бајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Dec 2021 23:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бајка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си било еднаш… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/si-bilo-ednash/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/si-bilo-ednash/#respond Fri, 17 Dec 2021 11:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=609734

Си била една земја во која за ќесиња и кучиња повеќе се потресувале отколку за промена на име, направија во која се зборувал измислен западнобугарски дијалект, уште поизмислена бивша Јужна Бановина со насила најизмислена и наметната северна глупоштија, држава која била дел од некаков си утописки Западен Балкан кој, пак, наводно, гравитирал кон една имагинарна Југоисточна Европа. Прекрасна земја од бајките со уште попрекрасен народ, со толку многу измешани страни на светот и уште поизмешани зони на интерес, што кога змејот од бајката кој тргнал да ја уништи се збунил, загубил по патот и не ја ни нашол. Се туфкал-пуфкал, ама му пукнал филмот,  та пустиот продолжил накај Украина или накај Северна. Кореја де.  А во земјата од бајките „на апарати“и со помош на магијата на лошиот волшебник продолжила да живее една суртучка и бизнис-ориентирана владина свита која и натаму катадневно си терала без компас... Или, чекај, чекај, не беше така... Ајде, од ново. Значи, си бил еднаш еден северџански принц Муртинхаузен кој наместо со бакнеж, сакал со најступидна додавка на името и со продажба на историјата да ја заспие (читај умртви) разбудената балканска убавица Македонија. Да, обратно и забегано од Гримовата верзија, луцидно како и се што правееле аздисаните владејачи. Во овој монтипајтоновскиот вовед на македонската верзија за Трнорушка, ендемска и новокомпонирана приказна од збирката на Браќата Грим, принцовите штитоносци Алија, Бучко, Гаши, Венко и вештерката Рада насила, со страв и со помош на крвопијската самовила Лошила Кацарска  ја држеле заспана принцезата, која доколку се рабудела ќе ги отерала во ПМ и во историја, па ќе завршеле во дом. КП дом. А таа пустата, напатена убавица почнала да се буди при едни локални избори, принцот се уплашил и паднал во транс и очај, па штитоносците морале да киднапираат една дворска будала, за да кога ќе си ги мерат бидат подолги од разбудените заштитници. Другото било историја, грда за сите освен за опортунистичката свита на замумулениот и закукулен принц кој поради гревовите морал да замине и избега, но со северџанска магија успејал повторно да го маѓепсал своето лукративно племе и да го наметне најпослушниот трчи-лажи, демек харвардовски КОВАЧ за свој наследник. И така, од муртинска сенка продолжил да си владее со заспаното царство... Не, не, не беше ни така... Трета мајка. Си бил еден лош северен волк кој многу сакал да ги земе куќите на трите прасиња. Не му било до прасињата, му требале куќите и големите прасечки дворови и имоти кои оделе топ-тан со нив. Оти, пустиот лошко немал веќе каде да сади марихуана. А многу „дувал“, заедно со своето северџанско племе... И така, првиот дом, лит и од слама, го срушил во 2017-та. Се послужил, не со „дување“ ко во оригиналот, туку со измама од една друга бајка, онаа со 7-те јариња. За да го пуштат во Владата која била услов за рушењето на Куќата, се преправил дека е повредена мајка коза, па шарените јариња/прасиња му поверувале и го пуштиле во домот, за да после ја симне кожата и да покаже со каков забеган крвопиец си имаат работа. Втората куќа ја срушил во 2020-та. За неа му помогнал лошиот волшебник кој со хакерско „волшепство“ го срушил системот на ДИК, оти волкот кој многу „дувал“ имал уште да одработи во уништувањето на втората куќа, создадена од гранки и подриена од имагинарни поделби на опозицијата, територија на која муртинскиот волк сега градел нова хациенда со лит темел, базиран на хартија од Преспански и бугарски договори. Плантажите со марихуана веќе никнувале насекаде. Арно ама, со третата куќа во која браќата „прасиња“ сфатиле дека ако не се обединат „ќе го јадат“ и ќе ги јадат, волкот јако се зафркнал. Од мака, волкот дувач толку „се надувал“ со робата која со брат му ја раснел на плантажите, што почнал да „трипува“, та скроз забегал и си умислил дека е Тито. Така „отиден“ си назначил и заменик, ветил дека на источните комшии ќе им ги продаде светците и револуционерите, на јужните дека и придавката „македонски“ ќе ја укине за навек, на западните дека сите министри ќе бидат Албанци. Лош „трип“, кој порано завршувал само со „цепки“ замисла дека знае да зборува англиски, српски, бугарски. Арно ама, куќата пирејска не се рушела, никако, плантажите почнале да се сушат, а тој не можел да ги наваса ветените нарачки од „клиентите.