азиланти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Sep 2023 07:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азиланти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Раст на бројот на баратели на азил во јуни во ЕУ за 25 отсто на годишно ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-brojot-na-barateli-na-azil-vo-juni-vo-eu-za-25-otsto-na-godishno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-brojot-na-barateli-na-azil-vo-juni-vo-eu-za-25-otsto-na-godishno-nivo/#respond Sun, 24 Sep 2023 07:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=881174

Во јуни 2023 година во земјите на ЕУ барања за азил првпат поднеле вкупно 83.385 државјани на земји што не се членки на Унијата, што претставува зголемување за 25 отсто во споредба со истиот месец лани, кога биле регистирирани 66.845 барања за меѓународна заштита, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат. Во исто време, биле регистирани и 5795 апликации од лица чии барања за азил претходно биле одбиени, што претставува намалување за девет проценти на годишно ниво од 6365-те вакви баратели во јуни 2022 година. Како и претходните месеци и во јуни, најголемиот број баратели на азил или  13.150 потекнуваат од Сирија, по што следуваат Авганистанците  со 7775 апликации, Венецуелците со 6925 и Колумбијците со 6165. Меѓу оние кои првпат аплицирале за азил во ЕУ имало и 1065 државјани на Украина. Најмногу барања за азил биле поднесени во Германија и тоа 23.190, по што следуваат Шпанија со 16.075, Франција со 12.475 и Италија со 10.730. Во овие четири земји се поднесени 75 отсто од вкупниот број апликации за азил. Гледано пак по глава на жител, на ниво на ЕУ оваа стапка изнесувала 0,186 апликации за азил на 1000 жители. Најголема стапка на баратели на азил пер капита имало на Кипар од 0,799 апликации на 1000 лица, пред Австрија со 0,519 барања на 1000 жители. Од друга страна, најниска стапка има во Унгарија од само 0,0004 апликанти на 1000 лица. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу барателите на азил во јуни 2023 година биле и 2975 малолетници без придружба. Од нив, 980 биле од Сирија, а 910 од Авганистан. Најголем број апликации за азил од малолетници без придружба биле поднесни во Германија – 805, по што следува Австрија со 570 и Холандија со 445 барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-brojot-na-barateli-na-azil-vo-juni-vo-eu-za-25-otsto-na-godishno-nivo/feed/ 0
Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-registrirashe-rekorden-broj-barateli-na-azil-po-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-registrirashe-rekorden-broj-barateli-na-azil-po-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Mon, 08 Aug 2022 13:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=715660

Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина, надминувајќи го рекордот од 2015 година за време на миграциската криза, информираа денеска властите на земјата. „Заклучно со 4 август, поднесени се 35.064 молби за привремена заштита од луѓе, кои ја напуштиле Украина поради воениот напад на Русија“, соопшти финската служба за имиграција. Оттаму посочија дека во системот за сместување веќе се евидентирани над 37.000 лица, повеќе од кога и да е. Претходниот рекорд во земјата датира од 2015 година и изнесува 32.000 лица. „Една третина од луѓето кои бегаат од Украина се деца“, истакнаа од службата за имиграција. Досега, одделот обработил 33.480 молби за заштита и близу 95 отсто од подносителите веќе добиле одговор. Заштита добија 33.231 лице. Помалку од еден отсто од молбите се одбиени. Одбиени се граѓани на други земји, а не на Украина, подвлече службата. Секој што поднесува молба за привремена заштита во Финска, веднаш добива право да работи во земјата. Според најновите податоци на Обединетите Нации, досега во Европа регистрирани се над 6,3 милиони бегалци од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-registrirashe-rekorden-broj-barateli-na-azil-po-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0
Агенција за азил на ЕУ: Над 300.000 граѓани ја напуштија Русија во март https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agencija-za-azil-na-eu-nad-300-000-gragjani-ja-napushtija-rusija-vo-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agencija-za-azil-na-eu-nad-300-000-gragjani-ja-napushtija-rusija-vo-mart/#respond Thu, 09 Jun 2022 15:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=689000

Агенцијата за азил на ЕУ (ЕУАА) денеска објави дека над 300.000 руски граѓани ја напуштиле Русија во текот на март 2022 година, по почетокот на инвазијата на Украина. Податоците на Агенцијата покажуваат дека најмногу руски емигранти отишле во земјите од Централна Азија и Јужен Кавказ, а потоа следат Турција и европските земји. „Кога станува збор за барањата за меѓународна помош, барањата за азил поднесени од руските граѓани се удвоија во март во споредба со февруари и достигнаа бројка од 1.400, што е рекордно ниво од август 2018 година“, соопшти ЕУАА. Агенцијата за азил на ЕУ наведува дека граѓаните на Русија во претходните месеци го почувствувале „економското влијание на инвазијата поврзано со санкциите и растот на цените“, но и доживеале „значителни ограничувања на слободата на говорот“. Се оценува дека стравот од одмазда, гонењето за антивоени протести и законите за цензура се значителни притисоци врз мигрантите кои неодамна ја напуштиле Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/agencija-za-azil-na-eu-nad-300-000-gragjani-ja-napushtija-rusija-vo-mart/feed/ 0
Албанија го менува законот за азил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-go-menuva-zakonot-za-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-go-menuva-zakonot-za-azil/#respond Thu, 25 Jun 2020 11:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=362751

