Бахмут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 16:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бахмут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Бахмут убиен Србин, припадник на Вагнер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bahmut-ubien-srbin-pripadnik-na-vagner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bahmut-ubien-srbin-pripadnik-na-vagner/#respond Wed, 05 Jul 2023 16:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=853210

Во Бахмут во Украина бил убиен српски припадник на групата Вагнер, јавува Слободна Далмација. Како што се наведува, станува збор за маж од Крушевац. Не се знае точно кога е убиен. Сочувство до семејството на убиениот Урош на својот Телеграм канал објави снајперистот Дејан Бериќ. „Загина во борбите за Артјомовск (како што Русите го нарекуваат Бахмут), а неговото тело беше пронајдено пред десет дена. Не можеме да објавиме каде ќе биде погребот, но јас размислував да одам на тој погреб, но за жал не можам поради моите обврски(…)“, напиша тој. Убиениот Србин како волонтер од Србија дошол во Луганск во 2014 година, односно на самиот почеток на агресијата врз Украина и станал член на Седмата бригада. Во меѓувреме се оженил со Русинка со која има дете, но тој брак заврши со развод. „Тој остави дете, а не требаше воопшто да оди во војна. Вујко му живее во Москва, можеше да ја избегне оваа војна, во која повторно се пријави од почетокот на специјалната воена операција. Извесен период, бил ранет и затворен, ја напуштил војската, но му се приклучил на Вагнер по почетокот на специјалната воена операција“, коментираат упатените, пренесе „Блиц“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bahmut-ubien-srbin-pripadnik-na-vagner/feed/ 0
Киев: Ослабнаа борбите во Бахмут, но гранатирањето во областа несмалено продолжува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-oslabnaa-borbite-vo-bahmut-no-granatiraneto-vo-oblasta-nesmaleno-prodolzhuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-oslabnaa-borbite-vo-bahmut-no-granatiraneto-vo-oblasta-nesmaleno-prodolzhuva/#respond Tue, 23 May 2023 10:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=837845

Борбите во Бахмут ослабнаа, но гранатирањето продолжува во областа, соопшти денеска заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар. Таа, на апликацијата Телеграм, напиша дека украинските војници држат мало упориште на работ на градот и дека руските сили ги чистат окупираните области. Војската на Русија во саботата соопшти дека презеле целосна контрола врз Бахмут во источна Украина по речиси една година тешки борби. Украина вели дека напредувала на разорените северни и западни крила на градот, во надеж дека ќе ги опколи руските војници. Маљар ги повтори тврдењата на Киев дека украинските војници сè уште надгледуваат мал дел од градот, 15 месеци по почетокот на руската инвазија. -Нашите војници ги надгледуваат југозападните предградија во областа „Литак“, прецизираше украинската функционерка. Тие постигнаа одреден напредок „на северното и јужното крило“, додаде Маљак без да елаборира. Руската офанзива донекаде ослабе, но „истовремено, количината на гранатирање остана подеднакво голема“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-oslabnaa-borbite-vo-bahmut-no-granatiraneto-vo-oblasta-nesmaleno-prodolzhuva/feed/ 0
Падна ли Бахмут? Еве што точно рече Зеленски на новинарско прашање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-li-bahmut-eve-shto-tochno-reche-zelenski-na-novinarsko-prashane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-li-bahmut-eve-shto-tochno-reche-zelenski-na-novinarsko-prashane/#respond Sun, 21 May 2023 08:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=836936

