балтичко море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Jun 2023 10:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png балтичко море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/#respond Sat, 10 Jun 2023 10:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=844310

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море. Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој Европа се снабдува со руски гас, пишува американскиот весник Волстрит журнал. Истражителите се обидуваат да откријат зошто јахтата користена за минирање на гасоводот влегла во полските води, се наведува во извештајот. Истрагата покажала и дека Полска би можела да биде центар и за логистика и за финансирање на диверзантскиот напад, додава весникот. Истражителите утврдиле дека јахтата го променила планираниот курс и запловила во полските води, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот, сателити и мобилни телефони, од мејлови и собрани примероци од ДНК пронајдени на јахтата, кои Германија се обидела да ги поврзе со најмалку еден украински војник, пренесуваат британските медиуми. Германската полиција и кабинетот на полскиот премиер се уште не одговориле на барањето за коментар на наводите на весникот Волстрит журнал. „Вашингтон пост“ оваа недела објави дека САД знаеле за планот на Украина да го нападне гасоводот „Северен тек“ три месеци пред гасоводот да биде оштетен од подводни експлозии. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украинците не го саботирале гасоводот. Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, кои потврдија дека се намерно предизвикани, но не можеа да утврдат кој е одговорен за нив. Русија инсистира дека е неопходно да се спроведе објективна меѓународна истрага за експлозиите на гасоводот, со нејзино учество, а тврди дека нападите на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември се терористички напади. На почетокот на февруари, познатиот американски истражувачки новинар Сејмур Херш предизвика сензација со своите тврдења дека нуркачи на американската морнарица поставиле експлозивни направи на гасоводи веќе во јуни. Како што објави WSJ, германските истражители заклучиле дека експлозивот користен во нападот HMX бил познат како октоген, безбојна супстанца погодна за уништување на подводната инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/feed/ 0
Шведска: Траги од експлозив пронајдени во близина на оштетените гасоводи во Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-tragi-od-eksploziv-pronajdeni-vo-blizina-na-oshtetenite-gasovodi-vo-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-tragi-od-eksploziv-pronajdeni-vo-blizina-na-oshtetenite-gasovodi-vo-baltichkoto-more/#respond Fri, 18 Nov 2022 09:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=762816

Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив. Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано. – За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно документирана. Анализата што сега е направена покажува траги од експлозив на неколку пронајдени странски предмети. Работата на напредна анализа продолжува со цел да се дојде до поцврсти заклучоци за инцидентот, рече тој. Во соопштението понатаму се наведува дека „прелиминарната истрага е многу сложена и обемна“ и оти работата продолжува. Во документот не се споменуваат имињата на осомничените, а се поздравува соработката на властите во Шведска со оние во другите земји. Соопштението завршува со тврдењето дека обвинителот во овој момент не може да даде повеќе информации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-tragi-od-eksploziv-pronajdeni-vo-blizina-na-oshtetenite-gasovodi-vo-baltichkoto-more/feed/ 0
Финските сеизмолози минатата недела детектирале пет експлозии во руските води на Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskite-seizmolozi-minatata-nedela-detektirale-pet-eksplozii-vo-ruskite-vodi-na-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskite-seizmolozi-minatata-nedela-detektirale-pet-eksplozii-vo-ruskite-vodi-na-baltichkoto-more/#respond Tue, 25 Oct 2022 13:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=750237

Фински сеизмолози минатата недела открија пет подводни експлозии во руските води во Балтичкото Море, соопшти денеска Сеизмолошкиот институт на Универзитетот во Хелсинки. – Детектиравме пет експлозии, најголемата јачина од 1,8 степени (по Рихтеровата скала), а најмалата 1,3 степени, изјави директорот на институтот Тимо Тиира. Четири експлозии се регистрирани во четвртокот и една во петокот во руските територијални води во Финскиот Залив, рече тој, додавајќи дека е јасно дека станува збор за експлозии, а не за сеизмичка активност. Не е познато која била причината, но слични експлозии биле откриени и при претходните поморски вежби и чистење на стари мини од морското дно, рече тој. – И претходно сме откривале експлозии во истата област, но не многу често, и не секоја година, потенцираше Тиира. Руското Министерство за одбрана засега нема коментар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskite-seizmolozi-minatata-nedela-detektirale-pet-eksplozii-vo-ruskite-vodi-na-baltichkoto-more/feed/ 0
Данска и Германија градат тунел под Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-germanija-gradat-tunel-pod-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-germanija-gradat-tunel-pod-baltichkoto-more/#respond Fri, 23 Sep 2022 09:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=736550

