банда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 16:40:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png банда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсени македонски државјани кои краделе луксузни автомобили на Халкидики (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-makedonski-drzhavjani-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-makedonski-drzhavjani-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki-foto/#respond Fri, 08 Sep 2023 17:30:23 +0000 https://kurir.mk/?p=876144

За 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, се товарат членовите на криминалната организација, која ја разби грчката полиција, при што уапсени се тројца мажи и се трага по уште три лица вклучени во предметот, сите државјани на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека уапсените се странски државјани, меѓутоа според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за шестмина државјани на Северна Македонија, од кои тројца се уапсени и по тројца се трага, од кои двајца се веќе идентификувани. Едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики. Во рамките на континуираната истрага на полицијата биле откриени и другите две уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство. Конкретното возило било скриено во реонот на Козани, одземено е и ќе му биде вратено на сопственикот. Во однос на методологијата, од грчката полиција објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата. Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство. -Од досегашната истрага произлезе дека уапсените заедно со нивните соучесници, во последниот квартал, се вклучени вкупно: во 18 кражби на возила на различни области на Халкидики, од кои седум украдени возила, се пронајдени; во една кражба на возило на подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирано возило на подрачје на Солун. Вкупната вредност на украдените возила надминува еден милион евра, според оштетените. Исто така, од куќите одзеле и пари, електронски уреди, часовници и слично, чија вкупна вредност надминува 60.000 евра, соопштија од грчката полиција. Уапсените биле изведени пред јавен обвинител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-makedonski-drzhavjani-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki-foto/feed/ 0
На протест во предградие на Порт-о-Пренс банда убила најмалку седум лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protest-vo-predgradie-na-port-o-prens-banda-ubila-najmalku-sedum-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protest-vo-predgradie-na-port-o-prens-banda-ubila-najmalku-sedum-litsa/#respond Sun, 27 Aug 2023 18:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=871595

Банда на Хаити отвори оган од автоматско оружје и уби најмалку седум лица кои маршираа на голем протест против насилството, организиран од еден локален верски лидер. Стотици парохиски верници, од кои некои беа вооружени со мачети, маршираа низ предградијата на главниот град Порт-о-Пренс во обид да ја ослободат областа од членови на бандите, јави Би-би-си. Членови на бандата наводно отвориле оган кон нив со автомати, а се стравува дека бројот на жртви во вчерашната престрелка може да биде и уште поголем. Протестот се одржа во предградието Канаан, што го основаа преживеаните од разорниот земјотрес во 2010 година. Гедеон Жан, директор на Центарот за анализа и истражување на човековите права на Хаити, изјави дека го гледал целиот настан на Интернет и ќе побара од Министерството за правда да го истражи, пренесува американските медиуми. Децениската нестабилност, природните катастрофи и економските тешкотии го направија Хаити една од најсиромашните и најнасилните земји во светот. Насилството на бандите се зголеми по атентатот на претседателот Џовенел Мојс во 2021 година, поради што голем дел од територијата на оваа карипска земја излезе од владина контрола, при што околу 80 отсто од главниот град сега е под контрола на бандите. Оттогаш војните меѓу бандите предизвикаа зголемување на бројот на бегалци, сериозен недостиг на храна, убиства, киднапирања и сексуално насилство. Портпаролката на Канцеларијата на ОН, Равина Шамдасани, изјави дека до 15 август годинава, најмалку 2.439 Хаиќани се убиени, 902 повредени и 951 киднапиран.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protest-vo-predgradie-na-port-o-prens-banda-ubila-najmalku-sedum-litsa/feed/ 0
Паднале повеќе од 5.000 членови на банда во Салвадор! Уапсени за малку повеќе од една недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padnale-povekje-od-5-000-chlenovi-na-banda-vo-salvador-uapseni-za-malku-povekje-od-edna-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padnale-povekje-od-5-000-chlenovi-na-banda-vo-salvador-uapseni-za-malku-povekje-od-edna-nedela/#respond Mon, 04 Apr 2022 11:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=658172

