балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Aug 2023 19:06:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дачиќ не верува дека Западен Балкан ќе влезе во ЕУ до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachik-ne-veruva-deka-zapaden-balkan-ke-vleze-vo-eu-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachik-ne-veruva-deka-zapaden-balkan-ke-vleze-vo-eu-do-2030-godina/#respond Tue, 29 Aug 2023 19:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=872189

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска во Блед изјави дека не верува оти Западен Балкан ќе стане дел од Европската унија до 2030 година. „ Би бил радосен тоа да е точно. Би бил радосен толку внимание да посветевте во 1990 година пред војната, бидејќи можеби немаше да се случи. И сега се зборува после војната во Украина, нам не ни треба ништо после војната, ни треба нешто пред војна“, рече Дачиќ денеска на панелот на Бледскиот стратешки форум. Тој додаде дека не верува во претстојната европска интеграција на регионот бидејќи критериумите постојано се менуваат, а не се почитуваат договорите на кои ЕУ е гарант, како што е Договорот од Брисел. „На секоја конференција учествуваме 10 или 15 години, а на секоја има позната тема - европската интеграција на Западен Балкан, за да ја задоволиме формата. Нсакоро ќе следат меѓусебни напади врз нас на Запдаен Балкан - ќе кажеме најлошо едни за други така што тие од ЕУ ќе речат дека таму не е ни место, навоистина мислам декла повеќе нема смисла да се организраат вакви собири, а вие од Брисел како да не знаете дека ние сакаме во Евриопската унија, изјави Дачиќ, пренесе БЕТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachik-ne-veruva-deka-zapaden-balkan-ke-vleze-vo-eu-do-2030-godina/feed/ 0
Топ 5 листа: Ова се најбогатите луѓе на Балканот – што сѐ поседуваат? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/top-5-lista-ova-se-najbogatite-luge-na-balkanot-shto-s-poseduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/top-5-lista-ova-se-najbogatite-luge-na-balkanot-shto-s-poseduvaat/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=855862

Балканскиот пазар во последните неколку години забележал значителен раст и развој, што довело до создавање на нови можности за претприемништво и зголемување на богатството на некои од најуспешните деловни луѓе во регионот. Со сѐ поголемиот број на милионери и милијардери на Балканот, овој регион стана важен играч во глобалното, економско опкружување. Најбогатите луѓе на Балканот Најбогатите луѓе на Балканот одамна станале толку богати што нивното богатство не се мери во милиони туку во милијарди евра. Оваа листа е составена врз основа на податоците кои ги објавил „Недељник“ и не прикажува колку пари најбогатите луѓе моментално имаат на сметка, туку колку би биле богати доколку би ги продале своите компании. 1. Дубравко Гргиќ На првото место на најбогати луѓе на Балканот се наоѓа Дубравко Гргиќ, попознат како „крал на осигурувањето“. Неговото деловно издигнување започнало во 1992 година кога со партнерите ја основал осигурителната куќа „Euroherc“. Денес тој е сопственик на „Agram Group“ која во своја сопственост ги има: - „Euroherc“ осигурување; - „Adriatic“ осигурување; - „Agram“ животно осигурување; - „Agram“ лизинг; - „Agram“ банка; - Специјална болница „Agram“; - „MODORA Hotels“… Богатството на Дубравко Гргиќ: 2.84 милијарди евра. 2. Миодраг Костиќ Миодраг Костиќ е еден од најпознатите и најбогати бизнисмени во Србија. Низ увоз и извоз, во текот на 80-тите години ја започнал својата кариера во тој бизнис. Денес е сопственик на компанијата „MK Group“ која работи во различни области и во своја сопственост ги има: - „Garnex“; - „Sunoko“; - „Pik Becej“; - 15 луксузни хотели; - голф терени; - аеродром; - Погони за производство на електрична енергија. Богатството на Миодраг Костиќ: 2.77 милијарди евра. 3. Мирослав Мишковиќ Мирослав Мишковиќ е најпознатиот српски бизнисмен поради контроверзите кои го следат. Меѓу првите во Србија тој основал приватна банка и осигурителна куќа. За неговата компанија работат скоро 5.000 луѓе, а во своја сопственост има: - „Yuhor“; - „Fun&Fit“; - недвижнини, шопинг молови; - „Delta Motors“; - „Delta Automoto“… Богатството на Мирослав Мишковиќ: 2.77 милијарди евра. 4. Мате Римац Еден од најмладите меѓу најбогатите, Мате Римац создал богатство и слава од светски размери со своите иницијативи. Својата кариера ја започнал од гаража и го создал најбрзиот електричен автомобил на светот – „Rimac Nevera“. Во своја сопственост ја има „Rimac Group“ која се состои од следните компании: - „Rimac Automobili“; - „Bugatti Rimac“; - „Rimac Technology“. Богатството на Мате Римац: 2.27 милијарди евра. 5. Драган Шолак Драган Шолак е медиумски манган, основач и сопственик на „United Group Media“. Соработува во осум земји од југоисточна Европа. Покрај тоа од скоро е сопственик и на фудбалскиот клуб Саутемптон. Во негова сопственост се следните медиуми: - „Нова“ телевизиските канали; - „Спортклуб“ телевизиски канали; - „Гранд“ продукција; - „IDJ“ продукција; - „N1“ телевизиски канали; - Порталите: „Danas“, „N1“, „Zadovoljna“, „Dnevnik.hr“; - пет радиостаници; - шест печатени изданија. Богатството на Драган Шолак: 1.33 милијарди евра.   извор: tocka.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/top-5-lista-ova-se-najbogatite-luge-na-balkanot-shto-s-poseduvaat/feed/ 0
AccuWeather објави детална прогноза за летото: Се очекуваат невреме и поплави на Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/accuweather-objavi-detalna-prognoza-za-letoto-se-ochekuvaat-nevreme-i-poplavi-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/accuweather-objavi-detalna-prognoza-za-letoto-se-ochekuvaat-nevreme-i-poplavi-na-balkanot/#respond Wed, 31 May 2023 19:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=841023

