баку – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 15:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png баку – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Баку понуди да ги предаде на Ерменија телата на сто загинати ерменски војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baku-ponudi-da-gi-predade-na-ermenija-telata-na-sto-zaginati-ermenski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baku-ponudi-da-gi-predade-na-ermenija-telata-na-sto-zaginati-ermenski-vojnici/#respond Wed, 14 Sep 2022 15:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=732830

Азербејџан денеска на Ерменија и понуди да ги предаде телата на сто ерменски војници убиени во престрелките изминатите денови. „Азербејџан ја повикува Ерменија на прекин на огнот и е подготвен еднострано да ги предаде телата на сто ерменски војници“, се наведува во соопштението на азербејџанската Државна комисија за воени заробеници. Последните податоци на ерменските власти покажуваат дека во експлозиите од вторникот вечерта загинале 105 припадници на армијата. „Според последните податоци, досега е потврдена смртта на 105 припадници на ерменските вооружени сили“, изјави премиерот Никол Пашинјан пред Парламентот. Претходно беше соопштено дека загинале 49 војници на ерменската армија. Во меѓувреме, германската Влада денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да го прекинат конфликтот што ја загрозува безбедноста на целиот регион. „Ги повикуваме Азербејџан и Ерменија веднаш да ги прекинат сите дејствија што можат да ја загрозат безбедноста меѓу двете страни, како и во регионот, и да го продолжат дијалогот по секоја цена“, рече портпаролот на Германското Министерство за надворешни работи на редовна прес-конференција. Тој истакна дека Германија го поддржува предлогот на Европската унија за посредување. „Германската Влада е длабоко вознемирена од извештаите за судири долж ерменско-азербејџанската граница, насочени главно кон цивилна инфраструктура и станбени згради“, додаде портпаролот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baku-ponudi-da-gi-predade-na-ermenija-telata-na-sto-zaginati-ermenski-vojnici/feed/ 0
Фон дер Лајен во посета на Баку https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-vo-poseta-na-baku/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-vo-poseta-na-baku/#respond Mon, 18 Jul 2022 05:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=706710

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе отпатува за Баку, во обид да обезбеди значителен увоз на природен гас од Азербејџан. „Бидејќи Русија силно ги користи своите енергетски резерви како оружје, диверзификацијата на нашиот увоз на енергија е приоритет за ЕУ. Претседателката Фон дер Лајен и комесарот за енергетика Кадри Симсон денеска ќе престојуваат во Азербејџан за дополнително да ја зајакнат соработката“, објавено е на Твитер профилот на ЕК. Според нацрт-документот од 14 јули, ЕК им предложила на земјите од ЕУ договор со Азербејџан за зголемување на увозот на природен гас и за проширување на гасоводот. Германија, четвртата по големина економија во светот, се подготвува за сите сценарија, вклучително и целосно прекинување на испораките на руски гас. Рускиот амбасадор во меѓународните тела во Виена, Михаил Улјанов, на Твитер објави дека „Русија никогаш не одбила да продолжи да испорачува природен гас за Европа и целосно ги почитува своите договорни обврски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-vo-poseta-na-baku/feed/ 0
Коронавирусот ги спречи чешките навивачи да одат во Баку за четвртфиналето на ЕУРО2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koronavirusot-gi-sprechi-cheshkite-navivachi-da-odat-vo-baku-za-chetvrtfinaleto-na-euro2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koronavirusot-gi-sprechi-cheshkite-navivachi-da-odat-vo-baku-za-chetvrtfinaleto-na-euro2020/#respond Thu, 01 Jul 2021 16:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=530686

Чартер летовите на релација Прага – Баку, со кои беше планирано доаѓање на чешки навивачи на четвртфиналниот натпревар од ЕУРО2020 против Данска, се откажани поради протоколите поврзани со Ковид-19.
Во Азербејџан на сила се строги мерки во борбата против коронавирусот, а, во истовреме, чешките навивачи по враќање во својата земја ќе мораат да останат во домашен карантин. Чешките медиуми јавија дека првично интерес за патување на натпреварот во Баку покажеле околу 300 навивачи, но бројката потоа драстично се редуцирала, поради што летовите кон азербејџанската престолнина се откажани. Четвртфиналниот натпревар меѓу Чешка и Данска е на програмата в сабота од 18 часот во Баку. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koronavirusot-gi-sprechi-cheshkite-navivachi-da-odat-vo-baku-za-chetvrtfinaleto-na-euro2020/feed/ 0
Чарлс Леклер ја освои пол позицијата за трката во Баку https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/charls-lekler-ja-osvoi-pol-pozicijata-za-trkata-vo-baku/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/charls-lekler-ja-osvoi-pol-pozicijata-za-trkata-vo-baku/#respond Sat, 05 Jun 2021 15:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=519444

