балкански рис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 05:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балкански рис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Балканскиот рис во Европската Унија“ – настан во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/balkanskiot-ris-vo-evropskata-unija-nastan-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/balkanskiot-ris-vo-evropskata-unija-nastan-vo-skopje/#respond Thu, 21 Sep 2023 05:59:46 +0000 https://kurir.mk/?p=880062

Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи настан насловен „Балканскиот рис во Европската Унија“. Целта на настанот, како што велат од Македонското еколошко друштво (МЕД) е да се подигне нивото на заштита на критично загрозениот балкански рис преку македонската интеграција во Европската Унија. На настанот најавено е обраќање на шефот на Делегацијата на Европската Унија  во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир и на извршната директорка на Македонско еколошко друштво Робертина Брајаноска, а презентација за „Балканскиот рис во ЕУ“ ќе има Диме Меловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/balkanskiot-ris-vo-evropskata-unija-nastan-vo-skopje/feed/ 0
Примерок на балкански рис повторно „заловен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primerok-na-balkanski-ris-povtorno-zaloven-od-kamerite-na-natsionalniot-park-galichitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primerok-na-balkanski-ris-povtorno-zaloven-od-kamerite-na-natsionalniot-park-galichitsa/#respond Fri, 07 Apr 2023 11:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=821459

Фото-камерите на Националниот парк „Галичица“ уште еднаш снимија примерок на балкански рис во атарот на паркот. Последните три години ова е осми пат поставените фото-замки да снимат рис во паркот. Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во паркот. Истовремено се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис и оние за спречување на криволов во Националниот парк. Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведоа мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primerok-na-balkanski-ris-povtorno-zaloven-od-kamerite-na-natsionalniot-park-galichitsa/feed/ 0
Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fotografija-na-balkanski-ris-snimena-vo-nacionalniot-park-galichica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fotografija-na-balkanski-ris-snimena-vo-nacionalniot-park-galichica/#respond Thu, 21 Oct 2021 14:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=583234

Млада единка на загрозениот вид балкански рис е фотографирана на специјално поставените фотографски апарати наменети за следење на активностите на срните во Националниот парк „Галичица“. Станува збор за мошне убава и јасна фотографија на млад примерок на рисот, што се помалку го има во нашите шуми. Андон Бојаџи, раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица“, појаснува дека изминатите 18 месеци специјалните сензор камери имаат направено повеќе фотографии на единки на балканскиот рис и тоа на повеќе локации, но оти таквите податоци не се доволни за да се утврди нивната популација и бројност. Идентификацијата на единките преку фотографии е отежната, бидејќи таа се утврдува според шарите на крзното на рисот, што е речиси невозможно преку фотографии со послаб квалитет. Во соработка со Македонско еколошко друштво се прават напори да се процени популацијата на балканскиот рис, вклучително според бројноста на срните што се дел од неговата исхрана. – Таа информација ни е потребна за да можеме некако да процениме колкав е бројот на рисови присутни во НП „Галичица“ и каква е состојбата со пленот. Посредно да се проанализираат условите во живеалиштето за да можеме посоодветно да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на Балканскиот рис, вели Бојаџи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fotografija-na-balkanski-ris-snimena-vo-nacionalniot-park-galichica/feed/ 0
Балканскиот рис е на “црвена листа“ во Македонија, а нема никаква заштита од страна на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/balkanskiot-ris-e-na-crvena-lista-vo-makedonija-a-nema-nikakva-zashtita-od-strana-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/balkanskiot-ris-e-na-crvena-lista-vo-makedonija-a-nema-nikakva-zashtita-od-strana-na-drzavata/#respond Fri, 11 Jun 2021 10:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=521966

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат мерки за да се заштити доколку сакаме да опстои во Република Македонија. Тој се наоѓа на “црвената листа“ и според последните истражувања иако има мал пораст на неговата популација, ризиците за неговото преживување остануваат големи. -Иако се смета за национален симбол и се наоѓа на монетите, балканскиот рис освен декларативно, всушност не се штити од страна на државата. За да постигнеме заштита, потребно е да се заштитат подрачјата во кои живее, се движи и размножува, со фокус на националниот парк Маврово. Препораките на Бернската конвенција ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. За жал, националниот парк Маврово сè уште не е репрогласен и нема закон, а со тоа нема ни мерки за заштита и план за управување. Дополнително, државата нема усвоено стратегија за заштита на балканскиот рис која била подготвена пред повеќе години, но за нејзиното спроведување се неопходни финансиски средства кои не се доделуваат. Фактот што државата не двои финансии за нашите заштитени подрачја при што истите се приморани приходите да ги остваруваат со сеча на шумата е алармантно и неприфатливо,  потенцираше Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во WWF и извршна директорка на Еко-свест. Според “црвената листа“ балканскиот рис е распространет во западните делови на земјата, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица“, на југозапад. Живеалиштата се во листопадни и фрагментирани шуми, како и шибјаци. Во летниот период повремено се движи и по високопланинските пасишта. Тој се храни најмногу со срни, поретко со диви зајаци, дивокози, куни и лисици, а понекогаш и со диви свињи. Леглото на рисот може да има од едно до пет мачиња, во просек од две до три мачиња. Новороденче рис тежи околу 300 грама. На три месеци, мачињата почнуваат да ја следат мајката надвор од дувлото за да јадат месо од нејзиниот улов. На десет месеци, обично околу март или април, мачињата ги оставаат своите мајки и започнуваат независен живот. - Со самото тоа што популацијата на Балканскиот рис се проценува на 32 зрели единки, постои огромна закана за истребување на ова критично загрозено, но харизматично животно. Освен прогласување на заштитени подрачја, потребна е константна едукација на локалното население, но и истражување и мониторинг на балканскиот рис со цел да се утврдат бројноста, трендот, појавата во нови подрачја и да се врши следење со телеметрија. Македонското еколошко друштво има направено извонредни напори и постигнато големи успеси во мониторингот на балканскиот рис. Токму овие напори треба да се поддржат од државата и да се надоградат со системска и интегрирана заштита на овој значаен вид, додаде Чоловиќ Лешоска. Заканите за рисот се бројни, а вклучуваат криволов, вознемирување од страна на луѓето, изградба на голема инфраструктура и туристички центри, загуба на живеалиштата поради прекумерна и непланска сеча на шумите и фрагментација на истите, како и загуба на пленот на рисот, како последица на горенаведените појави. Светскиот фонд за природа (WWF Adria) го одбележува светскиот ден на заштита на рисот 11-ти јуни, и ги поканува сите љубители на дивото животно - рис да донираат за негова заштита со симболично „посвојување“ на рисот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/balkanskiot-ris-e-na-crvena-lista-vo-makedonija-a-nema-nikakva-zashtita-od-strana-na-drzavata/feed/ 0
Тука е: Рисот Бистри владее низ шумите во Националниот парк Маврово (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tuka-e-risot-bistri-vladee-niz-shumite-vo-nacionalniot-park-mavrovo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tuka-e-risot-bistri-vladee-niz-shumite-vo-nacionalniot-park-mavrovo-foto/#respond Tue, 10 Nov 2020 14:12:01 +0000 https://kurir.mk/?p=427411

