балет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Nov 2022 06:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Балетска претстава „Рајмонда“, по повод Светскиот ден на балетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletska-pretstava-rajmonda-po-povod-svetskiot-den-na-baletot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletska-pretstava-rajmonda-po-povod-svetskiot-den-na-baletot/#respond Tue, 01 Nov 2022 06:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=753527

Во пресрет на Светскиот ден на балетот,  денеска на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Костимите и сценографијата се на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин. Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Абдурахман: Васил Чичиашвили (Грузија), Илијана Данилов, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Игор Веланоски и Ендру Кук (Англија). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletska-pretstava-rajmonda-po-povod-svetskiot-den-na-baletot/feed/ 0
Безвременскиот балет „Лебедово езеро“ во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bezvremenskiot-balet-lebedovo-ezero-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bezvremenskiot-balet-lebedovo-ezero-vo-nob/#respond Fri, 25 Mar 2022 07:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=652999

Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. – Ода за моќта на љубовта! Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти, велат од НОБ. Во улога на Одета ќе настапи гостинката од Бугарија, примабалерината Марта Петкова, во улогата на принцот Зигфрид ќе настапи Васил Чичиашвили од Грузија, а Ротбарт е Балаж Лашеи од Унгарија, Па де труа се Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук од Англија. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bezvremenskiot-balet-lebedovo-ezero-vo-nob/feed/ 0
Балетска премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletska-premiera-na-gospogjicite-od-avinjon-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletska-premiera-na-gospogjicite-od-avinjon-vo-nob/#respond Wed, 09 Mar 2022 06:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=643711

Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во девет слики. Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук. Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, асистенти на кореографот се Горан Божинов, Саша Евтимова, а костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletska-premiera-na-gospogjicite-od-avinjon-vo-nob/feed/ 0
Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskite-pretstavi-karmen-i-valpurgiska-nokj-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskite-pretstavi-karmen-i-valpurgiska-nokj-vo-nob/#respond Fri, 17 Jan 2020 06:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=290957

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, кои беа специјално подготвени од унгарскиот кореограф Габор Кевехази по повод 70-годишниот јубилеј на македонскиот балетски ансамбл и премиерно изведени за отворањето на сезоната 2019/2020, вечер од 20 часот се повторно на сцената на Националната опера и балет. „Валпургиска ноќ“ е дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно. Во 1949 година токму со таа премиера во кореографија на Ѓорѓи Македонски се институционализира и почнува развојот на македонскиот балет. По повод јубилејот „Валпургиска ноќ“ е осовременета и во траење од 20-тина минути и во оваа постановка комбинирана е со 50-минутна изведба на „Кармен“ од Жорж Бизе и оркестрација на Родион Шчедрин. Учествуваат првенци солисти и оркестарот на НОБ, кој ќе го води диригентот Иван Еминовиќ. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите ги изработи Марија Пупучевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskite-pretstavi-karmen-i-valpurgiska-nokj-vo-nob/feed/ 0
Балетот „Рајмонда“ во Македонската опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-rajmonda-vo-makedonskata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-rajmonda-vo-makedonskata-opera-i-balet/#respond Tue, 26 Mar 2019 07:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=178821

Македонската опера и балет вечер ќе го изведе балетот во два чина  „Рајмонда“ од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија, гостинот од Италија, Давиде Буфоне, и Наташа Јосифовска. Ќе настапи целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија. Костимите и сценографијата се изработени во ателјето на МОБ под менторство на Гана Ипатиева и Андреј Злобин од Украина. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на романтизмот кога доминираат теми за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа. Светската премиера на балетот била во Маринскиот театар во Санкт Петербург во 1898 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletot-rajmonda-vo-makedonskata-opera-i-balet/feed/ 0
Мајка нападнала малолетно девојче заради караница на час по балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/majka-napadnala-maloletno-devojche-zaradi-karanica-na-chas-po-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/majka-napadnala-maloletno-devojche-zaradi-karanica-na-chas-po-balet/#respond Thu, 27 Dec 2018 12:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=145650

Синоќа околу 21 часот, М.Ш. (37) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 20 часот на „Кеј 13-ти Ноември“, општина Центар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од страна на лицето А.П., поради претходно недоразбирање околу часови за балет, каде заедно вежбала со ќерката на пријавената. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/majka-napadnala-maloletno-devojche-zaradi-karanica-na-chas-po-balet/feed/ 0
Премиера на балетот „Ана Каренина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-baletot-ana-karenina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-baletot-ana-karenina/#respond Tue, 25 Dec 2018 06:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=144567

Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска. Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска, во алтернација со Марија Кичевска-Шокаровска. Во ликот на Вронски ќе настапи Бобан Ковачевски, Каренин ќе биде Васил Чичијашвили… Сценографијата е на Михајло Стојановски и Сашо Стојановски, костимограф е Александар Ношпал. По премиерата вечер, балетот „Ана Каренина“ репризно ќе биде изведен на 29 декември, а потоа на репертоар од февруари. МОБ најави дека симбиозата на два руски великана во класичната литература и музика, Толстој и Чајковски, е преточена во современа претстава од 21 век, која е сепак во класични рамки и со богата балетска лексика. Кореографот Мујиќ,  кој првпат работи во Македонија, за изборот познатото класично дело од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век да биде основа на претставата, на прес-конференција рече дека покрај нови, балетот мора да опслужува и класични литературни и музички дела. – „Ана Каренина“ припаѓа во опусот на општата култура. Експлоатирана е и во други медиуми – во театар и филм, но може да најде место и во балетот. Она што сè уште ја привлекува  публиката е приказната, односот меѓу ликовите и драмското дејство. А сето тоа  на прекрасна симфониска музика и делници тешки за свирење кои не се изведуваат во балет. Спојот ќе донесе прекрасна претстава, истакна Мујиќ. Чајковски во својот опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, а никогаш не искористил дело од Толстој. Но, за  романтична приказна во „Ана Каренина“, која обработува вечни теми како љубов, прељуба, љубомора, одмазда, трагедија, музиката на Чајковски, според МОБ,  била најсоодветен избор. Диригентката Бисера Чадловска посочи дека во претставата се искористени најубавите и познати делови од симфониите на Чајковски кои, рече, отсекогаш сакала да ги работи и дека со овој балет се исполнува нејзината дамнешна желба. Меѓу делата на Чајковски е и светски популарниот Концерт за виолина кој е многу тежок за изведба и, како што рече, се нафатил да го отсвири нивниот концерт-мајстор Климент Тодоровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-baletot-ana-karenina/feed/ 0