Метеоролозите на AccuWeather ја објавија временската прогноза за претстојното лето во Европа, вклучувајќи ја и прогнозираната состојба на Западен Балкан. Поголемиот дел од Европа може да се соочи со суша, но на Балканот се очекуваат бури и поплави. На северната хемисфера летото ќе започне на 21 јуни, приближно три недели по почетокот на метеолошкото лето на 1 јуни. Летното време ќе започне брзо низ централна и северна Европа, додека југоисточните области може да доживеат побавен премин во новата сезона. Дали 2023 година ќе биде и година на рекордни летни температури? Со оглед на тоа дека 2021 и 2022 година ги урнаа сите рекорди за најжешкото лето забележано на европскиот континент, многумина се прашуваат дали и 2023 година ќе биде година на рекордни жештини. Иако во април оваа година Шпанија веќе постави рекорд за највисока априлска температура досега забележана во Европа, метеоролозите не очекуваат дека 2023 година ќе биде уште една година на екстремно високи температури. -Екстремните горештини се очекува да бидат поретки низ континентот отколку во последниве години. Ќе има моменти кога станува жешко, но веројатно нема да се повтори рекордната екстремна топлина од минатото лето, вели метеорологот Тајлер Ројс. Сепак, она за што предупредува AccuWeather се потоплите ноќи од вообичаеното со температури кои имаат тенденција да бидат над историскиот просек за лето во Европа. Источна Европа, пак, е безбедна во овој поглед бидејќи се очекува температурите да бидат блиску до историскиот просек и без топлотни бранови. Тука спаѓаат Унгарија, Романија и Србија. Суво и топло лето Се очекува летото да биде посуво и потопло во споредба со историскиот просек што може да предизвика проблеми со пожари во Скандинавија. Јуни и јули ќе бидат најсушните месеци по кои може да се очекуваат  врнежите. Оние на кои најмногу им требаат врнежи, како што се Шпанија и Италија, се чини дека нема да ги добијат оваа година. Невреме на Балканот AccuWeather ги истакнува северна Франција, Германија, Полска и балканските држави како коридор кој најверојатно ќе се соочи со почести врнежи и полоши временски услови во споредба со остатокот од Европа. -Врнежите треба да бидат блиску до историскиот просек за голем дел од овој регион, што ќе биде добра вест за земјоделските култури низ Балканот, вели Ројс. Сепак, на Балканот, невремето може да резултира со значителен ризик од поплави бидејќи врнежите се зголемуваат над историскиот просек за оваа сезона. -Зоната од северна Франција до Балканот е изложена на најголем ризик од тешки временски услови во однос на грмотевици кои можат да предизвикаат силен ветер и град, рече Ројс. Сепак, тоа не значи дека на Балканот се губи секаква надеж дека нема убави и сончеви денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/accuweather-objavi-detalna-prognoza-za-letoto-se-ochekuvaat-nevreme-i-poplavi-na-balkanot/feed/ 0
Општина Кисела Вода дел од Б40 мрежата на градови – лидери од Балканот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-del-od-b40-mrezhata-na-gradovi-lideri-od-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-del-od-b40-mrezhata-na-gradovi-lideri-od-balkanot/#respond Tue, 23 May 2023 11:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=837884

