балони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Feb 2023 17:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шарени балони лебдат над рушевините во Турција – од причината ќе роните солзи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shareni-baloni-lebdat-nad-rushevinite-vo-turtsija-od-prichinata-ke-ronite-solzi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shareni-baloni-lebdat-nad-rushevinite-vo-turtsija-od-prichinata-ke-ronite-solzi-video/#respond Sun, 19 Feb 2023 17:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=802351

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина 46.000, а од Турција денеска дојде веста дека спасувачите ќе ја продолжат потрагата само во две провинции, додека во сите други е прекината. Имено, секојдневно сме сведоци на шокантни сцени од овие области кои беа целосно уништени од земјотресите, а она што го заинтригира целиот свет беа балоните кои се поставени на урнатините во Хатај. Многу луѓе се прашуваа зошто на урнатините има црвени, сини и розови балони. Како што јавува Би-Би-Си, овие балони биле обесени во спомен на децата загинати во разорните земјотреси, а биле поставени од волонтери од Турција. Имено, волонтери предводени од фотографот Огун Норт Окура, кои се членови на детската асоцијација Огун Аби, се искачиле на урнатините во Хатај и прикачиле балони на металните жици кои штрчат од купот отпад. Тие првично ги идентификуваат локациите каде загинале децата, а потоа оставаат балони на влезовите во урнатините. „Секој балон што го гледате овде претставува дете кое починало“, изјави за турските медиуми основачот на ова здружение, фотографот Огун Север Окур. Како што наведува Окур, тие сакаат да испорачаат балони низ целиот Хатај. „Се трудиме да го зачуваме споменот на децата кои ги загубија животите. Посакувам да ги ставевме овие балони во рацете на децата. За жал, ги загубивме нашите деца. Ова беше градинка и во зградата живееја многу деца. Каде и да допревме, каде што живееја деца, размислуваме да ги закачиме овие балони“, изјави тој за турските медиуми, според Хуриет. Во еден момент, Окур истакнал дека членовите на здружението учествувале во спасувачките мисии во Адана и Хатај во првата недела по разорниот земјотрес. „Кога ми предадоа тело на дете, дел од мене се скрши“, изјави Окур.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shareni-baloni-lebdat-nad-rushevinite-vo-turtsija-od-prichinata-ke-ronite-solzi-video/feed/ 0
Бела Куќа: Кинески балони за шпионирање оперирале над пет континенти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kineski-baloni-za-shpionirane-operirale-nad-pet-kontinenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kineski-baloni-za-shpionirane-operirale-nad-pet-kontinenti/#respond Wed, 08 Feb 2023 18:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=798036

Белата куќа денеска соопшти дека Кина управува со глобална флота од шпионски балони составени од сличен на оној соборен минатата недела откако навлезе на територија на САД. „Сите овие балони се дел од (кинеска)... флота од балони развиени да спроведуваат операции за набљудување“, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер на новинарите од бродот Ер Форс 1. „Во текот на изминатите неколку години, кинеските балони претходно се регистрирани над земји на пет континенти.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kineski-baloni-za-shpionirane-operirale-nad-pet-kontinenti/feed/ 0
Две лица загинаа во несреќа со балони на туристичко место каде што Македонците масовно патуваат! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dve-lica-zaginaa-vo-nesrekja-so-baloni-na-turistichko-mesto-kade-shto-makedoncite-masovno-patuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dve-lica-zaginaa-vo-nesrekja-so-baloni-na-turistichko-mesto-kade-shto-makedoncite-masovno-patuvaat/#respond Tue, 18 Oct 2022 12:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=747049

Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон на топол воздух во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер. - При спуштањето на балонот, во кој се превезувале 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, додека тројца шпански државјани се повредени, се наведува во соопштението. Во соопштението се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се во опасност, пренесува Ројтерс.
Според нив, несреќата била предизвикана од неочекувано зголемување на силата на ветерот при слетувањето. Летањето со балон со топол воздух е една од најпопуларните атракции во регионот на Кападокија, над долините и вулканските формации познати како „самовилски оџаци“, потсетува британската агенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dve-lica-zaginaa-vo-nesrekja-so-baloni-na-turistichko-mesto-kade-shto-makedoncite-masovno-patuvaat/feed/ 0
Од ожалостените во Британија побарано да не носат плишани мечиња или балони како знак на почит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ozalostenite-vo-britanija-pobarano-da-ne-nosat-plishani-mechinja-ili-baloni-kako-znak-na-pochit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ozalostenite-vo-britanija-pobarano-da-ne-nosat-plishani-mechinja-ili-baloni-kako-znak-na-pochit/#respond Sun, 11 Sep 2022 19:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=731346

