банкарски сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 12:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png банкарски сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фич: Девизните резерви повисоки за 270 милиони евра, банкарскиот сектор е стабилен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/fich-deviznite-rezervi-povisoki-za-270-milioni-evra-bankarskiot-sektor-e-stabilen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/fich-deviznite-rezervi-povisoki-za-270-milioni-evra-bankarskiot-sektor-e-stabilen/#respond Sat, 15 Apr 2023 12:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=824252

Македонската економија покажа отпорност на глобалните шокови. Макроекономската стабилност е задржана, поддржана од конзистентната поставеност на политиките и долгорочната стабилност на девизниот курс. И покрај притисоците од увозните цени на енергентите врз трговскиот дефицит, во 2022 година девизните резерви забележаа раст од 270 милиони евра. Со тоа девизните резерви и понатаму остануваат на ниво коешто според меѓународните стандарди е адекватно за поддршка на стратегијата на стабилен девизен курс. Банкарскиот сектор е стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови. Стапката на инфлацијата започна да се намалува од ноември наваму и се очекува тој тренд да продолжи оваа година. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој се подобрува изгледот на кредитниот рејтинг на земјава, на ББ+ со стабилен изглед.

Од „Фич“ наведуваат дека растот на инфлацијата го достигна своето највисоко ниво во октомври 2022 година и забележуваат дека трендот е надолен, како и дека се очекува опаѓање во тек на 2023 година. Ова се должи на олеснувањето на ценовните притисоци кај храната и енергентите, како и затегнувањето на монетарната политика, се наведува во извештајот.

Банкарскиот сектор остана стабилен и не беше зафатен од скорешните глобални стресови, се оценува во извештајот за кредитниот рејтинг. Адекватноста на капиталот минатата година зајакна на 17,7%. Нефункционалните кредити на крајот на 2022 година останаа на историски најниско ниво од 2,9%, додека стрес-тестовите на централната банка покажуваат отпорност на шокови при раст на каматните стапки и цените на енергија. Во извештајот се забележува и дека штедењето во девизи постепено се намалува меѓу другото и како резултат на мерките на Народната банка за повисока стапка на задолжителна резерва на девизната компонента во билансите на банките, што го поттикнува штедењето во денари.

Во извештајот на агенцијата „Фич“ се наведува дека надворешниот сектор остана отпорен и покрај проширувањето на трговскиот дефицит, предизвикан од повисоките цени на храната и енергентите на светските берзи. Иако, ова влијаеше на продлабочување на дефицитот на тековната сметка на околу 6% од БДП, високите приливи на странски директни инвестиции, како и странските извори на финансирање, придонесоа за раст на девизните резерви за 270 милиони евра.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/fich-deviznite-rezervi-povisoki-za-270-milioni-evra-bankarskiot-sektor-e-stabilen/feed/ 0
Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен, има голем капитал и ликвидност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankarskiot-sektor-na-eu-e-otporen-ima-golem-kapital-i-likvidnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankarskiot-sektor-na-eu-e-otporen-ima-golem-kapital-i-likvidnost/#respond Fri, 24 Mar 2023 14:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=816055

Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен затоа што има голем капитал и силна ликвидност, се вели во изјавата на лидерите на ЕУ усвоени на крајот од самитот во Брисел. - Унијата значително ја зајакна отпорноста на банкарскиот систем на ЕУ. Нашиот банкарски сектор располага со силен капитал и позиции на ликвидност, изјавија европските лидери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankarskiot-sektor-na-eu-e-otporen-ima-golem-kapital-i-likvidnost/feed/ 0
Потреба од ажурирање на податоците на граѓаните во банкарскиот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potreba-od-azhurirane-na-podatotsite-na-graganite-vo-bankarskiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potreba-od-azhurirane-na-podatotsite-na-graganite-vo-bankarskiot-sektor/#respond Tue, 07 Feb 2023 08:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=797162

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги. Банките треба да го потврдат идентитетот на клиентот или вистинскиот сопственик при воспоставувањето на деловниот однос. Секоја банка со интерен акт ја определува фреквенцијата на ажурирање на документите и податоците потребни за следење на деловниот однос со клиентите. При промена на некој од личните податоци (адреса, нова лична карта и сл.), клиентот е должен соодветно да ја извести и банката чиишто услуги ги користи. Банките треба да ги информираат граѓаните за наједноставниот, најлесниот и најбрзиот начин на кој можат да ги ажурираат своите лични податоци, како и колку често треба да врши ажурирање на нивните лични податоци кај банката (дури и тогаш кога нема промена на податоците). Во некои банки постои можност ажурирањето на податоците да се врши по електронски пат, без доаѓање на шалтер во банките. Изнаоѓањето начини за известување за новините во регулативата, како и редовната комуникација со клиентите за сите аспекти при користењето на услугите од банкарскиот сектор придонесува кон зголемување на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор, а со тоа се намалува просторот за шпекулации и дезинформации коишто можат да ја нарушат стабилноста на банкарскиот систем, информираат од НБРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potreba-od-azhurirane-na-podatotsite-na-graganite-vo-bankarskiot-sektor/feed/ 0