Бафало – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 20:02:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бафало – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден го осуди „отровот на белиот супрематизам“, оддавајќи им почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-osudi-otrovot-na-beliot-suprematizam-oddavajkji-im-pochit-na-zrtvite-na-rasistichkiot-masakr-vo-bafalo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-osudi-otrovot-na-beliot-suprematizam-oddavajkji-im-pochit-na-zrtvite-na-rasistichkiot-masakr-vo-bafalo/#respond Tue, 17 May 2022 20:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=678073

Американскиот претседател Џо Бајден денеска остро го осуди „отровот“ на белиот супрематизам и сите оние кои го шират, по расистичкиот масакр од саботата во кој беа убиени десет луѓе во Бафало. Во овој град во американската сојузна држава Њујорк, каде што еден млад човек, застапник на теориите на заговор, како онаа за „големата замена на населението“, во саботата изврши масакр со автоматска пушка, американскиот претседател денеска зборуваше за „терористички акт“. Спомнувајќи ја оваа расистичка теза за „големата замена“ на населението, Бајден, видливо потресен, кажа : „Ги повикувам сите Американци да ја отфрлат оваа лага и да ги осудат сите оние кои ја шират за да освојат власт, гласови, пари“. -Оние кои велат дека ја сакаат Америка, поттикнуваат омраза и страв, додаде 79-годишниот демократски претседател, без да открие имиња или партиска припадност. „Тој отров, тоа насилство не смее да биде историјата на нашето време“, посочи тој, бидејќи во последните години се случија серија масакри во САД, во кои жртви беа црнци, Евреи и луѓе со шпанско потекло. Претседателот денеска од Бафало уште еднаш повика на регулирање на носењето огнено оружје. -Не сум наивен. Знам дека трагедијата ќе се повтори (…) Но, има некои работи што можеме да ги направиме. Можеме да го забраниме автоматското оружје на нашите улици, рече тој. Тој долго време го повикува Конгресот да го забрани автоматското оружје, како она што беше употребено во неделата. Но, овој негов став отсекогаш наидувал на противење од републиканците кои одбиваат каква било регулатива за ова прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-osudi-otrovot-na-beliot-suprematizam-oddavajkji-im-pochit-na-zrtvite-na-rasistichkiot-masakr-vo-bafalo/feed/ 0
Тинејџер направил злосторство од омраза: Масакр во супермаркет во Бафало https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-napravil-zlostorstvo-od-omraza-masakr-vo-supermarket-vo-bafalo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-napravil-zlostorstvo-od-omraza-masakr-vo-supermarket-vo-bafalo/#respond Sun, 15 May 2022 07:52:12 +0000 https://kurir.mk/?p=676847

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“. Напаѓачот, 18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци. Напаѓачот кој му се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата возел со часови. Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-napravil-zlostorstvo-od-omraza-masakr-vo-supermarket-vo-bafalo/feed/ 0