Ожалостените во Велика Британија беа повикани да не оставаат мечиња, балони или запалени свеќи меѓу цвеќињата оставени во знак на почит кон покојната кралица, јави ДПА. Службата за кралски парк соопшти дека нема да се прифаќаат подароци или предмети и треба да се носат само цвеќиња. Илјадници ожалостени положија цвеќе во близина на Бакингемската палата и замоците Виндзор и Балморал откако беше објавена смртта на кралицата во четвртокот. Меѓу предметите оставени во знак на почит беа плишани мечиња, меки играчки во облик на кучиња, балони и сендвичи со мармалад како асоцијација на скечот по повод платинестиот јубилеј на кралицата со мечето Падингтон. Кралската канцеларија додаде дека не се дозволени свеќи во парковите и, доколку се најдат, тие ќе бидат изгаснати. Цвеќињата за почит ќе останат на место додека не се завршат сите свечени активности и се очекува да бидат отстранети од парковите седум до 14 дена по датумот на погребот на кралицата. Во меѓувреме, ожалостените околу кралската летна резиденција во Шкотска се збогуваа со Елизабета Втора откако нејзиниот ковчег беше однесен од Балморал и, по шестчасовно патување, ќе биде изложен во катедралата Свети Џајлс во Единбург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ozalostenite-vo-britanija-pobarano-da-ne-nosat-plishani-mechinja-ili-baloni-kako-znak-na-pochit/feed/ 0
Балоните можат да бидат опасни за децата: Ако се полнат со вода, тие можат сериозно да го загрозат нивното здравје https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/balonite-mozat-da-bidat-opasni-za-decata-ako-se-polnat-so-voda-tie-mozat-seriozno-da-go-zagrozat-nivnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/balonite-mozat-da-bidat-opasni-za-decata-ako-se-polnat-so-voda-tie-mozat-seriozno-da-go-zagrozat-nivnoto-zdravje/#respond Mon, 07 Jun 2021 10:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=520051

Родителите честопати не мислат дека некои работи со кои децата играат секој ден и кои изгледаат навидум безопасни во некои ситуации можат да бидат фатални за малите деца. Корисниците на социјалните мрежи масовно го споделуваат предупредувањето на д-р Данијела Рашиќ Маркота, специјалист по физикална медицина и рехабилитација, за несигурноста во играњето со балони исполнети со вода. Д-р Рашиќ Маркота, инаку мајка на две деца, често објавува совети на својот Инстаграм профил кои се корисни за развој на моторните вештини кај децата. Сепак, предупредувањето што неодамна го сподели загрижи многу родители кои ги гледаат балоните, со кои децата често играат и кои претежно се украс за секој роденден, како нешто што не е во опасност. Популарна игра кај децата е се почестото дување на балони исполнети со вода, што може да биде опасно, особено за многу мали деца. - Првиот случај што го видов е дете на возраст од 2 до 3 години, кое се обиде да надува балон кој содржи вода. Бидејќи ваквите балони тешко се надувуваат, детето вдишувало наместо да издишува, а балонот ги затворил дишните патишта. Тоа некогаш здраво дете сега е неподвижно, со сериозно оштетување на мозокот - напиша д-р Рашиќ - Маркота. Постарите деца обично играат со водени балони, но тие честопати можат да завршат во рацете на помладите. - Може да тргне наопаку за еден час. Да бидеме свесни за ова и да се грижиме за мали деца. Да ги заштитиме со отстранување балони, фолии и слично од нив. Посебно апелирам до родителите кои имаат повеќе деца да внимаваат на помладите бебиња кои можат да ползат до балоните со кои играат постарите деца и да ги стават во уста - нагласува лекарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/balonite-mozat-da-bidat-opasni-za-decata-ako-se-polnat-so-voda-tie-mozat-seriozno-da-go-zagrozat-nivnoto-zdravje/feed/ 0
Му врзал балони на малото куче, за тоа да лета – уапсен популарен Јутјубер (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-vrzal-baloni-na-maloto-kuche-za-toa-da-leta-uapsen-popularen-jutjuber-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-vrzal-baloni-na-maloto-kuche-za-toa-da-leta-uapsen-popularen-jutjuber-video/#respond Fri, 28 May 2021 08:38:14 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515941

