баби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 06:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младите се жалат: Сѐ помалку баби и дедовци денес ги чуваат внуците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mladite-se-zhalat-s-pomalku-babi-i-dedovtsi-denes-gi-chuvaat-vnutsite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mladite-se-zhalat-s-pomalku-babi-i-dedovtsi-denes-gi-chuvaat-vnutsite/#respond Mon, 18 Sep 2023 06:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=878932

Лицата од тн. генерација „милениумци“, родени последните 15 - 20 години од минатото илјадалетие, денес имаат 25 - 40 години и се сеќаваат како престојувале кај нивните баби и дедовци секој викенд и / или цел летен одмор. Денес, сметаат многумина, состојбата е значително поинаква, па една мајка-милениумка објаснува - зошто е тоа така? „Прејдовме од генерација деца кои секој викенд го минуваа кај баба сѝ и дедо сѝ, во генерација родители кои секој миг го минуваат со своите деца“, гласи насловот на видеото објавено на Тикток-профилот @brittnievh. - За многу луѓе денес, поширокото семејство е „невидливо“. Селото веќе не ги воспитува децата. Ние (родителите) сме „селото“. Тоа е разликата меѓу нас, заклучува авторката во своето видео. Во коментарите потоа, многумина се согласија, велејќи дека жалат што нивните деца немаат ист однос со бабите и дедовците, каков што самите тие имале со своите. „Нема село, нема помош. Само јас и мојот сопруг сме. Никој не е заинтересиран“, „Ме воспитуваа баба ми и дедо ми, така што не би ни очекувала дека моите родители знаат да се грижат за моето дете“, „Имам измешани емоции за ова. Жалам што родителите секогаш ме праќаа кај баба ми, но би сакала денешните баби да помагаат повеќе“ - се дел од коментарите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mladite-se-zhalat-s-pomalku-babi-i-dedovtsi-denes-gi-chuvaat-vnutsite/feed/ 0
Децата кои растат покрај баби и дедовци се посреќни и попаметни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/detsata-koi-rastat-pokraj-babi-i-dedovtsi-se-posrekni-i-popametni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/detsata-koi-rastat-pokraj-babi-i-dedovtsi-se-posrekni-i-popametni/#respond Wed, 11 Jan 2023 10:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=785912

Љубовта, грижата и поддршката од бабите и дедовците имаат благопријатно влијание врз внуците. За тоа сведочат бројни научни истражувања. 1.Се намалува ризикот од депресија Емоционалната блискост на бабите и дедовците со нивните внуци го намалува ризикот од депресија кај децата. Во студијата објавена во списанието “Геронтолог”, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. Кога научниците од Бостонскиот колеџ ги инализирале податоците собрани во период од 19 години, се покажало дека опасноста од депресија се намалува и кај старите и кај младите генерации. 2.Се зголемува чувството за стабилност и сигурност Бабите и дедовците на своите внуци им влеваат чувство на стабилност и емотивна сигурност. А во трауматични ситуации или во текот на семејни кавги, бабата и дедото честопати им се поддршка на внуците. Истражувањето од Оксфордскиот Универзитет покажало дека блиската поврзаност меѓу внуците и постарите генерации им помага на децата да се носат со трауматичните настани во животот, како што се малтретирање во школо или развод на родителите. Истражувањето кое го водела професорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1500 деца и покажало дека и тие кои биле во блиски односи со своите баби и дедовци имаат помалку емотивни потешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имале поразвиено чувство за самосвесност, со што полесно ги надминувале потешкотиите. 3.На родителите им е олеснета задачата Родителите понекогаш немаат доволно време за да си играат и да разговараат со своите деца. Бабите и дедовците честопати се случува да ги заменуваат родителите, особено кога станува збор за играта и забавата. Покрај тоа, тие поретко ги караат децата, па така тие послободно им се отвораат и им ги откриваат своите тајни. Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, бидејќи и родителите се спокојни, знаејќи дека децата се добро и додека тие не се нивна близина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/detsata-koi-rastat-pokraj-babi-i-dedovtsi-se-posrekni-i-popametni/feed/ 0
Нашите баби секогаш ги имале ОВИЕ 3 работи во својата кујна, младите домаќинки треба да го следат тој пример https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nashite-babi-sekogash-gi-imale-ovie-3-raboti-vo-svojata-kujna-mladite-domakjinki-treba-da-go-sledat-toj-primer/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nashite-babi-sekogash-gi-imale-ovie-3-raboti-vo-svojata-kujna-mladite-domakjinki-treba-da-go-sledat-toj-primer/#respond Sun, 18 Sep 2022 20:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=734575

