балистички ракети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Dec 2022 09:27:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балистички ракети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-dve-balistichki-raketi-soopshti-juznokorejskata-vojska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-dve-balistichki-raketi-soopshti-juznokorejskata-vojska/#respond Sun, 18 Dec 2022 09:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=777174

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Заменикот-министер за одбрана на Јапонија Тоширо Ино изјави дека севернокорејските балистички ракети се чини дека паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на височина од 550 километри и прелетале 250 километри. Јапонскиот функционер рече дека засега нема извештаи за каква било штета. Северна Кореја ги лансираше ракетите неколку дена по тестирањето на ракетниот мотор со цврсто гориво за кој експертите велат дека треба да овозможи побрзо и помобилно лансирање балистички ракети, обидувајќи се да развие ново стратешко оружје и да ја забрза својата нуклеарна и ракетна програма. Тестирањето беше спроведено во четвртокот, а го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Северна Кореја изврши невиден број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета што може да стигне до САД, и покрај меѓународните забрани и санкции.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-dve-balistichki-raketi-soopshti-juznokorejskata-vojska/feed/ 0
Русија почна да произведува интерконтинентални балистички ракети Сармат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pochna-da-proizveduva-interkontinentalni-balistichki-raketi-sarmat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pochna-da-proizveduva-interkontinentalni-balistichki-raketi-sarmat/#respond Thu, 24 Nov 2022 07:33:06 +0000 https://kurir.mk/?p=765672

Во Русија почна сериското производство на најновата интерконтинентална балистичка ракета Сармат, изјави директорот наДржавниот ракетен центар Макеев, Владимир Дегтијар. – Ракетниот систем веќе е пуштен во сериско производство, обезбедени се потребните материјали и опремата за производство. Во следните 40 – 50 години Сармат ќе го зајакне борбениот потенцијал на руската армија и ќе ја осигура безбедноста на Русија. Во сегашните геополитички услови ова оружје ќе стане главен фактор за нуклеарно одвраќање и гаранција за зачувување на мирот, истакна Дегтијар. Русија тврди дека новата ракета ќе може да нападне цели и преку Северен и Јужен Пол и на тој начин да ги порази противракетните одбранбени системи на непријателот. Русија претходно објави дека првото лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Сармат било извршено на 20 април и дека било успешно. До крајот на есента тие планираа да изградат и распоредат околу 50 од овие интерконтинентални балистички ракети способни за нуклеарни напади. Сармат има дострел од 18.000 километри и може да биде опремен со нуклеарни боеви глави. Рускиот претседател Владимир Путин во април го искористи лансирањето на ракетата за да му се закани на Западот во контекст на руската војна во Украина. – Ракетата може да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера земјите да размислат пред да и се заканат на Русија, изјави тогаш Путин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pochna-da-proizveduva-interkontinentalni-balistichki-raketi-sarmat/feed/ 0
Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-ushte-chetiri-balistichki-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-ushte-chetiri-balistichki-raketi/#respond Wed, 02 Nov 2022 10:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=754406

Северна Кореја денеска истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска. Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една падна недалеку од јужнокорејски територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја. Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонган, соопшти Сеул. По извршената анализа беше објавено дека станува збор за „балистички ракети со краток дострел“. Сеул утринава соопшти дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за првпат по поделбата на полуостровот.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-istrela-ushte-chetiri-balistichki-raketi/feed/ 0
Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија произведува балистички ракети со помош на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-saudiska-arabija-proizveduva-balistichki-raketi-so-pomosh-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-saudiska-arabija-proizveduva-balistichki-raketi-so-pomosh-na-kina/#respond Fri, 24 Dec 2021 06:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=612365

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Саудиска Арабија активно произведува сопствени балистички ракети со помош на Кина, јави Си-Ен-Ен. Сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Ријад произведува софистицирано оружје на најмалку една локација. Американските власти во голем број агенции, вклучително и Советот за национална безбедност на Белата куќа, беа информирани во последните месеци за доверливи разузнавачки информации кои откриваат повеќекратни големи трансфери на чувствителна ракетна технологија меѓу Кина и Саудиска Арабија. Новите сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Саудијците веќе произведуваат балистички ракети на локација што претходно била изградена со кинеска помош, тврдат експерти кои анализирале фотографии и извори кои потврдуваат напредок во согласност со најновите проценки на американските разузнавачки служби. Сателитските фотографии направени од „Планет“ помеѓу 26 октомври и 9 ноември покажуваат дека операцијата се изведува во објект во близина на Давадми во Саудиска Арабија. Ова го тврдат истражувачите од Институтот за меѓународни студии Мидлбери, кои за Си-Ен-Ен изјавија дека ова е „првиот недвосмислен доказ дека фабриката работи на производство на проектили“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-saudiska-arabija-proizveduva-balistichki-raketi-so-pomosh-na-kina/feed/ 0
САД со осуда за Северна Кореја по денешното тестирање балистички ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-osuda-za-severna-koreja-po-deneshnoto-testiranje-balistichki-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-osuda-za-severna-koreja-po-deneshnoto-testiranje-balistichki-raketi/#respond Tue, 19 Oct 2021 07:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=581791

