Азовстал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 05:46:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Азовстал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 1.000 заробеници од Азовстал се префрлени во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-000-zarobenici-od-azovstal-se-prefrleni-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-000-zarobenici-od-azovstal-se-prefrleni-vo-rusija/#respond Wed, 08 Jun 2022 05:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=688074

Повеќе од 1.000 украински војници, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјави денеска за Тасс извор од полицијата. -Над 1.000 луѓе од Азовстал се префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат во следниот период во Русија да испратат и други затвореници, рече изворот на Тасс. Според него, во Москва во моментов има околу 100 луѓе, „вклучувајќи ги и странските платеници кои се предале во Мариупол“, а Тасс во овој момент не може да добие официјални коментари од истражителите и полицијата за оваа информација. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, на 20 мај објави дека руските војници ја зазедоа фабриката Азовстал во Мариупол, каде што беа припадници на украинските сили. Според руската страна, во Азовстал се предале вкупно околу 2.400 лица, а Киев сега упорно бара нивно преземање преку размена на затвореници, иако некои руски функционери бараат на некои од предадените војници да им се суди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-1-000-zarobenici-od-azovstal-se-prefrleni-vo-rusija/feed/ 0
Телата на убиените украински војници во Азовстал вратени во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telata-na-ubienite-ukrainski-vojnici-vo-azovstal-vrateni-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telata-na-ubienite-ukrainski-vojnici-vo-azovstal-vrateni-vo-kiev/#respond Tue, 07 Jun 2022 06:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=687572

Руски војници ги вратија во Украина телата на десетици украински војници кои загинаа во челичарницата Азовстал. Според некои светски агенции, телата, наводно, биле префрлени во главниот град Киев, каде што се врши ДНК анализа за да се утврдат идентитетите на убиените, соопшти полкот Азов, една од единиците на Украина која ја држеше фабриката за челик речиси три месеци пред да се предаде во мај. Украина во саботата ја објави првата официјално потврдена размена на загинати војници од почетокот на војната. Беше кажано дека двете страни размениле вкупно 320 тела, а размената се случила во четвртокот на линијата на фронтот во регионот Запорожје. Ана Холовко, портпаролка на полкот Азов, изјави дека сите 160 украински тела што ги предале Русите се од урнатините на Азовстал. Таа рече дека најмалку 52 од тие тела се сметаат за останки на војниците на Азовскиот полк, а Максим Зорин, поранешен командант на полкот кој сега е на чело на воената единица со седиште во Киев, потврди дека меѓу разменетите има и тела од фабриката за челик. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека може да има повеќе од 2.500 затвореници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои сега се притворени во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Зеленски рече и дека плановите на Русија во однос на третманот на овие затвореници постојано се менуваат. Во исто време, руските сили продолжија да се борат за контрола на Северодоњецк, град во источна Украина кој е клучен за целта на Москва да заврши со заземање на индустрискиот регион Донбас. Зеленски изјави дека украинските сили ги држат своите позиции во градот, додека на улиците се водат жестоки битки и Русија се обидува да распореди повеќе сили во оваа област. – Ова е 103-ти ден, а украинскиот Донбас стои. Цврсто стои, рече украинскиот претседател во своето ноќно обраќање до нацијата. Зеленски рече дека руските сили планираат да го заземат градот Запорожје во југоисточниот дел на земјата, каде што живеат повеќе од 700.000 луѓе, што може сериозно да ја ослабне позицијата на Украина и да и овозможи на руската армија да напредува поблиску до централниот дел на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telata-na-ubienite-ukrainski-vojnici-vo-azovstal-vrateni-vo-kiev/feed/ 0
Макрон и Шолц го повикаа Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-sholc-go-povikaa-putin-da-oslobodi-2-500-borci-od-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-sholc-go-povikaa-putin-da-oslobodi-2-500-borci-od-azovstal/#respond Sat, 28 May 2022 15:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=682920