Нашите баби се секогаш грижливи и воглавно попопустливи од родителите. Во кујните на бабите секогаш има храна со неверојатен вкус што никогаш не се заборава. Што и да подготват, нивната храна е секогаш послатка и повкусна. Бабите имаат посебно место во животот на секој човек. Дали се сеќавате на работите што вашата баба секогаш ги чувала во домот? Некои од нив повторно се враќаат во домовите и го носат она тешко носталгично чувство што ни ги буди спомените од детството. Ова се 3-те работи што бабите секогаш ги имаат во домот: Мушама Мушамата е нешто што речиси секоја баба го имала на масата од практични причини. Секако, дека бабите користеле и чаршафи за свечени ручеци и слави, но мушамите биле дел од секојдневниот живот во кујната. На нив сме јаделе секакви вкусни јадења, од кои најмногу сме ги обожавале слатките. Освен тоа, ако случајно сме истуриле нешто на масата, бабите воопшто не се лутеле. Само ја пребришувале масата со влажна крпа и сѐ било во најдобар ред. Денес, многу семејства сѐ уште купуваат мушами за маса поради малите деца, бидејќи тие се покажале како практично решение. Бабите имале право! Маст Доколку се сеќавате на пржените јајца со салата од домати и домашен леб што ви ги приготвувала баба ви, сигурно го помните тоа како еден од најслатките оброци во детството. Најзаслужна за тоа била свинската маст, производ што речиси секоја баба редовно го користела при готвењето. Многу доктори советуваат дека треба да се одбегнува овој прехранбен производ, но некои истражувања покажале дека животинската маст е всушност многу поздрава во споредба со растителната маст што може да се најде во речиси сите готови производи. Се смета дека свинската маст содржи дури 60% монозаситени масти и тоа најмногу олеинска киселина. Олеинската масна киселина ја подобрува функцијата на срцевиот мускул, го регулира нивото на холестерол во крвта и го намалува ризикот од срцев удар. Токму од таа причина, многу луѓе кои внимаваат на исхраната, задолжително внесуваат свинска маст. Но, секако дека не треба да претерувате! Мелник за кафе Во ова брзо и лудо време, сѐ помалку време поминуваме во кујната. Повеќето работи ги купуваме од продавница, а подготвувањето зимница сега е многу редок обичај. Кафето исто така го купуваме од продавница, но сите ги помниме мирисот на свежо испечено кафе, подготвено за да се сомеле. Нашите баби го правеле тоа во рачните мелници за кафе, вртејќи ја рачката додека не се сомеле и последното зрно. После овој долг процес, секоја голтка од ароматичното кафе имаше посебна вредност и неодолив вкус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nashite-babi-sekogash-gi-imale-ovie-3-raboti-vo-svojata-kujna-mladite-domakjinki-treba-da-go-sledat-toj-primer/feed/ 0
Баби се тепале кај Зелено пазарче, еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/babi-se-tepale-kaj-zeleno-pazarche-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/babi-se-tepale-kaj-zeleno-pazarche-eve-gi-detalite/#respond Fri, 08 Apr 2022 06:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=660047

Две жени се степале кај Зелено пазарче во Скопје. Како што соопшти полицијата, пензионерка на возраст од 83 години вчера пријавила дека дваесет години помлада жена ја нападнала со тврд предмет во близина на Зелено пазарче. „ На 06.04.2022 во 14.15 часот Р.К.(83) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот кај Зелен пазар била физички нападната со тврд предмет од Г.Ч.Т.(62) од Скопје“, објави полицијата. Полицијата работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/babi-se-tepale-kaj-zeleno-pazarche-eve-gi-detalite/feed/ 0
Совети за непримерно однесување на бабите и дедовците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-neprimerno-odnesuvanje-na-babite-i-dedovcite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-neprimerno-odnesuvanje-na-babite-i-dedovcite/#respond Thu, 16 Jan 2020 14:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=290657