“ Се преценил пустиот, црпнат волк. Тука, ни лошиот вештер веќе не можел да му помогне, па фатениот со „рацете в мед“ лажго признал и се издал  дека е само добро маскиран и уште подобро нафатиран зајак, та од мака морал итно да ја собере свитата и со „змејот“-жаба под мишка избегал уџум зад седум долини, мориња, седум планини и езера... Шегата на страна, затоа што неа Ѓаволот, црпнат или не, одамна ја однесе од Македонија, но и ова што катадневно ни се случува е само една лошо напишана прикаска, евтино боливудско сценарио во кое една чета недовакани северџански суртуци ја крои судбината на цел еден народ, та менува име, устав, историја, а пустите не знаат ни правилно долен веш да си сменат, па за да не утнуваат, велат, морале да им кажат дека жолтото е секогаш напред, а кафеното оди одзади. Истите тие сега ќе продавале брза помош, 100% посакапа струја ќе стокмеле, лицитирале со историја, а кај и да е и по дворовите марихуана ќе ни засаделе... Вистинскиот проблем со арогантните бандити задоени со Данинг-Кругеров ефект и маслосани дека ако се сервилни и послушни ќе владеат ко Тито, е тоа што колку што Црпко е принц, волк или змеј, исто толку  е и премиер, а тие влада. И не, не е лоша перцепција, крајно време е  крвопиецот да замине, а со него и антимакедонската болумента. Си било еднаш, да. Но, ај да не биде никогаш повеќе... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/si-bilo-ednash/feed/ 0
Првата љубов ја сретнала повторно после 12 години: Мислела дека почнува нејзината бајка, потоа тој се променил целосно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvata-ljubov-ja-sretnala-povtorno-posle-12-godini-mislela-deka-pochnuva-nejzinata-bajka-potoa-toj-se-promenil-celosno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvata-ljubov-ja-sretnala-povtorno-posle-12-godini-mislela-deka-pochnuva-nejzinata-bajka-potoa-toj-se-promenil-celosno/#respond Tue, 01 May 2018 09:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=48274

Кога Ребека Стилман од Дарлингтон во Велика Британија го запознала Џон прв пат, имале само 14 години и набрзо се заљубиле. -Не помина предолго за Џон да стане дел од моето семејство, а ја бев маѓепсана од него. Бевме најдобри пријатели, раскажува таа за Сан. Нивната врска се прекинала кога со 17 години Ребека со отселила со своето семејство, а набрзо го изгубиле секој контакт. Дванаесет години подоцна случајно го сретнала во локален паб. -Дванаесет години подоцна го видов како стои на шанкот. Не можев да поверувам и веднаш побрзав да го поздравам, раскажува Ребека за нивната нова средба. На крајот излегло дека Џон се доселил во нејзиниот град и наскоро почнале редовно да се допишуваат преку Фејсбук. -Пред да успеам да се снајдам бевме повторно заедно и ми се чинеше дека моите соништа се остваруваат. Беше совршен, се однесуваше кон мене како да сум принцеза. Толку многу пропуштивме додека бевме разделени и мислев дека веќе никогаш нема да го пуштам. Кога ме запроси скокав од среќа, раскажува таа. Кога во 2011 се венчале мислела дека животот и се претворил во бајка, а тоа се променило после само неколку дена. -Како да стана друга личност. Го нервираше секоја ситница, веќе на медениот месец беше прилично напнат, но тоа го препишав на стресот и уморот после венчавката, вели Ребека. Не многу долго после тоа неговите напади на бес станувале се полоши, а во една караница ја фатил за врат и почнал да ја дави. -Побегнав кај брат ми, но тој веќе другиот ден се појави извинувајќи се непрестајно. Се работеше за некоја глупа караница, па попуштив. Се уште не можев да се откажам од совршениот маж кого го најдов повторно после 12 години, раскажува таа. Го напуштила дури во 2013 година кога тој и удрил шамар во лице, а помеѓу нив морала да интервенира и полицијата. Тој тогаш бил осуден на шест месеци условна казна. -Казната не беше тешка, но мене ми беше важно да се тргнам од него. Пронајдов нов стан и го оставив без предупредување. Не сакав да му дадам шанса да ме застане. Кога повторно ја сретнав својата школска љубов мислев дека го пронајдов прицнот, но сега знам дека тој бил чудовиште, заклучува Ребека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prvata-ljubov-ja-sretnala-povtorno-posle-12-godini-mislela-deka-pochnuva-nejzinata-bajka-potoa-toj-se-promenil-celosno/feed/ 0