Во Балтичкото Море на длабочина од 40 метри се гради тунел којшто ќе го скрати времето на патување меѓу Данска и Германија. Отворањето на тунелот е предвидено за 2029 година. Тунелот наречен „Фемарнбелт“ (Fehmarnbelt Tunnel / Fehmarnbelt Fixed Link), ќе биде долг 18 километри и е еден од најголемите европски инфраструктурни проекти со буџет кој надминува 7 милијарди евра. За споредба, тунелот што ги поврзува Англија и Франција („Евротунелот“ под Ла Манш) е долг 50 километри, завршен е 1993 година, а денес би чинел 12 милијарди фунти. Иако е подолг од „Фемарнбелт“, „Евротунелот“ бил граден со машинско дупчење, а не со потопување на претходно направени делови од тунелот. Новиот тунел е дизајниран како алтернатива на траект-линија што превезува милиони патници годишно. Возењето со траект трае 45 минути, па со воз тоа ќе се намали на седум, а со автомобил на 10 минути. Планирањето на тунелот траеше повеќе од 10 години, а изградбата почна 2020 година, неколку месеци по завршувањето на работите на привременото пристаниште на страната на Данска. Тоа сега ќе служи како погон што ќе произведе вкупно 89 огромни бетонски делови за тунелот. – Првата производна линија ќе биде готова до крајот на оваа или почетокот на следната година. До почетокот на 2024 година ќе бидеме подготвени да го поставиме првиот елемент од тунелот, изјави директорот на данската компанија „Фемерн А/С“, задолжена за проектот. Овој тунел би бил најдолгиот во светот што ќе ги комбинира патниот и железничкиот сообраќај. Ќе се состои од два правци со двојни ленти, па се верува дека ќе го олесни поврзувањето меѓу скандинавските земји и Средна Европа, коешто ќе биде до 160 километри покусо од денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-germanija-gradat-tunel-pod-baltichkoto-more/feed/ 0
ЗАГИНА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ГРИЗМАН – шокантна информација утрово за тоа кој бил во авионот кој исчезна вчера над Балтичкото море (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagina-celoto-semejstvo-grizman-shokantna-informacija-utrovo-za-toa-koj-bil-vo-avionot-koj-ischezna-vchera-nad-baltichkoto-more-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagina-celoto-semejstvo-grizman-shokantna-informacija-utrovo-za-toa-koj-bil-vo-avionot-koj-ischezna-vchera-nad-baltichkoto-more-foto/#respond Mon, 05 Sep 2022 08:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=728769

