балканци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Aug 2020 09:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балканци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Студија: Повеќето од половината Балканци кои работат во Германија се стручна работна сила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-povekjeto-od-polovinata-balkanci-koi-rabotat-vo-germanija-se-struchna-rabotna-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-povekjeto-od-polovinata-balkanci-koi-rabotat-vo-germanija-se-struchna-rabotna-sila/#respond Wed, 12 Aug 2020 09:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=389641

Повеќе од половина од луѓето од Западен Балкан кои доаѓаат во Германија да работат според посебните правила за тој регион – работат како квалификувана работна сила. Ова го покажува студијата на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ). Дури 54 отсто од работните односи што се склучуваат во Германија преку прописите кои важат за регионот на Западен Балкан се однесуваат на квалификувана работна сила. На следното, повисоко ниво на квалификации – „специјалистите“ и „експертите“ сочинуваат околу четири проценти, а 42 проценти се помошна работна сила, објави Дојче веле (ДВ). Луѓето од земји кои не се членки на Европската унија – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово – можат да бидат вработени во Германија во рамки на утврдените правила за регионот од 2016 година. Услов е тие да имаат обврзувачка изјава од работодавец дека сака да ги вработи. Доказ за квалификации не е потребен. Студијата се фокусирала на 2016 и 2017 година, во кои просечната старост на имигрантите во 73 проценти од случаите била помала од 40. Од тоа, дури 86 проценти биле мажи. Причината, според ДВ, е големата побарувачка во градежништвото, која е една од традиционалните струки за мажи. Во таа стопанска гранка, како што наведе Институтот, 44 отсто од вработените кои дошле во Германија според прописите за земјите од Западен Балкан, нашле работа. Во услужните дејности, како што се хотелиерство и гастрономијата, работат 13 проценти од луѓето во регионот, 11 проценти се во здравствената и социјалната бранша, а во другите услужни дејности, кои вклучуваат, на пример, чистење и перење работат 10 проценти. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-povekjeto-od-polovinata-balkanci-koi-rabotat-vo-germanija-se-struchna-rabotna-sila/feed/ 0
Истражување: Балканците најмалку се плашат од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istrazuvanje-balkancite-najmalku-se-plashat-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istrazuvanje-balkancite-najmalku-se-plashat-od-koronavirusot/#respond Mon, 23 Mar 2020 14:12:36 +0000 https://kurir.mk/?p=320813