Паднале повеќе од 5.000 членови на банда! Уапсени за малку повеќе од една недела Обвинети се за незаконско поседување на оружје, членство во криминална организација, поседување на дрога и полово насилство. Силите за безбедност уапсиле повеќе од 5.000 членови на банда во Ел Салвадор за нешто повеќе од една недела, рекол денеска претседателот Најиб Букеле, пренесува "Hina". Букеле преку Твитер објавил дека за 8 дена се уапсени 5184 членови на банда, па објавил фотографии од уапсените и видеа од оклопни возила. Полицијата претходно објавила дека само во неделата уапсила 100 осомничени. Обвинети се за незаконско поседување на оружје, членство во криминална организација, поседување на дрога и полово насилство, пишува "Jutarnji List". Владата во Ел Салвадор неодамна прогласила вонредна состојба поради бранот на насилства поврзан со бандите. Зголемени се и казните за злосторствата кои ги вршат членовите на бандите. Организациите кои се занимаваат со човекови права изразиле загриженост, а Букеле рекол дека невладините организации, активистите во борбата за човекови права и новинарите им се сојузници на бандите. „Стана јасно кои се соработниците на бандите“, гласи твитот кој Букеле го објавил во неделата. Салвадор, држава од 6 милиони жители, има една од најголемите стапки за убиства на светот. Според податоците на полицијата, во 2019-та година во просек имало по 36 убиства на 100.000 луѓе, што е двојно помалку отколку пред три години. Откако Букеле е на власт на земјата, тој број паднал на 20 убиства на 100.000. Ги отфрлил обвиненијата за постоење на неофицијален пакт меѓу владата и бандите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padnale-povekje-od-5-000-chlenovi-na-banda-vo-salvador-uapseni-za-malku-povekje-od-edna-nedela/feed/ 0
Бандата од Хаити бара откуп за 17-те киднапирани мисионери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bandata-od-haiti-bara-otkup-za-17-te-kidnapirani-misioneri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bandata-od-haiti-bara-otkup-za-17-te-kidnapirani-misioneri/#respond Tue, 19 Oct 2021 14:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=582124

Бандата која во саботата на Хаити киднапираше група мисионери од САД и Канада, бара откуп од милион долари за секое киднапирано лице или вкупно 17 милиони долари, изјави хаитскиот министер за правда. Истите криминалци во април киднапираа група католички свештеници, кои подоцна биле ослободени, но не е познато дали за нив е платена откупнина. Сите киднапирани се американски државјани, освен еден кој е од Канада. Меѓу нив има пет мажи, седум жени и пет деца. Најмладото дете наводно има само две години, пишува Би Би Си. Мисионерите работеле за Christian Aids Ministries, непрофитна организација со седиште во американската држава Охајо, која набавувала храна и облека за децата од Хаити и им обезбедувала потребно сместување. Седумнаесет христијански мисионери и членови на нивните семејства беа киднапирани во саботата од членови на банда во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Мисионерите беа киднапирани од автобус кој се движеше кон аеродромот за да остават некои членови на групата пред да продолжат на друга дестинација на Хаити, се вели во извештајот. Тие се враќале од посета на сиропиталиште. Весникот „Вашингтон пост“ објави порака која на Ватсап ја испратила една од жртвите за време на киднапирањето. - Ве молам, молете се за нас! Не држат како заложници, го киднапираа нашиот возач. Молете се, молете се. Не знаеме каде не носат, пишува во пораката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bandata-od-haiti-bara-otkup-za-17-te-kidnapirani-misioneri/feed/ 0
Падна „банкомат бандата“ која разнесуваше апарати, формирале и центар за обука https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-bankomat-bandata-koja-raznesuvashe-aparati-formirale-i-centar-za-obuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-bankomat-bandata-koja-raznesuvashe-aparati-formirale-i-centar-za-obuka/#respond Thu, 30 Sep 2021 12:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=570733

