бајрам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jul 2022 13:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бајрам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Малку поинаков рецепт за Бајрам: Дали би пробале баклава со Nutella? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/malku-poinakov-recept-za-bajram-dali-bi-probale-baklava-so-nutella/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/malku-poinakov-recept-za-bajram-dali-bi-probale-baklava-so-nutella/#respond Thu, 07 Jul 2022 13:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=701800

Доколку сакате да пробате малку поинаков деликатес за време на претстојниот Бајрам, зошто да не подготвите баклава со Nutella? За да го подготвите овој рецепт ќе ви требаат: 500 гр кори за баклава 400 гр Nutella 200 гр печени лешници 200 гр стопен путер малку масло За шербет: 1,5 чаши шеќер две чаши вода една лажичка сок од лимон Подготовка: Испечете ги лешниците и исечкајте ги ситно. Стопете го путерот и измешајте го со маслото. Тавата во која ќе ја печете баклавата намачкајте ја со путер. Ставете ја кората и премачкајте ја со путер. Оваа постапка повторете ја пет пати, па на петтата кора намачкајте со Nutella и посипете со сечкани лешници. Одозгора се става кора, се премачкува со путер. Повторете ја постапката пет пати. Повторно намачкајте Nutella и додадете лешници. Повторно наредете кори. Исечете ја баклавата и печете ја на 200 степени Целзиусови додека не порумени. Потоа намалете на 100 степени и печете уште 15 минути. Веќе испечената баклава прелијте ја со претходно подготвениот шербет и оставете да се впие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/malku-poinakov-recept-za-bajram-dali-bi-probale-baklava-so-nutella/feed/ 0
Четврток неработен ден за сите граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrtok-neraboten-den-za-site-gragjani-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrtok-neraboten-den-za-site-gragjani-3/#respond Fri, 07 May 2021 08:45:24 +0000 https://kurir.mk/?p=506975

Идниот четврток е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrtok-neraboten-den-za-site-gragjani-3/feed/ 0
АХВ: Граѓаните за Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-gragjanite-za-bajram-da-ne-kupuvaat-meso-od-divi-pazari-tuku-od-odobreni-mesarnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-gragjanite-za-bajram-da-ne-kupuvaat-meso-od-divi-pazari-tuku-od-odobreni-mesarnici/#respond Wed, 29 Jul 2020 14:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=383304

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на Курбан Бајрам апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, туку месо за празникот да набават од одобрените месарници. АХВ потсетува дека движењето на животните треба да се врши исклучиво со поседување сертификат за здравствената состојба на секоја единка, а колењето само во одобрени кланици од страна на Агенцијата. -Граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и здравствената заштита на оваа категорија животни. За да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, апелираме граѓаните да не купуваат животни од диви пазари, односно месо да набавуваат од одобрени месарници, нагласува АХВ и најавува засилени контроли на движењето на животните. Традиционалната продажба на овните кои се принесуваат за курбан, почна, но, сточарите се генерално разочарани од слабиот интерес кај верниците да купат. Причината за ваквата ситуација ја лоцираат во КОВИД пандемијата која ги спречи печалбарите да дојдат дома и да го прослават Бајрам тука. Дополнително, за намалениот интерес, според нив, придонесуваат и информаците дека во некои делови од државата има „син јазик“, а влијание има и определбата на некои од верниците парите за курбан да ги донираат во муфтиствата. Цената за грло овен засега се движи од 70 до 120 евра, зависно од тежината. Првиот ден од Курбан Бајрам е во петок, на 31 јули. Тогаш се коле и курбанот по што месото се распределува на сиромашни семејства. Празникот се слави четири дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-gragjanite-za-bajram-da-ne-kupuvaat-meso-od-divi-pazari-tuku-od-odobreni-mesarnici/feed/ 0
Алишериф: Нека возвишен АЛАХ ви помогне во животот секогаш кога од тоа ќе имате потреба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alisherif-neka-vozvishen-alah-vi-pomogne-vo-zivotot-sekogash-koga-od-toa-kje-imate-potreba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alisherif-neka-vozvishen-alah-vi-pomogne-vo-zivotot-sekogash-koga-od-toa-kje-imate-potreba/#respond Sun, 24 May 2020 12:20:46 +0000 https://kurir.mk/?p=349767

Драги мои сограѓани, пријатели и роднини дозволете ми на сите да Ви го честитам Рамазан Бајрам со желби за долг и среќен живот, многу здравје и среќа за Вас и Вашите најблиски. Нека Возвишенот АЛАХ ви помогне во животот секогаш кога од тоа ќе имате потреба. Фејсбук статус на Алишериф од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alisherif-neka-vozvishen-alah-vi-pomogne-vo-zivotot-sekogash-koga-od-toa-kje-imate-potreba/feed/ 0
ИВЗ со закана: Избори се ближат, внимавајте што правите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-so-zakana-izbori-se-blizat-vnimavajte-shto-pravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-so-zakana-izbori-se-blizat-vnimavajte-shto-pravite/#respond Wed, 20 May 2020 20:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=348502

