Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-ja-pochnuva-turnejata-niz-azija-neizvesna-posetata-na-tajvan/feed/ 0
Бајден заминува на посети во Азија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-zaminuva-na-poseti-vo-azija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-zaminuva-na-poseti-vo-azija/#respond Thu, 19 May 2022 06:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=678704

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска заминува во Азија, на своето прво патување таму откако е на функција. Бајден е уверен дека конфронтацијата со Русија, повторно го засили американското раководство, додека се внимава оти непријателските севернокорејски нуклеарни тестови би можеле да го раскинат оптимистичкото сценарио, пишуваат американски медиуми. Тој прво ќе ја посети Јужна Кореја, а потоа Јапонија в недела, за да одржи самити со лидерите на земјите. Во Токио, Бајден ќе присуствува и на регионалниот самит на Австралија, Индија, Јапонија, САД. Патувањето се наведува како доказ дека САД дополнително ги градат неодамнешните потези за да го зацврстат својот повеќегодишен ориентир кон Азија, каде растечката кинеска комерцијална и воена моќ, сè повеќе го враќа назад децениското американско лидерство. Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан ја отфрли идејата дека војната во Украина го зема вниманието на Бајден од таа мисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-zaminuva-na-poseti-vo-azija/feed/ 0
Азиските берзи го следат растот на Волстрит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziskite-berzi-go-sledat-rastot-na-volstrit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziskite-berzi-go-sledat-rastot-na-volstrit/#respond Wed, 16 Mar 2022 07:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=647942

На азиските берзи цените на акциите денеска пораснаа, како и претходниот ден на Волстрит, што во голема мера се должи на падот на цената на нафтата, но тргувањето се одвива претпазливо пред одлуката на првиот човек на американската централна банка. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше околу 6,45 за 1,4 отсто по два дена остар пад. На берзата во Токио индексот Никеи зајакна за 1,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Шангај и Хонг Конг пораснаа меѓу 1 и 3,5 отсто. Најмногу утрово поскапеа акциите на акциите на кинеските берзи, благодарение на корекцијата по остриот пад во претходните денови, кога акциите на технолошките компании беа под голем притисок. Но, тргувањето е претпазливо бидејќи некои инвеститори се разочарани од одлуката на кинеската централна банка дополнително да не ги намалува каматните стапки. Ширењето на коронавирусот во некои делови на Кина не е во корист ниту на пазарите. Додуша, вчера бројот на новозаразени опадна, но поради острите мерки насочени кон борба против вирусот, инвеститорите стравуваат од забавување на економската активност. Од друга страна, поддршка за пазарите обезбедува вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од 1,8 отсто. Инвеститорите на најголемата светска берза беа охрабрени од падот на цената на нафтата за повеќе од 6 отсто, па вчера се лизнаа под нивото од 100 долари за барел, првпат по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари. Пред една недела цената на барелот достигна 139 долари, највисоко ниво од 2008 година. Падот на цената на црното злато во последните денови се должи на надежите на инвеститорите дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе резултираат со договор. Оттука, ублажени се стравувањата од нарушување на испораките на нафта од Русија, но и од натамошен раст на инфлацијата, која во САД е на највисоко ниво во последните 40 години. Вчера почна дводневната седница на лидерите на американските централни банки, а нивните одлуки ќе бидат објавени попладнево. Речиси е сигурно дека, за прв пат по три години, ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки со оглед на тоа што инфлацијата во САД со месеци е на највисоко ниво во последните 40 години, близу 8 проценти. Повеќето аналитичари очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Сепак, поради високата инфлација, која може дополнително да се зајакне во наредниот период поради неодамнешниот силен раст на цените на енергијата и суровините, можно е поагресивно зголемување на каматните стапки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziskite-berzi-go-sledat-rastot-na-volstrit/feed/ 0
Специјалниот претставник на САД за Авганистан на турнеја низ Европа и Азија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/specijalniot-pretstavnik-na-sad-za-avganistan-na-turneja-niz-evropa-i-azija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/specijalniot-pretstavnik-na-sad-za-avganistan-na-turneja-niz-evropa-i-azija/#respond Mon, 08 Nov 2021 07:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=592438

Новиот американски специјален претставник за Авганистан, Томас Вест, почнува серија официјални посети на Европа и Азија. – Денеска патувам во Европа и Азија за да разговарам со сојузниците и партнерите за патот до Авганистан. Меѓународната заедница мора да работи заедно за да биде ефективна, напиша Вест на Твитер. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен од своја страна рече дека турнејата на Запад ќе почне во Брисел, каде што „ќе се консултира со сојузниците и партнерите“. Како специјален претставник на САД во Авганистан, Вест го замени Залмај Калилзад, кој поднесе оставка во октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/specijalniot-pretstavnik-na-sad-za-avganistan-na-turneja-niz-evropa-i-azija/feed/ 0
За време на пандемијата посебно зголемена смртноста кај доселениците од Африка и Азија во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-pandemijata-posebno-zgolemena-smrtnosta-kaj-doselenicite-od-afrika-i-azija-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-pandemijata-posebno-zgolemena-smrtnosta-kaj-doselenicite-od-afrika-i-azija-vo-francija/#respond Fri, 16 Apr 2021 13:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=498187

