бактерии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 09:27:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бактерии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скоро секое домаќинство ги има, но не знаете дека се всушност легло за бактерии: Ова е единствениот начин добро да се исчистат! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skoro-sekoe-domakinstvo-gi-ima-no-ne-znaete-deka-se-vsushnost-leglo-za-bakterii-ova-e-edinstveniot-nachin-dobro-da-se-ischistat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skoro-sekoe-domakinstvo-gi-ima-no-ne-znaete-deka-se-vsushnost-leglo-za-bakterii-ova-e-edinstveniot-nachin-dobro-da-se-ischistat/#respond Wed, 08 Mar 2023 09:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=809407

Речиси секое домаќинство има дрвенa шпатула што ја користат за мешање на храната додека готвите. Една жена на социјалната мрежа Тик Ток покажа колку се навистина валкани лажиците и шпатулите од дрво и ги шокираше сите, но и со едноставен трик откри како да проверат дали им треба длабоко чистење. За да покаже која е грешката, земала големо тенџере и зоврила вода во него. Потоа на традиционален начин претходно измиените дрвени лажици ги потопувала во тенџере и ги оставила да отстојат неколку минути. Она што многумина ги згрози, а многумина истовремено изненади е количината на нечистотија што излегла од нив. Водата од кристално чиста стана заматена и валкана, што е доказ дека обичното перење не може да ја отстрани нечистотијата.
@kimmyskreations These wooden spoons needed that love and good scrub with my dish daddy! @scrubdaddy #kimmyskreations #scrubdaddy ♬ original sound - Kimmy’s Kreations
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/skoro-sekoe-domakinstvo-gi-ima-no-ne-znaete-deka-se-vsushnost-leglo-za-bakterii-ova-e-edinstveniot-nachin-dobro-da-se-ischistat/feed/ 0
Со ОВАА ГРЕШКА која ја правите во тоалетот го уништувате здравјето на целото семејство https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-ovaa-greshka-koja-ja-pravite-vo-toaletot-go-unishtuvate-zdravjeto-na-tseloto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-ovaa-greshka-koja-ja-pravite-vo-toaletot-go-unishtuvate-zdravjeto-na-tseloto-semejstvo/#respond Fri, 03 Mar 2023 21:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807917

Ако не го спуштате капакот од тоалетната школка, го уништувате здравјето на целото семејство! Истражувањето кое неодамна беше спроведено во Велика Британија, предупредува на оваа страшна навика и истакнува дека водата во тоалетната школка содржи потенцијално штетни бактерии и патогени. Дури и по неколку испирање, таа вода останува контаминирана. Ако не сакате да имате бактерии и измет на вашата четка за заби, најдобриот совет е да го спуштите капакот по секоја употреба на тоалетната школка. Истражувањата покажаа дека кога ја пуштате водата во тоалетот, тој прска на други предмети во бањата. Иако не можете да го видите, фекалните бактерии почнуваат да се шират насекаде - на вашата четка за заби, четка за коса, крпа за лице, козметика, шампони и купки и сè друго во вашата бања. Пред да ја вклучите водата следниот пат, размислете двапати дали да го спуштите капакот. Според лекарите, капакот постои со причина, а не поради естетика.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-ovaa-greshka-koja-ja-pravite-vo-toaletot-go-unishtuvate-zdravjeto-na-tseloto-semejstvo/feed/ 0
Внимавајте со теглите за зачини: Најподложни се на налеппување бактерии и вируси во кујната https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-so-teglite-za-zachini-najpodlozhni-se-na-naleppuvane-bakterii-i-virusi-vo-kujnata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-so-teglite-za-zachini-najpodlozhni-se-na-naleppuvane-bakterii-i-virusi-vo-kujnata/#respond Thu, 26 Jan 2023 09:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=792161

