багери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Sep 2020 15:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png багери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Охрид SOS: Багерите на Нефи Усеини копаат песок за потребите на бетонската база https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-sos-bagerite-na-nefi-useini-kopaat-pesok-za-potrebite-na-betonskata-baza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-sos-bagerite-na-nefi-useini-kopaat-pesok-za-potrebite-na-betonskata-baza/#respond Wed, 02 Sep 2020 15:51:39 +0000 https://kurir.mk/?p=398400

Невладината организација Охрид SOS денеска алармираше дека багери во сопственост на Нефи Усеини копаат песок од Охридското Езеро. Тие ги повикуваат надлежните да излезат на терен и да ги спречат овие активности. „Додека мандатарот најавуваше чесни и способни кадри, справување со проблемите и корупцијата, конечно воспоставување правна држава, на брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база. Локацијата каде се копа е во права линија со базата“, велат од Охрид SOS. Тие велат дека граѓанинот кој ги снимил багерите се обидел да се доближи поблиску до нив, но добил закани дека не смее ниту да снима, ниту да се приближува. Усеини е советник на ДУИ во Општина Охрид, а сега веќе осум дена е во притвор заедно со неговиот брат поради основано сомнение за насилство. Денеска охридското обивнителство поднесе обвинителен предлог против браќата Усеини. Обвинителството посочува дека на 18 август во хотелот „Јуник“ во Охрид извршиле грубо насилство врз едно лице и кај присутните и вработените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. „Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш започнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде што во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет. Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот. Притоа, на еден од обвинетите од панталоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде што обвинетите го удирале со тврдиот предмет во облик на пиштол во пределот на главата“, наведува Обвинителството за настанот кој изминатиот период беше во фокусот на јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-sos-bagerite-na-nefi-useini-kopaat-pesok-za-potrebite-na-betonskata-baza/feed/ 0
Багери на Нефи Усеини копаат песок за неговата база која требаше да биде урната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bageri-na-nefi-useini-kopaat-pesok-za-negovata-baza-koja-trebashe-da-bide-urnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bageri-na-nefi-useini-kopaat-pesok-za-negovata-baza-koja-trebashe-da-bide-urnata/#respond Wed, 02 Sep 2020 12:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=398268

Граѓанската иницијатива „Охрид -СОС“ на нивата фејсбук-страница објави видео на кое се гледа како багери на охридскиот советник Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на езерото за неговата бетонската база. Од граѓанската инцијатива посочуваат дека локацијата каде што се копа песок е во близина на базата, а видеото објавено на нивниот профил е од граѓанин кој го снимал ископот, при што во моментот кога се обидел да се доближи до механизацијата добил вербални закани од вработените со зборовите „ знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме у езеро!“. Од „Охрид СОС“ порачуваат до власта да го запрат дивото копање на песок и да ги казнат сторителите кои го правеле тоа, а бетонската база да ја затворат и да наложат нејзино рушење. „Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа. Не чекајте, ако ‘Македонијапат’ ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат по тоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата Влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот“, пишуваат од иницијативата „Охрид СОС“ . Од иницијативата ги повикаа и охрабрија граѓаните да го следат примерот на овој кој го снимил видеото, да го сторат истото и да пријават незаконски дејства на јавни функционери, а воедно ги повикаа и медиумите да го пренесат видеото за да допре информацијата до јавноста и надлежните, стои во нивниот пост на Фејсбук, истиот можете да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bageri-na-nefi-useini-kopaat-pesok-za-negovata-baza-koja-trebashe-da-bide-urnata/feed/ 0
„Го сакам Водно“: Дива лига на Водно „согласно законот“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-diva-liga-na-vodno-soglasno-zakonot-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-diva-liga-na-vodno-soglasno-zakonot-video/#respond Mon, 03 Dec 2018 18:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=135281

Вака си работеа багерите на Водно вчера, некои нови, пишуваат од граѓанскта иницијатива „Го сакам Водно“ на нивната Фејсбук страница. -Како беше онаа мантрата на ВМРО кога ќе ги повикаа, "сè е согласно законот"? Бар да беше согласно законот, ама не е ни тоа. Не смеат да работат тука, немаат одобрение за овој дел, ама одат на принцип, ние ќе си пробиеме на диво и ќе завршиме работа. Зошто држава немаме, во тоа се уверивме. Ја имаме само да дава изјави дека сè е согласно законот и прописите. Како продажбата на 9,000 м2 државно земјиште во строг Центар по цена од 312 евра/квадрат, за дооформување на парцела на фирмите на кумановецот Зоран Антиќ, „М.Г Фешн“, со жена му Тања и „Обновители“ со МПЦ. Рапид Билд (Тони Каранфиловски и фам.) кој го гради гасоводов се од Куманово исто. Со Зоран Антиќ си имаат фирма, „Волис Проперти“, што пред две години кога градеа деловен објект спроти зградата на МНР им се поплави градилиштето и се претвори во езеро од фекалии и отвори опасност од свлечиште на земјиштето кое можеше да ги загрози и соседните згради. Во фирмата секој има по 25%, а 50% е сопственост на „Билдинг Капитал“, во сопственост на фирма од Прага, Чешка. Звучи познато, прашката конекција? Е па, драги наши истите луѓе и тогаш и сега си продолжуваат "согласно законот" и надвор од него. Ништо не е поинаку. Ништо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/go-sakam-vodno-diva-liga-na-vodno-soglasno-zakonot-video/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да го избрише чинот дека со багери се обиде да ги гази граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-shilegov-ne-moze-da-go-izbrishe-chinot-deka-so-bageri-se-obide-da-gi-gazi-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-shilegov-ne-moze-da-go-izbrishe-chinot-deka-so-bageri-se-obide-da-gi-gazi-gragjanite/#respond Fri, 31 Aug 2018 13:50:17 +0000 https://kurir.mk/?p=94765

Недозволиво е насилие врз граѓани кои мирно протестираат и го искажуваат својот став. Обидот да се газат со багер граѓански активисти е одраз слабост и исплашеност на власта од граѓаните и различното мислење, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Шилегов не може ниту со сто изјави да го избрише чинот дека со багери се обидоа да газат граѓани. Лудилото на Шилегов е одраз на неговата неспособност и  незнаење, повеќе од 10 месеци тој не направи ниту еден проект за Скопје и скопјани, па во паника удира по граѓаните. СДСМ се плаши од граѓаните, бидејќи граѓаните се посилно велат НЕ на нивните политики. Граѓаните му велат НЕ на Шилегов, се наведува во партиската реакција. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека време е Шилегов и СДСМ да си заминат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-shilegov-ne-moze-da-go-izbrishe-chinot-deka-so-bageri-se-obide-da-gi-gazi-gragjanite/feed/ 0