Балтички земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 14:29:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Балтички земји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Балтичките земји и Полска бараат од НАТО да и го даде на Украина сето оружје што го бара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-i-polska-baraat-od-nato-da-i-go-dade-na-ukraina-seto-oruzhje-shto-go-bara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-i-polska-baraat-od-nato-da-i-go-dade-na-ukraina-seto-oruzhje-shto-go-bara/#respond Wed, 22 Feb 2023 14:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=803742

Претседателот на Литванија Гитанас Науседа најави дека на самитот на Букурешкиот формат( Б-9) каде се земјите од источното крило на НАТО, официјален Вилнус ќе побара од НАТО и САД на Украина да го испрати сето оружје што го бара, па и она што моментално е над црвената линија. Претседателот на Полска Анджеј Дуда рече дека, доколку е потребно, Полска ќе испрати и борбени авиони во Украина. „Прво, да и го дадеме на Украина сето оружје што го бара. Сега. Нема црвени линии во тоа. Второ, мора да го зајакнеме источното крило на НАТО што е можно повеќе. Секој сантиметар од него“, напиша литванскиот претседател на социјалните мрежи. пред самитот во Варшава. Полскиот претседател Анджеј Дуда, во интервјуто кое вечерва во целост ќе го емитува американската ТВ станица Си-Ен-Ен, предупреди дека на Киев сега му треба оружје пред се и најави дека можеби Полска ќе испрати авиони. - Доколку има таква потреба, ќе испратиме и борбени авиони. Прашањето е кога украинските пилоти ќе бидат подготвени да летаат со модерни авиони, на пример со авион Ф16. Обуката на пилотите е посложена и подолга од обуката за тенкови, рече Дуда. Американскиот претседател Џо Бајден, кој заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е главен гостин на попладневниот самит на „Букурешт Девет“ во центарот на Варшава, за време на неговата дводневна посета беше пречекан со платена реклама во која Украинците го молат да испрати им авиони Ф-16. Полска претходно се обиде да покрене иницијатива за снабдување на Украина со оружје што Западот не сака да и го даде, но набрзо ги услови своите најави дека ќе испрати, на пример, борбени авиони, со фактот дека тоа мора да биде одлука на НАТО и дека таа самоиницијативно не би праќала никакво оружје. Шефовите на Влади или држави на Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Летонија, Литванија и Естонија денеска ќе разговараат со американскиот претседател и генералниот секретар на НАТО за тоа како, пред сè, САД дополнително да го зајакнат сојузничкото источно крило кон границите со Русија. Од Самитот на Букурешт Девет се очекува и заедничка декларација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-i-polska-baraat-od-nato-da-i-go-dade-na-ukraina-seto-oruzhje-shto-go-bara/feed/ 0
Шефовите на дипломатиите на седум балтички и нордиски земји во посета на Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-diplomatiite-na-sedum-baltichki-i-nordiski-zemji-vo-poseta-na-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-diplomatiite-na-sedum-baltichki-i-nordiski-zemji-vo-poseta-na-kiev/#respond Mon, 28 Nov 2022 13:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=767624

Шефовите на дипломатиите на седум балтички и нордиски земји денеска се во Киев во знак на поддршка на Украина, која се соочува со прекини на струја предизвикани од руските воздушни напади врз енергетската инфраструктура. „Ние, министрите за надворешни работи на Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Норвешка и Шведска, денеска сме во Киев за да ја изразиме нашата солидарност со Украина“, напиша на Твитер литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис. „И покрај руските бомби и варварската бруталност, Украина ќе победи“, напиша тој покрај фотографијата на министрите на железничката станица во Киев. Украинската енергетска компанија „Укренерго“ претходно денеска објави дека дефицитот во енергетскиот систем на земјата е зголемен на 27 отсто и дека вонредните исклучувања се на сила низ целата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefovite-na-diplomatiite-na-sedum-baltichki-i-nordiski-zemji-vo-poseta-na-kiev/feed/ 0
Балтичките земји повикаа на формирање специјален суд за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-povikaa-na-formiranje-specijalen-sud-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-povikaa-na-formiranje-specijalen-sud-za-ukraina/#respond Fri, 21 Oct 2022 14:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=749114

