азил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 20:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу 16.500 албански граѓани побарале азил во Европа и Британија во првите шест месеци од годинава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/okolu-16-500-albanski-gragani-pobarale-azil-vo-evropa-i-britanija-vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/okolu-16-500-albanski-gragani-pobarale-azil-vo-evropa-i-britanija-vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava/#respond Wed, 06 Sep 2023 20:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=875430

Во земјите на Европската унија и Велика Британија, во периодот јануари-јуни годинава, азил побарале 16.500 албански државјани, се наведува во извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). - Од вкупниот број, 4.779 барања за азил се во земјите на ЕУ, од кои 3.602 првпат. Според агенцијата, 3.444 поднесени барања во текот на изминатите години чекаат да бидат разгледани, додека од 4.642 донесени решенија, стапката на позитивни одлуки е многу ниска за албанските граѓани и не надминува еден отсто, јавија албанските медиуми, повикувајќи се на Гласот на Америка. Трендот на барања за азил на Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко. Според статистиката на Европската агенција за азил, во 2022 година во земјите на Европската унија биле регистрирани 13.043 барања за азил од албански државјани, од 11.210 колку што биле регистрирани во 2021 година и 6.498 во 2020 година. Според британските власти, пак, за првите шест месеци од годинава барања за азил поднеле 11.790 албански државјани, што ја потврдува промената на определбата на албанските граѓани да се пренасочат од Европа кон Велика Британија. Со тоа Албанците се на прво место по барања за азил, со што ги надминале граѓаните од Авганистан, кои се на второ место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/okolu-16-500-albanski-gragani-pobarale-azil-vo-evropa-i-britanija-vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava/feed/ 0
ЕУАА: Барањата за азил во ЕУ зголемени за 28 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euaa-baranata-za-azil-vo-eu-zgolemeni-za-28-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euaa-baranata-za-azil-vo-eu-zgolemeni-za-28-protsenti/#respond Tue, 05 Sep 2023 06:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=874591

Бројот на мигранти кои поднеле барања за азил во ЕУ во првата половина од година е зголемен за 28 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат официјалните бројки објавени денеска. Помеѓу јануари и крајот на јуни оваа година, имало 519.000 барања за азил во ЕУ и придружните земји Швајцарија и Норвешка, соопшти Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). ЕУ е на пат да прими повеќе од еден милион баратели на азил оваа година, најголем број од 2015-2016 година кога забележа огромен прилив, главно Сиријци кои бегаат од војната во нивната земја. Во 2015 година ЕУ прими 1,35 милиони барања за азил, а потоа во 2016 година имало 1,25 милиони повеќе барања. Бројките се намалија во 2017 година, откако ЕУ склучи договор со Турција за да ги ограничи нерегуларните гранични премини, и за време на екот на пандемијата со коронавирусот во 2020 и 2021 година, кога беа воведени ограничувањата за патување. Оттогаш, бројките се зголемија, при што во 2022 година е забележан пораст на апликациите за 53 проценти, ставајќи многу земји од ЕУ „под притисок“, соопшти ЕУАА.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/euaa-baranata-za-azil-vo-eu-zgolemeni-za-28-protsenti/feed/ 0
Во мај во ЕУ регистрирани над 85.000 баратели на азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-maj-vo-eu-registrirani-nad-85-000-barateli-na-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-maj-vo-eu-registrirani-nad-85-000-barateli-na-azil/#respond Sat, 26 Aug 2023 11:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=871148