Во приватниот авион од типот „Cessna 551“ кој се урна во неделата вечерта во Балтичкото Море, загинало семејството Гризман, кое е сопственик на компанијата „Quick Air“ која се занимава со авио-такси и воздушна медицинска помош, објави во понеделникот весникот Diaria de Sevilla. Како што наведува весникот, со авионот управувал самиот челник на компанијата К.П. Гризман, а со него биле сопругата и двете деца, како и двете нивни кучиња. Семејството поседувало куќа во местото Захара де лос Антунес и вообичаено летало на релацијата од Херез на југот од Шпанија, од каде што и полетале во неделата рано попладнето, до германскиот град Келн, каде што е седиштето на компанијата „ Quick Air“. Набрзо по полетувањето од Херез бил остварен и единствениот контакт со пилотот, кој пријавил проблеми со притисокот во кабината. Како што претходно во неделата ноќта, наведуваа стручњаци, летајќи на височина од околу 11.000 метри, проблемите со притисокот во кокпитот или во кабината може да доведат до губење на свеста, со што се објаснуваат двете скршнувања на авионот во текот на летот, како и губењето на комуникацијата меѓу пилотот и контролата на летањето. Според веб-страницата Flightradar, којашто ги следи летовите преку радарските податоци, авионот вчера по полетувањето од Херез ги прелетал Шпанија, Франција и Германија и навлегол во воздушниот простор над Балтичкото Море. Контактот бил загубен по прелетот на крајбрежјето на Полска, руската балтичка енклава Калининград и крајбрежјето на Литванија, до навлегувањето во просторот над крајбрежјето на Латвија. Шпански и француски борбени авиони биле кренати за да ја проверат ситуацијата и за да остварат визуелен контакт со приватниот авион кој не реагирал на комуникацијата од земјата, но пилотите не можеле да препознаат никој во пилотската кабина, ниту во кабината на леталото, пренесе весникот Bild. И во Германија полетал борбен авион од типот „Eurofighter“ од воздухопловната база Рошток со задача да го следи летот на „Cessna“-та, но и неговиот пилот не успеал да идентификува лица во приватниот авион. Подоцна бил кренат и дански ловец „F-16“ кој ја преземал придружбата на леталото и пилотите можеле да видат како авионот повторно скршнува од курсот и се урива во близина на Латвија во 19:45 часот по средноевропски време во неделата. Како што претходно беше објавено авионот регистриран во Австрија, кој полетал попладнето во неделата од јужниот шпански град Херез без наведена крајна дестинација, во текот на летот двапати го менувал правецот и ја загубил комуникацијата, поради што бил следен од борбени авиони на НАТО. Шведската телевизија претходно објави дека авионот „Cessna 551“ полетал од јужна Шпанија околу 15 часот по средноевропско време. Од 15,30 часот одржувал височина од околу 11.000 метри и брзина од околу 670 километри на час. Во 17,20 часот на голема надморска височина го прелетал Готланд а пота се упатил во североисточен правец преку Балтичкото Море. Во 19,30 часот авионот почнал да забавува и да ја губи височината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagina-celoto-semejstvo-grizman-shokantna-informacija-utrovo-za-toa-koj-bil-vo-avionot-koj-ischezna-vchera-nad-baltichkoto-more-foto/feed/ 0
НАТО почна воени вежби во Балтичко Море, учествуваат војници на Шведска и Финска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-pochna-voeni-vezbi-vo-baltichko-more-uchestvuvaat-vojnici-na-shvedska-i-finska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-pochna-voeni-vezbi-vo-baltichko-more-uchestvuvaat-vojnici-na-shvedska-i-finska/#respond Mon, 06 Jun 2022 06:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=687061

НАТО вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели и на која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска. Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне отпорноста и силата во непредвидлив свет“. Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили, изјави дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата. Тој додаде дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО. Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-pochna-voeni-vezbi-vo-baltichko-more-uchestvuvaat-vojnici-na-shvedska-i-finska/feed/ 0
Русија го напушта Советот на државите од Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-napushta-sovetot-na-drzavite-od-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-napushta-sovetot-na-drzavite-od-baltichkoto-more/#respond Tue, 17 May 2022 13:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=677860

Русија соопшти дека го напушта Советот на државите од Балтичкото Море поради зголемените тензии со Западот поради офанзивата на Москва во Украина. Организацијата е политички форум за регионална соработка, кој обединува 11 земји-членки меѓу кои Германија, Финска и Норвешка, како и Европската Унија. Министерство за надворешни работи во Москва соопшти дека организацијата станува „инструмент на антируската политика“ и „сè повеќе тоне во русофобија и лаги“. „Сметаме дека натамошното присуство на нашата земја во Советот е несоодветно и контрапродуктивно“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи. Москва информира дека организацијата планира да одржи состанок во Норвешка на 25 мај без учество на Русија. И покрај напуштањето на Советот, Русија соопшти дека ќе продолжи да биде присутна во балтичкиот регион. „Обидите да се истурка нашата земја од Балтикот се осудени на неуспех“, соопшти Министерството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-napushta-sovetot-na-drzavite-od-baltichkoto-more/feed/ 0
Бродови на НАТО влегоа во Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-na-nato-vlegoa-vo-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-na-nato-vlegoa-vo-baltichkoto-more/#respond Fri, 15 Apr 2022 09:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=663479