Теглите во коишто се чуваат зачини, се меѓу оние места во кујната кои имаат најмногу патогени бактерии и вируси, покажа неодамнешно истражување во САД. Имено, американското Министерство за земјоделство, т.е. Одделот за безбедност на храната нарача испитвање на распространетоста и степенот на вкрстена контаминација на различни површини во кујната при подготовка на оброците. Проценките говорат дека еден од пет случаи на болести предизвикани од храна се добива дома. Сепак, не е точно познато како патогените се пренесуваат во кујната. Научниците им наложиле на 371 испитаник да готват храна со мелено мисиркино месо коешто го содржи безопасниот вирус МС2. Потоа зеле примероци од површините во нивните кујни. Откриено е дека 48 отсто од теглите за зачини имаат микроорганизми од мисирката, што укажува на вкрстена контаминација со MС2, односно теглите со зачини имале најголема концентрација на вирусот во споредба со другите кујнски помагала. Советот гласи – редовно мијте ги садовите со зачини. Анализата на брисевите покажа дека во повеќето случаи бројот на примероци кои укажуваат на контаминација со МС2 изнесува околу 20 насто. Исклучок се садовите со зачини. Научниците веруваат дека теглите со зачини се поподложни кон налепување патогени, бидејќи луѓето едноставно не ги чистат доволно често, т.е. вниманието повеќе е насочено кон миење на работните површини, кујнскиот прибор и така натаму.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-so-teglite-za-zachini-najpodlozhni-se-na-naleppuvane-bakterii-i-virusi-vo-kujnata/feed/ 0
Несвесно се ставате во опасност: Овие работи ги допирате секој ден, а полни се со бактерии https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nesvesno-se-stavate-vo-opasnost-ovie-raboti-gi-dopirate-sekoj-den-a-polni-se-so-bakterii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nesvesno-se-stavate-vo-opasnost-ovie-raboti-gi-dopirate-sekoj-den-a-polni-se-so-bakterii/#respond Wed, 14 Sep 2022 19:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=732806

Иако не можеме да ги видиме со голо око, бактериите се насекаде околу нас и ние сме постојано во контакт со нив. Доволно е да го допрете телефонот на работа, количката во супермаркетот или кваката на вратата на јавен тоалет за да се пренесат бактериите на вашите раце. А ако потоа го допрете вашиот нос, пред да успеете да трепнете, бактериите ќе се населат во него. Овие работи ги допирате секој ден, а полни се со бактерии: -Количките во супермаркетите -Менијата во рестораните -Сетовите за зачини, сосови и други додатоци во рестораните -Банкоматите -Кваките на вратите и сапуните во јавните тоалети -Копчињата за лифтот и прекинувачите за светло -Парчињата лимон во пијалоците -Компјутерските тастатури и телефонските слушалки -Женската ташна]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nesvesno-se-stavate-vo-opasnost-ovie-raboti-gi-dopirate-sekoj-den-a-polni-se-so-bakterii/feed/ 0
Како да ги отстраните бактериите од сунѓерот? Овие трикови се најефикасни за тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-gi-otstranite-bakteriite-od-sungjerot-ovie-trikovi-se-najefikasni-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-gi-otstranite-bakteriite-od-sungjerot-ovie-trikovi-se-najefikasni-za-toa/#respond Thu, 11 Aug 2022 05:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=716820

Само пробајте го овој едноставен трик и за кратко време ќе се ослободите од сите бактерии и габи на вашиот сунѓер за миење садови. Добро е да го користите секој ден! Пред повторно да ги измиете садовите, добро погледнете го сунѓерчето. Дури и на прв поглед да изгледа неискористено, на него се акумулираат многу бактерии и габи. Сунѓерите за садови кријат одвратна трага од сè што сте исчистиле со нив, вклучително и патогени микроби кои благодарение на влагата имаат идеална почва за размножување. Не заборавајте редовно да го менувате кујнскиот сунѓер и секојдневно да го чистите. Овој вообичаен предмет е идеално место за развој на бактерии и габи, па затоа е многу важно да се дезинфицира и често да се менува. Треба да се менува барем еднаш неделно! Сепак, најдобро е тоа да се прави на секои 2-3 дена. Благодарение на овие трикови ќе ја добиете војната против сунѓерските бактерии. За да се ослободите од бактериите на вашиот сунѓер за миење садови, само посегнете по сад што е безбеден за микробранова печка. Потоа сипете вода во него и потопете го сунѓерчето. Ставете го во микробранова печка, по една минута внимателно извадете го сунѓерчето. Уште еден подеднакво ефикасен начин е да користите раствор од оцет и вода. Ставете го сунѓерчето и киснете го цела ноќ. Потоа наутро, исцедете го и повторно е освежено и подготвено за употреба. Оцетот ги убива бактериите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-gi-otstranite-bakteriite-od-sungjerot-ovie-trikovi-se-najefikasni-za-toa/feed/ 0
Во сладоледот можат да се најдат опасни бактерии штетни по живот: На што треба да внимаваме? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vo-sladoledot-mozat-da-se-najdat-opasni-bakterii-shtetni-po-zivot-na-shto-treba-da-vnimavame/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vo-sladoledot-mozat-da-se-najdat-opasni-bakterii-shtetni-po-zivot-na-shto-treba-da-vnimavame/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=700811

