Багдад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 13:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Багдад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-al-sadr-se-povlekuvaat-od-zelenata-zona-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-al-sadr-se-povlekuvaat-od-zelenata-zona-vo-bagdad/#respond Tue, 30 Aug 2022 13:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=726063

Поддржувачите на ирачкиот шиитски лидер Муктада ал Садр денеска почнаа да се повлекуваат од Зелената зона во Багдад по неговиот повик да го сторат тоа и неговите критики дека е употребено оружје против органите на редот. Во судирите во Багдад во изминатите 24 часа животот го загубија 23 лица. По апелот на ал Садр до неговите поддржувачи, армијата веднаш го укина полицискиот час. Ал-Садр вчера објави дека се повлекува од политиката, по што неговите приврзаници ја нападнат владината палата во Зелената зона во Багдад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-al-sadr-se-povlekuvaat-od-zelenata-zona-vo-bagdad/feed/ 0
Приврзаници на ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/privrzanici-na-al-sadr-upadnaa-vo-vladinata-palata-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/privrzanici-na-al-sadr-upadnaa-vo-vladinata-palata-vo-bagdad/#respond Mon, 29 Aug 2022 15:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=725618

Приврзаници на влијателниот ирачки шиитски верски водач, политичар и паравоен лидер Моктада ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад, во која се наоѓа и кабинетот на премиерот, јавија западни медиуми цитирајќи очевидци. Очевидци тврдат дека демонстрантите, поддржувачи на Ал Садр, прво ги отстраниле бетонските бариери за да овозможат што повеќе луѓе да влезат во Зелената зона и покрај силното присуство на безбедносните сили. Некои од нив носеа фотографии од Ал Садр, додека други скандираа „Народот сака да го собори режимот“. Ирачката армија прогласи полициски час во целата област на Багдад, што стапи во сила во 15 часот и 30 минути по локално време, но тоа не ги одврати поддржувачите на Ал Садр од нивните планови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/privrzanici-na-al-sadr-upadnaa-vo-vladinata-palata-vo-bagdad/feed/ 0
Песочна олуја го парализира Багдад, целиот град обвиен во портокалова боја (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video/#respond Mon, 02 May 2022 17:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=670816

Облак од портокалова прашина го прекри Багдад, по што десетици луѓе побарале помош во болница. Поради намалена видливост, прекинати се и летовите. Снимките од улиците на Багдад покажуваат како целиот град е обвиен во портокалова, нереална боја. Прашината продрела и во куќите, па во централниот и западниот дел од земјава неколку десетици лица биле сместени во болница поради респираторни проблеми. Болниците во Наџаф примиле 63 лица кои имале респираторни проблеми, а повеќето од нив ја напуштиле болницата откако добиле помош. Во провинцијата Анбар, на западот на земјата, уште 30 лица се јавиле во болниците, пренесува „Гардијан“. Видливоста е помала од 500 метри. Според метеоролозите, денеска се очекува пустинска бура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-oluja-go-paralizira-bagdad-celiot-grad-obvien-vo-portokalova-boja-video/feed/ 0
Ракетиран меѓународниот аеродром во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketiran-megjunarodniot-aerodrom-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketiran-megjunarodniot-aerodrom-vo-bagdad/#respond Fri, 28 Jan 2022 08:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=623804

Меѓународниот аеродром во главниот град на Ирак е под оган, јави Ал Џезира, цитирајќи извори од ирачката безбедносна служба. Според телевизискиот канал, кон аеродромот, кој е во близина на американската воздухопловна база, биле истрелани шест ракети. Се посочува дека некои од нив паднале во близина на пистата и аеродромската зграда. Како резултат на тоа, оштетен е паркиран авион. Фотографиите обезбедени од изворот покажуваат дупка на трупот. Гранатите биле пресретнати од ПВО системот. Се истражуваат околностите на инцидентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketiran-megjunarodniot-aerodrom-vo-bagdad/feed/ 0
Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-raketi-istrelani-kon-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-raketi-istrelani-kon-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/#respond Thu, 13 Jan 2022 20:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=619087

Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници. Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс. Во соопштението на ирачката армија се наведува дека во нападот се повредени една девојка и една жена, како и дека ракетите биле лансирани од населбата Дора во Багдад. Очевидци тврдат дека го слушнале одбранбениот систем на амбасадата C-RAM, кој треба да открие и уништи дојдовни проектили, артилерија и минофрлачки гранати за време на напад. Ова е последен во серијата напади со ракети и беспилотни летала од почетокот на годината, а се насочени кон американското присуство во Ирак. Минатиот четврток, серија напади беа извршени врз американските војници во Ирак и Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-raketi-istrelani-kon-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/feed/ 0
Нова силна експлозија го потресе центарот на Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-silna-eksplozija-go-potrese-centarot-na-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-silna-eksplozija-go-potrese-centarot-na-bagdad/#respond Sun, 07 Nov 2021 18:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=592352

Силна експлозија вечерва одекна во централниот дел на главниот град на Ирак, јави локалниот ТВ канал Алсумарија. Инцидентот се случил во близина на престижната област Ел-Карада, која е дел од специјално заштитената „зелена зона“, каде се наоѓаат главно странски амбасади и владини агенции. Други детали за инцидентот се уште не се соопштени. Претходно во Багдад беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими. Неговата резиденција која се наоѓа во „зелената зона“ била нападната од вооружени дронови. Шефот на ирачката Влада не е повреден и веднаш бил евакуиран на безбедно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-silna-eksplozija-go-potrese-centarot-na-bagdad/feed/ 0
Уапсени организаторите на атентатот на пазарот во Багдад пред Курбан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-organizatorite-na-atentatot-na-pazarot-vo-bagdad-pred-kurban-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-organizatorite-na-atentatot-na-pazarot-vo-bagdad-pred-kurban-bajram/#respond Sat, 24 Jul 2021 19:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=541381

