Бајрам Куртеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Jul 2019 21:31:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бајрам Куртеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демократски сили на Ромите: Ако Заев не го разреши Рашковски, ќе значи дека споделуваат исти ставови кои се говор на омраза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sili-na-romite-ako-zaev-ne-go-razreshi-rashkovski-kje-znachi-deka-spodeluvaat-isti-stavovi-koi-se-govor-na-omraza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sili-na-romite-ako-zaev-ne-go-razreshi-rashkovski-kje-znachi-deka-spodeluvaat-isti-stavovi-koi-se-govor-na-omraza/#respond Tue, 02 Jul 2019 18:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=214876

Партијата Демократски сили на Ромите, порачува дека дното е пробиено, а СДСМ наводно се залага за „Едно општество за сите“. Реакцијата на партијата ја пренесуваме во целост:                                     Сведоци сме дека односот на СДСМ кон Ромите е лицемерен и срамен. Последниот скандал со генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кој добива и меѓународни димензии е само нов показател за тоа како оваа влада  ги третира Ромите во Македонија. Крајно  е нечовечки да омаловажуваш еден народ од една пријателска земја која е членка на ЕУ, со зборови, кои патем, ги навредуваат и чувствата на Ромите во Македонија. Достоинството на еден човек не смее никој да го погазува, а најмалку функционер во Влада кој што плаќаме сите. Драги Рашковски не само што треба јавно да се извини на Ромите, тој треба да биде разрешен од страна на премиерот Зоран Заев. Ако тоа не го направи премиерот ќе значи дека и тој како и генералниот секретар ги споделува истите ставови кои не се ништо друго туку говор на омраза. Истовремено бараме Комисија за заштита од дискриминација да поведе постапка и соодветно да ги санкционира ваквите појави и испади. Да биде уште позагрижувачки, ова е втор јавно објавен случај во краток временски период, во кој некој функционер на СДСМ омаловажува припадник/ци на ромската етничка заедница. Случајот со градоначалникот на општината Шуто Оризари исто така ја вознемири јавноста, особено Ромите, кои слушнаа како тој на највулгарен начин навредува Ром, а дополнително има индиции дека го тепа и измачува. Очекуваме дека институциите соодветно ќе реагираат за овие два случаи, но истовремено бараме и невладините организации да се охрабрат и да ги осудат ваквите навреди кои го погазуваат достоинството на Ромите во Македонија, бидејќи само така ќе покажеме дека сме општество кое може да се спротивстави на говорот на омраза упатен кон било кој граѓанин на нашата Татковина, вклучително и Ромите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sili-na-romite-ako-zaev-ne-go-razreshi-rashkovski-kje-znachi-deka-spodeluvaat-isti-stavovi-koi-se-govor-na-omraza/feed/ 0