Денес одекна веста дека Володимир Зеленски го потврди падот на Бахмут. Во Хирошима, на состанокот со светските лидери и членовите на Г7, украинскиот претседател навести дека украинскиот град потпаднал под целосна контрола на Русите, одговарајќи на прашања на новинарите. Но, набргу откако сите релевантни светски медиуми внимателно ја објавија веста, стаса исправка од Сергеј Никифоров, портпаролот на претседателот. Како што може да се слушне и да се види на снимката подолу, новинарот го прашува Зеленски „дали Бахмут се уште е во украински раце“, а потоа го додава вториот дел од прашањето – „Русите велат дека ја презеле контролата врз Бахмут“. На тоа Зеленски одговори со „Мислам дека не“, што може да се толкува на два начина – дека градот веќе не е под украинска контрола, но и дека Русите не го окупирале целосно. Изјавата на Зеленски ја коментираше неговиот прес-секретар Сергеј Никифоров, нагласувајќи дека претседателот ја негирал загубата на Бахмут. Прашање на новинарот: Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател, брзо реагираше и ги отфрли тврдењата дека Бахмут паднал, што укажува дека Зеленски всушност одговорил „Не мислам така“ на вториот дел од прашањето на новинарот, а тоа се однесуваше на руската контрола на украинскиот град. „Треба да разберете дека (таму) нема ништо. Денес Бахмут е сè уште само во нашите срца“, рече Зеленски во својот прилично нејасен и несмасен говор. Русија вчера соопшти дека целосно го освоила источниот украински град, што, доколку е вистина, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна. Руското Министерство за одбрана, пак, накратко објави „дека ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди Вагнер, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“. Киев ги отфрли тврдењата на Пригожин пред објавувањето на Русија, но веднаш не се повика на тврдењето на руското министерство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-li-bahmut-eve-shto-tochno-reche-zelenski-na-novinarsko-prashane/feed/ 0
Украинската армија напредува во регионот на Бахмут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-napreduva-vo-regionot-na-bahmut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-napreduva-vo-regionot-na-bahmut/#respond Fri, 12 May 2023 17:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=833594

Украина објави дека постигнала пробив во областа на разурнатиот источен украински град Бахмут, епицентарот на борбите со руските сили. И шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин ја потврди информацијата за напредок на украинските сили кај Бахмут, каде што неговите борци се на линијата на фронтот. Тој ги обвини редовните руски единици дека „бегаат“ од своите позиции. - Заземањето на Бахмут нема да и донесе ништо на Русија, бидејќи крилата се уриваат, а фронтот се распаѓа, истакна Пригожин и го обвини рускиот Генералштаб дека се обидува да ја претстави ситуацијата во подобро светло. Пригожин посочи дека верува оти „глобалната трагедија за Русија“ е неизбежна, објави украинската новинска агенција УНИАН, цитирајќи видео објавено на неговиот канал на Телеграм. Непосредно пред новите остри критики на шефот на „Вагнер“, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили одбиле 26 украински напади на 95-километарскиот фронт во Соледарската област. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малјар претходно изјави дека силите на Киев напреднале два километри во областа Бахмут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-armija-napreduva-vo-regionot-na-bahmut/feed/ 0
Генерал Серхиј Кривинос: Украина плаќа висока цена за Бахмут, имаме големи загуби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-serhij-krivinos-ukraina-plaka-visoka-tsena-za-bahmut-imame-golemi-zagubi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-serhij-krivinos-ukraina-plaka-visoka-tsena-za-bahmut-imame-golemi-zagubi/#respond Wed, 26 Apr 2023 07:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=827669

Украинските сили трпат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи Генералштабот на армијата не го подготви градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Серхиј Кривонос. -Ние плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле градот за соодветна одбрана, изјави Кривонос, поранешен заменик секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, пренесува Тасс. Во интервју за Канал 5, украинскиот генерал кажа и дека одбраната на пристапите кон Бахмут и самиот град не била добро подготвена, што резултирало со големи загуби. Според неговото мислење, украинската армија уште во февруари требало да се повлече од Бахмут. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-serhij-krivinos-ukraina-plaka-visoka-tsena-za-bahmut-imame-golemi-zagubi/feed/ 0
Зеленски: Не ја исклучуваме можноста за повлекување од Бахмут https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ne-ja-iskluchuvame-mozhnosta-za-povlekuvane-od-bahmut/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ne-ja-iskluchuvame-mozhnosta-za-povlekuvane-od-bahmut/#respond Wed, 05 Apr 2023 15:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=820654