Ирачките власти соопштија дека успеале да ги уапсат одговорните за нападот што усмрти повеќе од 30 лица на пазар во Багдад минатиот понеделник, што беше терористички напад нарачан од Исламска држава. -Осомничените ќе се појават пред правдата, информира премиерот Мустафа ал-Казими, јави Дојче веле. „Ги уапсивме сите членови на терористичката ќелија кои го планираа и извршија нападот на пазарот во Ал Садр, огромна шиитска населба на периферијата на Багдад“, напиша Казими на Твитер. Извор од икрачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека осомничените, чиј број не е соопштен, се очекува во следните денови да дадат „признанија“ на телевизија, метод што се користи во Ирак во особено важни случаи. -Солзите и тагата на нашите луѓе и семејствата на мачениците од градот Ал Садр беа наш мотив да ја изведеме операцијата за апсење, додаде Казими. Најавата за уништување на ќелијата доаѓа неколку дена пред посетата на ирачкиот премиер на Вашингтон, каде американскиот претседател Џо Бајден за прв пат ќе има средба со него. Нападот се случи во понеделникот на популарен пазар, каде што луѓето купуваа во пресрет на Курбан Бајрам, еден од најважните муслимански празници. Бомбаш-самоубиец активираше појас со експлозив, убивајќи 30 лица, вклучувајќи идеца, и ранувајќи уште 50 други. Станува збор за шиитска населба, упориште на следбеници на влијателниот свештеник Муктада ал-Садр, а и во минатото таа беше цел бројни напади. Нападот го организираше Исламска држава, која преку своите пропагандни канали на Телеграм и преку својата агенција АМАК уверуваше дека бомбаш-самоубиец го активирал својот елек со експлозив меѓу насобрани „отпадници“, како што радикалните сунити ги нарекуваат шиитите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-organizatorite-na-atentatot-na-pazarot-vo-bagdad-pred-kurban-bajram/feed/ 0
Соборен дрон во близина на Амбасадата на САД во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboren-dron-vo-blizina-na-ambasadata-na-sad-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboren-dron-vo-blizina-na-ambasadata-na-sad-vo-bagdad/#respond Tue, 06 Jul 2021 06:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=532490

Беспилотно летало синоќа е пресретнато и соборено во близина на Амбасадата на САД во Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили. Во инцидентот нема повредени лица, а дронот не успал да стигне до територијата на Амбасадата. Според ирачката телевизија Ал Хадас се огласиле сирените на Амбасадата на САД откако непознати лица се обиделе да да истрелат ракета кон Зелена зона во центарот на Багдад, каде се лоцирани голем број владини згради и дипломатски мисии. Ирачките власти неодамна ги интензивираа безбедносните сили во Зелената зона, откако шиитска група најави дека ќе одговори на гранатирањето на нејзините позиции на 28 јуни, во близина на границата со Сирија, од страна на американските воздухопловни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboren-dron-vo-blizina-na-ambasadata-na-sad-vo-bagdad/feed/ 0
ХАОС ВО БАГДАД: Три ракети погодија воена база во Ирак! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-bagdad-tri-raketi-pogodija-voena-baza-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-bagdad-tri-raketi-pogodija-voena-baza-vo-irak/#respond Mon, 03 May 2021 19:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=505025

Најмалку три ракети ја погодиле воената воздушна база Балад северно од Багдад, каде се наоѓаат дел од американските војници, потврдија денеска ирачките безбедносни власти. Засега нема информации за можна материјална штета или жртви, пренесува Ројтерс. Други три ракети паднаа во близина на оваа база во напад во неделата, а најмалку уште две ракети паднаа вчера во кругот на меѓународниот аеродром во Багдад. Според ирачките безбедносни служби, никој досега не презеде одговорност за лансирањето ракета во овие два инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-bagdad-tri-raketi-pogodija-voena-baza-vo-irak/feed/ 0
Два самоубиствени бомбашки напади во срцето на Багдад, најмалку 28 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/#respond Thu, 21 Jan 2021 12:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=458035

Во двоен самоубиствен бомбашки напад загинаа најмалку 28, а повредени се 73 лица. Нападот беше изведен денеска на раздвижена трговска улица во срцето на Багдад, соопшти ирачката војска. Бригадниот генерал Хазем ал-Азави, директор на оперативната команда во Багдад, за Ирачката новинска агенција (ИНА) изјави дека „двојна експлозија“ го погоди преполниот пазар во областа Баб ал-Шарџи во близина на плоштадот Тајаран. Медицински извори за новинската агенција АФП, како што пренесува Ал Џезира, изјавија дека стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Министерството за здравство соопшти дека мобилизирало медицински лица во главниот град за да одговорат на смртоносниот напад. Воениот портпарол Јахја Расул изјави дека двајца бомбаши-самоубијци го активирале експлозивот додека биле гонети од припадници на безбедносните сили. Новинарот на АФП од местото на настанот соопшти дека бомбашите нападнале огромен отворен пазар за половна облека на плоштадот Тајаран. По повеќегодишно смртоносно секташко насилство по американската инвазија во 2003 година, самоубиствените бомбашки напади станаа релативно ретки во главниот град на Ирак. Последниот ваков напад се случи во јуни 2019 година и загинаа неколку лица. За денешниот напад засега ниту една група не презеде одговорност, но самоубиствените напади главно ги користи терористичката Исламска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/feed/ 0