Балтичките земји побараа денеска, на вториот ден од самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, формирање специјален суд кој ќе суди за злосторствата извршени од Русија во Украина. „Апсолутно треба да разговараме за правниот одговор на извршените злосторства и за формирање специјален суд кој ќе ги процесуира“, изјави естонската премиерка Каја Калас. Според неа, воените злосторства спаѓаат во надлежност на Меѓународниот кривичен суд, но за злосторствата за агресија (против Украина) треба да суди само специјален трибунал. Летонскиот премиер Крисјанис Каринс, исто така, ја повика Европа да се обедини и да ја „поддржи Украина, не само да ја осуди Русија, туку да почне да работи на формирање суд кој ќе бара одговорност од Русија за злосторствата што во моментов ги прави во Украина“. Естонија и Латвија, заедно со Литванија, неодамна ја повикаа ЕУ да и помогне на Украина да воспостави таква јурисдикција, која би била „комплементарна“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Чешка, која моментално претседава со Советот на ЕУ, исто така повика на создавање специјален трибунал откако беа откриени стотици тела закопани во близина на Изјум, град во источна Украина кој беше во рацете на Русија. Земјите од ЕУ немаат заеднички став за создавање ваков специјален трибунал, што во неколку наврати го побара украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела изјави дека е неопходно „прво максимално да се искористат сите постоечки алатки“, а тоа се услугите на украинскиот јавен обвинител, истрагите што ги спроведуваат 14 земји-членки и истрагите на МКС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-povikaa-na-formiranje-specijalen-sud-za-ukraina/feed/ 0
Балтичките земји и Полска го забранија влезот на руски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-i-polska-go-zabranija-vlezot-na-ruski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-i-polska-go-zabranija-vlezot-na-ruski-drzavjani/#respond Mon, 19 Sep 2022 06:36:09 +0000 https://kurir.mk/?p=734615

Балтичките земји и Полска денеска им забранија на руските државјани да влезат на нивна територија, пренесува ДПА. Сите четири земји сега веќе не дозволуваат влез на руски државјани со шенген визи заради туризам, работа, спорт или култура. Тие дозволуваат исклучоци за оние кои веќе имаат престој во европските земји, за политички дисиденти и од хуманитарни причини, пишува ДПА. Заедничката одлука на четирите членки на Европската унија е реакција на руската инвазија на Украина и доаѓа откако повеќето од нив го суспендираа издавањето визи и дозволи за престој за Русите. На руските граѓани и натаму им беше дозволено да влезат на нивна територија доколку имаат визи издадени од некои од преостанатите членки на Шенген, што истекува денеска. Естонската премиерка Каја Калас ги повика другите земји да се приклучат на забраната. „Мораме да ги искористиме сите достапни алатки за да ја принудиме Русија да ја прекине оваа војна“, рече таа во саботата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-i-polska-go-zabranija-vlezot-na-ruski-drzavjani/feed/ 0
Балтичките земји сакаат да ја забрзаат изградбата на морски ветерници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-sakaat-da-ja-zabrzaat-izgradbata-na-morski-veternici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-sakaat-da-ja-zabrzaat-izgradbata-na-morski-veternici/#respond Wed, 31 Aug 2022 07:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=726380

