бали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Aug 2023 05:51:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Земјотрес од 7 степени во морето кај Бали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-7-stepeni-vo-moreto-kaj-bali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-7-stepeni-vo-moreto-kaj-bali/#respond Tue, 29 Aug 2023 05:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=871888

Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер рано утрово е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на островите да ги напуштат зградите, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од 516 километри, соопшти EMSC. Индонезиските и американските геолошки агенции известија дека се работи за земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер и оти нема закана од цунами. Земјотресот се случил непосредно пред 4 часот долж бреговите на Бали и Ломбок, а потоа следеле уште два земјотреси со јачина од 6,1 и 6,5 степени, соопшти Индонезиската геолошка агенција. Засега нема извештаи за штети, соопшти индонезиската Агенција за управување со вонредни состојби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-od-7-stepeni-vo-moreto-kaj-bali/feed/ 0
Бали воведува такса, еве колку ќе плаќаат туристите кои сакаат да го посетат овој остров https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bali-voveduva-taksa-eve-kolku-ke-plakaat-turistite-koi-sakaat-da-go-posetat-ovoj-ostrov/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bali-voveduva-taksa-eve-kolku-ke-plakaat-turistite-koi-sakaat-da-go-posetat-ovoj-ostrov/#respond Thu, 13 Jul 2023 16:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=856391

Туристите кои доаѓаат на индонезискиот остров Бали од 2024 година ќе треба да плаќаат такса во износ од 10 долари по лице, соопшти денеска локалниот туристички одбор. Парите првенствено ќе бидат искористени за заштита на животната средина и програми за зачувување на културното наследство на островот, велат од туристичката заедница. Бали е популарен меѓу туристите од целиот свет, особено поради неговите прекрасни полиња со ориз, хинду храмовите и плажите. Данокот ќе се наплатува директно на воздушните или поморските пристаништа од 1 јануари 2024 година. Туристите ќе мора да ја чуваат сметката и соодветната налепница додека не го напуштат островот. -Со оваа политика сакаме да ја зголемиме свеста и одговорноста на странските туристи да учествуваат во заштитата на животната средина и културата на Бали“, рече Путу Астава, шеф на туристичкиот одбор. Туристите неодамна станаа предмет на медиумски извештаи поради нивното недолично однесување, кое вклучува позирање без маица на светата планина Агунг и други свети места. Гувернерот на провинцијата Вајан Костер најави строги мерки како одговор. Минатата недела тој рече дека има намера да го претвори Бали во дестинација за квалитетен туризам и остроумни гости кои ја почитуваат локалната култура. Островот со околу 4,2 милиони луѓе имаше повеќе од 6,2 милиони странски туристи годишно пред пандемијата на коронавирус, но откако беа воведени ограничувања за патувања туристичката индустрија, која е клучен извор на приход за Бали, речиси целосно умре. По укинувањето на рестрикциите, приливот на туристи повторно се зголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bali-voveduva-taksa-eve-kolku-ke-plakaat-turistite-koi-sakaat-da-go-posetat-ovoj-ostrov/feed/ 0
Инфлуенсерка која ги продава голите фотографии на интернет сакала тетоважа од соништата – поради тоа што го добила на раката се гушеше во солзи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/influenserka-koja-gi-prodava-golite-fotografii-na-internet-sakala-tetovazha-od-sonishtata-poradi-toa-shto-go-dobila-na-rakata-se-gusheshe-vo-solzi-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/influenserka-koja-gi-prodava-golite-fotografii-na-internet-sakala-tetovazha-od-sonishtata-poradi-toa-shto-go-dobila-na-rakata-se-gusheshe-vo-solzi-video/#respond Tue, 16 May 2023 11:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=834796