Индиската полиција уапси „јутјубер“ затоа што му врзал балони со хелиум на своето домашно милениче, за тоа „да лета“. Гаурав Шарма (32) снимил видео на коешто се гледа како неговото куче е врзано за балоните.  Неколку секунди подоцна, некој го прифати кучето на балконот на вториот кат од зградата. Полицијата соопшти дека го уапсила Шарма по жалба против него од организацијата за заштита на животните – „Луѓе за животните“. Шарма вели дека ги почитувал сите безбедносни мерки. Видеото е избришано по негативните реакции. На видеото можеа да се слушнат и овации поради „спасувањето“ на кучето. Подоцна, Шарма се извини, објаснуваќи како ги презел „сите безбедносни мерки“ додека го снимал видеото со кучето Долар. Тој вели дека бил под влијание на други јутјубери кои прават слични акробации. Момчето ги замоли следачите да не градат ставови за него врз основа на ова видео. Тој исто така вели дека е обожавател на миленичиња и дека го сака кучето како свое дете. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-vrzal-baloni-na-maloto-kuche-za-toa-da-leta-uapsen-popularen-jutjuber-video/feed/ 0
Јужнокорејски активисти преку граница пуштија балони со летоци против севернокорејскиот лидер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejski-aktivisti-preku-granica-pushtija-baloni-so-letoci-protiv-severnokorejskiot-lider/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejski-aktivisti-preku-granica-pushtija-baloni-so-letoci-protiv-severnokorejskiot-lider/#respond Tue, 09 Jun 2020 13:25:37 +0000 https://kurir.mk/?p=355682

Активисти од Јужна Кореја испратија десетици илјади летоци во балони со хелиум преку границата со Северна Кореја, по вторпат во последните три дена, а во кои го осудуваат лидерот на таа земја Ким Џонг-ун, јавува Би Би Си. Ова е последен во низата инциденти на Корејскиот Полуостров што доведе до затегнати односи меѓу двете соседни земји. Балоните со вакви пораки, кои ги повикуваат граѓаните да ја пребегнат од Северна Кореја, честопати ги испраќаат дезертери, конзервативни и верски групи. Голем дел од населението на Јужна Кореја се спротивставува на испраќање балони со вакви пораки, поради загриженост за можни напади од север.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejski-aktivisti-preku-granica-pushtija-baloni-so-letoci-protiv-severnokorejskiot-lider/feed/ 0
ФОТО: Големиот крст од балони слета во Требеништа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-golemiot-krst-od-baloni-sleta-vo-trebenishta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-golemiot-krst-od-baloni-sleta-vo-trebenishta/#respond Sat, 19 Jan 2019 18:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=154303

Традиционално, дел од прекрасниот празничен декор за Богојавленските празници во духовното светилиште на Македонија и православието, Охрид, е и голем крст направен од балони. Крстот се издига кон облаците при положувањето на чесниот крст во езерските води. Интересно е што крстот од Охрид денеска „слета“ петнаесеттина километри во селото Требеништа. За охридскиот крст се погрижија жителите на селото кои, пак, исто така испратија крст од бели балони кон небото. Извор: Ohridnews]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-golemiot-krst-od-baloni-sleta-vo-trebenishta/feed/ 0
Продавачи на балони направија хаос во кафеана на Боемска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prodavachi-na-baloni-napravija-haos-vo-kafeana-na-boemska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prodavachi-na-baloni-napravija-haos-vo-kafeana-na-boemska/#respond Sat, 29 Dec 2018 14:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=146502

Вчера околу 20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Боемска“ бил нарушен јавниот ред и мир од страна на три лица кои нуделе балони. Откако гостите И.В. (29), А. Б. (43) и А. Х. (42) им кажале на лицата дека не се заинтересирани, побарале од персоналот во објектот да ги отстрани лицата, што и било направено. Но, по кусо време лицата се вратиле, при што едно од нив влегло во објектот и со секира ја оштетило вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите. Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полициските службеници биле приведени двајца од тројцата напаѓачи во Полициската станица Центар. Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prodavachi-na-baloni-napravija-haos-vo-kafeana-na-boemska/feed/ 0