Успесите и активностите на Општина Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Од неодамна, Кисела Вода е дел од Б40 Мрежата на градови, лидери од регионот, која функциоира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата. Членовите на мрежата работат на подобрување на дијалогот меѓу локалните заедници, соработуваат на полето на културата, иновациите, одржливите политики и солидарноста, но и на развивање на нови области на соработка, имајќи ги предвид ефектите од климатските промени и потребата од зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот. -Задоволство и предизвик е да се работи и соработува со најдобрите од регионот, а со една заедничка цел, да креираме политики кои водат кон подобар и поквалитетен живот за нашите сограѓани. Нашата Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) по претходно добиеното писмо од мојот драг колега @Κώστας Μπακογιάννης - Kostas Bakoyannis, градоначалник на Атина, со што ме информираше дека Кисела Вода и официјално е дел оваа мрежа за градење силно и трајно партнерство. Благодарност до градоначалникот Бакојанис, претседател на Б40 мрежата за овој мандатен период и постојаниот секретаријат во Истанбул. Нашата општина како активен партнер, ќе учествува во работните групи како платформа за размена на идеи и постојни решенија на локално ниво, спроведување на заеднички студии, како и размена на најдобрите практики и работа на заеднички проекти-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Мрежата Б40 е основана во 2021 година на состанок, чиј домаќин беше Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-del-od-b40-mrezhata-na-gradovi-lideri-od-balkanot/feed/ 0
„Охридско лето“ е кодот на културата на Балканот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridsko-leto-e-kodot-na-kulturata-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridsko-leto-e-kodot-na-kulturata-na-balkanot/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=828234

Директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, пред учесниците на Самитот на уметнички фестивали во Гирона, Шпанија ги презентираше успесите на Фестивалот. Поповиќ во рамки на 70. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) рече дека членството на „Охридско лето“ во таа елитна асоцијација е потврда дека Фестивалот е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација, за што потврда е високата оценка од Асоцијацијата со која „Охридско лето“ се искачи на високото петто место меѓу 140 фестивали, членки на ЕФА. -Културата, уметноста и традицијата го опишуваат кодот на секој народ и зборуваат за неговото постоење низ вековите, неговата посебност и специфичност. Токму ’Охридско лето’ е кодот на културата на Балканот, најголемиот промотор на соработка на новата визија на иницијативата ’Отворен Балкан’ вкоја отвора нова култура. Фестивалот ’Охридско лето’ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, Фестивал со вековна отвореност кон културите создавајќи духовна интеракција во размената на светските добра. Повеќе од половина век, ’Охридско лето’ претставува најголемата културна музичко-сценска манифестација, препознатлива не само кај нас, туку и во светски рамки, цврсто чекорејќи кон остварување на мисијата- културна Европа со заеднички врвни културни вредности, истакна во обраќањето директорката Поповиќ. Пред првите луѓе на ЕФА и над 300 делегати и претставници на најдобрите европски фестивали, Поповиќ зборуваше и за богатата фестивалска историја на „Охридско лето“ во градот кој е духовен центар на македонската култура. -Долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува на една голема традиција, која извира од градот Охрид, духовната престолнина на државата и важи за столб на македонската култура и стожер на нашата традиција, нагласи таа. На четиридневниот собир во Гирона и Паралада, Поповиќ оствари и бројни средби на кои беше потенцирана улогата на уметноста, фестивалите и фестивалските чинители во општеството. Според неа, ЕФА е местото од каде се промовира врвната уметност, се негува традицијата, се градат мостови помеѓу културите на различните народи и се создава визија за иднината на светската уметничка сцена. „Охридско лето“ секое фестивалско издание се качува скалило погоре во светот на уметноста. Се воведуваат новини кои го прават поатрактивен и попривлечен за врвните уметници. Остануваме посветени на патот кој го потврдува за нас значајното високо место во Европската асоцијација на фестивали“ истакна Поповиќ. ЕФА асоцијацијата вклучува над сто фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на асоцијацијата. На минатотогодишното фестивалско издание високи претставници на Европската асоцијација на фестивали, предводени од претседателот Јан Бриерс, беа дел од Свеченото отворање на фестивалот со четирите врвни италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridsko-leto-e-kodot-na-kulturata-na-balkanot/feed/ 0
Шолц: Во интерес на Германија и Европа е Балканот да се приклучи на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sholc-vo-interes-na-germanija-i-evropa-e-balkanot-da-se-prikluchi-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sholc-vo-interes-na-germanija-i-evropa-e-balkanot-da-se-prikluchi-na-eu/#respond Wed, 14 Dec 2022 09:50:04 +0000 https://kurir.mk/?p=775355