Морталитетот се зголеми во Франција за време на пандемијата на коронавирус, со посилен пораст кај луѓето што живеат во Франција но родени во странство, покажуваат податоците денеска објавени од Службата за статистика Инзи. Севкупната смртност – имајќи ги предвид сите причини за смрт – во Франција се зголеми за девет проценти минатата година, соопшти Службата, пренесува ДПА. Меѓу луѓето родени во Франција, смртноста минатата година се зголеми за осум проценти, додека кај луѓето кои се родени во странство, смртноста се зголеми за 17 проценти – што е повеќе од двојно. Зголемувањето е особено големо кај луѓето кои живеат во Франција и се родени во Азија или Африка. Луѓето родени во регионот на Магреб забележаа пораст на смртноста од 21 процент, додека таа е за 36 проценти повисока кај луѓето родени во други африкански земји. За луѓето родени во Азија, смртноста се зголеми за 29 проценти. Луѓето родени во други западноевропски земји, во Америка и Океанија, забележале сличен пораст на луѓето родени во Франција, според Инзи. Генерално, смртноста најмногу се зголеми за време на првиот бран на пандемијата во текот на минатата пролет, додека вишокот на смртност беше помалку остар за време на вториот бран есеноска. Статистичарите велат дека не се во можност да ги објаснат разликите само врз основа на овие податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-pandemijata-posebno-zgolemena-smrtnosta-kaj-doselenicite-od-afrika-i-azija-vo-francija/feed/ 0
САД во декември испраќаат педесетина милиони барели нафта за Азија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-dekemvri-isprakjaat-pedesetina-milioni-bareli-nafta-za-azija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-dekemvri-isprakjaat-pedesetina-milioni-bareli-nafta-za-azija/#respond Wed, 02 Dec 2020 06:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=437221

Флота од околу 20 танкери со американска нафта биле закупени само во декември да превезат педесетина милиони тони нафта од Мексикански залив во Кина, Јужна Кореја, Сингапур и други азиски земји, јави Блумберг. Пловилата биле закупени од Vitol Group, Litasco SA, Unipec и други нафтени компании. Станува збор за супертанкери од кои секој може да превезе до 2 милиони барели нафта. Според Блумберг, танкерите заминуваат за Азија поради зголемената побарувачка за нафта по брзото закрепнување на економиите на овие земји после кризата со коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-dekemvri-isprakjaat-pedesetina-milioni-bareli-nafta-za-azija/feed/ 0
Меркел: Пандемијата го менува глобалниот однос на силите во корист на Азија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-pandemijata-go-menuva-globalniot-odnos-na-silite-vo-korist-na-azija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-pandemijata-go-menuva-globalniot-odnos-na-silite-vo-korist-na-azija/#respond Tue, 01 Dec 2020 17:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=437123

Пандемијата на коронавирусот дополнително ќе го промени глобалниот однос на силите во корист на азиските земји, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел. -Пандемијата економски ќе не уназади, предупреди Меркел на видео-седницата на германската Влада, нагласувајќи дека има извесно економско закрепнување во азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, во кои граѓаните дисциплинирано носеа маски и помалку демонстрирале против владините мерки. Германија нема намера да ги контролира своите граѓани на начин како што тоа го прави Кина, порача Меркел, но, додаде, мора да се направат дополнителни напори за да се следи чекор со технолошкиот развој, пренесоа британските медиуми. Германската полиција минатиот месец употреби водени топови и употреби солзавец за да растера илјадници демонстранти, кои протестираат против воведувањето рестриктивни мерки во Берлин. На денешната видео седница на германската Влада, министерот за здравство Јенс Шпан соопшти дека вакцинацијата против коронавирусот во Германија ќе почне во јануари следната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-pandemijata-go-menuva-globalniot-odnos-na-silite-vo-korist-na-azija/feed/ 0
СЗО: Епидемијата во Азија не е завршена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemijata-vo-azija-ne-e-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemijata-vo-azija-ne-e-zavrshena/#respond Tue, 31 Mar 2020 10:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=324825

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека, иако вниманието е пренасочено на епицентрите во западниот дел на Европа и во Северна Америка, епидемијата на новиот коронавирус е „далеку од завршена“ во Азија и Тихиот Океан. Повикувајќи ги властите на сите нивоа во регионот да останат ангажирани во напорите во борбата против коронавирусот, регионалниот директор на СЗО за Западен Пацифик, Такеши Касаи изјави дека оваа борба ќе биде долгорочна и потребно е секоја земја да продолжи да реагира согласно локалната ситуација. Тој нагласи дека СЗО е свесна оти не постои единствен пристап, но дека постојат заеднички тактики. – Тоа се: рано откривање, изолирање и тестирање на заразени, брзо пронаоѓање на контактите и ставање во карантин и преземање мерки за социјално дистанцирање, со цел да се спречи пренесувањето на вирусот и да се забави епидемијата, нагласи Касаи.
Според него, државите и понатаму треба да бидат подготвени на пораст на бројот на заразените. – Треба да ни биде јасно дека и покрај сите мерки, не исчезнува ризикот од ширење на епидемијата. Тие само ни даваат драгоцено време да се подготвиме за понатаму, нагласи Касаи. Според последните податоци, во светот од коронавирусот се заразени 789.787 лица, од кои речиси 29.500 се наоѓаат во тешка или критична состојба, а починати се 38.100 луѓе.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemijata-vo-azija-ne-e-zavrshena/feed/ 0