Во период на енергетска криза во Европа, шефовите на владите на осумте балтички земји во Копенхаген се договорија за големо проширување на енергијата на ветрот. - Земјите вклучени во договорот сакаат седумкратно да ги зголемат своите морски капацитети на речиси 20 гигавати до 2030 година, се наведува во заедничкото соопштение. Заедно со лидерите на Данска, Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска, договорот го потпишаа и германскиот канцелар Олаф Шолц и шведската премиерка Магдалена Андерсон. - Посветени сме на зајакнување на нашата енергетска соработка и енергетска отпорност, се вели во договорот. Досега овие земји бараа побрзи процедури за одобрување на проекти за енергија од ветер. Потенцијалот на ветерните електрани на Балтичкото Море е вкупно 93 гигавати. На енергетскиот самит отпатува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. - Енергијата на ветрот во Балтичкото Море би можела да ја покрие потрошувачката на енергија на шест милиони домаќинства до 2030 година, рече таа. Во мај, Данска беше домаќин на самитот за енергија од ветер во Северното Море. Во тоа време, Шолц и неговите колеги од Данска, Белгија и Холандија се согласија да ги зголемат своите морски капацитети до 2030 година за четири пати, достигнувајќи вкупно 65 гигавати. До 2050 година капацитетот во Северното Море треба да се зголеми на 150 гигавати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-sakaat-da-ja-zabrzaat-izgradbata-na-morski-veternici/feed/ 0
Во карантин тројца премиери на балтички држави по средба со словенечкиот колега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-karantin-trojca-premieri-na-baltichki-drzavi-po-sredba-so-slovenechkiot-kolega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-karantin-trojca-premieri-na-baltichki-drzavi-po-sredba-so-slovenechkiot-kolega/#respond Sat, 24 Oct 2020 12:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=420150

Министрите за надворешни работи на сите три балтички земји од денеска се во карантин, бидејќи нивниот словенечки колега е позитивен на новиот коронавирус. Анже Логар беше позитивен во петокот, а во четвртокот ја заврши турнејата низ балтичките земји, каде се сретна со колегите од Летонија, Едгарс Ринкевичиус, Естонија Урмас Реинсалу и Литванија, Линас Линкевичиус. Неколу дена по враќањето од посета на Естонија, претседателот на Полска, Анджеј Дуда, исто така е позитивен на Ковид-19. Во понеделникот, на инвестицискиот форум во Талин, каде Дуда се состана со претседателот на Естонија, Керсти Каjулаид, присуствуваше и претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој веќе е во изолација. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-karantin-trojca-premieri-na-baltichki-drzavi-po-sredba-so-slovenechkiot-kolega/feed/ 0
Балтичките земји ги отворија меѓусебните граници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-gi-otvorija-megjusebnite-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-gi-otvorija-megjusebnite-granici/#respond Fri, 15 May 2020 05:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=346059

Литванија, Летонија и Естонија денеска на полноќ ги отворија своите меѓусебни граници, создавајќи го првиот „патнички меур“ во рамки на Европската унија во обид да ги активираат економиите, погодени од пандемијата на новиот коронавирус. Граѓаните од овие три балтички земји ќе можат слободно да патуваат во регионот, додека од патниците од трети земји ќе се бара да се изолираат 14 дена. – Балтичкиот патнички меур е можност да се отворат бизниси и трошка надеж за луѓето дека животот се враќа во нормала, рече премиерот на Литванија, Саулус Сквемелис. Одлуката на балтичките држави доаѓа во момент кога Европската комисија се обидува да ги убеди 27-те земји членки на ЕУ да ги отворат внатрешните граници. Ниту една од балтичките држави во средата немаше повеќе од седум нови случаи, а помалку од 150 луѓе починаа од коронавирус во целиот регион. – Балтичките земји се блиски партнери со слична епидемиолошка ситуација и нивните економии се добро интегрирани, така што слободното движење на луѓе и стоки е многу важно за регионот, рече Арнолдас Пранкевичиус, претставник на ЕК во Литванија. Ограничувањата за патувања се олеснети и помеѓу Финска и Естонија, како и помеѓу Полска и Литванија, но само од деловни или образовни причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-gi-otvorija-megjusebnite-granici/feed/ 0