Во мај годинава вкупно 85.700 лица кои не се граѓани на членки на ЕУ поднеле барање за азил во некоја од земјите на Унијата, што претставува зголемување за 22,7 отсто во споредба со истиот месец лани, кога биле регистрирани 69.825 баратели, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција - Евростат. Од вкупната бројка на апликанти за азил, 80.375 првпат поднеле барање за меѓународна заштита во ЕУ, што претставува раст за 26,7 отсто на годишно ниво. Лани во мај бројот на лица кои првпат бараат азил изнесувал 63.455. Од друга страна, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, бројот на лица кои повторно поднеле барање за азил бележи намалување на годишно ниво од 16,4 проценти. Така, додека во мај 2022 година биле регистрирани 6.370 вакви баратели на азил, истиот месец годинава нивниот број се намалил на 5.325. Како и во претходниот период и, во мај 2023, најбројни меѓу барателите на азил биле Сиријците со вкупно 12.110 апликации. По нив следат Авганистанците со 7.210, пред Венецуелците со 7.015 и Колумбијците со 6.745 барања за азил. Меѓу барателите на азил имало и 945 украинскии и 1.435 руски државјани. Дури 78 проценти од вкупниот број апликации за азил по првпат се поднесени во само четири земји на ЕУ - Германија, Шпанија, Италија и Франција. Во Германија во мај годинава биле примени 23.235 барања за азил, во Шпанија 17.405, во Италија 11.045 и во Франција 10.850. Споредба со бројот на жители на секоја земја членка на ЕУ, највисоката стапка на регистрирани баратели на азил е регистирана во Кипар и тоа од 1.092 апликанти на еден милион луѓе, по што следува Австрија 448 апликанти на еден милион жители. Од друга страна, најниска стапка е регистрирана во Унгарија од 0,2 апликанти на еден милион жители. Меѓу вкупниот број апликанти кои првпат поднеле барање за азил имало и 3.065 малолетници без придружба, меѓу кои 985 биле од Авганистан, а 870 од Сирија. Најголем број од непридружувани малолетници поднеле барање за азил во Германија и тоа 1.200, по што следуваат Холандија со 410 и Австрија со 405.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-maj-vo-eu-registrirani-nad-85-000-barateli-na-azil/feed/ 0
Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-voveden-politsiski-chas-za-baratelite-na-azil-namesto-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-voveden-politsiski-chas-za-baratelite-na-azil-namesto-pritvor/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=863266

Американските власти воведоа полициски час за оние кои бараат азил додека чекаат првични проверки по преминувањето на границата. Полицискиот час беше воведен во мај во четири града како алтернатива на притворот, а сега е проширен во уште 13 градови, соопшти Американската служба за имиграција и царина. Се очекува да биде воведен во 40 града до крајот на септември. Полицискиот час, кој трае од 23:00 до 5:00 часот, останува на сила до исходот од проверката, односно интервјуто со службениците за азил и евентуално жалбата до судијата за имиграција. На оние кои ќе поминат обично им е дозволено да ги следат своите случаи на суд без полициски час, додека оние кои нема да успеат се соочуваат со депортација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-voveden-politsiski-chas-za-baratelite-na-azil-namesto-pritvor/feed/ 0
Бројот на баратели на азил во ЕУ во април зголемен за 34 отсто на годишно ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-barateli-na-azil-vo-eu-vo-april-zgolemen-za-34-otsto-na-godishno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-barateli-na-azil-vo-eu-vo-april-zgolemen-za-34-otsto-na-godishno-nivo/#respond Thu, 27 Jul 2023 10:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=860620

Во текот на април годинава вкупно 72.630 граѓани на држави кои не се членки на ЕУ првпат поднеле барање за азил во некоја од земјите на Унијата, што претставува пораст од 34 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Статистичката агенција на ЕУ - Евростат. Покрај овие, биле поднесени и 5.310 апликации за азил од лица чии барања за меѓународна заштита во ЕУ претходно веќе биле одбиени, што претставува намалување за пет проценти на годишно ниво. Според податоците на Евростат, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу новите баратели на азил најбројни биле Сиријците со поднесени 9.420 апликаци, по што следат државјаните на Авганистан (7.405), Венецуела (5.785), Колумбија (4.770) и Турција (4.640). Меѓу, оние кои првпат поднеле барање за азил во ЕУ се и 895 Украинци, но и 1.720 државјани на Русија. Дури 72 отсто од вкупниот број барања за азил се поднесени во четири земји на ЕУ и тоа Германија (20.950), Шпанија (12.910), Франција (10.260) и Италија (8.175). Меѓу барателите на азил имало и 2.625 малолетници без придружба, од кои 895 биле од Авганистан, а 685 од Сирија. Најголем број барања за азил од непридружувани малолетници во април 2023 година биле поднесени во Германија (1.105), а по неа следуваат Холандија (340) и Австрија (285).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-barateli-na-azil-vo-eu-vo-april-zgolemen-za-34-otsto-na-godishno-nivo/feed/ 0
Расте бројот на барања за азил во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-barana-za-azil-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-barana-za-azil-vo-germanija/#respond Tue, 25 Jul 2023 14:16:49 +0000 https://kurir.mk/?p=859907

Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац. Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја. Според податоците од канцеларијата, во споредба со првата половина на 2022 година, поднесени се 77,5 отсто повеќе првични барања за азил. Според „Билд“, полугодишниот извештај на канцеларијата покажува дека од јануари до јуни се поднесени 162.271 барање, од кои 150.166 се првични пријави. За споредба, во првата половина од 2022 година се поднесени 84.583 апликации. Најголем број апликации се од Авганистан (27.310 апликации, што е зголемување за 80 отсто) и Сирија (24.492, односно 77 отсто повеќе). Посебно расте бројот на баратели на азил од Турција, ги имало 19.208, што е зголемување за 209 отсто во однос на претходната година. „Билд“ наведува дека повеќе од две третини од регистрираните се на возраст под 30 години, а дури 71,6 отсто од барателите на азил се мажи.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-barana-za-azil-vo-germanija/feed/ 0
Земјите на ЕУ во 2022 година примиле речиси еден милион барања за азил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-na-eu-vo-2022-godina-primile-rechisi-eden-milion-barana-za-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-na-eu-vo-2022-godina-primile-rechisi-eden-milion-barana-za-azil/#respond Tue, 04 Jul 2023 17:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=852660

Земјите-членки на ЕУ примиле речиси милион барања за азил во 2022 година, а најмногу Германија, објави денеска Европската агенција за азил (ЕУАА). Тоа е зголемување од околу 50 отсто во споредба со 2021 година во земјите од ЕУ плус, каде се вклучени Лихтенштајн, Исланд, Норвешка и Швајцарија. - Комбинација од кризи, вклучувајќи нови и стари конфликти, климатски шокови, геополитички немири, насилство и прогон, принудија еден милион луѓе да ги напуштат своите домови во 2022 година, се наведува во извештајот на ЕУАА. Меѓу апликантите имало околу 42.000 деца и малолетници без придружба, најмногу од 2016 година, од кои речиси две третини се од Авганистан и Сирија. Од речиси еден милион барања за азил поднесени минатата година, Германија прими најголем број (244.000), а потоа следат Франција (156.000), Шпанија (118.000), Австрија (109.000) и Италија (84.000), што е вкупно 996.000 барања. Во Европа рекорден број барања за азил се поднесени во 2015 година (1,4 милиони) и во 2016 година (1,3 милиони). Но, некои земји-членки пријавија повеќе барања од кога било досега од почетокот на паневропското собирање податоци во 2008 година, вклучувајќи ги Австрија, Франција, Шпанија и Португалија. Најголем дел од барањата поднеле државјани на Сирија, Авганистан, Турција, Венецуела и Колумбија. Во податоците на ЕУАА не се вклучени речиси четири милиони бегалци од Украина, кои не мора да поминат низ сложени процедури за одобрување азил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-na-eu-vo-2022-godina-primile-rechisi-eden-milion-barana-za-azil/feed/ 0
Билд: Најоптоварени со баратели на азил се Грција, Кипар, Германија и Австрија, според доверлив документ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bild-najoptovareni-so-barateli-na-azil-se-grtsija-kipar-germanija-i-avstrija-spored-doverliv-dokument/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bild-najoptovareni-so-barateli-na-azil-se-grtsija-kipar-germanija-i-avstrija-spored-doverliv-dokument/#respond Sat, 25 Mar 2023 12:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=816331

Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд. Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 отсто од барателите на азил, иако тоа треба да биде 0,18 отсто. На врвот на објавената листа е Германија, која прифаќа 35,42 отсто од сите пријавени, иако тој процент би требало да изнесува 22,05 отсто. Австрија, пак, се соочува со 4,85 отсто, додека би требало да се ограничи на 2,46 отсто. Според информациите на германскиот весник, Холандија, која е дом на 0,64 отсто азиланти кога би требало да биде 1,64 отсто, настојува да спроведе правило за распределба врз основа не на населението на секоја земја, туку на нејзината економска сила. Еден од највпечатливите примери во овој поглед е Полска, која дава засолниште за 0,86 отсто, додека треба да ги прифати барањата на 6,25 отсто од барателите на азил (врз основа на критериумот за население). Грчкиот министер за миграција и азил Панајотис Митаракис истакнува дека „во првите месеци од 2023 година, пристигнувањата се зголемени за 177 отсто во споредба со претходната година, а ако се погледне бројот на нови мигранти од јануари 2022 до јануари 2023 година е уште подраматично - зголемувањето е 278 проценти“. Затоа Митаракис бара сеопфатна помош од ЕУ, особено во регионот погоден од земјотресите во Турција, за да се спречи натамошниот миграциски притисок од тој регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bild-najoptovareni-so-barateli-na-azil-se-grtsija-kipar-germanija-i-avstrija-spored-doverliv-dokument/feed/ 0
Речиси милион барања за азил во ЕУ минатата година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-milion-barana-za-azil-vo-eu-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-milion-barana-za-azil-vo-eu-minatata-godina/#respond Wed, 22 Feb 2023 14:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=803728

Речиси милион луѓе побарале меѓународна заштита во Европската унија (ЕУ) минатата година, што е најголем број барања за азил од бегалската криза во 2015 година. Агенцијата за азил на ЕУ соопшти дека минатата година биле поднесени 966.000 барања за азил во 27 земји на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, што е за 50 отсто повеќе од 2021 година, пренесува Анадолија. Тие барања за азил не вклучуваат повеќе од четири милиони украински бегалци кои избегаа во Европа во текот на годината, а на кои им е одобрена привремена заштита во ЕУ. Европската агенција го поврза зголемувањето на барањата со постојаното ублажување на ограничувањата за патување поради Ковид-19, со загрозеното снабдување со храна и судирите во многу делови од светот. Иако мнозинството баратели на азил влегуваат во ЕУ легално, главно со авион и со патни визи, некои без дозвола ги поминале и копнените и поморските граници на Унијата, главно преку Западен Балкан и Медитеранот. По повеќе од една деценија војна и економски колапс во нивната земја, Сиријците се уште се најбројните баратели на азил во Европа со повеќе од 130 илјади барања. По нив следат Авганистанците кои бегаат од безбедносните, хуманитарните и финансиските проблеми што следеа по преземањето на власта од Талибанците во август 2021 година, со 129.000 барања. Европската агенција не прецизираше кои земји од ЕУ добиле најмногу барања минатата година, а некои независни истражувања наведуваат дека тоа се Германија, Франција, Шпанија, Австрија и Италија.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-milion-barana-za-azil-vo-eu-minatata-godina/feed/ 0
Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-barateli-na-azil-vo-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-barateli-na-azil-vo-holandija/#respond Mon, 30 Jan 2023 13:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=793779

Бројот на лица кои аплицирале за азил во Холандија минатата година драстично се зголемил. Во 2022 година поднесени се 35.535 барања за азил, што е најголема бројка од 2015 година, објави „NL Times“. Во однос на 2021 година, бројот на барања е зголемен за 43,6 отсто. Барањата за азил се во благ пораст од септември. Според податоците на холандската агенција за статистика (CBS), најмногу баратели на азил има од Сирија, како и претходните години. Повеќе од една третина од барателите на азил се Сиријци, потоа Авганистанци, Турци и жители на Јемен. Се зголемува и бројот на барања за обединување на семејството. Минатата година такви барања поднеле 10.930 лица, главно Сиријци и Турци. Поради војната во Украина нагло е зголемен и бројот на бегалци од Украина. Минатата година, 1.060 лица од Украина поднеле барање за азил во Холандија, наспроти 70 година пред тоа и 40 баратели во 2020 година. Повеќето Украинци не мора да бараат азил во Холандија, тие можат да останат во земјата врз основа на европските регулативи. Во исто време, минатата година 590 Руси побарале азил во Холандија. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-barateli-na-azil-vo-holandija/feed/ 0