банкомат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 15:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png банкомат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР со детали за експлозијата на банкомат во Бутел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-eksplozijata-na-bankomat-vo-butel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-eksplozijata-na-bankomat-vo-butel/#respond Tue, 06 Jun 2023 15:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=842812

На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници во координација со ОЈО и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-eksplozijata-na-bankomat-vo-butel/feed/ 0
РАЗНЕСЕН БАНКОМАТ ВО БУТЕЛ: Поставиле експлозија, но ги спотерало баксуз – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raznesen-bankomat-vo-butel-postavile-eksplozija-no-gi-spoteralo-baksuz-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raznesen-bankomat-vo-butel-postavile-eksplozija-no-gi-spoteralo-baksuz-eve-gi-detalite/#respond Tue, 06 Jun 2023 07:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=842579

Во скопската населба Бутел рано утрово со експлозив е разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата Христијан Тодоровски-Карпош. Засега нема информации за повредени, но има оштетени неколку возила. Полицијата била на терен и извршила увид на местото на настанот. „На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале“, соопшти МВР. Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raznesen-bankomat-vo-butel-postavile-eksplozija-no-gi-spoteralo-baksuz-eve-gi-detalite/feed/ 0
Од денеска голема промена на сите банкомати во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-golema-promena-na-site-bankomati-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-golema-promena-na-site-bankomati-vo-hrvatska/#respond Sun, 18 Dec 2022 18:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=777292

Хрватска, една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати, поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута. Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти, пишува Н1. Тие треба да се приспособат така што од 1 јануари 2023 година да се исплаќаат исклучиво во евра, додека банките се обврзани да обезбедат соодветна достапност на куни преку мрежата на банкомати до 31 декември 2022 година. Затоа, банкоматите постепено привремено се исклучуваат во текот на декември и почетокот на јануари, за банките да можат да ја приспособат мрежата на банкомати за исплаќање евра до 15 јануари 2023 година. Со цел овој процес на усогласување да не влијае негативно на достапноста на готовина во куни во периодот до 31 декември 2022 година, односно во евра по 1 јануари 2023 година, банките привремено, во периодот од 15 декември 2022 до 15 јануари 2023 година за граѓаните ќе ги укинат надоместоците за трансакции за подигање готовина со дебитни картички на банкомати надвор од сопствената мрежа на банкомати на одредена банка (на банкомати на други банки) во Република Хрватска. Така, од 15 до 31 декември куните може бесплатно да се подигаат на кој било банкомат, додека од 1 до 15 јануари без надомест ќе може да се повлекуваат евра од банкоматите. Со оглед на густината на мрежата на банкомати во Хрватска, ова треба да им обезбеди на граѓаните висок степен на достапност на готовина во куни до 31 декември 2022 година и готовина во евра по 1 јануари 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-golema-promena-na-site-bankomati-vo-hrvatska/feed/ 0
Се огласија од Point Retail Park, еве дали трговскиот центар ќе продолжи со работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-point-retail-park-eve-dali-trgovskiot-centar-kje-prodolzi-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-point-retail-park-eve-dali-trgovskiot-centar-kje-prodolzi-so-rabota/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=772402

По вооружениот грабеж кој рано утрово се случи во трговскиот центар Point Retail Park, се огласија од Управата. -За време на настанот обезбеувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаи. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар, велат од Point Retail Park. Оттаму додаваат дека очекуваат брзо разрешување на случајот, и истакнуваат дека продолжуваат со редовна и непречена работа.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-point-retail-park-eve-dali-trgovskiot-centar-kje-prodolzi-so-rabota/feed/ 0
“Најбезбедната” Македонија https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/najbezbednata-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/najbezbednata-makedonija/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=772363

"Најбезбедната" Македонија. Е во оваа Македонија, под власт на @o_spasovski , Банкомати се ограбуваат со кревање во воздух со експлозиви. - Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и со експлозив кренала во воздух банкомати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/najbezbednata-makedonija/feed/ 0
ВИДЕО: Вооружена група со експлозив крена во воздух банкомат во трговскиот „Поинт ретаил парк“ во СКОПЈЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vooruzena-grupa-so-eksploziv-krena-vo-vozduh-bankomat-vo-trgovskiot-point-retail-park-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vooruzena-grupa-so-eksploziv-krena-vo-vozduh-bankomat-vo-trgovskiot-point-retail-park-vo-skopje/#respond Wed, 07 Dec 2022 13:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=772298

Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и со експлозив кренала во воздух банкомати, објави порталот зум.мк Станува збор за „Поинт ретаил парк“, а полицијата поради тоа го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада. „Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект“, соопштија од МВР. Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vooruzena-grupa-so-eksploziv-krena-vo-vozduh-bankomat-vo-trgovskiot-point-retail-park-vo-skopje/feed/ 0
Експлозија во банкомат во атинска болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-vo-bankomat-vo-atinska-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-vo-bankomat-vo-atinska-bolnica/#respond Thu, 07 Jul 2022 06:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=701398

Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале. Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-МПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-vo-bankomat-vo-atinska-bolnica/feed/ 0
Изгоре банкомат во центарот на Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgore-bankomat-vo-centarot-na-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgore-bankomat-vo-centarot-na-kochani/#respond Mon, 23 May 2022 15:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=680578

На 25.05.2022 во 09.45 часот во ОВР Кочани, К.Д.(55) од Кочани пријавила дека настанал пожар во банкомат на улица „Маршал Тито“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgore-bankomat-vo-centarot-na-kochani/feed/ 0
Падна „банкомат бандата“ која разнесуваше апарати, формирале и центар за обука https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-bankomat-bandata-koja-raznesuvashe-aparati-formirale-i-centar-za-obuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-bankomat-bandata-koja-raznesuvashe-aparati-formirale-i-centar-za-obuka/#respond Thu, 30 Sep 2021 12:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=570733

Полицијата во Холандија и Германија уапсила девет члена на банда одговорна за низа грабежи на банкомати во Германија, како и за формирање на центар за обука за кревање во воздух на банкоматите, соошти денеска Европол. Откривањето на импровизираниот центар во холандскиот град Утрехт, помогнал во разоткривање на бандата за време на 18 месечната прекугранична истрага. Германската полиција изјавила дека станала сомничава кога 29 годишен Холанѓанец нарачал неколку банкомати истакнувајќи дека му се потребни за еден уметнички проект во Холандија. Банкоматите биле испорачани во складиште во Утрехт каде мажот и негов соучесник се обидувале на разни начини да ги „кренат во воздух“ за да дојдат во готовината. Своите обиди ги снимале, соопшти Европол. -Парот нарачувал разни модели на банкомати и снимал туторијали за тоа како најефикасно да се разнесат, се наведува во соопштението. Полицијата во централна Холандија соопштила дека на крај 29 годишникот починал во септември 2020 година додека тестирал експлозивна направа во центарот за обука, додека еден соучесник бил повреден и уапсен. Нивниот идентитет не е објавен. Полицијата во Холандија уапсила тројца осомничени и извршила претрес во седум објекти, каде била пронајдена опрема која се користи за разнесување банкомати. Најновиот број на приведени за време на истрагата е девет лица. Бандата е обвинета дека минирала најмалку 15 банкомати ширум Германија, нанесувајќи штета од над милион евра. Во 2020 година низ Германија се разнесени околу 414 банкомати, што е зголемување од 19 отсто во однос на годината пред тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-bankomat-bandata-koja-raznesuvashe-aparati-formirale-i-centar-za-obuka/feed/ 0
ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВАДИТЕ ПАРИ ОД БАНКОМАТ: Против гостиварчанка е поведена постапка за кражба- еве зошто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vnimavajte-koga-vadite-pari-od-bankomat-protiv-gostivarchanka-e-povedena-postapka-za-krazba-eve-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vnimavajte-koga-vadite-pari-od-bankomat-protiv-gostivarchanka-e-povedena-postapka-za-krazba-eve-zoshto/#respond Mon, 26 Apr 2021 14:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=502305

Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 11 јануари, обвинетата застанала во ред за банкомат зад една оштетена која повлекувала пари. При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 денари ја исфрлил со задоцнување. За тоа време оштетената се оддалечила, а обвинетата веднаш зад неа ги зела парите и наместо да пријави, си заминала. Со ова на оштетената и била нанесена штета од 15.000 денари.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vnimavajte-koga-vadite-pari-od-bankomat-protiv-gostivarchanka-e-povedena-postapka-za-krazba-eve-zoshto/feed/ 0