банки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 14:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png банки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италија воведе данок од 40 отсто на ненадејната добивка на банките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-vovede-danok-od-40-otsto-na-nenadejnata-dobivka-na-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-vovede-danok-od-40-otsto-na-nenadejnata-dobivka-na-bankite/#respond Tue, 08 Aug 2023 14:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=864708

Италијанската влада воведе данок од 40 проценти на овогодинашната неочекувана добивка на банките, а приходот од тој данок ќе им помогне на имателите на хипотекарни заеми и ќе ги намали даноците за граѓаните. Вицепремиерот Матео Салвини изјави дека ќе се оданочува профитот што банките го остваруваат од повисоките камати, пренесува денеска лондонски Гардијан. „Доволно е да се погледне профитот што го остварија банките во првата половина на 2023 година, како и резултатите од зголемувањето на каматните стапки на Европската централна банка, за да се разбере дека не станува збор за неколку милиони евра, туку околу милијарди“, рече тој. Банките имаат корист од зголемувањето на каматите, бидејќи годинава порасна каматата што ја наплатуваат, а ги намалија трошоците за каматите што им ги плаќаат на штедачите. Новиот данок ќе опфати 40 проценти од таа разлика што е новата добивка на банките. „Трошоците за кредити се удвоија за домаќинствата и економијата, но не и за нивните приходи“, рече Салвини. Минатиот месец најголемата италијанска банка Интеса Санпаоло го зголеми очекуваниот профит бидејќи заработи 2,27 милијарди евра нето повеќе отколку што предвидуваше во периодот април-јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-vovede-danok-od-40-otsto-na-nenadejnata-dobivka-na-bankite/feed/ 0
Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bankite-poveke-nema-da-trguvaat-so-gotovina-vo-norveshki-i-shvedski-kruni-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bankite-poveke-nema-da-trguvaat-so-gotovina-vo-norveshki-i-shvedski-kruni-2/#respond Mon, 19 Jun 2023 06:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=847252

Деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK). - Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). Оттаму додаваат дека одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки и шведски круни од страна на домашните деловни банки нема да влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму ќе можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bankite-poveke-nema-da-trguvaat-so-gotovina-vo-norveshki-i-shvedski-kruni-2/feed/ 0
ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/#respond Fri, 12 May 2023 14:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=833532

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банкарскиот сектор и да ги заостри капиталните барања за кредиторите со поголем ризик, предупреди Европскиот суд на ревизори во денеска објавениот извештај. „И покрај зголемените напори во супервизијата на кредитниот ризик на банките и проблематичните кредити“, ЕЦБ не ги зајакна мерките за супервизија на банките со проблеми со кредитниот ризик, заклучуваат ревизорите. ЕЦБ не наметна „пропорционално повисоки барања за капитал“ на банките со поголем ризик и не презеде ништо кога се покажа дека банките немаат соодветни процедури за справување со проблематичните заеми, предупредуваат тие. Тие, сепак, признаа дека проблематичните кредити во банките под надзор на ЕЦБ се намалени. Во низата препораки тие побараа посилна проценка на ризикот на банките, поефективна анализа и користење на сите расположливи супервизорски овластувања. ЕЦБ ги прифати препораките, но нагласи дека тие се обидуваат да им дадат време на банките да се справат со лошите заеми, наместо да понудат посебен третман. Повеќе од 110 големи банки во 21 земја-членка на ЕУ, вклучително и 20 земји кои го користат еврото и Бугарија, се опфатени со супервизорскиот режим на ЕЦБ, основан по финансиската криза во 2008 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/feed/ 0
Во оваа земја минатата година немало грабежи на банки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovaa-zemja-minatata-godina-nemalo-grabezi-na-banki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovaa-zemja-minatata-godina-nemalo-grabezi-na-banki/#respond Tue, 03 Jan 2023 21:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=783609