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот Владимир Путин да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. „Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-sholc-go-povikaa-putin-da-oslobodi-2-500-borci-od-azovstal/feed/ 0
Паламар: Командата на „Азов“ се уште е во Азовстал, во тек е соодветна операција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palamar-komandata-na-azov-se-ushte-e-vo-azovstal-vo-tek-e-soodvetna-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palamar-komandata-na-azov-se-ushte-e-vo-azovstal-vo-tek-e-soodvetna-operacija/#respond Thu, 19 May 2022 20:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=679228

Заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, денеска објави нова порака на Телеграм во која кажува дека командата на единицата се уште се наоѓа во подземните тунели на огромната фабрика во Мариупол, која во последните два месеца прерасна во своевиден симбол на украинскиот отпор. “Слава на Украина! Денеска е 85-ти ден од војната. Командата и јас сме во просториите на фабриката Азовстал. Во тек е операција, нема да давам детали. Му благодарам на целиот свет и на Украина за поддршката. Се гледаме“, изјави Паламар. Од неговата изјава, меѓутоа, остана нејасно за каква операција станува збор во челичарницата во Азовстал од која во последните два дена се предадоа над 1.700 украински војници]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palamar-komandata-na-azov-se-ushte-e-vo-azovstal-vo-tek-e-soodvetna-operacija/feed/ 0
„Во Азовстал има уште околу илјада украински војници“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-azovstal-ima-ushte-okolu-iljada-ukrainski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-azovstal-ima-ushte-okolu-iljada-ukrainski-vojnici/#respond Wed, 18 May 2022 17:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=678610

Илјада украински војници со нивните команданти сè уште ја бранат својата позиција во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјави денеска лидерот на проруските сепаратисти по информациите објавени од Москва дека 959 бранители се предале од понеделникот. На почетокот во челичарницата имаше „повеќе од 2.000 луѓе“, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка република Денис Пушилин на средба со новинари во Мариупол организирана од руското Министерство за одбрана. По предавањето, кое почна во понеделникот, останаа „малку повеќе од половина“, додаде тој, што значи околу илјада. „Командантите и високите офицери на баталјонот Азов сè уште не излегле“, рече лидерот на сепаратистите. Руското Министерство за одбрана денеска претпладне соопшти дека „во последните 24 часа се заробени 694 ветерани, меѓу кои 80 ранети“, додаде тој. Истиот извор наведува дека 51 биле примени во болницата во Новоазовск, која е под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници. Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а руските власти во повеќе наврати изјавија дека некои од нив не ги сметаат за војници, туку за неонацистички борци. Украинските власти, од друга страна, сакаат размена на воени заробеници. Пушилин рече дека „сите што се здрави се во притвор во колонијата Еленовскаја“. – Судбината на воените злосторници и националистите, доколку го положат оружјето, ќе ја реши судот, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-azovstal-ima-ushte-okolu-iljada-ukrainski-vojnici/feed/ 0
Десетина автобуси со војници вечерва ја напуштија челичарницата Азовстал во Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-avtobusi-so-vojnici-vecherva-ja-napushtija-chelicharnicata-azovstal-vo-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-avtobusi-so-vojnici-vecherva-ja-napushtija-chelicharnicata-azovstal-vo-mariupol/#respond Mon, 16 May 2022 20:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=677551

Десетина автобуси со украински војници вечерва ја напуштија челичарницата Азовстал во Мариупол, која со недели е под опсада на руските сили, јави вечерва Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци. Според агенцијата, не е можно да се утврди колку војници имало во автобусите, ниту дали меѓу нив има повредени. Се проценува дека во челичарницата има околу 600 војници. Командантот на украинските сили во Азовстал, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го употреби зборот предавање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-avtobusi-so-vojnici-vecherva-ja-napushtija-chelicharnicata-azovstal-vo-mariupol/feed/ 0
Русија и Украина се договорија за хуманитарен коридор за ранетите војници од Азовстал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-i-ukraina-se-dogovorija-za-humanitaren-koridor-za-ranetite-vojnici-od-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-i-ukraina-se-dogovorija-za-humanitaren-koridor-za-ranetite-vojnici-od-azovstal/#respond Mon, 16 May 2022 13:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=677424