Бабите и дедовците се како втори родители на внучињата, кои безусловно ги сакаат и имаат „ексклузивно право“ да ги разгалат. Сепак, во одредени случаи, бабите и дедовците можат да станат себични и манипулативни. Овој вид на однесување може да направи вистинска драма и хаос во добра и функционална семејна врска. Ако се сомневате дека вашите деца си имаат работа со такви баби и дедовци, има безболни начини да се реши таа состојба. А, тоа според порталот „Брајтсајд“, се следните ситуации… Ве потценуваат како родители Некои баби и дедовци сметаат дека што и да направи родителот на нивниот внук, не е доволно добро, т.е. се обидуваат да ги омаловажат постапките на своите деца. Овој вид баба и дедо не ги следи правилата и ограничувањата што самиот родител ги поставил и ја претвора неговата рутина во целосен хаос. Постојано се мешаат во одлуките за родителите Ако родителите на мајката или таткото понекогаш го продолжуваат времето што детето може да го мине пред ТВ, тоа не е пример за „токсични баби и дедовци“. Но, ако оваа ситуација се случува цело време и родителските правила постојано се кршат, тоа е лош знак. Тие, во тој случај, ги доведуваат во прашање сите ваши одлуки и почнуваат да се расправаат со вас во присуство на децата. Прават родителот да се чувствува виновен, заради полесно манипулирање „Токсичните баби и дедовци“ се служат со манипулација за да ги натераат, како своите деца претходно, така и нивните деца – да прават тоа што највозрасните ќе го посакаат. Ова се само дел од фразите што манипулативните баби и дедовци ги користат: „Бакни ме или ќе плачам“, „Не се мачи да доаѓаш на мојот погреб“, „Ти не ме сакаш!“… Глумење жртва Постојаното жалење и префрлање дека родителите не го ценат она што бабите и дедовците го прават за нив и нивните деца, има слична цел – манипулација со чувствата. Се обидуваат да ја купат љубовта и вниманието на внуците Сосема е во ред ако бабите и дедовците понекогаш сакаат да ги разгалат внуците со подароци. Но, „токсичните баби и дедовци“ би се обиделе да го „купат“ вниманието на децата. Најчесто, тие купуваат премногу скапи подароци, со што се обидуваат да ве омаловажуваат како родител за да го добијат тоа што го сакаат. Омилен внук Ако бабите и дедовците избрале да сакаат едно внуче и да игнорираат друго, тоа е знак дека тие не се добар пример за децата. Најјасен признак за тоа се споредбите и речениците како – „Брат ти е попаметен“ или „Сестра ти го стори тоа подобро“. Веруваат дека имаат право да го минат целото време со внуците Убеденоста дека другите баба и дедо немаат право да минат исто толку време со внучињата, како и првите, е прилично јасен знак за себичност. За крај, порталот „Брајтсајд“ нуди и решенија за надминување на овие проблеми. Првиот чекор, е смирен, но искрен разговор за проблемот. Родителот на децата треба да постави јасни граници за улогите во тој семеен однос. Доколку тоа не се почитува, следува мало оддалечување со бабата и дедото. Не целосен прекин, туку поретко гледање. За време на оваа „пауза“, децата може да ги посетуваат своите баби и дедовци, но со „родителски надзор“, така што нема да се дозволат непотребни коментари пред самото дете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-neprimerno-odnesuvanje-na-babite-i-dedovcite/feed/ 0
Разделени пријателки од детството споени од судбината: 70 години подоцна, повторно заедно (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/razdeleni-prijatelki-od-detstvoto-spoeni-od-sudbinata-70-godini-podocna-povtorno-zaedno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/razdeleni-prijatelki-od-detstvoto-spoeni-od-sudbinata-70-godini-podocna-povtorno-zaedno-foto/#respond Tue, 26 Feb 2019 10:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=168475

Нора (91) и Ејлин (89) се две најдобри пријателки од детството кои изгубиле контакт, а по 70 години повторно се сретнале во старечки дом. Нора била префрлена во нов старечки дом во август и се изненадила кога во јануари дошла нејзината пријателка од детството со која изгубила контакт, Ејлин. Двете се познале веднаш штом се виделе иако биле одвоени и немале контакт 7 децении.