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска наглчаси дека е во интерес на Германија и Европа останатите земји од Балканот да се приклучат на Европската Унија. Говорејќи во Парламентот пред еднодневниот самит на 27-члената Унија во Брисел, Шолц го поздрави оживувањето на разговорите за пристап во ЕУ со шесте земји од Западен Балкан во последните месеци и вчерашната одлука да и се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина. – Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската Унија, рече тој пред пратениците во Берлин. Шолц, исто така, ја пофали одлуката да и се дозволи на Хрватска да се приклучи на Шенген зоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sholc-vo-interes-na-germanija-i-evropa-e-balkanot-da-se-prikluchi-na-eu/feed/ 0
Приказната која го расплака регионот доби среќен крај (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prikaznata-koja-go-rasplaka-regionot-dobi-srekjen-kraj-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prikaznata-koja-go-rasplaka-regionot-dobi-srekjen-kraj-foto/#respond Thu, 17 Nov 2022 18:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=762584

Приказната за една баба во Србија која живееше без струја во домот доби среќен крај. Љубинка Анѓелковиќ го растажи целиот регион. Седумдесетгодишната жена, која живеела во многу тешки услови, доживеала да види светло во својот дом. Таа живее сама во шума во Козји Дол. До неодамна, нејзината трошна куќичка од контејнер имала само шпорет што не работел, под полн со пукнатини и стари предмети што глувците скоро целосно ги изеле. Тамара Мисирлиќ е млада каратистка од Врање, која ја формираше хуманитарната фондација „Тамара Мисирлиќ“ и помогна на оваа сиромашна жена. „Таа имала своја куќа која се срушила, а потоа ѝ доделиле контејнер кој веќе е дотраен. Бабата има пензија, но нема допир со парите, бидејќи луѓето од продавницата ги земаат тие пари и ѝ носат храна двапати месечно. Таа неретко има проблем со храната“, изјавила Мисирлиќ за „Телеграф“. За еден месец, домот на оваа жена е во ново руво. Контејнерот е пребоен, а жената има и нов мебел. Жената вели дека добрите луѓе ја спасиле од глад и од студ. Сега има можност да живее подостоинствено. Во местото каде живее Анѓелковиќ има многу диви свињи и таа се грижи за нив. Фото: Инстаграм/Тамара Мисирлиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prikaznata-koja-go-rasplaka-regionot-dobi-srekjen-kraj-foto/feed/ 0
Зеленски ја критикуваше глобалната безбедносна архитектура, укажа и на конфликтите на Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ja-kritikuvashe-globalnata-bezbednosna-arhitektura-ukaza-i-na-konfliktite-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ja-kritikuvashe-globalnata-bezbednosna-arhitektura-ukaza-i-na-konfliktite-na-balkanot/#respond Thu, 04 Aug 2022 06:06:15 +0000 https://kurir.mk/?p=713782