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер ќе тргне од пол-позицијата на утрешното гран при во Азербејџан, на уличната трка во Баку, откако денеска беше најбрз на официјалниот трениг.
Пет инциденти и четири црвени знамиња имаше за време на денешните квалификации, но Леклер со фантастично возење успеа да стигне до стартната поцизија на гранприто, оставајќи го светскиот првак Луис Хамилтон да тргне од втората позиција на трката. Ова е втора пол-позиција на Леклер, откако беше најбрз на официјалните квалификации и во Монако, но го искрши болидот, па поради механички проблеми не ни тргна на трката. Макс Верстапен (ред Бул) ќе тргне од третата позиција, а Пјер Гасли (Алфа Таури) од четвртата, додека од третиот ред стартуваат Карлос Сајнц (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен). Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас имаше лоши квалификации, па дури од десетото место ќе тргне на утрешното гранпри.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/charls-lekler-ja-osvoi-pol-pozicijata-za-trkata-vo-baku/feed/ 0
Баку тврди дека Ерменците гранатираат села околу Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baku-tvrdi-deka-ermencite-granatiraat-sela-okolu-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baku-tvrdi-deka-ermencite-granatiraat-sela-okolu-nagorno-karabah/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=413327

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека ерменската армија гранатирала шест нивни села околу Нагорно Карабах. – Тие нè гранатираат, но ние соодветно одговараме, се вели во соопштението. Пред десетина дена Баку тврдеше дека Ерменците ја гранатирале азербејџанската армија. Од друга страна, официјален Ереван тврди дека воените сили на Азербејџан почнале акција против Нагорно Карабах, гранатирајќи населени места, вклучително и главниот град на областа, Степанакерт. Двете страни пријавија жртви, меѓу кои имало и цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baku-tvrdi-deka-ermencite-granatiraat-sela-okolu-nagorno-karabah/feed/ 0
Интер преку Баер обезбеди полуфинале во ЛЕ! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-preku-baer-obezbedi-polufinale-vo-le/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-preku-baer-obezbedi-polufinale-vo-le/#respond Tue, 11 Aug 2020 07:02:12 +0000 https://kurir.mk/?p=389061

Фудбалерите на Интер обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Европа. Интер и Баер ги одмерија силите во Диселдорф, а во еден квалитетен натпревар италијанскиот претставник на крајот победи и дојде на чекор до финале. Возбудувањата започнаа после 15 минути мирен период. Барела со ефектен удар го матираше голманот на Баер за 1:0, а веќе во 21. минута беше 2:0. Ромелу Лукаку падна пред голот на Фармацефтите, но некако успеа да ја зафати топката и да ја испрати во мрежата. Возбудувањата продолжија и во 21. минута кога Баер намали на 2:1 со голот на својот најдобар играч Хаверц. Само минута подоцна беше досуден пенал, но после консултација со ВАР беше донесена одлука дека не постојат елементи за најстрога казна и Интер остана без прилика за 3:1. Иако и во продолжение на натпреварот имаше добри шанси, мрежите не беа затресени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-preku-baer-obezbedi-polufinale-vo-le/feed/ 0
На европското првенство во карате во Баку, Азербејџан боите на Македонија ќе ги брани Александар Неделковски https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-evropskoto-prvenstvo-vo-karate-vo-baku-azerbejdzan-boite-na-makedonija-kje-gi-brani-aleksandar-nedelkovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-evropskoto-prvenstvo-vo-karate-vo-baku-azerbejdzan-boite-na-makedonija-kje-gi-brani-aleksandar-nedelkovski/#respond Sun, 23 Feb 2020 15:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=307789