Полицијата во Холандија и Германија уапсила девет члена на банда одговорна за низа грабежи на банкомати во Германија, како и за формирање на центар за обука за кревање во воздух на банкоматите, соошти денеска Европол. Откривањето на импровизираниот центар во холандскиот град Утрехт, помогнал во разоткривање на бандата за време на 18 месечната прекугранична истрага. Германската полиција изјавила дека станала сомничава кога 29 годишен Холанѓанец нарачал неколку банкомати истакнувајќи дека му се потребни за еден уметнички проект во Холандија. Банкоматите биле испорачани во складиште во Утрехт каде мажот и негов соучесник се обидувале на разни начини да ги „кренат во воздух“ за да дојдат во готовината. Своите обиди ги снимале, соопшти Европол. -Парот нарачувал разни модели на банкомати и снимал туторијали за тоа како најефикасно да се разнесат, се наведува во соопштението. Полицијата во централна Холандија соопштила дека на крај 29 годишникот починал во септември 2020 година додека тестирал експлозивна направа во центарот за обука, додека еден соучесник бил повреден и уапсен. Нивниот идентитет не е објавен. Полицијата во Холандија уапсила тројца осомничени и извршила претрес во седум објекти, каде била пронајдена опрема која се користи за разнесување банкомати. Најновиот број на приведени за време на истрагата е девет лица. Бандата е обвинета дека минирала најмалку 15 банкомати ширум Германија, нанесувајќи штета од над милион евра. Во 2020 година низ Германија се разнесени околу 414 банкомати, што е зголемување од 19 отсто во однос на годината пред тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-bankomat-bandata-koja-raznesuvashe-aparati-formirale-i-centar-za-obuka/feed/ 0
Разбиена кинеска банда која одгледувала и продавала канабис низ цела Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-kineska-banda-koja-odgleduvala-i-prodavala-kanabis-niz-cela-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-kineska-banda-koja-odgleduvala-i-prodavala-kanabis-niz-cela-evropa/#respond Tue, 20 Apr 2021 15:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=499895

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила една од најголемите банди во земјата која одгледувала канабис и го продавала низ цела Европа. Во големи операции во неколку шпански градови, Португалија и Холандија, полицијата уапсила најмалку 65 лица, повеќето кинески државјани. Во акциите помогнати од Европол, учествуваа повеќе од 350 припадници на безбедносните сили кои извршиле претрес во 29 големи магацини и други објекти во Барселона, Тарагона, Овиедо, Хихон и Билбао и во приватни резиденции во Португалија и Холандија. Полицијата открила 13 плантажи во затворено со скоро 40.000 стебла марихуана чии исушени пупки може да се продадат за шест милиони евра на европскиот црн пазар. Бандата, која бизнисот го водела главно од базата во Барселона, исто така е под истрага за киднапирања и други злосторства извршени во војната за контрола на производството и продажбата на марихуана. Кинеските власти им помагале на шпанските колеги во истрагата за можна трговија со луѓе и перење пари, во врска со операциите на разбиената банда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-kineska-banda-koja-odgleduvala-i-prodavala-kanabis-niz-cela-evropa/feed/ 0
Полицијата го следела Веља Невоља и неговата банда 6 месеци, снимени се разговорите за убиствата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policijata-go-sledela-velja-nevolja-i-negovata-banda-6-meseci-snimeni-se-razgovorite-za-ubistvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policijata-go-sledela-velja-nevolja-i-negovata-banda-6-meseci-snimeni-se-razgovorite-za-ubistvata/#respond Fri, 26 Mar 2021 09:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=488064

Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, Марко Миљковиќ и 20 други осомничени членови на нивната криминална група, биле под мерки за надзор и прислушување шест месеци, дознава „Блиц“. Според информациите на Блиц, точно половина година припадниците на безбедносните служби го следеле секој чекор на Беливук. Нивните разговори биле пресретнати, па полицијата можела да собира докази против нив врз основа на нивната комуникација. -Обвинителството ги стави осомничените на мерки за надзор и прислушување со цел да собере докази против нив. Нивната комуникација била пресретната, а секој чекор бил следен пред да бидат уапсени, вели изворот на „Блиц“. Така, еден од прислушуваните разговори, кој ќе послужи како доказ во текот на постапката, е снимка од разговорот помеѓу Беливук и Марко Андриќ Кузман за планирање на убиството на Милан Лепоја од Ниш, поранешен член на бандата „Пинк Пантери“. Како дел од истрагата против кланот досега се сослушани бројни сведоци. Поради блиски врски и соработка со Невоља, беше испрашуван и поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокез, кој одби полиграфско испитување. Ден по сослушувањето на Кокез, и поранешната државна секретарка на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ била донесена во Службата за борба против организираниот криминал. Исто така, беа сослушани старлетите Тијана Ајфон и Мими Оро. Како дел од истрагата против Беливук, на распит беше и поранешниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, Владимир Вулетиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/policijata-go-sledela-velja-nevolja-i-negovata-banda-6-meseci-snimeni-se-razgovorite-za-ubistvata/feed/ 0
Мета: Албанија е заложник на банда контролирана од Сорос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-albanija-e-zaloznik-na-banda-kontrolirana-od-soros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-albanija-e-zaloznik-na-banda-kontrolirana-od-soros/#respond Sat, 31 Oct 2020 11:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=422969

Албанскиот претседател, Илир Мета,гостувајќи во емисија на Тв Клан обвини дека државата е заложник на банда, контролирана од Сорос и оти народот мора еднаш и засекогаш да ја земе судбината во свои раце. -Еди Рама се претвори во непријател на албанскиот народ. Мојата задача е да се залагам за Уставот и политичкиот плурализам.Рама е тој што ги протера младите од земјата, тој кој им наредува на армиските генерали да не доаѓаат кај претседателот, значи дека државата е заложник на банда контролирана од Сорос. Време е народот да ја земе судбината во свои раце, рече Мета. Додаде дека „25 април е првата битка што започнува да го обновува уставниот поредок во Албанија“. -Денот на парламентарните избори, 25 април е референдум. Луѓето ќе гласаат дали да одат во Европа или да одат во бездна. Мојата главна цел е да ја вратам Албанија на Албанците преку воспоставување референдуми, за да Уставот на Албанија повеќе не се доведува во прашање од две партии, како во 2008 година. Референдум на 25 април и по овој ќе има и други референдуми,рече Мета. Тој одговори и на прашањето дали ќе биде лидер на опозицијата,за што редовно го обвинува премиерот Еди Рама. -Јас денес сум лидер на Албанија. Оваа задача денес ми припаѓа мене. Јас сум лидер на Албанија и воопшто не ме интересираат партии,одговори Мета. Во врска со гласањето во Собранието, каде беше отфрлена неговата уредба за измените во изборниот законик, Мета рече дека тоа го блокира патот на Албанија кон евроинтеграциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-albanija-e-zaloznik-na-banda-kontrolirana-od-soros/feed/ 0
ВИДЕО: Член на банда со пенкало се обиде да убие сведок среде судење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chlen-na-banda-so-penkalo-se-obide-da-ubie-svedok-srede-sudenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chlen-na-banda-so-penkalo-se-obide-da-ubie-svedok-srede-sudenje/#respond Thu, 15 Mar 2018 21:09:38 +0000 http://kurir.mk/?p=30351

Федералниот суд во Солт Лејк Сити објави застрашувачка снимка од 2014 година на која се гледа како член на банда со пенкало го напаѓа сведокот кој сведочел против него, пред да го убие чуварот. На шокантната снимка се гледа како обвинетиот Сиал Ангилау (25), член на бандата на кого му се суди за рекетирање, одеднаш станува, зима пенкало и го напаѓа сведокот кој бега од него. Во тој момент чуварот вади пиштол и испукува во Сиал четири куршуми. - Фрли го пенкалото, фрли го пенкалото, се слуша на снимката. Сведокот, кој исто така е член на бандата и кој сведочел против Ангилау, во моментот на нападот бил со лисици на рацете, но успеал да го избегне и остане неповреден. Видеото е објавено откако судот го отфрли обвинението на семејството на настраданиот за прекумерна употреба на сила. Сиал Ангилау починал во болница од здобиените повреди. Бил обвинет со уште 17 членови на бандата за завера, кражби и напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chlen-na-banda-so-penkalo-se-obide-da-ubie-svedok-srede-sudenje/feed/ 0