-Не верував дека повторно ќе ја видам Ејлин откако ни се разделија патиштата како деца и многу ми е драго што ја гледам. Не ми се верува дека сега ќе живее заедно со мене и ќе се гледаме секој ден. Многу сум среќна што имам најдобра пријателка повторно во животот, се чувствувам како ништо да не се променило, изјавила Нора.

Откако се разделиле во тинејџерските денови, тие сега повторно се обединуваат и не може да бидат посреќни што ќе поминуваат време заедно, а семејството на Ејлин сега се грижи и за Нора, бидејќи таа нема нејзино. Замислете колку е голема среќата на двете пензионерки што нема да повеќе да бидат осамени. Извор: ЦрноБело]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/razdeleni-prijatelki-od-detstvoto-spoeni-od-sudbinata-70-godini-podocna-povtorno-zaedno-foto/feed/ 0
Емотивно видео: Благодарност до сите баби и дедовци кои си ги чуваат своите внучиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/emotivno-video-blagodarnost-do-site-babi-i-dedovci-koi-si-gi-chuvaat-svoite-vnuchinja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/emotivno-video-blagodarnost-do-site-babi-i-dedovci-koi-si-gi-chuvaat-svoite-vnuchinja/#respond Wed, 12 Dec 2018 16:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=139263

Motherly создаде емотивно видео полно со благодарност до сите баби и дедовци кои се грижат за своите внучиња и кои им помагаат на новите родители кога тоа им е најпотребно. До најдобрите баби и дедовци на светот: Не би можеле да го направиме ова без вас. Вие бевте покрај нас од почетокот. За раѓањата, прославите, тешките моменти и ноќните излегувања. Ги споделувате вашите приказни, рецепти и животни лекции. Го споделувате вашето време. Ви веруваме како на никој друг. Секогаш бевте покрај нас – ни пруживте помош, уште еден пар очи, уште еден пар раце. Никогаш не би можеле да ви се оддолжиме за сè што ни дадовте. Па, сè што можеме да кажеме е: Ве цениме, благодарни сме што ве имаме. Од дното на нашите срца: Ви благодариме. Не постои друга љубов како онаа на бабите и дедовците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/emotivno-video-blagodarnost-do-site-babi-i-dedovci-koi-si-gi-chuvaat-svoite-vnuchinja/feed/ 0
Останале да живеат кај Чернобил и да јадат контаминирана храна: Погледнете како изгледаат овие баби (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostanale-da-ziveat-kaj-chernobil-i-da-jadat-kontaminirana-hrana-poglednete-kako-izgledaat-ovie-babi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostanale-da-ziveat-kaj-chernobil-i-da-jadat-kontaminirana-hrana-poglednete-kako-izgledaat-ovie-babi-video/#respond Fri, 12 Oct 2018 16:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=114248

Околу 350.000 луѓе беа евакуирани од Чернобил после нуклеарната експлозија во 1986 година. На радијација биле изложени 8,4 милиони луѓе. Меѓутоа, ги имало и оние кои решиле да останат без оглед на тоа што водата, воздухот и храната биле контаминирани, како што се овие баба. Таа решила да остане таму и да ги убеди сите дека може да се живее без оглед на големата радијација, која е во градот присутна, а 400 пати поголема отколку во Хирошима по нукреарната катастрофа. Луѓето затоа се сетиле и решиле да снимат филм за животот на оваа бабушка во Чернобил. Режисерите Холи Морис и Ана Богарт го истражиле тоа подрачје и дошле до податоци дека таму живела осум до 12 баби, во зависност од селото. -Мене не ме плаши радијацијата. Ме плаши гладувањето, кажала оваа бабушка. „Доколку си одиш од овде ќе умре. Тие се во полоша положба отколку ние кои живееме овде. Татковината е татковина, никогаш нема да ја напушта, ниту со пушка ако ме бркаат“. Еден од реакторите на електранта „Владимир Илич Ленин“- како што официјално се викала чернобилската нуклеарна електрана, експлодираше на 26 април 1986 година, во 1:24 часот после полноќ по локално време. На лице место настрадаа 31 лице. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostanale-da-ziveat-kaj-chernobil-i-da-jadat-kontaminirana-hrana-poglednete-kako-izgledaat-ovie-babi-video/feed/ 0