Бројот на грабежи на банки во Данска минатата година падна на нула, поради зголемената безбедност и намалената употреба на готовина во таа нордиска земја. Бројот на грабежи на банки во Данска постојано се намалува од 2000 година, кога имало 221 грабеж, речиси по еден секој работен ден, јави Си-Ен-Ен . Во 2021 година во Данска имаше само еден грабеж на банка, според податоците од Finance Denmark, индустриска групација за кредитори, додека Блумберг објави дека немало грабежи во 2022 година. Зголемениот број камери за надзор, подобрените алармни системи и посилната соработка со полицијата помогнаа да се намали бројот на грабежи на нула, вели директорот за дигитализација на Finance Danmark, Мајкл Баск-Јепсен. На падот на бројот на грабежи влијаеше и големото намалување на бројот на шалтери: од околу 800 филијали на банки во Данска, само околу 20 сè уште имаат персонал кој се занимава со депозити и повлекувања, изјави Баск-Јепсен за Cи-Ен-Ен, а поголемиот дел од клиентите користат банкомати чиј број во Данска изнесува околу 2.000. Данска има околу 5,9 милиони жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovaa-zemja-minatata-godina-nemalo-grabezi-na-banki/feed/ 0
Во банките во Швајцарија има 46,1 милијарда франци на руски граѓани или компании https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bankite-vo-shvajcarija-ima-46-1-milijarda-franci-na-ruski-gragjani-ili-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bankite-vo-shvajcarija-ima-46-1-milijarda-franci-na-ruski-gragjani-ili-kompanii/#respond Thu, 01 Dec 2022 13:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=769523

Швајцарија соопшти дека во нејзините банки се депонирани 46,1 милијарда франци (46,4 милијарди евра) на руски државјани и правни лица, откако на Москва и се воведени санкции годинава. Швајцарија, која не е членка на Европската унија, но има блиски односи со неа, ги поддржа санкциите на ЕУ кон Русија, откако Москва почна инвазија врз Украина во февруари. Со санкциите, меѓудругото, е забрането примање депозити поголеми од 100.000 франци од руските граѓани и правни лица, компании или организации. Постојните депозити поголеми од тој износ мора да бидат пријавени во швајцарскиот Државен секретаријат за економски работи до почетокот на јуни. Секретаријатот соопшти дека 123 граѓани и правни лица со банките во Швајцарија оствариле 7.548 „деловни односи“ во вкупна вредност од 46,1 милијарда франци. Уште 294 „деловни односи“ во износ од 400 милиони франци (405,6 милиони евра) се остварени со Белорусија, близок сојузник на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bankite-vo-shvajcarija-ima-46-1-milijarda-franci-na-ruski-gragjani-ili-kompanii/feed/ 0
Либанските штедачи насила си ги земаат заробените пари од банките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/libanskite-shtedachi-nasila-si-gi-zemaat-zarobenite-pari-od-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/libanskite-shtedachi-nasila-si-gi-zemaat-zarobenite-pari-od-bankite/#respond Tue, 04 Oct 2022 16:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=741025

Либанските штедачи денеска упаднаа во најмалку четири банки поради тоа што во земјата има недостиг од готовина. Банките, по седумдневното затворање, сега се делумно повторно отворени. Дел од светските медиуми пишуваат дека економската криза во земјата се влошува, па сè поголем број либански штедачи одлучуваат да влезат во банките и насила да си ги земат заробените пари. Како што се наведува, либанските банки поради недостиг од готовина, наметнале неформални ограничувања за покревање пари. Упадите најверојатно го одразуваат растечкиот гнев на јавноста кон банките и властите што се борат да ја реформираат корумпираната и оштетена либанска економија. Поради економската криза три четвртини од населението западнало во сиромаштија, што Светската банка ја опишува како една од најлошите за повеќе од еден век. Во меѓувреме, либанската фунта изгуби 90 отсто од својата вредност во однос на доларот, што им отежнува на милиони лица низ земјата да се справат со нагло растечките цени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/libanskite-shtedachi-nasila-si-gi-zemaat-zarobenite-pari-od-bankite/feed/ 0
Турските државни банки го суспендираа рускиот систем за плаќање „Мир“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-drzavni-banki-go-suspendiraa-ruskiot-sistem-za-plakjanje-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-drzavni-banki-go-suspendiraa-ruskiot-sistem-za-plakjanje-mir/#respond Fri, 30 Sep 2022 09:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=739451

