азиски берзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 08:12:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png азиски берзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Азиските берзи го следат падот на Волстрит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziskite-berzi-go-sledat-padot-na-volstrit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziskite-berzi-go-sledat-padot-na-volstrit/#respond Thu, 17 Nov 2022 08:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=762177

На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка. Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти. Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг се „лизнаа“ меѓу 0,7 и 2,2 проценти. Во Австралија пак, пораснаа за 0,2 отсто. Под најголем притисок е технолошкиот сектор затоа што предупредувањето на „Микрон технолоџи“, дека ќе го намали производството на мемориски чипови и инвестиции, ги загрижи инвеститорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziskite-berzi-go-sledat-padot-na-volstrit/feed/ 0
Остар пад на Азиските берзи по нападот на Русија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostar-pad-na-aziskite-berzi-po-napadot-na-rusija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostar-pad-na-aziskite-berzi-po-napadot-na-rusija-vrz-ukraina/#respond Thu, 24 Feb 2022 08:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=635753

Азиските берзи остро паднаа деенска, додека цените на нафтата, златото и доларот нагло пораснаа по информацијата дека рускиот претседател Владимир Путин одобри специјални воени операции во украинскиот регион Донбас. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше утрово во минус за повеќе од 3 отсто. На токиската берза индексот Никеи потона за повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 3,3 отсто. „Пазарите сега сфаќаат дека Русија ќе прави што сака, со оглед на слабите санкции, а сега во цената е вклучена и инвазијата на Украина“, вели Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка. „Инвеститорите стравуваат дека Европа ќе биде отсечена од рускиот гас, дека ЕУ не може да се справи со таков шок во понудата и дека ќе мора да ја ограничи побарувачката, што би било економски исцрпувачко. Повисоките цени на енергијата би можеле да го загрозат растот на глобалната економија, што е лошо за поризични инвестиции“, објаснува Атрил. По информацијата за нападот на Украина, цената на нафтата нагло порасна. Цената на барелот на лондонскиот пазар скокна за 3,5 отсто, па за првпат од септември 2014 година се проби над психолошки важното ниво од 100 долари. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 4,5 отсто на 96,20 долари. Како што се продлабочува една од најголемите кризи во Европа по Студената војна, американските фјучерси индекси утринава остро паднаа, повеќе од 2 отсто, најавувајќи пад на цените на акциите на Волстрит трет ден по ред. Во претходните два дена, индексот Dow Jones и S&P 500 потона за повеќе од 2 отсто, а индексот Nasdaq за повеќе од 3 отсто. Како резултат на тоа, индексот S&P 500 падна длабоко во областа за корекција, повеќе од 10 отсто под претходното рекордно ниво, додека индексот Nasdaq е во пад од околу 16 отсто од почетокот на годината. По значителниот пад во последните денови, индексот MSCI на светските берзи, кој ги следи случувањата на најголемите светски берзи, се лизна на најниското ниво од април минатата година. На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, а јапонскиот јен зајакна бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,70 поени, додека вчера беше 96,05 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 115,05 на 114,70 јени. Но американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото падна на 1,1225 долари, додека вчера во ова време беше 1,1330 долари. Бидејќи инвеститорите бегаат од поризични инвестиции, цената на унца злато утринава значително порасна, за 1,2 отсто, на 1.930 долари, што е највисоко ниво од јануари минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostar-pad-na-aziskite-berzi-po-napadot-na-rusija-vrz-ukraina/feed/ 0
Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/#respond Tue, 07 Dec 2021 08:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=605131