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја критикуваше светската безбедносна архитектура како целосно несоодветна, укажувајќи не само на војната во сопствената земја, туку и на конфликтите на Балканот, Тајван, Кавказ. – Сите тие ситуации изгледаат поинаку, иако ги обединува еден фактор: глобалната безбедносна архитектура не функционираше, изјави Зеленски во своето обраќање доцна синоќа. Тој уште еднаш ја обвини Русија за кршење на меѓународното право во својата, со ништо предизвикана, инвазија на Украина. Зеленски ја нарече 2014 година „пресвртница“, откако меѓународната заедница едноставно ја пуштила Русија да се извлече со незаконски дејствија, како анексијата на Крим или соборувањето на авионот на Малезија Ерлајнс над регионот Донбас во источна Украина. Според украинскиот претседател, војната во Украина покажа колку е кревка слободата. На светот му е потребна, како што тој појасни, „ефикасна глобална безбедносна архитектура, која обезбедува ниту една држава повеќе никогаш да не може да употреби терор против друга држава“. Зеленски ја обвини Русија и дека само се преправа оти е отворена за мировни преговори. Тој наведе дека Москва, доколку навистина сака мирно решение на конфликтот, моментално нема да се прегрупира во јужна Украина]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ja-kritikuvashe-globalnata-bezbednosna-arhitektura-ukaza-i-na-konfliktite-na-balkanot/feed/ 0
Белград и Тирана најскапи на Балканот, а еве каде е позиционирано Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-i-tirana-najskapi-na-balkanot-a-eve-kade-e-pozicionirano-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-i-tirana-najskapi-na-balkanot-a-eve-kade-e-pozicionirano-skopje/#respond Wed, 13 Jul 2022 12:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=704484

Врз основа на средногодишниот индекс на Numbeo, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот. -Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека, јави Ора њуз. Numbeo го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, каде повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс. Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него е Тирана. Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија. -Глобалниот бран на поскапувања ги зголеми трошоците за живот насекаде во светот. Оваа инфлација, која во најголем дел не е придружена со зголемување на приходите, се очекува да ја зголеми сиромаштијата насекаде во светот, констатира телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-i-tirana-najskapi-na-balkanot-a-eve-kade-e-pozicionirano-skopje/feed/ 0
КРИПТО-кралица од БАЛКАНОТ меѓу најбараните бегалци во САД: Украла повеќе од 4 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kripto-kralica-od-balkanot-megju-najbaranite-begalci-vo-sad-ukrala-povekje-od-4-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kripto-kralica-od-balkanot-megju-najbaranite-begalci-vo-sad-ukrala-povekje-od-4-milijardi-dolari/#respond Fri, 01 Jul 2022 08:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=698233

Бугарката Руја Игнатова, позната и како „крипто-кралица“ се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци. Американските истражители ја обвинија дека измамила луѓе за повеќе од четири милијарди долари преку нејзината криптовалута „onecoin“. Таа исчезна во 2017 година, кога американските власти потпишаа налог за нејзино апсење. Игнатова го водеше проектот „OneCoin“ и на почетокот на 2014 година на клиентите им понуди провизија доколку ја продадат криптовалутата на поголем број луѓе. Но, ФБИ тврди дека „onecoin“ бил безвреден и никогаш не бил заштитен со блокчејн технологијата што ја користат другите криптовалути. ФБИ ја стави Игнатова на листата на најбарани бегалци, а се бара и помош од јавноста за да ја фатат. Вчера понудија награда од 100.000 долари за каква било информација за тоа каде се наоѓа „криптокралицата“, како што ја нарекуваат. Би-Би-Си соопшти дека една од причините зошто Игнатова е толку тешко да се најде е тоа што исчезнала со најмалку 500 милиони долари, што ѝ помогнало да се скрие од законот. „ Веруваме дека има висококвалитетни лажни лични документи и дека го променила изгледот. А можеби и не е веќе жива”, изјави новинарот Џејми Барлет, кој со години го истражува целиот случај. Игнатова последен пат била видена како се качува на лет од Бугарија за Грција во 2017 година и оттогаш ѝ се губи секаква трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kripto-kralica-od-balkanot-megju-najbaranite-begalci-vo-sad-ukrala-povekje-od-4-milijardi-dolari/feed/ 0