Индопацифичката команда на американските вооружени сили денеска објави дека тестирањето на севернокорејските ракети е „дестабилизирачко“, но сепак не претставува непосредна закана за САД и нивните сојузници. „САД ги осудуваат тие дејствија и ја повикуваат Северна Кореја да се воздржи од какви било дополнителни дестабилизирачки дејствија“, се вели во соопштението. Северна Кореја утрово истрела најмалку една балистичка ракета од својот источен брег. Јужнокорејските сили соопштија дека утрово е испукана ракета од реон на градот Синпо каде Северна Кореја има подморници и друга техничка опрема за тестирање балистички ракети од подморници. Јапонски премиер Фумио Кишида изјави дека биле регистрирани две балистички ракети. Лансирањето на севернокорејска балистичка ракета од подморница (SLBM), потврдено од јужнокорејски и јапонски претставници, уследи откако американската и јужнокорејската делегација се сретнаа во Вашингтон за да разговараат за ќорсокакот во нуклеарните преговори со Пјонгјанг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-osuda-za-severna-koreja-po-deneshnoto-testiranje-balistichki-raketi/feed/ 0
ВИДЕО: Објавени први снимки од нападот на американските бази во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-prvi-snimki-od-napadot-na-amerikanskite-bazi-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-prvi-snimki-od-napadot-na-amerikanskite-bazi-vo-irak/#respond Wed, 08 Jan 2020 08:19:09 +0000 https://kurir.mk/?p=286666

Иранската државна телевизија објави видео снимка за која тврди дека е балистичкиот ракетен напад на американски воени бази во Ирак, пренесува Гардијан. Иран испали над 20 балистички проектили кон две воени бази во Ирак во кои се наоѓаат американски војници, а Иранслата револуционерка гарда која превзема одговорност за нападот, наведува дека истите се одмазда за убиството на Касим Сулејмани. Според првичните информации од Иран, во нападите настрадале 80 лица. Во текот на денот се очекува обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја следи состојбата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-prvi-snimki-od-napadot-na-amerikanskite-bazi-vo-irak/feed/ 0
Ирак негира дека му дозволил на Иран да распореди балистички проектили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-negira-deka-mu-dozvolil-na-iran-da-rasporedi-balistichki-proektili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-negira-deka-mu-dozvolil-na-iran-da-rasporedi-balistichki-proektili/#respond Sun, 02 Sep 2018 11:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=95330

Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го демантираше тврдењето на новинската агенција Ројтерс дека Ирак му дозволил на Иран да распореди балистички проектили со краток дострел во територии населени со ирачки шиити. - Ирак нема обврска да одговара на медиумски извештаи кои се без никакви докази и со непоткрепени тврдења. Сите институции во Ирак го почитуваат членот 7 од Уставот кој забранува употреба на ирачката територија за операции кои претставуваат закана за други држави, соопшти ирачкото Министерство. Владата на Ирак, во која доминантна улога имаат шиитските партии, негува блиски односи со соседен Иран, од каде доби значителна поддршка за справување со сунитската Исламска Држава. Според тврдењето на Ројтерс, Иран распоредил десетина балистички проектили во Ирак, при што овие ракети, доколку бидат распоредени во јужните или западните делови на земјата, би можеле да ги погодат Ријад или Ерусалим. Иран војува со сунитските држави во регионот, пред се со Саудиска Арабија, на повеќе фронтови, вклучително во Сирија и Јемен. Проектили им биле доставени на групи блиски до Иран, а тие наводно добиле инструкции како и самите да изработат балистички проектили. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази длабока загриженост поради наводното распоредување на овие проектили. Тој ги повика ирачките водачи да ја сменат сегашната Влада бргу по изборите закажани за 12 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-negira-deka-mu-dozvolil-na-iran-da-rasporedi-balistichki-proektili/feed/ 0
Руска подморница успешно ги тестираше ракетите „Булала“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-podmornica-uspeshno-gi-testirashe-raketite-bulala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-podmornica-uspeshno-gi-testirashe-raketite-bulala/#respond Wed, 23 May 2018 06:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=57307

Руската стратешка нуклеарна подморница од класата Бореј, „Јури Долгоруки“ успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети „Булала“. „Стратешката нуклеарна подморница „Јури Долгоруки“ вчера успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети „Булала“ од подрачјето на Белото Mоре кон цели на полигонот Кура на полуостровот Kамчатка“, соопшти прес- службата на руската флота. Ракетите биле лансирани додека подморницата била под површината на водата. „Булала“ има дострел од десет илјади километри и може да носи десет боеви глави со јачина од 150 килотони. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-podmornica-uspeshno-gi-testirashe-raketite-bulala/feed/ 0