До: - Влада на РСМ - Главниот координативен кризен штаб - Комисија за заразни болести Почитувани, Исламската Верска Заедница на РСМ секогаш била и ќе биде за тоа та се почитуваат сите препораки и мерки донесени од страна на надлежните органи за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Во овој правец бевме првите, како институција која што ги откажавме колективните молитви во верските објекти – џамиите, со единствена цел да се заштити здравјето на населението. Како што сме информирани, Ријасот на ИВЗ, на 7 мај годинава донесе одлука за повторно отворање на џамиите за намаз молитви на колективен начин, почитувајќи ги сите мерки донесени од Ријасот на ИВЗ. Целата јавност, исто така и вие, сте сведоци како до последно се почитуваат сите препораки, во сите џамии во државата, со што верниците покажуваат висока дисциплина и култура, за што треба да им се заблагодариме. Во недела (24 мај 2020) е празникот Фитер Бајрам, кој воедно е и државен празник. Истиот ден е националниот празник Св. Кирил и Методиј. Има информации дека во недела, денот кога се празнуваат овие два празници ќе има полициски час. Компарацијата помеѓу овие два празници е нелогична, бидејќи едниот е национален а другиот верски. Воведувањето на полицискиот час како што се најавува ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, нешто што автоматски ова ке значи дека дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам кој се одржува еднаш годишно, овој намаз трае само 15 минути. Додека утринскиот намаз ќе се извршува по домовите на верниците. Колку за информација, Реисот на ИВЗ се откажа од организирањето на манифестацијата „ Остани со Фитер Бајрам„ поради пандемијата, но нема да нема сноси одговорност за ако се откаже намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Инаку ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб одложувајќи го намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека додека ќе се извршува намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементирани за намазот кој сега го правиме преку ден и за кој досега не сме добиле никаква забелешка од ваша страна. се надеваме на вашето разбирање. Со почит: Реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Интегрален текст од соопштението на ИВЗ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-so-zakana-izbori-se-blizat-vnimavajte-shto-pravite/feed/ 0
ИВЗ ја предупредува Владата: Не ја откажуваме молитвата за Бајрам! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-ja-predupreduva-vladata-ne-ja-otkazuvame-molitvata-za-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-ja-predupreduva-vladata-ne-ja-otkazuvame-molitvata-za-bajram/#respond Wed, 20 May 2020 19:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=348493

ИВЗ само што објави писмото што го испратила до Владата на 18 мај. Во писмото јасно се наведува дека ИВЗ е против прогласување на полицискиот час. Од ИВЗ исто така потенцираат дека тие нема да ја откажат молитвата за Фитер Бајрам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-ja-predupreduva-vladata-ne-ja-otkazuvame-molitvata-za-bajram/feed/ 0
ЈАНЕВСКИ: Рамазан-Бајрам карантин, за „вмровецот“ Чулев да биде наместен во војна со Албанците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-ramazan-bajram-karantin-za-vmrovecot-chulev-da-bide-namesten-vo-vojna-so-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-ramazan-bajram-karantin-za-vmrovecot-chulev-da-bide-namesten-vo-vojna-so-albancite/#respond Wed, 20 May 2020 16:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=348430

