балканска рута – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Feb 2021 09:25:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балканска рута – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрија тврди дека расте притисокот врз балканската рута: 100.000 мигранти се обидуваат да дојдат до „златниот запад“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-tvrdi-deka-raste-pritisokot-vrz-balkanskata-ruta-100-000-migranti-se-obiduvaat-da-dojdat-do-zlatniot-zapad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-tvrdi-deka-raste-pritisokot-vrz-balkanskata-ruta-100-000-migranti-se-obiduvaat-da-dojdat-do-zlatniot-zapad/#respond Tue, 02 Feb 2021 09:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=463014

Шефот на Одделот за борба против трговија со луѓе во Криминалистичката служба на Австрија, Гералд Тацгерн предупредува дека расте притисокот на миграцијата врз балканската рута. Тацгерн, во врска со неодамна спречениот влез во Австрија од поголем број мигранти, вели дека станува збор за кривично дело криумчарење мигранти. Во камион од страна на припадниците на војската биле откриени 40 мигранти. Тој истакнува дека за ова време од годината, регистриран е невообичаен број на мигранти во однос на бројот од минатата година. -Околу 100.000 лица, меѓу нив и многу млади мажи, преку балканската рута се обидуваат да дојдат до „златниот запад“, изјави Тацгер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-tvrdi-deka-raste-pritisokot-vrz-balkanskata-ruta-100-000-migranti-se-obiduvaat-da-dojdat-do-zlatniot-zapad/feed/ 0
Италија: Балканската рута активна и за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-balkanskata-ruta-aktivna-i-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-balkanskata-ruta-aktivna-i-za-vreme-na-pandemijata/#respond Wed, 22 Jul 2020 07:52:17 +0000 https://kurir.mk/?p=379487

Балканската рута по која мигрантите се обидуваат да стигнат до земјите во западна Европа е активна и за време на пандемијата на новиот коронавирус, а гувернерот на италијанскиот регион Фурланија-Јулиска краина, кој граничи со Словенија, изјави дека ситуацијата е „неподнослива“. – Фурланија-Јулиска краина не е подготвена за прием на нови илегални мигранти. Повеќе пати ја информирав Владата дека пристигнувањата во овој регион станаа неподносливи, а имаме проблеми и со наоѓање места за карантин, истакна гувернерот Масимилиано Федрига. За 480 мигранти е одреден 14-дневен карантин во касарна во градот Удине, која се смета за црвена зона во тоа место и ќе биде под полициски надзор 24 часа дневно. Италијанскиот сенатор Франко Дал Мас изјави дека италијанската Влада ги затворила границите за Србија и Црна Гора поради епидемиолошките податоци, но затоа „дозволува секојдневен непречен влез на територијата на земјата за десетици мигранти кои се потенцијални преносители на коронавирусот“. Тој додаде дека регионот Фурланија-Јулиска краина се соочува со „спорен, но постојан и секојдневен мигрантски бран, кој е опасен во оваа критична здравствена фаза“. Според податоците на хуманитарната организација Каритас, пред околу една недела во Трст пристигнале рекордни 170 мигранти за еден ден, меѓутоа гувернерот Федрига потврди дека финансиските средства ќе бидат намалени, пишува италијанскиот весник „Ла Стампа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-balkanskata-ruta-aktivna-i-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Двојно зголемен бројот на илегални премини на Балканската рута https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvojno-zgolemen-brojot-na-ilegalni-premini-na-balkanskata-ruta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvojno-zgolemen-brojot-na-ilegalni-premini-na-balkanskata-ruta/#respond Thu, 02 Jan 2020 11:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=284762

Унгарските власти и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) предупредуваат дека во текот на 2019 година двојно е зголемен бројот на илегални гранични премини на така наречената Балканска рута во однос на 2018 година. Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“ (www.balkansec.net), советникот за национална безбедност на премиерот на Унгарија, Ѓерѓ Баконди објави дека бројот на обиди за илегални премини од Балканот кон таа земја во 2019 година достигнал 13.000, што е двојно повеќе од пред една година. – Покрај границата со Србија, забележавме зголемени активности на границите со Хрватска и Романија, истакна  Баконди. Тој додаде дека криумчарските групи започнале да ги враќаат мигрантите од БиХ во Србија, откако Загреб ја засили контролата врз своите граници, со финансиска помош од Европска Унија. Будимпешта оценува дека во Западен Балкан во моментот има околу 98.000 мигранти, што според нив е „ризик за Централна Европа“. – Најновиот извештај на Фронтекс потврдува дека бројот на нелегални влегувања на рутата на Западен Балкан е двојно зголемен во однос на 2018 година. Според Агенцијата, две третини од годинашниот миграциски бран во Европа доаѓа од Турција. Секој трет мигрант е од Авганистан и една четвртина се сириски државјани, наведува  „Балканска безбедносна мрежа“ . Унгарските податоци означуваат промена на трендот на мигрантите во однос на државата на потекло, така што во последните години повеќето баратели на азил биле од Авганистан, Пакистан и Иран, и оваа година има зголемување на сириските државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvojno-zgolemen-brojot-na-ilegalni-premini-na-balkanskata-ruta/feed/ 0