Австралиска инфлуенсерка се расплакала откако отишла во странство за да ја направи тетоважата од соништата, но не испаднала како што очекувала. Тиа Кабир (19) изјавила дека отишла на Бали за да ја направи специјалната тетоважа за која сонувала, но останала вчудоневидена откако уметникот за тетоважи го променил нејзиниот дизајн без дозвола. Инфлуенсерката од Канбера, која заработува за живот продавајќи слики за возрасни на популарна страница за возрасни, побарала да и ги истетовира зборовите „Ангелска енергија“ на десната подлактица. Меѓутоа, наместо тоа, таа заврши со тетоважа „Енергетски ангел“, која целосно ја скрши. „Имав парче хартија на кое пишуваше „Ангелска енергија“, но ми беше малку преголема на раката откако го стави шаблонот на неа, но не забележав“, изјави таа за австралискиот „News.com.au“. Дури откако завршил, таа си ја проверила раката и била шокирана.
@tiakabirr Im lost for words #tattoo #fypシ #fail #foryou ♬ original sound - Tia k
„Дојдов на Бали да ја направам тетоважата за која сонував. Веќе неколку месеци правам тетоважи“, раскажува таа во видеото плачејќи. „Тетоважата тргна наопаку на Бали“, напиша таа на видеото на „Tiktok“, кое е прегледано повеќе од два милиони пати од неделата. Додека некои ја искористија приликата да и се потсмеваат, други се обидуваа да ја утешат велејќи дека „ангелот е се уште таму“. Многумина шпекулираа дека видеото може да биде лажно, Кабир инсистира дека не е, објаснувајќи дека студиото во кое се тетовирала оттогаш направила ревизија за да ја исправи грешката. „Се пожалив и ме поканија да се вратам затоа што се чувствуваат виновни и ја поправија тетоважата. Сега пишува „Енергија на ангелот““, рекла таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/influenserka-koja-gi-prodava-golite-fotografii-na-internet-sakala-tetovazha-od-sonishtata-poradi-toa-shto-go-dobila-na-rakata-se-gusheshe-vo-solzi-video/feed/ 0
ФОТО: Стар авион претворен во луксузна вила на Бали- еве колку чини едно ноќевање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-star-avion-pretvoren-vo-luksuzna-vila-na-bali-eve-kolku-chini-edno-nokevane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-star-avion-pretvoren-vo-luksuzna-vila-na-bali-eve-kolku-chini-edno-nokevane/#respond Tue, 14 Feb 2023 10:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=800275

Можностите за трајно приземјени авиони, се чини, се бескрајни... Некои од нив се пренаменуваат, одат - дел по дел на рециклирање, а некои се претвораат и во ресторани, музеи, кафулиња и разни места за забава и опуштање. Така, еден приватен „Боинг 737“ е претворен во луксузна вила за одмор, сместен на врвот на карпест предел близу плажата Њанг-Њанг во Индонезија, поточно на луксузниот остров Бали. Според многумина, ова е можеби едно од најубавите „пензионирања“ на стар авион досега. Порано дел од сега веќе непостоечката флота на „Мандела ерлајнс“, овој стар „Боинг“ беше купен од инвеститорот Феликс Демин во 2021 година и пренесен до неговото сегашно место. Со две спални соби и базен, вилата-авион којашто се наоѓа на 150 метри надморска височина, е достапна и за изнајмување. Цените за ноќевање се над 7.000 долари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-star-avion-pretvoren-vo-luksuzna-vila-na-bali-eve-kolku-chini-edno-nokevane/feed/ 0
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ БАЛИ – жителите се молат само да не ги снајде кобната 2004 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-strese-bali-zitelite-se-molat-samo-da-ne-gi-snajde-kobnata-2004/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-strese-bali-zitelite-se-molat-samo-da-ne-gi-snajde-kobnata-2004/#respond Tue, 06 Dec 2022 08:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=771592

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Јава и Бали во Индонезија, соопшти индонезиската агенција за следење на земјотресите. Земјотресот се случил во близина на јужниот брег на провинцијата Источна Јава, на длабочина од 10 километри и 305 километри југозападно од Денпасар, Бали, објави Ројтерс. Се додава дека овој земјотрес нема потенцијал да предизвика цунами. Локалните власти проверуваат дали има штета предизвикана од земјотресите, кои силно се почувствуваа во провинцијата Источна Јава и во Бали, велат жителите на социјалните мрежи. Инаку во Индонезија најголема трага остави силниот земјотрес од 9 степени по Рихтер во 2004-та година, по што следуваше и кобно цунами во кое животот го загубија многу луѓе и беше предизвикана огромна материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-go-strese-bali-zitelite-se-molat-samo-da-ne-gi-snajde-kobnata-2004/feed/ 0
„Двете лица“ на Бали https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dvete-lica-na-bali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dvete-lica-na-bali/#respond Thu, 17 Nov 2022 11:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=762334

Бали е едно од најпознатите туристички летувалишта во светот, а луѓето просто уживаат и во самите фотографии од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости таму. Сепак, некои посетители ја откриваат и онаа, „другата“ страна на овој „рај на земјата“. Меѓу првите „маани“ е сезоната на дождови. Како изгледа Бали тогаш, посочи „тиктокерката“ по име Викторија Гулбурн. Таа во својата видеообјава ги покажува „двете лица“ на Бали. Од едната страна е идиличното сместување со лежалки, а веднаш до него – калливата земја по лошото невреме. Бројни корисници ја коментираа нејзината објава, посочувајќи дека Викторија, за жал, дошла во погрешно време од годината. А, еве како изгледа едно од местата со неверојатен поглед за време на дожд. Корисниците истакнуваат дека, и покрај овие критики, Бали е обично место на Земјата, „како и сите други“… Па, се истакнува и дека при планирањето на патувањето на овој остров во Индонезија, неопходно е, како и обично, да се истражат соодветните места за престој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dvete-lica-na-bali/feed/ 0
На Бали средба на Ердоган со саудискиот престолонаследник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-bali-sredba-na-erdogan-so-saudiskiot-prestolonaslednik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-bali-sredba-na-erdogan-so-saudiskiot-prestolonaslednik/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=760759