Веројатно не треба многу да се елаборира дека карантинот од сабота до вторник наутро, за време на верскиот празник Рамазан Бајрам на муслиманите, од кои најголем број се Албанци, е класична местенка за Чулев и ВМРО-ДПМНЕ. Како што е јасно и дека тој карантин, Албанците, односно дел од нив во комуњарска служба, нема да го почитуваат. Идејата е очигледна – Чулев да им отвори војна. Да тргне со приведувања, па тие ќе се организираат и ќе излезат на улица и пред полициски станици, лесно ќе се исценира некој да биде повреден и лавината ќе тргне. Се сеќавате на Сингелиќ. Демек Чулев апсеше, а сдсм-овецот Георгиевски ослободуваше. Знаете што требаше да се случи во Струга? Знаете, нели! Патем, јасно ви е дека од постапките што Обвинителството наводно ги поведе против оргнизаторите на литијата, нема ништо. Зашто тоа не беше ни целта. Целта беше Чулев да влезе во војна со народот, а не ЈО да ги гони. Ќе најадат на крајта некој сиромав, е му одредат казна колку да се покријат и тука се ќе заврши. Истата шема отприлика се подготува и сега. Така ќе го добиеме „ВМРО-овското“ МВР против голоракиот албански и муслимански народ. А во исто време, демек, сатисфакција ќе добијат и православните христијани кои останаа дома за Велигден и кои јадеа со исто лажиче, пропаганда во која беше впрегнат целокупниот спам на комуњарите и УДБА. ВМРО и Чулев ќе се обидат да парираат со тоа дека за „војната“ виновни се началниците од СДСМ, дека директор на Јавната безбедност е ортакот на Заев со пиштолот од Собрание, но фалшливата пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент не е способна да се носи со пропагандата на комуњарите, иако против себе има никогаш послаб противник. Но, бадијала што противникот ти е трета класа, ако ти си четврта. Така, кај Албанците ќе се зацврсти перцепцијата за клетото ВМРО кое ги мрази и им ги гнаси дури и најсветите верски чувства, наспроти лебедите од СДСМ кои ги вадат и ослободуваат од зандани, додека овие првиве ги тепаат и затвораат. Албанските политички партии ќе застанат зад таа перцепција, бидејќи, ним пак, им е сеедно дали некој ќе биде повреден или, не дај Боже, ќе загине, ако тоа значи дополнителна девастација на Северна како држава. Што поголема девастација, тоа подобро. Сето тоа ќе значи дека не вои кон уште еден и тоа клучен аргумент дека ни требаат брзи избори, за „заробената“ држава повторно да се ослободи од ВМРО, како што Заев ја ослободи пред три години, и тоа од ВМРО кое сега има само еден министер во Владата. Па така, после карантинот, супер Филипче пак ќе испадне Супермен, бидејќи, бројките како резултат на неговата умност, премудрост и способност, одново ќе почнат да паѓаат. Се разбира, никому нема да му падне на памет дека ако бројките со заразени се намалувале, па сега почнале пак да растат како резултат на олабавените мерки, истиот тој Филипче треба прво да сноси одговорност, бидејќи заразените не се тие кои кои ги олабавија мерките, туку Филипче, неговата Комисија и Владата. А, да не заборавиме, имаме работа со човек кој не се стеснуваше пред камери да не лаже дека на внуката и става вакцина, демек видете го човеков, во пустина, како свети Јован, ако треба 40 дена со скакулци ќе седи ако тоа е за наше добро, иако прашањето со задолжителните вакцини се решава лесно и едноставно. Уште пред повеќе илјади години луѓето за тоа измислиле држава, а не пропаганда. Зошто сега би било поинаку? Е, па, поинаку е, зашто во прашање е рејтингот на Филипче и СДСМ. Како и да е, тоа не значи дека заразата и сегашните бројки не се точни. Напротив, веројатно се и поголеми. Посебно што се погласни се оние стручњаци кои тврдат дека ако на почетокот од кризата која нашата премудра власт не ја виде, се сметаше дека бројот на заразени се проценува така што бројката на утврдени позитивни се помножува со десет, сега множењето е со 50. Значи ако сте откриле 100 заразени, бројот на неоткриени е 4 900 итн. Но, без разлика на тоа, ова со мерките веќе личи на играње мајтап, а политичката манипулација е очигледна. Не знам колку се свесни оние неутралните од таа Комисија на Филипче, луѓе кои си ја знаат професијата, но дека се впрегнати во неговиот пи-ар и политичката агенда на нобеловецот од Муртино и пајакот од Куманово, сега е повеќе од очигледно. Во секој случај, Македонија изгледа е првата држава каде бројот на заразени се намалил, па одново се зголемил (на Србија тоа и се случи, но изолирано, по инцидент во Врање). Интересно, тоа се случува токму тогаш, кога се разгореа политичките игри околу изборите на кои инсистира нобеловецот. И тоа, бројките почнаа да се зголемуваат на само ден-два по деновите во кои „свети Филипче“ кој ја „убива короната“, ни велеше дека станува збор за кластери кои тие ги знаат, што би значело дека останатиот дел од популацијата е ок. Ако Филипче и Комисијата сакаат да ни кажат дека тие кластери се врзани за Албанците и муслиманите и дека поради тоа е карантинот, тогаш поентата е повторно промашена, бидејќи на тоа ќе следи соодветна реакција и од останатите кои не се ни Албанци, ни муслимани, а овие последниве, како што рековме, и онака нема да го почитуваат карантинот, посебно не оној дел од нив кој ќе биде инструиран тоа да го направи за да се предизвика посакуваниот судир со МВР. Така што, „свети Филипче“, најди си друг начин за решавање на проблемот кој самите го создадовте, бидејќи овој лек што сега го предлагате е поопасен од самата болест. Бидејќи овие редови се пишувани во време кога Владата се уште не одлучила дали ќе го прифати предлогот за карантин, останува и можноста во последен момент Али Ахмети и неговите министри да не го прифатат и да се обидат да спречат Владата да ја донесе одлуката, иако досега не се случило предлог на Комсијата за заразни болести да биде одбиен. Така ќе дојдат во небрано: на една страна постојано велат дека во се треба да се слушаат експертите, а тие фактички да постапат спротивно на тоа. Не е исклучено ни СДСМ да се обиде да изигрува херој, па да ги спасува Алабнците од карантин, но така и тие ќе влезат во дубиозна шема. Посебно што смешен ќе излезе нивниот пулен Филипче на чиј вештачки избилдан рејтинг, благодарение на четвртата класа која е од спротивната страна и која живее на друго небо без да ја види маглата која таму владее, прилично се потпираат. Така што и за нив, работата е – нагоре високо, надоле длабоко. Но, ајде да видиме. Ако нешто СДСМ покажа во овие три години, тоа е дека партијата н нејзината пропаганда се шампиони кога треба да се биде инвентивен во глупоста. Патем, ако ги следите денешните вести ќе видите дека веднаш по предлогот на Филипче за карантин доаѓа онаа за жалење несреќа од портпарол на СДСМ, кој и натаму вергла дека ВМРО се плашел од избори кои треба да бидат на 21 јуни. Не знам дали ВМРО се плаши од избори, ама твојот министер да предлага карантин, па потоа да вели дека после карантинот врзан очигледно исклучиво за Рамазан Бајрам, да следи отворање на кафеаните, а ти да зборуваш за избори, е прилично јасна демирхисарска дијагноза. Дарко Јаневски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-ramazan-bajram-karantin-za-vmrovecot-chulev-da-bide-namesten-vo-vojna-so-albancite/feed/ 0
Џамиите во Косово остануваат затворени и за Бајрам и покрај олеснетите мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzamiite-vo-kosovo-ostanuvaat-zatvoreni-i-za-bajram-i-pokraj-olesnetite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzamiite-vo-kosovo-ostanuvaat-zatvoreni-i-za-bajram-i-pokraj-olesnetite-merki/#respond Sat, 16 May 2020 12:07:02 +0000 https://kurir.mk/?p=346666