Како што пренесува британскиот „The Sun“, американска компанија која произведува сладолед е поврзана со ширењето на смртоносната бактерија листерија, поради што 22 лица се хоспитализирани во десет земји низ САД. Топениот сладолед и другите десерти можат да бидат вистински инкубатор за развој на опасните бактерии, не само месото и млечните производи. Според Центарот за контрола и превенција на болести, едно лице починало, а една трудница го загубила бебето поради зараза со оваа патогена бактерија. Листеријата е особено опасна за лица над 50 години, бремени жени, фетуси во развој, новороденчиња и лица со намален имунитет. Според податоците на Светската здравствена организација, инфекцијата со оваа бактерија за време на бременоста сочинува дури една третина од сите случаи на листериоза, а познато е дека може да предизвика предвремено породување, спонтан абортус или да остави сериозни последици, дури и смрт на новороденчето. Здравите возрасни лица се разболуваат ако храната е масовно загадена со овој микроорганизам. Кога сладоледот е опасен по здравјето? Омиленото летно уживање е опасно кога се консумира откако ќе се одмрзне, па повторно се замрзнува во самопослуга. Сладоледот брзо се топи на собна температура, а млечната, слатка и влажна средина е совршена за развој на бактерии, особено кога сладоледот ќе се одмрзне по втор пат. Најдобар начин да го избегнете ова е да ја вратите кутијата со сладолед во замрзнувач откако ќе ја извадите количината што имате намера да ја јадете. Ако двапати го грабнете сладоледот од садот со иста валкана лажица, исто така ја изложувате храната на бактериска контаминација. Како да се препознае болеста? На почетокот на болеста има само благи симптоми, висока температура, треска и болки во мускулите, така што болеста наликува на грип. Симптомите од гастроинтестиналниот тракт, гадење, повраќање, дијареа, можеби се единствените симптоми на болеста, но почесто тие се увертира за посериозни симптоми. Тие обично се придружени со постојана треска и општа слабост на телото. Симптомите обично се појавуваат околу 12 часа по консумирањето на загадена храна. Истражувањата покажаа дека бремените жени се околу 20 пати повеќе подложни на листерија од другите, здрави возрасни лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vo-sladoledot-mozat-da-se-najdat-opasni-bakterii-shtetni-po-zivot-na-shto-treba-da-vnimavame/feed/ 0
ОВА Е НАЈДОБРИОТ АНТИБИОТИК! Ги уништува бактериите и вирусите, а најмногу го има во овие намирници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-e-najdobriot-antibiotik-gi-unishtuva-bakteriite-i-virusite-a-najmnogu-go-ima-vo-ovie-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-e-najdobriot-antibiotik-gi-unishtuva-bakteriite-i-virusite-a-najmnogu-go-ima-vo-ovie-namirnici/#respond Thu, 24 Mar 2022 13:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=652621

Јодот е микронутриент, но кога станува збор за нашето општо здравје, неговата улога е голема, бидејќи е неопходен за отпорност на организмот, здравје и закрепнување. Ова е особено важно во работата на тироидната жлезда, во чии хормони составен елемент е јодот. Тироидните хормони (Т3 тријодотиронин и Т4 тироксин) ја регулираат циркулацијата на материјата и енергијата во човечкото тело (метаболизмот), растот и развојот на сите органи, особено на мозокот. Количината на јод во тироидната жлезда зависи од количината на јод што ја внесуваме во телото, бидејќи човечкото тело не може самостојно да го произведе. Д-р Дејвид Дери вели дека јодот е најдобриот антибиотик и антивирусно средство. Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаление предизвикано од бактерии и вируси, ова е важна информација. Крвта постојано циркулира низ телото, потребни се 17 минути за да се заобиколи целиот круг, при што поминува и низ ткивото на тироидната жлезда. Ова е местото каде што, доколку има доволно јод, се уништуваат бактериите и вирусите. Стресот негативно влијае на работата на тироидната жлезда бидејќи високото ниво на кортизол го намалува производството на хормонот Т3, а пушењето го влошува хипотироидизмот. Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство може да се постигне само со внесување поголеми количини. Нема опасност од премногу конзумирање на јод, бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десет пати повеќе од препораката на СЗО. Најдобри извори на јод се алгите, морската риба и јодирана сол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-e-najdobriot-antibiotik-gi-unishtuva-bakteriite-i-virusite-a-najmnogu-go-ima-vo-ovie-namirnici/feed/ 0
Водата која подолго време била во чаша НЕ СМЕЕТЕ да ја пиете, дознајте зошто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vodata-koja-podolgo-vreme-bila-vo-chasha-ne-smeete-da-ja-piete-doznajte-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vodata-koja-podolgo-vreme-bila-vo-chasha-ne-smeete-da-ja-piete-doznajte-zoshto/#respond Fri, 26 Nov 2021 16:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=600309

