БАН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Dec 2020 19:35:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png БАН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАНУ контра БАН со „Промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година“ за непобитноста на македонскиот јазик и нација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-kontra-ban-so-promemorijata-na-manu-od-15-noemvri-2020-godina-za-nepobitnosta-na-makedonskiot-jazik-i-nacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-kontra-ban-so-promemorijata-na-manu-od-15-noemvri-2020-godina-za-nepobitnosta-na-makedonskiot-jazik-i-nacija/#respond Tue, 01 Dec 2020 19:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=437167

Земајќи предвид дека (1) процесот на формирањето на македонскиот народ и македонската нација не е ништо поразличен од другите балкански народи и нации; тој процес не е, и не може да биде последица на административен акт; (2) создавањето на македонската држава е резултат на долготрајната борба на македонскиот народ и другите етнички заедници, преточена во антифашистичката војна и поставена врз антифашистички начела; и (3) Декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик од 5 декември 2019 година, би сакал уште еднаш во оваа емисија да укажам на главните заклучоци од промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година, истакна во своето гостување на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Тие заклучоци се: Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите ги поддржува напорите на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ, залагајќи се, притоа, за почитување на: 1.Меѓународните повелби и конвенции од коишто произлегуваат и неотуѓивите и суверени права на македонскиот народ на самоопределување, тесно поврзани со неговиот државотворен статус и национален, историски, културен, јазичен и номинален идентитет; 2.Резултатите од легитимните пописи на населението изведени во неколку наврати во некогашната Федеративна Република Југославија (1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991) и во Република Македонија (1994, 2002), кога Македонците по своја слободна волја се изјасниле за припадници на посебен етнички и национален ентитет; 3.Резултатите од двата референдума, во 1991 и во 2018 година, кои ја озаконија свеста и волјата на македонските граѓани и на македонскиот народ и го легитимираа нивното неприкосновено право на самоопределување и самоименување; 4.Достоинството на македонскиот народ, 5.Сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки, современата светска славистика и лингвистика, современата светска историска наука, и меѓународното право, според коишто: a.македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години); b.македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и наратив за припадноста на одреден географски и историски простор, истакна Коцарев ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-kontra-ban-so-promemorijata-na-manu-od-15-noemvri-2020-godina-za-nepobitnosta-na-makedonskiot-jazik-i-nacija/feed/ 0
Совет за македонски јазик: Изданието на БАН е најобичен памфлет со низок стил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovet-za-makedonski-jazik-izdanieto-na-ban-e-najobichen-pamflet-so-nizok-stil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovet-za-makedonski-jazik-izdanieto-na-ban-e-najobichen-pamflet-so-nizok-stil/#respond Tue, 12 May 2020 12:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=344996

Овој материјал претставува најобичен памфлет со што се прави обид за попречување на афирмацијата на македонскиот јазик во меѓународни рамки, особено во НАТО и во ЕУ, ова е ставот на Советот за македонски јазик при Владата по повод најновото издание на Бугарската академија на науките (БАН) насловено „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, потпишано од дванаесет автори и шест надворешни консултанти, под раководство на проф. д-р Васил Николов, заменик-претседател на БАН. – Нашата заедничка реакција е содржана во едноставната реченица: Македонците секогаш зборувале и ќе зборуваат на македонски јазик! За жал, овој материјал покажува едно неевропско однесување во 21 век, време кога народите во ЕУ и надвор од неа се сплотуваат и се трудат да ги релаксираат сите белези од минатото што можат да предизвикаат непријатни чувства, нагласува Советот за македонски јазик во реакцијата и додава дека ставот што го изнесува по повод ова издание на БАН е за пред македонската и пред странската научна и политичка јавносст. Во реакцијата потпишана од претседателот на Советот, проф. д-р Људмил Спасов, се посочува дека Советот за македонски јазик при Владата на РСМ се придружува кон сите напредни институции и луѓе во Европа и во светот што градат пријателство и соработка меѓу државите и народите и, ценејќи ја големината на бугарската култура, Советот ја повикува демократската бугарска јавност „да го отфрли овој памфлет од низок стил“. – Постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и секој став што го негира овој непобитен факт го сметаме за свесна провокација. Неочекувано и неприфатливо е ваква реакција да дојде од страна на една академско-научна институција од држава членка на Европската Унија. Познато е дека се одржани многу конференции посветени на македонскиот јазик, литература, историја и култура, на кои присуствувале еминентни професори и научници од целиот свет, чии истражувања не соодветствуваат на ставовите на Бугарската академија на науките, нагласува Советот за македонски јазик во реакцијата. Придружувајќи се целосно кон реакциите на научната и на културната македонска јавност, особено кон реакцијата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот најави збирка на текстови, во книжно и во електронско издание за, како што наведува, „подобро запознавање на нашата и на странската јавност со стојалиштата на македонските научници и на другите мислители од областа на македонската култура“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovet-za-makedonski-jazik-izdanieto-na-ban-e-najobichen-pamflet-so-nizok-stil/feed/ 0
Пендаровски: Беспредметно е да разговараме дали постои македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-bespredmetno-e-da-razgovarame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-bespredmetno-e-da-razgovarame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/#respond Fri, 13 Dec 2019 10:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=277054

Ставот на бугарските академици дека не пости македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век во кој живееме, изјави претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ. – Македонскиот јазик  и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингвистички факт со децении и децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно ниво. Мислам дека е беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт што го знаат сите, не само кај нас и не само кај нив, го знаат во целиот свет, изјави Пендаровски на маргините на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје. Тој потенцира дека и Преспанскиот договор се повикува на Конференцијата на ОН од 1979 година на која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен. – Да потсетам според Уставот на поранешна Југославија од 1974 година, таа држава имаше три официјални јазици. Еден од трите јазици беше и македонскиот јазик. Тоа значи дека кога тогашна Југославија беше членка на ОН и во личната карта како на секоја земја членка на ОН уште од 1974 година стоеше и македонскиот јазик. Значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас навистина мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои, исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира, ниту да потпишува договори со кого било, истакна Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-bespredmetno-e-da-razgovarame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/feed/ 0