Бродовите од составот на првата постојана поморска антиминска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили. „Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО (SNMG1) влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од пет бродови“, се наведува во соопштението. Некои од бродовите вчера впловија во Балтичкото Море додека останатите бродови денеска ќе пристигнат во Талин. Примарна задача на групата е да демонстрира сојузничко присуство во регионот на Балтичкото Море и да спроведе заеднички вежби со естонската воена морнарица. Според командантот на естонската воена морнарица Јуриј Саск, планирано е следната недела да почнат вежби со естонските маринци, а ќе се вежба и поставување и откривање мини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodovi-na-nato-vlegoa-vo-baltichkoto-more/feed/ 0
ЕК: Украина да извезува храна преку Балтичко Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ukraina-da-izvezuva-hrana-preku-baltichko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ukraina-da-izvezuva-hrana-preku-baltichko-more/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=655473

Европската комисија (ЕК) предложи создавање специјални трговски коридори меѓу Полска и Украина, во обид да се намали влијанието на оружениот конфликт врз синџирот на снабдување со земјоделски производи. Шпанскиот весник „АБЦ“ пренесува изјава на еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, кој вели дека „ЕК е подготвена да организира такви зелени коридори за да може Украина да извезува храна преку Балтичко Море од полските пристаништа“. Војчеховски околу ова прашање разговарал со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој изразил подготвеност да направи се што е потребно и можно за да ја поддржи Украина. Транспортните рути предложени од ЕК би можеле да се користат и за испораки на прехранбени производи од Европа во Украина. Еврокомесарот нагласи дека, сепак, приоритет во моментов е помошта за украинските бегалци. Што се однесува на актуелната ситуација, тој посочи дека секој транспорт на стоки низ Украина кон Полска во моментов е „активност со голем ризик“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ukraina-da-izvezuva-hrana-preku-baltichko-more/feed/ 0
Во Балтикот пронајден брод стар пет века https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-baltikot-pronajden-brod-star-pet-veka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-baltikot-pronajden-brod-star-pet-veka/#respond Thu, 25 Jul 2019 07:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=222412

На дното на Балтичкото Море, недалеку од брегот на Шведска, истражувачи пронашле остатоци од брод стар околу 500 години, што се уште е во доста добра состојба. Како што се наведува, бродот потекнува од крајот на 15. или почетокот на 16 век. Се претпоставува дека јарболите, како и другите делови од пловилото се речиси нечепнати поради ладните и помалку солени балтички води. Потеклото на бродот сè уште не е точно утврдено. Освен тоа, нема име, оти во тоа време и во овој дел од светот, именувањето бродови не било пракса, па штотуку пронајденото пловило е означено само како – „Непознат брод” (на шведски – „Okänt Skepp“). Долг е околу 18 метри, речиси колку славната водечка „Санта Марија” на Колумбо, која исто така, е изградена во тоа време. „Непознатиот брод” е од големо историско значење, оти е постар и посочуван од многу други потонати бродови во Балтикот. Археологот Пачеко Руиз го опиша бродот како „најстариот брод на Балтикот” и нагласува дека никогаш порано не е откриен брод со јарболи и сидро во тоа подрачје. Најголемото прашање е – како бродот воопшто завршил на дното, оти нема оштетувања што би можеле да предизвикаат потонување. Следуваат дополнителни истражувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-baltikot-pronajden-brod-star-pet-veka/feed/ 0