бангладеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 15:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бангладеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку двајца загинати во судир меѓу полицијата и опозициски демонстранти во Бангладеш https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-sudir-megu-politsijata-i-opozitsiski-demonstranti-vo-bangladesh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-sudir-megu-politsijata-i-opozitsiski-demonstranti-vo-bangladesh/#respond Tue, 31 Oct 2023 15:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=895002

Најмалку две лица загинаа, а десетици други се повредени во денешниот судир меѓу полицијата и опозициските демонстранти во Бангладеш. Од саботата во ваквите судири загинаа вкупно шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Главната опозициска Националистичка партија на Бангладеш со своите поддржувачи ја почна најавената тридневна блокада на сообраќајот низ целата земја, барајќи ја оставката на премиерката Хасина Вазед и преземање на власта од непартиска привремена влада. Премиерката ја одби можноста за дијалог и на опозицијата и се закани со репресија. Полицијата и приврзаниците на опозицијата се судираат од саботата кога се одржа првиот голем митинг. Во неделата, опозициската партија предводена од поранешниот премиер Калед Зија почна целодневен генерален штрајк низ Бангладеш. Откако беше уапсен опозициски политичар, партијата најави тридневна блокада со која сака да го запре цел Бангладеш и да ја собори владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-sudir-megu-politsijata-i-opozitsiski-demonstranti-vo-bangladesh/feed/ 0
АЛАРМ ПРЕКУ ЗВУЧНИЦИ: Повик за евакуација долж бреговите на Бангладеш и Мјанмар поради циклон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarm-preku-zvuchnitsi-povik-za-evakuatsija-dolzh-bregovite-na-bangladesh-i-mjanmar-poradi-tsiklon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarm-preku-zvuchnitsi-povik-za-evakuatsija-dolzh-bregovite-na-bangladesh-i-mjanmar-poradi-tsiklon/#respond Sat, 13 May 2023 14:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=833841

Активисти волонтери во крајбрежните области во Бангладеш денеска преку звучници ги повикуваат луѓето да одат во засолништа пред исклучително силен циклон што се очекува да стигне до бреговите на Бангладеш и Мјанмар во следните 24 часа. Циклонот Мока се движи кон бреговите на југоисточниот дел на Бангладеш и Мјанмар со брзина од 160 километри на час и налети на ветар до 175 километри, соопшти индиската метеоролошка служба. Се прогнозира дека ќе стигне до копното вечерва во областа меѓу Кокс Базар во Бангладеш и Кјаукпи во Мјанмар. Бангладеш има подготвено повеќе од 1.500 засолништа. Повеќе од еден милион бегалци Рохинџи, кои побегнаа од прогонот во Мјанмар, се сместени токму на патеката на циклонот во камповите во Кокс Базар, каде локалните власти и ОН се подготвуваат за невремето. Бангладеш, кој е подложен на природни катастрофи како што се поплави и циклони, издаде највисоко ниво на предупредување за областа Кокс Базар. Метеоролошката служба на земјата предупреди дека циклонот може да предизвика големи материјални штети и да ги загрози животите во осум крајбрежни области. Според извештаите, локалните власти во 20 области се повикани да се подготват за циклонот. Посебна загриженост има за малиот корален остров Сент Мартинс во Бенгалскиот залив, каде што се прават подготовки за заштита на илјадници жители. Според Центарот за предупредување и прогнозирање поплави во Дака, крајбрежјето може да го погодат силни поројни поплави. И Мјанмар ја подигна тревогата на највисоко ниво, наведувајќи дека циклонот се движи кон брегот во државата Ракајн, во близина на градот Ситве.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarm-preku-zvuchnitsi-povik-za-evakuatsija-dolzh-bregovite-na-bangladesh-i-mjanmar-poradi-tsiklon/feed/ 0
Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа, ужас во Бангладеш https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-19-zaginati-vo-soobrakajna-nesreka-uzhas-vo-bangladesh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-19-zaginati-vo-soobrakajna-nesreka-uzhas-vo-bangladesh/#respond Sun, 19 Mar 2023 10:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=813709

Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот. „Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се префрлени во болница во главниот град Дака“, изјави началникот на локалната полиција Масуд Алам. Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш поради лошото одржување на возилата и патиштата, како и поради недоволната обука на возачите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-19-zaginati-vo-soobrakajna-nesreka-uzhas-vo-bangladesh/feed/ 0
Најмалку 23 загинати во бродска несреќа во Бангладеш https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-brodska-nesrekja-vo-bangladesh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-brodska-nesrekja-vo-bangladesh/#respond Sun, 25 Sep 2022 14:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=737253

Најмалку 23 лица загинаа, а околу 25 се водат како исчезнати откако денеска потона брод во реката Каротоа во северен Бангладеш, соопшти полицијата. Пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите. Во моментот на несреќата во пловилото имало 50 хиндуистички аџии. Бродот потона на реката Каротоа во близина на градот Бода во северниот дел на Бангладеш. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-brodska-nesrekja-vo-bangladesh/feed/ 0
Силни бури во Бангладеш и во Индија, најмалку 59 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-buri-vo-bangladesh-i-vo-indija-najmalku-59-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-buri-vo-bangladesh-i-vo-indija-najmalku-59-zrtvi/#respond Mon, 20 Jun 2022 06:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=692964

Најмалку 59 лица загинаа при лизгање на земјиште и од удар на гром за време на силните бури во Бангладеш и во Индија. Милиони лица се блокирани, а здравстевните работници се борат за да дојдат до најзагрозените. Метеоролози предупредуваат на влошување на временските услови во наредните неколку дена. Владини лица во Бангладеш ја опишуваат состојбата како најлоша во земјата од 2004 година, јави Би-би-си. Постојаните дождови минатата недела поплавија огромни делови од североисточните региони на Бангладеш. Ситуацијата ја влошува истекувањето на дождовницата од планините во соседна Индија. Училиштата се претворени во импровизирани засолништа, а војници евакуираат лица отсечени од соседните заедници. По пет дена непрекинат дожд, во Асам во Индија над 1.8 милиони лица се соочени со поплави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-buri-vo-bangladesh-i-vo-indija-najmalku-59-zrtvi/feed/ 0
Поплави во Бангладеш и Индија, најмалку 57 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-vo-bangladesh-i-indija-najmalku-57-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-vo-bangladesh-i-indija-najmalku-57-zaginati/#respond Sun, 22 May 2022 12:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=680133

Милиони жители на Бангладеш и Индија останаа блокирани во своите домови оради поројните дождови и поплави, соопштија локалните власти. Во Бангладеш околу два милиони лица се погодени од најлошите поплави на североистокот од земјата во последните речиси две децении, јави „Гардијан“. -Најмалку 100 села во Закиганџ се поплавени, откако водата што надоаѓа од североисточна Индија, го проби големиот насип на реката Барак, изјави Мошараф Хосеин, главен владин администратор на регионот Силхет. „Во поплавите досега се заглавени околу два милиона лица“, вчера изјавио Хосеин. Бројни делови од Бангладеш и околните региони во Индија се подложни на поплави, а експертите велат дека климатските промени влијаат на веројатноста дека ќе дојде до екстремни временски настани ширум светот, вклучувајќи го и овој дел од Азија. Десетици лица во Индија ги загубија животите минатата недела, по неколкудневни поплави, клизишта на земјиштето и бури, соопштија локалните служби за катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-vo-bangladesh-i-indija-najmalku-57-zaginati/feed/ 0
Новогодишна прослава во Бангладеш и во Непал по двегодишна пауза поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novogodishna-proslava-vo-bangladesh-i-vo-nepal-po-dvegodishna-pauza-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novogodishna-proslava-vo-bangladesh-i-vo-nepal-po-dvegodishna-pauza-poradi-kovid-19/#respond Thu, 14 Apr 2022 12:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=662964