Деновиве во шумите на Националниот парк Маврово е забележан и фотографиран балканскиот рис Бистри. На 10 балкански рисови од Националниот парк Маврово им беше ставен околувратник со GPS уред, со цел да се следи нивното движење. На Фејсбук профилот на Националниот парк, пак, споделија фотографија од еден од овие рисови – Бистри. Бистри е шестиот балкански рис кој си доби околувратник, а неговото движење се следи од февруари минатата година. Деновиве, рисот е забележан низ шумите на националниот парк, а на нивниот Фејсбук профил споделија и фотографија: Покрај Риси, околувратници со GPS имаат и рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја, Филипче, Нарциса, Лиса и Атиџе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tuka-e-risot-bistri-vladee-niz-shumite-vo-nacionalniot-park-mavrovo-foto/feed/ 0
Погледнете како изгледа прекрасниот балкански рис во националниот парк Маврово (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglednete-kako-izgleda-prekrasniot-balkanski-ris-vo-nacionalniot-park-mavrovo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglednete-kako-izgleda-prekrasniot-balkanski-ris-vo-nacionalniot-park-mavrovo-foto/#respond Fri, 12 Jul 2019 13:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=217797

Повеќе од десет години во континуитет се работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан. Со помош на фотозамките во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис, погледнете како шета низ Националниот парк Маврово.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglednete-kako-izgleda-prekrasniot-balkanski-ris-vo-nacionalniot-park-mavrovo-foto/feed/ 0
Убави вести за балканскиот рис: Младо рисче снимено на Стогово (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubavi-vesti-za-balkanskiot-ris-mlado-rische-snimeno-na-stogovo-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubavi-vesti-za-balkanskiot-ris-mlado-rische-snimeno-na-stogovo-video/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=125685

Македонско еколошко друштво соопштува дека 2018 година за балканскиот рис ја одбележаа неколку непријатни инциденти: смртта на рис најден во Косово, пожарите на планината Мунела во Албанија и прегазената женка рис на патот Кичево-Охрид во Македонија. Иако ваквите инциденти можат да бидат погубни за малите популации, сепак балканскиот рис добро се држи. Доказ за тоа е младото рисче на Маја, заловената рисица на планината Стогово што Друштвото ја следи од почетокот на годинава. -Се изненадивме кога на една од камера замките забележавме видео од малото рисче на Маја, која ја следиме од февруари 2018 година. На снимката направена од нашата камера-замка се гледа дека малото рисче кое има шест месеци има добар апетит и јаде срнечко месо сервирано од неговата мајка. Доколку сме доволно среќни може и ќе го заловиме со GPS околувратник и ќе ги следиме неговите движења, со цел да откриеме како младите рисови наоѓаат нови територии и кои патеки ги користат. Сепак после дождот изгрева сонце!, изјави Диме Меловски, раководител на програмата за зачувување на балканскиот рис во Македонско еколошко друштво. Рисчето најверојатно ќе биде придружувано од неговата мајка се додека не наврши 10 или 11 месеци. Инаку неодамна по непријатната вест за прегазениот рис во Македонија, МЕД реагираше до надлежните министерства и потсети дека автопатите без зелени мостови ќе бидат погубни за животните коишто по потрага за храна или парење често пати се принудени да ги користат. За прегазениот рис критична точка на патот Кичево-Охрид беше меѓу Песочани и Ботун, каде што е Славеј Планина и каде што нема ниту тунели, ниту вијадукти. Балканскиот рис е ставен на листата на критично загрозени животни според Интернационалната унија за заштита на природата (ИУЦН). Според тимот кој 12 години работи на проучувањето и заштитата на ова животно, на просторот на југозападен Балкан нема повеќе од четириесетина возрасни единки од ова животно. Програмата за закрепнување на балканскиот рис е комплексен долгогодишен проект кој во континуитет веќе 12 години работи на заштита на балканскиот рис во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Оваа прекугранична соработка е со експертска поддршка и помош од страна на невладини организации од Швајцарија и Германија. Целата програма е финансирана од швајцарската фондација МАВА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubavi-vesti-za-balkanskiot-ris-mlado-rische-snimeno-na-stogovo-video/feed/ 0