Уште од деца знаеме дека наутро по станувањето е добро да испиеме една чаша вода. Но дали имате навика да посегнете по водата која цела нок отстојала покрај вашиот кревет? Сте почувствувале ли дека таа вода има поинаков и чуден вкус? Обичната вода за разлика од храната, не содржи шеќери ниту белковини поради што на микробите им е полесно да ја загадат. За чудниот вкус на водата која преку ноќ отстојала во чаша постои објаснување. Во водата која преку ноќ отстојала во чаша се наталожиле бактерии и прашина. Имено, кога водата е изложена на воздух апсорбира јаглерод диоксид и мал дел од тој CO2 се претвора во карбонска киселина, што значи дека водата изложена на воздух го менува својот хемиски состав, објасни Discovery News. Кога карбонската киселина ќе отпушти еден или два протони и ќе се претвори во бикарбонат или карбонат, тоа ја намалува pH вредноста на водата поради што таа го менува вкусот. Водата преку ноќ исто така се полни и со бактерии од воздухот и прашина, а тоа не значи дека таа е расипана, но после се што во текот на ноќта се случува со неа вреди да размислите дали воопшто треба да ја пиете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vodata-koja-podolgo-vreme-bila-vo-chasha-ne-smeete-da-ja-piete-doznajte-zoshto/feed/ 0
Вашата крвна група кажува колку сте здрави – дознајте ги овие работи за себе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-kazuva-kolku-ste-zdravi-doznajte-gi-ovie-raboti-za-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-kazuva-kolku-ste-zdravi-doznajte-gi-ovie-raboti-za-sebe/#respond Wed, 22 Sep 2021 20:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=567085

Отпорноста на телото на бактерии, инфекции и разни болести е одредена од многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група. Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се справат со нападите врз нивното тело и во таа смисла, носителите на крвната група 0 го направија најдоброто. Имено, долгорочните студии покажаа дека крвната група 0 е најсилна меѓу сите крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочни удари и срцеви удари, тие ретко страдаат од болести поврзани со меморијата, и докажано е дека можат да страдаат од рак на желудникот и панкреасот. Поради отпорноста на телото на болести, луѓето кои имаат крвна група 0, живеат најдолго во споредба со другите. Една од најважните причини е фактот дека крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочен удар и срцев удар се предизвикани од слаба коагулација на крв. Работите што се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања се слични на ризиците од развој на ментална болест. Што се однесува до прашањето која крвна група е „најслаба“, тешко е конечно да се одреди, иако експертите велат дека тоа е група А, бидејќи носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија. Затоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од другите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashata-krvna-grupa-kazuva-kolku-ste-zdravi-doznajte-gi-ovie-raboti-za-sebe/feed/ 0
Светот се соочува со „антибиотска апокалипса“ поради отпорноста на бактериите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/#respond Fri, 09 Jul 2021 12:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=534411

Антимикробната или антибиотска резистентност може да претставува „крај за современата медицина“ и да доведе до „антибиотска апокалипса“, нагласи поранешната главна медицинска директорка за Англија и главен научен советник на Министерството за здравство, Сали Дејвис, јави ДПА. Пред Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести, Дејвис предупреди на слабиот напредок во ограничувањето на отпорноста на бактериите кон антибиотици, зголемена опасност за која масовно се алармира во последните неколку години. Дејвис, која моментно е специјален претставник на Велика Британија за антимикробна резистентност, истакна дека пазарот на антибиотици е „уништен“. – Во споредба со профитот од осум милијарди долари на лекови против рак, загубата од 100 милиони долари на антимикробни средства значи дека нашите депоа за лекови стануваат се попразни – поради неефикасност, а не поради недостиг на научна способност, нагласи таа. Владите мора да „дејствуваат сега“, инсистира Дејвис, додавајќи дека „за многумина е доцна, бидејќи тие го загубиле животот“. Минатиот месец Г7 вети дека ќе потроши повеќе на истражување на антибиотици, при што Велика Британија и САД најавија субвенции за фармацевтски компании за развој на нови лекови. Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека „инфекциите предизвикани од микроби отпорни на антибиотици, се тешки, а понекогаш и невозможни за лекување“. Иако бактериите природно можат да развијат отпорност на антибиотици со тек на времето, Светската здравствена организација нагласи дека тоа е „забрзан“ проблем поради „злоупотреба со антибиотици кај луѓе и животни“. Истражувањето објавено минатата недела од Универзитетот во Вашингтон тврди дека антибиотиците биле „злоупотребени“ во Индија за време на смртоносниот неодамнешен бран на коронавирусот. – Антибиотиците се ефикасни само против бактериски инфекции, а не против вирусни инфекции како што е Ковид-19, тврдат истражувачите, предупредувајќи дека „прекумерната употреба го зголемува ризикот од инфекции отпорни на лекови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/feed/ 0