По двегодишна пауза, илјадници луѓе во Бангладеш и во Непал ја прославија својата нова година со шарени поворки и музички приредби, затоа што пандемијата од коронавирусот стивна, а животот се врати на старото „нормално“. Во Дака, луѓето облечени во традиционална црвена облека влегоа во бенгалската 1429 година. Маршираа, пееја и танцуваа на кампусот на универзитетот во Дака и универзитетскиот парк Рамна. Слична беше организацијата и во други делови на градот и низ земјата, но, прославите беа и во втор план, бидејќи мнозинството муслимански Бангладеш истовремено го слави и месецот на постот, Рамазан. Денеска е национален празник во Бангладеш, земја со 160 милиони жители. Бенгалскиот календар е создаден за време на могулскиот цар Акбар од 16. век, со комбинација од исламски и соларни хинду календари, за да се олесни наплатата на даноците на земјиштето. Изминатите две години, поради пандемијата, немаше свечености. Во Непал, исто така, по двегодишна пауза, денеска е дочекана 2079 година, со посети на хинду храмови и будистички светилишта, каде семејства се молеа за просперитет и среќа. Министерството за здравство на Непал вчера евидентираше само 19 нови инфекции, без смртни случаи со Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novogodishna-proslava-vo-bangladesh-i-vo-nepal-po-dvegodishna-pauza-poradi-kovid-19/feed/ 0
Бројот на загинати во пожарот на траектот се искачи на 39, повредени се 70 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-pozarot-na-traektot-se-iskachi-na-39-povredeni-se-70-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-pozarot-na-traektot-se-iskachi-na-39-povredeni-se-70-lica/#respond Fri, 24 Dec 2021 20:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=612814

Бројот на загинати во пожарот на траектот во јужен Бангладеш се искачи на 39, а 70 лица се повредени, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Јалакати, на брод кој испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри. Пожарникарот Фазул Хаке изјави дека акцијата за спасување продолжува и дека најверојатно бројот на жртви ќе биде поголем. Причината за пожарот се уште не е позната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-pozarot-na-traektot-se-iskachi-na-39-povredeni-se-70-lica/feed/ 0
Свадбена веселба стана хорор: При удар од гром загинаа 16 лица! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svadbena-veselba-stana-horor-pri-udar-od-grom-zaginaa-16-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svadbena-veselba-stana-horor-pri-udar-od-grom-zaginaa-16-lica/#respond Wed, 04 Aug 2021 13:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=546186

При удар на гром денеска загинаа шеснаесет луѓе на свадбена церемонија во Бангладеш, соопштија властите. Сватовите се симнале од брод во градот Шибгањ, недалеку од границата со Индија, за да се засолнат од бурата кога ги погоди гром, изјави  Сакиб ал Раби, локален претставник на властите. Сакиб ал Раби рече дека шеснаесет луѓе загинале во рок од неколку секунди откако претрпеле удар од гром во западната област Чапаинавабганџу. Невестата не била меѓу нив, а младоженецот е повреден. Силните монсунски бури неодамна го погодија Бангладеш, а поројните дождови што го захатија округот Кокс Базар, на југоисток од земјата, усмртија дваесетина луѓе, меѓу кои шест бегалци Рохинџи. Стотици луѓе умираат секоја година од удари на гром во Бангладеш. Официјалните бројки покажуваат дека во 2016 година, громови убиле повеќе од 2.000 луѓе, од кои 82 за само еден ден во мај, а повеќето жртви не се официјално евидентирани. Независно тело процени дека при удар на гром годинава загинале 349 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svadbena-veselba-stana-horor-pri-udar-od-grom-zaginaa-16-lica/feed/ 0
Убиец на 70 тигри уапсен по 20 годишна потрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiec-na-70-tigri-uapsen-po-20-godishna-potraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiec-na-70-tigri-uapsen-po-20-godishna-potraga/#respond Tue, 01 Jun 2021 06:45:41 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517460

Мажот кој се сомничи дека убил 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20 годишна потрага. Хабиб Талукдер, бил уапсен по дојава откако по него биле распишани три потерници, соопштија од полицијата. Тој делувал во шумите на Сундарбанс, на границата меѓу Индија и Бангладеш, каде живеат најголем број бенгалски тигри на светот. -Долго беше во бегство, изјави шефот на полицијата Сајдур Рахман. АП пренесува дека локалното население подеднакво го почитува и се плаши од него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiec-na-70-tigri-uapsen-po-20-godishna-potraga/feed/ 0