Акциите на азиските берзи денеска пораснаа, исто како и на Волстрит ден претходно, бидејќи се намалија стравувањата од новиот сој омикрон на коронавирусот, а новите економски стимулации во Кина ги охрабрија инвеститорите. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, утринава во 7 часот порасна за 0,6 отсто, откако вчера се лизна на своето едногодишното најниско ниво. На берзата во Токио индексот Никеи скокна за повеќе од два отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 1,8 отсто. Азиските инвеститори се охрабрени од новите стимулативни мерки во кинеската економија. Кинеската Централна банка најави дека ќе го намали износот што банките треба да го чуваат како задолжителна резерва, на приближно 188 милијарди долари, со цел да се стимулира кредитирањето, а со тоа и економскиот раст. Ова е втор ваков потег годинава бидејќи по минатогодишното силно закрепнување од кризата со коронавирусот, растот на втората по големина светска економија забавува поради забавувањето на производствениот сектор, проблемите со недвижностите и постојаниот ризик од Ковид-19. Позитивно на берзите се одрази и вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од еден отсто. Најголемата светска берза е нестабилна веќе десет дена, откако се појави веста за омикрон сојот на коронавирусот, што може да биде позаразен од претходните и отпорен на постоечките вакцини. Затоа, инвеститорите се плашат од повторно затворање на економиите, што би го забавило закрепнувањето од кризата со коронавирусот. Но, тие стравови се намалија вчера, откако др. Ентони Фаучи, советник во Белата куќа за здравствената криза, рече дека и покрај брзото ширење, омикрон засега не претставува високо ниво на загриженост. -Инвеститорите сега се помалку загрижени за омикрон, рече Кинг Лип, стратег во Baker Avenue Asset Management. Благодарение на тоа, шпекулациите за заострување на монетарната политика на американската Централна банка, кои ги држеа инвеститорите во последните денови, вчера беа во втор план. А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 96,22 поени, додека вчера во ова време беше 96,26 поени. Истовремено, цената на нафтата дополнително порасна, откако вчера скокна за речиси пет отсто. На лондонскиот пазар цената на барелот поскапе за 0,7 отсто на 73,65 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за еден отсто на 70,20 долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-aziskite-berzi-porasnaa-od-najniskite-nivoa-vo-poslednata-godina/feed/ 0
Раст на цените на акциите на Азиските берзи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-cenite-na-akciite-na-aziskite-berzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-cenite-na-akciite-na-aziskite-berzi/#respond Wed, 01 Dec 2021 07:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=602250

На азиските берзи денеска, цените на акциите пораснаа откако претходниот ден паднаа на нивните најниски нивоа за една година, но се тргува претпазливо бидејќи инвеститорите внимателно ги следеа вестите за нова варијанта на коронавирусот. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 1,3 отсто околу 7:00 часот, откако падна на најниското ниво од ноември минатата година. На токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 1,2 и 2,2 отсто. Во Шангај и Австралија, пак, паднаа за околу 0,2 отсто. Растот на индексот MSCI главно се должи на корекцијата на цените на акциите во Хонг Конг и Јужна Кореја, кои нагло паднаа во последните денови. Другите азиски берзи тргуваат претпазливо бидејќи инвеститорите ги следат вестите за ширење на Омикрон, нова, позаразна варијанта на коронавирусот, која може да биде отпорна на вакцини. Поради тоа, инвеститорите стравуваат од повторно затворање на економиите, што би го забавило закрепнувањето од кризата со коронавирусот. Монетарната политика на американската централна банка е исто така во фокусот, откако претседателот на ФЕД, Џером Пауел, вчера му рече на Конгресот дека веќе не ја смета високата инфлација за привремена и дека поради тоа ФЕД ќе ги преиспита плановите за намалување на програмата за откуп на обврзници на следната седница.две недели. Тоа вчера предизвика остар пад на цените на акциите на Волстрит и шпекулации дека поради инфлацијата, која може да остане висока подолго од проценетото, ФЕД може да го забрза процесот на откажување на програмите за купување обврзници, а потоа да ги зголеми каматните стапки порано од очекуваното. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-cenite-na-akciite-na-aziskite-berzi/feed/ 0
Азиски берзи: Остар пад поради ширењето на корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziski-berzi-ostar-pad-poradi-shirenjeto-na-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziski-berzi-ostar-pad-poradi-shirenjeto-na-korona-virusot/#respond Tue, 21 Jan 2020 07:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=292471

На азиските берзи вредноста на акциите нагло се намалија бидејќи инвеститорите стравуваат од ширењето на корона вирусот во Кина и пошироко, и тоа може негативно да влијае врз економиите во регионот. Индексот MSCI   во Азија и Пацифик, со исклучок на Јапонија, беше околу 7,00 часа на минус 1 процент, намалувајќи се од највисокото ниво од јуни 2018 година. На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,9 проценти, додека вредноста на акциите во Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг се намалија меѓу 0,2 и 2,3 проценти. Пазарите се под притисок, како резултат на ширењето на корона вирусот, болест слична на пневмонија, од која четири лица починаа во Кина досега, со повеќе од 200 заразени. „Таа ситуација пазарите ќе ја следат на радар на ризик затоа што, доколку ситуацијата стане критична, тоа би можело да биде голем удар за авијациската индустрија и локалниот туризам“, вели Стивен Инес, стратег во АксиКорп. Состојбата на берзите се влошува и бидејќи Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали проценките за глобалниот економски раст оваа година, како резултат на неочекуваниот застој на растот во Индија и другите пазари во развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aziski-berzi-ostar-pad-poradi-shirenjeto-na-korona-virusot/feed/ 0