Руската војска наложи прекин на огнот во областа на челичарницата Азовстал и отвори хуманитарен коридор, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Со претставниците на украинската страна е постигнат договор за евакуација на ранетите војници во здравствените установи. -На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, беше постигнат договор за евакуација на повредените, се вели во соопштението на руското Министерство. Ранетите се префрлени во болница во Новоазовск на територијата на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-i-ukraina-se-dogovorija-za-humanitaren-koridor-za-ranetite-vojnici-od-azovstal/feed/ 0
Руските сили се обидуваат да го заземат Азовстал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-se-obiduvaat-da-go-zazemat-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-se-obiduvaat-da-go-zazemat-azovstal/#respond Fri, 13 May 2022 07:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=676049

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушченко изјави дека руските сили утринава се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката Азовстал во тој град. Андрјушченко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката. Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката Азовстал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-se-obiduvaat-da-go-zazemat-azovstal/feed/ 0
Во челичарницата Азовстал во Мариупол се наоѓаат уште најмалку 100 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chelicharnicata-azovstal-vo-mariupol-se-naogjaat-ushte-najmalku-100-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chelicharnicata-azovstal-vo-mariupol-se-naogjaat-ushte-najmalku-100-civili/#respond Tue, 10 May 2022 09:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=674383

Најмалку уште 100 цивили се останати во фабриката за челик, што е под силен руски оган во јужниот украински град Мариупол, изјави денеска помошникот градоначалник Петро Андриушенко. Мариупол ги преживува најразорните битки во руската инвазија и војната во Украина. Железарницата Азовстал е последниот дел од градот што се уште е во рацете на украинските борци. Украина претходно соопшти дека сите цивили го напуштиле Азовстал, а Русија објави дека е завршена евакуацијата на цивилите од фабриката. „Покрај армијата, во засолништата во Азовстал има најмалку 100 цивили. Сепак, тоа не го намалува интензитетот на окупаторските напади“, напиша Андриушченко на Телеграм. Русија не ги коментираше неговите тврдења, а запдните медиуми не успеаја да добијат независна потврда на наводите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chelicharnicata-azovstal-vo-mariupol-se-naogjaat-ushte-najmalku-100-civili/feed/ 0
Се очекува нов конвој на ОН за евакуација на цивилите од „Азовстал“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/#respond Fri, 06 May 2022 07:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=672693

Нов конвој на ОН се очекува денеска да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без гаранција за прекин на борба. Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, синоќа соопшти дека нов конвој се движи кон градот, кој стана симбол на руската инвазија која започна на 24 февруари. - Конвојот е на пат кон Азовстал каде што ќе пристигне утре наутро, надевајќи се дека ќе ги собере последните цивили од тој пекол во кој живееја толку многу недели и месеци и ќе ги донесе на безбедно, рече Грифитс вчера во Варшава. Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека е дел од операцијата. Минатиот викенд, околу стотина цивили го напуштија „Азовстал“ во евакуација организирана од ОН и Црвениот крст. Се уште се контрадикторни информациите за состојбата во челичарницата во Мариупол каде што има и цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео-порака рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот што требаше да започне во четврток наутро. Руското бомбардирање продолжува „и цивилите, жените, децата сè уште треба да бидат евакуирани“, рече тој во пораката објавена на неговиот фејсбук-профил. „Замислете го тој пекол! Таму има деца! „Повеќе од два месеци континуирано бомбардирање, смртта е постојано близу“, додаде тој. Рускиот претседател Владимир Путин вчера вечерта потврди дека „руската армија се уште е подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од „Азовстал“, кои би можеле да бидат уште двеста, заробени во комплекс заедно со украински борци. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската армија го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти „функционираат“ хуманитарните коридори околу „Азовстал“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/feed/ 0