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман разговараа на маргините на средбата на Г-20 во Бали, Индонезија, јавува Анадолија. Средбата се одржа зад затворени врати. Агенцијата пренесува дека средбата била посветена на билатералните односи, но не се дадени дополнителни информации. На средбата, освен Ердоган, од турска страна учествуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за финансии и финансии Нуредин Небати, министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, директорот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун и портпаролот на претседателот Ибрахим Калан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-bali-sredba-na-erdogan-so-saudiskiot-prestolonaslednik/feed/ 0
Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=760673

Светските лидери денеска и утре се среќаваат на годишниот самит на Г-20 на индонезискиот остров Бали. Главната цел е да и се помогне на економијата да се опорави по коронавирусот, но тензиите околу војната во Украина би можеле да бидат попречувачки фактор, објави Би-Би-Си. Г-20 е клуб на земји кои се состануваат за да разговараат за плановите за глобалната економија. Земјите од Г-20 сочинуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија. Во нив живеат две третини од светската популација. Членки на Г-20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел. Шпанија е секогаш поканета како гостин. Прашањата за кои дискутираат лидерите на Г-20 се движат од економија до климатски промени, одржлива енергија, меѓународно олеснување на долгот и оданочување на мултинационалните корпорации. Секоја година, различна земја-членка на Г-20 го презема претседавањето и ја поставува агендата за состаноците. Како претседавач во 2022 година, Индонезија сака самитот на Бали да се фокусира на глобалните здравствени мерки и постпандемиското економско закрепнување. Исто така, сака да го промовира усвојувањето на стратегија за одржлива енергија. Самитот е и можност лидерите на земјите да одржат билатерални средби. Пред самитот, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг одржаа тричасовен состанок во понеделникот и порачаа дека никогаш не треба да се води нуклеарна војна. Тоа беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател. Бајден и Си истакнаа дека не може да има победници во нуклеарна војна и го нагласија своето противење на употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина. Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Г-20 поради нејзината инвазија на Украина. Индонезиската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот, а руската делегација ќе ја предводи шефот на дипломатијата на таа земја Сергеј Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/feed/ 0
Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/samo-45-stranski-turisti-go-posetile-bali-vo-2021-godina-nasproti-shest-milioni-pred-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/samo-45-stranski-turisti-go-posetile-bali-vo-2021-godina-nasproti-shest-milioni-pred-pandemijata/#respond Thu, 16 Dec 2021 07:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=609115

Популарните дестинации мораа да се справат со значителен пад на туристи во контекст на пандемијата на коронавирус. Сепак, малкумина од нив беа потешко погодени од Бали – индонезискиот остров, миленик на милиони луѓе ширум светот, јави Си-Ен-Ен. Поради строгите мерки за гранична контрола и затворениот аеродром, во 2021 година Бали прими само 45 странски посетители. За споредба, во 2019 година тие беа 6,2 милиони, а во 2020 година – 1,05 милиони. „Ова е најмалиот број странски туристички посети што некогаш сме ги регистрирале“, изјави за Си-Ен-Ен Ниоман Геде Гунадика, шеф на одделот за туризам во провинцијата Бали. Двоцифрениот број е за периодот помеѓу јануари и октомври 2021 година. Бидејќи аеродромот на островот беше затворен за меѓународни летови речиси цела година, овие туристи доаѓаа главно со приватни јахти. Иако аеродромот официјално беше отворен за меѓународни летови на 14 октомври, досега се реализираа само домашни летови, најмногу од главниот град на Индонезија, Џакарта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/samo-45-stranski-turisti-go-posetile-bali-vo-2021-godina-nasproti-shest-milioni-pred-pandemijata/feed/ 0
Светски популарната туристичка дестинација се отвора за странските туристи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-popularnata-turistichka-destinacija-se-otvora-za-stranskite-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-popularnata-turistichka-destinacija-se-otvora-za-stranskite-turisti/#respond Thu, 14 Oct 2021 11:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=578875

Светски познатата туристичка дестинација на Индонезија – островот Бали полека се отвора за странските туристи. Од денеска, целосно вакцинирани посетители од 19 земји, вклучително и Кина, Индија и Франција, може да го посетат Бали, но петдневен карантин во хотелот е задолжителен. Засега нема меѓународни летови, а властите го затворија меѓународниот аеродром во април лани, поради коронавирусот. Во јули годинава, Индонезија стана жариште на Ковид-19 во Азија, но дневниот број на нови заразени е значително намален. Бали е меѓу областите со највисок процент вакцинирано население во земјата – над 82 отсто од луѓето на островот се целосно вакцинирани. Откако беше објавен списокот земји од кои луѓето може да дојдат на Бали, почнаа подготовките на хотелите, рестораните и други стопански гранки. Во нормални услови, островот бележи шест милиони странски гости.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-popularnata-turistichka-destinacija-se-otvora-za-stranskite-turisti/feed/ 0