Исламската заедница на Косово (ИЗК), по консултациите и во соработка со Министерството за здравство, оцени дека во земјата и натаму постои опасност од ширење на пандемијата на Ковид-19, поради што одлучи да не ги отвори џамиите ниту за верскиот празник Фитр Бајрам, кој годинава е на 24 мај, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот муфтија Наим Тернава, по вчерашната средба со вршителот на должноста министер за здравство, Арбен Витиа, информира дека отворањето на џамиите нема да биде опфатено со листата на олеснителни мерки од втората фаза, што треба да стапи во сила в понеделник, на 18 мај, и покрај тоа што моментно тече светиот месец за муслиманските верници, Рамазан, кој завршува со нивниот најголем верски празник, Фитр Бајрам. Како што се наведува во соопштението на ИЗК, муфтијата им се заблагодари на сите верници муслимани за почитувањето, во прв ред, на препораките на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравство на Косово, како и на одлуките на ИЗК. – За Исламската заедница на Косово беше мошне тешка одлуката за откажување на клањањето со џемат (верници) на дневните намази и на другите собири, изјави Тернава. Според челникот на ИЗК, деновиве имало интензивни активности со цел во последните десет дена на месецот Рамазан да се отворат џамиите, меѓутоа по разговорот со министерот за здравство е заклучено дека „тоа би претставувало голема опасност и дека здравјето на верниците е примарно и најзначајно“. Министерот Витиа исто така им се заблагодари на муслиманските верници за тоа што ги почитуваат препораките на здравствените институции и одлуките на Претседателството на ИЗК. – Плановите на здравствените институции се расипаа во изминатите четири дена, кога бројот на нови случаи со Ковид-19 се зголеми, поради што ситуацијата продолжува да биде несигурна, се цитира Витиа во денешното соопштение на ИЗК. Во Косово досега се потврдени 955 случаи на заразени од новиот коронавирус. Од нив, излекувани се 691 лице, додека починаа 29 заболени, така што официјалната бројка на активни случаи, вклучително податоците за минатиот ден, изнесува 235. Вчера беа извршени 300 тестирања, при што се регистрирани десетмина новозаразени и еден излекуван. Последниот смртен случај на заболен од Ковид-19 е забележан на 12 мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzamiite-vo-kosovo-ostanuvaat-zatvoreni-i-za-bajram-i-pokraj-olesnetite-merki/feed/ 0