Истражување на Галуп покажа дека над 70 проценти од луѓето на Балканот сметаат дека коронавирусот не е толку голема закана како што се претставува. Според истражувачите, тоа можело да се очекува во регион навикнат на кризи, јави Дојче Веле. Галуп спроведе истражување за тоа како луѓето ја доживуваат глобалната пандемија на коронавирусот во коа биле опфатени повеќе од 20 илјади луѓе во 26 земји во светот. Според резултатите, 62 проценти од испитаниците се плашат да не се заразат, но во исто време 56 проценти од нив сметаат дека се претерува околу можната закана. Претседателот на Галуп Интернешнл Асосиејшн (ГИА), Канчо Стојчев изјави дека двата аспекти не се противречни. – Вирусот е реален и нормално е луѓето да се плашат, вели Стојчев во интервју за Дојче Веле. Од друга страна вируси постојат од почетокот на човештвото. Секој човек на светов знае дека постојано сме опкружени со вируси. Од таа причина некои реакции на вирусот им изгледаат претерани, вели Стојчев. Стравот и несигурноста, според студијата, различно се шират во различни делови од светот. Поради тоа, 56 проценти од анкетираните сметаат дека се претерува во однос на заканата од коронавирусот, вели Стојчев. – Знаеме дека во некои земји кризата почна две или три недели порано така што тие сега се во друга фаза. Италија е во многу напредната фаза и разбирливо е како Италијанците реагираат во моментов. Во БиХ на пример имаме уште многу рана фаза, рече тој. Особено во балканските земји кои беа вклучени во анкетата изгледа дека нема паника. Во БиХ 73 проценти од анкетираните сметаат дека се претерува во однос на заканата од вирусот, во Бугарија 72 проценти, а во Република Северна Македонија 73 проценти. За Бугаринот Канчо Стојчев тоа е последица и на историјата на регионот. – Балканот со векови е точка каде што се кршеле копјата. На такви места интензитетот на историјата е многу посилен, што значи дека луѓето морале да се справуваат со значително поголем број кризи.  И изминатите 30 години се пример за тоа. Во Бугарија, Романија и земјите од поранешна Југославија постојано имало кризи. На некој начин навикнати сме на вакви ситуации, изјави Стојчев. Тоа се гледа и кога ќе се направи споредба. Луѓето во земјите од западна Европа заканата од коронавирусот ја доживуваат како реална. Околу 70 проценти од анкетираните го изјавиле тоа. Анкетата покажува дека 76 проценти од испитаниците се подготвени да си ги ограничат личните слободи без разлика дали заканата ја сметаат за претерана или не. На врвот е Австрија со 95 проценти, па Република Северна Македонија со 94 проценти и Холандија со 91 проценти. Најниска е бројката во САД со само 45 проценти. Според Стојчев, можни причини за таквиот став се политичката поделеност и „силната демократска традиција” на земјата. Сржта на студијата за него е во друг аспект. – Гледаме значителен пораст на довербата во националните влади. Ако ги погледнеме бројките сфаќаме дека две третини од луѓето во светот почнуваат да им веруваат на своите влади затоа што се плашат. Вообичаено тие бројки се 20 до 40 проценти. Политичките елити кои беа паднати во немилост, си ја враќаат довербата во ова време кое се доживува како почеток на глобална криза без временски релевантен случај за споредба „Сам“ се заменува со „заедно“, „блиску„ со „далеку“ и „глобално“ со „национално“, вели Стојчев за Дојче Веле. За него ова е крај на времето во кое глобалните пазари ја доминираа политиката. – Нашиот менталитет како потрошувачи е да си постоиме во сопствениот универзум. Може да купуваме, да правиме што сакаме и да патуваме каде сакаме. Актуелната криза ни ја скрши таквата илузија. На крајот на денот сфаќаме дека луѓето се колективни суштества. И кога се работи за глобално и национално, националното е исто колективно, значи да се биде заедно, но не на глобално ниво, изјави тој. Сепак, со оглед на голем број искази за солидарност од голем број луѓе Стојчев согледува и една шанса. – Такви ситуации ги обединуваат луѓето. Принципиелно во животот има две стратегии кога ќе се најдете пред сериозен проблем. Првата е сам да се обидеш да го решиш, другата е заеднички со други луѓе. На крај изгледа најдобро возиш во друштво, истакна претседателот на Галуп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istrazuvanje-balkancite-najmalku-se-plashat-od-koronavirusot/feed/ 0
Детали за новиот германски закон за доселување: Балканците ќе бидат привилегирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-noviot-germanski-zakon-za-doseluvanje-balkancite-kje-bidat-privilegirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-noviot-germanski-zakon-za-doseluvanje-balkancite-kje-bidat-privilegirani/#respond Sat, 17 Aug 2019 17:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=230668

Штефан Мајер, државниот секретар во германското МВР говореше за Дојче Веле за деталите на новиот закон за доселување во Германија и како да се постапува кога на сила ќе стапи новиот закон, а се уште ќе биде на сила таканареченото правило за Западен Балкан. Како што изјави, најзначајно е доселување на стручна работна сила, односно квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ. Додаде дека со овој закон прв пат се воведува единствен поим стручњаци односно квалификувани работници. -Во иднина веќе нема да се применува правило според кое при вработување предност ќе имаат државјани на Германија или некоја друга земја од ЕУ. Исто така се укинува и листата на дефицитарни занимања така што сите групи на вработени се третираат на ист начин, изјави Мајер. -Важно ни е добро познавање на германскиот јазик: во некои области доволно е да се знае основи на јазикот, за вработување е потребно ниво Б1, а за место во образованието Б2, дополни тој. Условите за доаѓање во Германија ќе се проверуваат пред планираното доаѓање и тоа ќе се врши преку дипломатските претставништва. Во Германија ќе имаат можност и да се доквалификуваат заинтересираните граѓани. Според Мајер на некој начин граѓаните од западен Балкан се привилегирани. -Кој ги исполнува условите за доселување според двете правила може да избере кое е поповолно за него. Треба да се напомене дека низ мерката за вработување на граѓани од Западен Балкан во Германија пристигнале многу полуквалификувани и неквалификувани главно постари работници. Тоа буди страв дека Германија би можела да се соочи со додатно оптоварување поврзано со пензијата на овие работници, додава Мајер. Според законот доселениците постари од 45 години мора да докажат дека доволно уплаќале во пензиското осигурување. Тоа е една можност, а втора е дека на новото работно место во Германија заработуваат најмалку 3600 евра бруто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-noviot-germanski-zakon-za-doseluvanje-balkancite-kje-bidat-privilegirani/feed/ 0