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата. „За мене најважно е да не ја изгубиме нашата војска. И секако ако дојде момент на уште поинтензивни случувања и опасности дека може да изгубиме луѓе, ќе има генерали кои ќе донесат исправни одлуки на лице место. Сигурен сум во тоа. Но, колку посоодветна муниција пристигне во Украина, толку побрзо ќе се соочиме со ситуацијата не само во Бахмут, туку и на целата територија на нашата земја“, рече Зеленски на средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда. Зеленски рече дека ситуацијата во Бахмут е „најтешката“ во целата земја. Тој град веќе со месеци го напаѓаат руските сили. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ne-ja-iskluchuvame-mozhnosta-za-povlekuvane-od-bahmut/feed/ 0
Москва: Заземањето на Бахмут е неопходно за продолжување на руската офанзива во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zazemaneto-na-bahmut-e-neophodno-za-prodolzhuvane-na-ruskata-ofanziva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zazemaneto-na-bahmut-e-neophodno-za-prodolzhuvane-na-ruskata-ofanziva-vo-ukraina/#respond Tue, 07 Mar 2023 11:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=809062

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека заземањето на градот Бахмут, центарот на повеќемесечните жестоки борби во источна Украина, е неопходно за продолжување на руската офанзива. - Тој град е важен одбранбен центар за украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи спроведување на нови офанзивни операции во длабочина против одбраната на украинските вооружени сили, рече Шојгу на состанокот со раководството на министерството. Бахмут е во фокусот на неколкумесечните интензивни борби меѓу Украина и Русија, која се обидува да ја преземе контролата врз областа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zazemaneto-na-bahmut-e-neophodno-za-prodolzhuvane-na-ruskata-ofanziva-vo-ukraina/feed/ 0
Украинската Влада ги повика жителите на Бахмут да го напуштат градот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-vlada-gi-povika-zhitelite-na-bahmut-da-go-napushtat-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-vlada-gi-povika-zhitelite-na-bahmut-da-go-napushtat-gradot/#respond Fri, 17 Feb 2023 17:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=801895

Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, за кој со месеци се водат жестоки битки. - Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут), им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во Бахмут. Претходно, украинската Влада објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени. Бахмут, град во источниот регион Доњецк, пред војната имаше 70.000 жители, а според Верешчук сега во градот се останати околу 6.000 жители.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-vlada-gi-povika-zhitelite-na-bahmut-da-go-napushtat-gradot/feed/ 0
Украинските сили ги одбиваат руските напади околу Бахмут во Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-odbivaat-ruskite-napadi-okolu-bahmut-vo-donjeck/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-odbivaat-ruskite-napadi-okolu-bahmut-vo-donjeck/#respond Mon, 26 Dec 2022 20:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=780853

Украинските сили одбија неколку руски напади во регионот околу спорниот град Бахмут во источната провинција Доњецк, пренесе ДПА повикувајќи се на украинскиот генералштаб. Персоналот, исто така, потврдил дека украинската артилерија ги погодила руските трупи во селото Половинкино во соседната провинција Луганск, при што биле убиени или повредени околу 150 руски борци. Сличен артилериски напад врз руски војници во провинцијата Херсон на југ резултираше со смрт на околу 50 војници, а повредени се уште 100, се вели во извештајот. ДПА нагласува дека овие информации не можат да се потврдат од независни извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-gi-odbivaat-ruskite-napadi-okolu-bahmut-vo-donjeck/feed/ 0
Џепар: Ова остана од украинскиот град Бахмут по руските напади (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzepar-ova-ostana-od-ukrainskiot-grad-bahmut-po-ruskite-napadi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzepar-ova-ostana-od-ukrainskiot-grad-bahmut-po-ruskite-napadi-video/#respond Sun, 04 Dec 2022 10:39:12 +0000 https://kurir.mk/?p=770771

Првата заменичка министерка за надворешни работи на Украина, Емине Џепар вчера објави снимки од градот Бахмут, кој руските сили со недели се обидуваат да го освојат. – Оваа остана од Бахмут. Руските варвари ја користат истата тактика што ја користеа во Марипољ, ако не можат да го заземат градот, со артилерија го претвораат во прав, наведе Џепар. Претходно, британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија најверојатно планира да го опколи градот, што е лоциран во Доњецк, со тактичко напредување кон север и кон југ. Според британското МО, заземањето на Бахмут би имало ограничена оперативна вредност, но потенцијално може да и овозможи на Русија да ги загрози Краматорск и Словјанск. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzepar-ova-ostana-od-ukrainskiot-grad-bahmut-po-ruskite-napadi-video/feed/ 0