На европското сениорско карате првентство кое што ќе се одржи во Баку, Азербејџан од 25-29 март како дебитант ќе настапи нашиот најдобар каташ, Александар Неделковски од „КК Металург“. Инаку, Неделковски се уште е Јуниор, а ова европско првенство ќе дебитира во сениорската категорија. Неделковски, за престојното првенство моментално се подготвува во својот матичен клуб „КК Металург“, заедно со својот тренер Мирче Јанушевски, а останатиот дел од подготовките ќе ги спремаат со селекторот Стојан Андриевски, кој што ќе го води нашиот млад натпреварувач на ова европско првенство. На нашата карате репрезентација им посакуваме среќа во Баку, Азербејџан, како и спортска среќа со добара ждрепка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-evropskoto-prvenstvo-vo-karate-vo-baku-azerbejdzan-boite-na-makedonija-kje-gi-brani-aleksandar-nedelkovski/feed/ 0
УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-vo-odbrana-na-odlukata-za-finaleto-vo-baku/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-vo-odbrana-na-odlukata-za-finaleto-vo-baku/#respond Sat, 15 Jun 2019 10:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=209342

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин застана во одбрана на одлуката на федерацијата – финалето на Лига Европа да се игра во Баку, Азербејџан, која наиде на критики на Англичаните. – Англичаните секогаш се жалат, секогаш се незадоволни поради нешто. Така не си помагаат себе си. Зошто игравме во Баку? Па, и таму живеат луѓе, знаете, хомосапиенси. Тие не се бунеа поради тоа што натпреварот почна во 23 часот според нивното време, изјави Чеферин. Тој даде дека одлуката е донесена пред година и пол и запраша, дали во Англија можеби постои само еден стадион кој е помодерен од тој во Баку. – Ние мораме да го развиеме фудбалот секаде, не само во Германија и Англија. Што би се случило доколку на финалето би играле Шахтјор и Зенит? Тие би дошле на финалето во Лондон, да речеме, и не би се бунеле, рече претседателот на УЕФА. Инаку, за трофејот на финалето на второто по значење европско клупско натпреварување, играа Арсенал и Челзи, а стадионот во главниот град на Азербејџан, не беше исполнет до последното место, па поради тоа беа упатени критики од англиските навивачи на адреса на УЕФА за погрешен избор на местото за финалето на Лига Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-vo-odbrana-na-odlukata-za-finaleto-vo-baku/feed/ 0
Пожар во кулата на Трамп во Баку https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-kulata-na-tramp-vo-baku/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-kulata-na-tramp-vo-baku/#respond Sat, 28 Apr 2018 11:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=47389

Во главниот град на Азербејџан избувна пожар во кулата на Трамп, а сите улици кои водат до зградата се блокирани, пренесуваат руските медиуми. Зградата, која има 33 ката, е завршена, но се уште не е вселена. На објавените снимки се гледа густ чад од врвот на зградата, висока 130 метри. Во декември Трамп Организејшн (Tramp Organizejssn) од САД ги прекина лиценцните договори за изградба на такви градби во неколку земји. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-kulata-na-tramp-vo-baku/feed/ 0
Ботас најбрз на првиот тренинг во Баку https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/botas-najbrz-na-prviot-trening-vo-baku/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/botas-najbrz-na-prviot-trening-vo-baku/#respond Fri, 27 Apr 2018 12:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=47011

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, ја заврши прв на утринската тренинг-сесија на градската траса во Баку. Даниел Рикардо беше втор, а неговиот колега, Макс Верстапен доживеа несреќа со другиот Ред Бул. Многу пилоти имаа проблеми во утринската сесија, меѓу кои и Хамилтон на свиокот 2, а Грожан и Ленс Строул се најдоа во заштитните бариери на свиокот 15, но немаше посериозни инциденти. Нико Хулкенберг и Карлос Сајнц од Рено ги прекинаа своите сесии пред предвиденото, бидејќи имаа проблеми со пневматиците. На патеката, каде Форс Индија традиционално се претставува силно, Перез заврши на третото место, додека Окон на петтата позиција. Тие забележаа најдобри времиња со ултрасофт гумите. Макс Верстапен не се чувствуваше удобно во Баку, и во средината на сесијата тој ја изгуби контролата и удри странично во безбедносните бариери. Неговиот мотор не изгледаше многу оштетен, но тренингот за него заврши. Подобриот пилот на Мекларен беше Фернандо Алонсо, кој се пласираше седми, пред Сергеј Сироткин со Вилијамс, Пјер Гасли со Торо Росо и Себастијан Фетел, кој така и не ја пронајде вистинската брзина во првата сесија. Ферарито на Кими Раиконен остана во боксот, а причината се уште е нејасна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/botas-najbrz-na-prviot-trening-vo-baku/feed/ 0