бадникова поворка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Jan 2023 17:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бадникова поворка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре во 11 часот празничен концерт на плоштадот „Македонија“, по што Бадниковите поворки ќе се упатат кон Соборниот храм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vo-11-chasot-praznichen-koncert-na-ploshtadot-makedonija-po-shto-badnikovite-povorki-kje-se-upatat-kon-soborniot-hram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vo-11-chasot-praznichen-koncert-na-ploshtadot-makedonija-po-shto-badnikovite-povorki-kje-se-upatat-kon-soborniot-hram/#respond Thu, 05 Jan 2023 17:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=784055

После двегодишна пандемиска пауза, Македонија е подготвена повторно да го има највеличествениот Бадник во регионот. Утре, во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање. Најголемата бадникова манифестација во Скопје започнува точно во 11 часот со мал празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства ќе бидат пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут). Водители на настанот ќе бидат мега-популарните детски ѕвезди: Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев. После краткиот концерт, ќе се оформи најголемата бадникова поворка што преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Свечени бадникови поворки со стотици деца се организираат и во: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци… Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни во кои учествуваат локалните ѕвезди и хорчиња. Организаторите ги покануваат граѓаните да им се придружат на поворките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vo-11-chasot-praznichen-koncert-na-ploshtadot-makedonija-po-shto-badnikovite-povorki-kje-se-upatat-kon-soborniot-hram/feed/ 0
Симболична Бадникова поворка во Скопје (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simbolichna-badnikova-povorka-vo-skopje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simbolichna-badnikova-povorka-vo-skopje-video/#respond Wed, 06 Jan 2021 17:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=452475

Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ја помина традиционалната патека на движење на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм. Овој пат, без физичко присуство на луѓе, песната „Вечниот Бог“ ечеше од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на „Бадникови поворки“, голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ја пееја коледарската песна и испраќаа силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре. Се надеваме дека оваа Бадникова поворка, ќе биде последна ваква без народ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simbolichna-badnikova-povorka-vo-skopje-video/feed/ 0
Симболична Бадникова поворка во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/simbolichna-badnikova-povorka-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/simbolichna-badnikova-povorka-vo-skopje/#respond Wed, 06 Jan 2021 08:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=452329

Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм. Овој пат, без физичко присуство на луѓе, песната „Вечниот Бог” ќе ечи од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на „Бадникови поворки”, голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ќе ја пеат коледарската песна и ќе испратат силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/simbolichna-badnikova-povorka-vo-skopje/feed/ 0
“Бадник за сите – Радост за сите”, бадниковата поворка ќе започне од црквата Св. Димитриј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/badnik-za-site-radost-za-site-badnikovata-povorka-kje-zapochne-od-crkvata-sv-dimitrij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/badnik-za-site-radost-za-site-badnikovata-povorka-kje-zapochne-od-crkvata-sv-dimitrij/#respond Fri, 03 Jan 2020 09:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=285101

Под мотото „БАДНИК ЗА СИТЕ! – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”, Здружението “Бадникови поворки” и оваа година, ги повикува граѓаните на 6-ти јануари – Бадник, да земат учество во манифестацијата настани, што се организираат во чест на Празникот на Христовото Раѓање – Божиќ. Според овогодинешната програма, најпрво од 10:30 до 11 часот, Здружението “Бадникови поворки” ги повикува сите семејства со деца, да дојдат пред црквата Св.Димитриј во Скопје за да подигнат бесплатни ѕвездички за децата и да учествуваат во формирањето на најголемата бадникова поворка предводена од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Давид Темелков и Златните славејчиња. Според објавениот распоред на настани, во 11:15 часот, поворката предводена од македонските музички ѕвезди, ќе се упати кон Соборниот храм каде што оваа година, ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки. По тој повод, како што најавува Здружението, во дворот на храмот ќе биде изложено најголемото бадниково колаче високо дури 3 метри и тешко над 100 килограми, ќе бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божикниот концерт што го подготвуваат гореспоменатите музички ѕвезди, ќе биде промовирана и најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”. Со пакетчиња за децата, благословени бадникови колачиња за возрасните и пригодна музичка програма, ќе го заокружиме овогодинешното чествување, и со најголема љубов ќе ве испратиме дома, за благословот да го понесете во своите домашни огништа – стои во поканата од Здружението. Освен во Скопје, традиционално и оваа година, во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста ќе се одржуваат во уште 39 градови и населени места во Македонија. “Вечниот Бог” ќе се пее, и радост ќе се сее, низ улиците на Битола, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Дебар, Велес, Штип, Крушево, Куманово, Струмица, Богданци, Виница, Ростуше, Луково, Велгошти, Кривогаштани, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Ресен, Могила, Демир Капија, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Неготино, Кочани, Делчево, Македонска каменица, Дојран, Вратница, Брвеница, Старо село, Беловиште, Рогачево и Теарце, каде распеаните коледарчиња ќе бидат исто така дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/badnik-za-site-radost-za-site-badnikovata-povorka-kje-zapochne-od-crkvata-sv-dimitrij/feed/ 0
Бадникова поворка во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/badnikova-povorka-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/badnikova-povorka-vo-kavadarci/#respond Sat, 06 Jan 2018 12:28:20 +0000 http://kurir.mk/?p=7337

Бадникова поворка со околу 150 дечиња кои ја пееја старата коледарска византиска песна „Вечниот бог”, помина денеска низ улиците во Кавадарци. Тргнувајќи од црквата „Света Петка”, тие го најавија големиот христијански празник Раѓањето Христово - Божик. Носеа макета на пештерата која симболично го претставува раѓањето на Исус Христос. Пред општинската зграда, децата беа пречекани од градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев. Тој ги даруваше коледарите со пакетчиња и им посака добро здравје. Јанчев изрази надеж дека оваа манифестација, за прв пат организирана од црквата во чест на Бадник и Божиќ, ќе стане традиција. Децата кои беа дел од поворката, претходно одржаа неколку проби со наставничката по веронаука Весна Ѓорѓиева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/badnikova-povorka-vo-kavadarci/feed/ 0
Детски бадникови поворки во пресрет на Божиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detski-badnikovi-povorki-vo-presret-na-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detski-badnikovi-povorki-vo-presret-na-bozikj/#respond Sat, 06 Jan 2018 11:56:26 +0000 http://kurir.mk/?p=7318

Како дел од прославата на Бадник и Божиќ денеска низ улиците на сите градови во Македонија вторпат се одржа манифестацијата „Бадникови поворки“ со учество на дечиња кои ја пееја Божикната песна со што го најавија Христовото раѓање. На централната бадинкова поворка во Скопје, како и во останатите градови, учествуваа 7.000 дечиња кои ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет, информираа од Здружението за возобновување на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, организатор на  активностите за прославата на Бадник и Божиќ. Децата ја пееја божикната песна и носеа божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Тие носеа и специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово. Ѕвездите и божиќните пештери ги изработуваа на работилници организирани за оваа намена каде и ја пееја божиќната песна. Во Скопје бадниковата поворка почна од пред црквата „Пресвета Богородица“ од каде дечињата низ улиците во центарот со божиќната песна го најавија Христовото раѓање,  по што пристигнаа во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде ќе се приклучат на чествувањето на Бадник. За годинашното издание на манифестацијата „Бадникови поворки“ е изработен видео спот за божиќната песна „Вечниот Бог“, во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, во продукција на „Веста“. Бадникарски поворки првпат се одржаа лани во Скопје и во уште неколку градови, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detski-badnikovi-povorki-vo-presret-na-bozikj/feed/ 0