Б40 мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 11:44:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Б40 мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Кисела Вода дел од Б40 мрежата на градови – лидери од Балканот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-del-od-b40-mrezhata-na-gradovi-lideri-od-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-del-od-b40-mrezhata-na-gradovi-lideri-od-balkanot/#respond Tue, 23 May 2023 11:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=837884

Успесите и активностите на Општина Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Од неодамна, Кисела Вода е дел од Б40 Мрежата на градови, лидери од регионот, која функциоира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата. Членовите на мрежата работат на подобрување на дијалогот меѓу локалните заедници, соработуваат на полето на културата, иновациите, одржливите политики и солидарноста, но и на развивање на нови области на соработка, имајќи ги предвид ефектите од климатските промени и потребата од зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот. -Задоволство и предизвик е да се работи и соработува со најдобрите од регионот, а со една заедничка цел, да креираме политики кои водат кон подобар и поквалитетен живот за нашите сограѓани. Нашата Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) по претходно добиеното писмо од мојот драг колега @Κώστας Μπακογιάννης - Kostas Bakoyannis, градоначалник на Атина, со што ме информираше дека Кисела Вода и официјално е дел оваа мрежа за градење силно и трајно партнерство. Благодарност до градоначалникот Бакојанис, претседател на Б40 мрежата за овој мандатен период и постојаниот секретаријат во Истанбул. Нашата општина како активен партнер, ќе учествува во работните групи како платформа за размена на идеи и постојни решенија на локално ниво, спроведување на заеднички студии, како и размена на најдобрите практики и работа на заеднички проекти-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Мрежата Б40 е основана во 2021 година на состанок, чиј домаќин беше Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-del-od-b40-mrezhata-na-gradovi-lideri-od-balkanot/feed/ 0