Албанија ги менува законот за барателите на азил на нејзина територија,со кој одговор на барањето треба да се даде во рок од десет дена. „Проблематичната состојба создадена во земјата од зголемениот прилив на илегални имигранти, но и нивната вмешаност во низа кривични дела, ги натера властите да направат измени во законот за бегалци.Со новата законска реулатива се предвидува начинот на менаџирање на бранот мигранти,нивното третирање на територијата на Албанија и обезбедувањето азилантски статус,-наведува Ора њуз. Законот содржи 102 члена,во кои странец или лице без државјанство, заштита може да побара и во некоја од полициските станици, при што треба да ги наведе главните генерали,отпечатоци од прсти и докомент за патување доколку го поседуваат. Исто така новина е апликацијата да биде направена веднаш штом бегалецот влезе на албанска територија и мора да добие одговор во рок од 10 дена. Додека очекуваат одговор на барањето тие треба да останат во Центарот за баратели на азил, но друга олеснителна околност е можноста бегалците да престојуваат во изнајмен стан, но на свој трошок. Во оваа ситуација, тие се должни да го пријават местото каде што престојуваат. Новина е и можноста надлежните во Центарот за азил во Бабру да го ограничат движењето на бегалците доколку постојат сомненија околу нивниот идентитет, ако не ги почитуваат правлата во центарот и како последна мерка е нивно сместување во Центар за странци,од затворен тип, кој се наоѓа во Кареч. Азил нема да добие лице кое доаѓа од земја која се смета за безбедна. Полициската статистика потврдува дека во 2017 година, во Албанија барање за азил поднеле 307 лца,следната 4.095, најголем број државјани на Сирија,додека во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-go-menuva-zakonot-za-azil/feed/ 0
Азиланти силувале и убиле 14 годишно девојче во Германија: Еден Турчин е уапсен, а по еден Ирачанец полицијата трага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azilanti-siluvale-i-ubile-14-godishno-devojche-vo-germanija-eden-turchin-e-uapsen-a-po-eden-irachanec-policijata-traga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azilanti-siluvale-i-ubile-14-godishno-devojche-vo-germanija-eden-turchin-e-uapsen-a-po-eden-irachanec-policijata-traga/#respond Thu, 07 Jun 2018 16:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=63378

Властите во Германија денеска соопштија дека уапсиле државјанин на Турција поради силување и убиство на 14 годишно девојче кое исчезнало пред повеќе од две недели. Осомничен е и барател на азил од Ирак кој е во бегство. Телото на девојчето кое исчезнало на 22 мај вчера е пронајдено на периферијата на градот Висбаден, пренесува АП. Обвинителството денеска соопшти дека двајца мажи, 20 годишен Ирачанец и 35 годишен Турчин, кои живееле во тој град чекајќи одобрение за азил, се обвинети за силување и убиство на тоа девојче во ноќта кога исчезнала. Како што се наведува понатаму, се верува дека тие после убиството заедно го закопале нејзиното тело. Полицијата соопшти дека Ирачанецот кој е идентификуван како Али Башар, изгледа изненадно отпатувал со своето семејство назад во Ирак преку Истанбул. Како што се наведува тој е обвинет и за други низ прекршоци во таа област во Германија, меѓу кои и вооружена кражба. Се верува дека тој во Германија стигнал во октомври 2015 година, на врвот на мигрантскиот бран во таа земја и дека вложувал жалби на одбивањата на неговото барање за азил. Вториот осомничен е Турчин кој на полицијата не и бил претходно познат бил уапсен синоќа. Полицијата во неделата соопшти дека 14 годишно момче кое било бегалец, дошло во станицата во Висбаден и кажал дека девојчето е убиено и силувано, а потоа го именувал Ирачанецот како можен виновен за овој грозоморен настан. Убиствата кои порано ги направиле барателите на азил во Германија, предизвикаа тензии поради приливот на повеќе од милион мигранти во 2015 и 2016 година, а стана и прашање кое на крајно десничарската Алтернатива за Германија и помогна да влезе во Парламентот, се наведува во текстот на АП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azilanti-siluvale-i-ubile-14-godishno-devojche-vo-germanija-eden-turchin-e-uapsen-a-po-eden-irachanec-policijata-traga/feed/ 0