Три турски државни банки го суспендираа рускиот систем за плаќање под повеќенеделниот засилен притисок на Вашингтон, кој предупреди дека системот може да се користи за избегнување на санкциите воведени против Русија поради инвазијата врз Украина. Одлуката на Турција, која ја зголеми трговската размена со Русија за време на војната во Украина, претставува драматичен пример како заканите од секундарни санкции од САД ги принудуваат земјите да се дистанцираат од Русија, пишуваат дел од светските медиуми. Банките „Халкбанк“, „ВакифБак“ и „Зираат банк“ го суспендираа плаќањето преку системот „Мир“ на 27 септември. Потегот следува откако две приватни турски банки, „Исбанк“ и „ДенизБанк“ информираа за прекин на плаќањето преку рускиот еквивалент на Мастеркард и Виза. Анкара инсистирала руските туристи да го користат „Мир“ за купување и плаќање во хотели. Но, западните претставници изразиле загриженост оти системот може да се користи како канал за незаконски финансиски трансакции, пишуваат дел од британските медиуми. Одлуката трите државни банки да престанат да го користат „Мир“ означува и пресврт на турскиот став за санкциите против Русија, оценува Блумберг, укажувајќи дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган се обидел да балансира кога е во прашање Украина и имал состаноци и преговарал со рускиот колега Владимир Путин. Во ставот на турскиот претседател почнаа да се забележуваат знаци на суптилна промена, откако минатата недела беше во САД на годишниот состанок на Обединетите Нации, посочува Блумберг. По враќањето од Њујорк, Ердоган ги повика највисоките претставници, вклучувајќи го министерот за финансии Нуредин Небати, да разговараат за алтернативи за „Мир“. Истиот ден, портпаролот на Ердоган на националниот телевизиски канал изјави дека во војната, Турција е цврсто на страна на Украина, повикувајќи ја Русија да се повлече од окупираните територии. Заменикот на американскиот министер за финансии, Воли Адејемо во јуни ги посети Анкара и Истанбул, со цел да ја изрази загриженоста на Вашингтон дека руски олигарси и големи компании ги користат турските ентитети за избегнување на санкциите од Западот. Министерството за финансии на САД во август им испрати писмо на турските банки и компании со предупредување дека не може да очекуваат да имаат „пристап до американскиот долар и други главни валути“, доколку соработуваат со санкционираните Руси. Турција се обиде да остане неутрална во украинскиот конфликт, користејќи го тоа за потпишување низа економски договори со Русија, што ѝ помогнаа да се поддржи нестабилната економија пред изборите идната година, каде Ердоган ќе се обиде да го продолжи своето владеење. „Мир“ картичките им даваат можност на милиони Руси, кои летуваат во Турција, да пристапат до своите рубљи и да плаќаат за сè, од ресторани до хотели. Сè поважни се за Русите кои бегаат во Турција во рамки на новиот миграционен бран на машки лица, кои се обидуваат да избегнат регрутација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-drzavni-banki-go-suspendiraa-ruskiot-sistem-za-plakjanje-mir/feed/ 0
Рекордни депозити од речиси пет милијарди евра во косовските банки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rekordni-depoziti-od-rechisi-pet-milijardi-evra-vo-kosovskite-banki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rekordni-depoziti-od-rechisi-pet-milijardi-evra-vo-kosovskite-banki/#respond Thu, 22 Sep 2022 14:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=736292

Министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати објави дека нивото на влогови во банкарскиот систем на Косово, на крајот од јули годинава, достигна до рекордни 4,88 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Приштина. На неговата страница на Фејсбук, Мурати напиша дека високиот пораст на депозитите на граѓаните во банките се должи првенствено на големиот прилив на иселеници кои го посетија Косово во текот на летната сезона. – Се забележува извонредниот придонес на нашето иселеништво во јули, тогаш кога почнува нивното масовно доаѓање во татковината, при што банкарските депозити забележаа рекордно ниво. На крајот на јули, нивото на влогови во валутата евро изнесуваше 4,88 милијарди евра, напиша Мурати. Според графиката што ја презентира косовскиот минитер за финансии, на почетокот на годинава имало нагласен пад на банкарските депозити, меѓутоа тој тренд забележал позитивен пресврт откако владата донела пакет за финансиска поддршка на граѓаните, вреден 100 милиони евра. – Поради порастот на цените и ризикот од затворање на границите, граѓаните и бизнисите побрзаа да се снабдуваат со стоки, што предизвика извесен пад на нивото на ликвидност во економијата. Меѓутоа, трендот се сврте во позитивна насока во април, кога почна спроведувањето на пакетот за поддршка на граѓаните вреден 100 милиони евра, од кој имаа придобивка социјално загрозените семејства, вработените во јавниот и приватниот сектор, пензионерите и студентите, напиша Мурати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rekordni-depoziti-od-rechisi-pet-milijardi-evra-vo-kosovskite-banki/feed/ 0
По поскапувањето на недвижностите, банките во ЕУ ги заоструваат условите за станбен кредит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-poskapuvanjeto-na-nedviznostite-bankite-vo-eu-gi-zaostruvaat-uslovite-za-stanben-kredit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-poskapuvanjeto-na-nedviznostite-bankite-vo-eu-gi-zaostruvaat-uslovite-za-stanben-kredit/#respond Tue, 29 Mar 2022 08:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=654961

По предупредувањето на ЕУ за „прегреаност“ на пазарот на недвижности, банките ги зголемија резервите за да се заштитат од можни проблеми при отплатата на кредитите, пишува загрепски „Вечерњи лист“. Централната банка оваа седмица воведува нова мерка со која се зголемува антицикличниот заштитен слој на капиталот во банките од нула на 0,5 отсто. Со одлуката се наложува банките да ги зголемат сопствените резерви за да се заштитат од можни проблеми со отплатата на кредитите во иднина. До зголемување на стапката на заштита дојде по предупредувањето на европскиот регулатор кој идентификувал системски ризици и „прегревање“ на пазарот на недвижнини во Хрватска, со поголем и побрз раст на цените на становите и куќите отколку кај другите економски показатели. Покрај Хрватска предупредувања за идентични ризици се упатени и до Бугарија, Унгарија, Лихтенштајн и Словачка, со препораки да преземат мерки за справување со состојбите, додека на Австрија и на Германија им се дадени конкретни препораки за ладење на прегреаниот пазар. Врз основа на социо-демографските и економските движења германската Бундесбанка проценува дека недвижностите во германските градови се за 15 до 50 отсто поскапи отколку што навистина вредат. Што точно ќе донесат посочените препораки во реалноста најдобро се гледа во примерот на Австрија која воведе значајни ограничувања за станбените кредити. Според новиот закон, ратата на станбен кредит во Австрија не смее да надмине 40 отсто од месечната плата, може да се земе на најдолг рок од 35 години, а сопствениот удел е вратен на 10 или 20 отсто од вредноста на кредитот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-poskapuvanjeto-na-nedviznostite-bankite-vo-eu-gi-zaostruvaat-uslovite-za-stanben-kredit/feed/ 0
Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/menuvachnicite-kje-mozat-da-kupuvaat-evra-od-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/menuvachnicite-kje-mozat-da-kupuvaat-evra-od-bankite/#respond Mon, 21 Mar 2022 14:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=650746

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар.

Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката. Сепак, да нагласиме и дека според последните расположливи податоци менувачниците располагаат со девизи.

Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба.

-Сепак, да истакнеме дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има. Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи, истакнуваат од Народна банка.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/menuvachnicite-kje-mozat-da-kupuvaat-evra-od-bankite/feed/ 0