банкрот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 11:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png банкрот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Евростат: Се повеќе компании во ЕУ банкротираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-poveke-kompanii-vo-eu-bankrotiraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-poveke-kompanii-vo-eu-bankrotiraat/#respond Thu, 17 Aug 2023 11:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=867860

Бројот на компании во Европската унија што прогласија банкрот во вториот квартал е зголемен за 8,4 отсто во однос на претходниот квартал и сега е највисок во последните осум години, објави денеска Евростат. Квартален раст на бројот на фирми кои отидоа во стечај е забележан во сите сектори на економијата. Најголем пораст на бројот на стечајци во однос на првиот квартал е забележан кај услугите за сместување и храна - за 23,9 отсто, транспортот и складирањето за 15,2 отсто, како и во образованието, здравството и социјалните услуги - за 10,1 отсто. Шест квартали по ред се зголемува бројот на банкроти во ЕУ. Во вториот квартал во ЕУ се отворени за 0,6 отсто помалку компании отколку во претходниот квартал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evrostat-se-poveke-kompanii-vo-eu-bankrotiraat/feed/ 0
Фич предупредува на евентуален банкрот на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fich-predupreduva-na-eventualen-bankrot-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fich-predupreduva-na-eventualen-bankrot-na-sad/#respond Fri, 26 May 2023 11:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=839047

Агенцијата Фич предупреди дека може да го намали кредитниот рејтингот на американските банки „Фани Меј“ и „Фреди Мек“, сигнализирајќи драматично краток рок за договор за зголемување на лимитот на американскиот долг, што веќе предизвика прашања за рејтингот на САД. Фич пред два дена сигнализираше дека може да го намали рејтингот на САД ААА доколку Белата куќа и Конгресот наскоро не постигнат договор за зголемување на лимитот на долгот на земјата, кој моментално изнесува 31,4 трилиони долари. Според Фич, кредитниот рејтинг може да биде намален доколку Вашингтон навреме не го зголеми лимитот за задолжување или не го суспендира, нагласија тие. Американското Министерство за финансии повеќе пати предупреди дека може да има проблеми со исполнувањето на финансиските обврски уште на почетокот на јуни. Фич очекува дека договорот за лимитот на долгот ќе биде постигнат пред 1 јуни, но проценува дека постои зголемен ризик Белата куќа и Конгресот сепак да не го подигнат лимитот навреме, што „би бил негативен сигнал за поширокото управување и подготвеноста на САД да ги исполнат своите обврски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fich-predupreduva-na-eventualen-bankrot-na-sad/feed/ 0
Бугарско МФ: На државата и се заканува банкрот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarsko-mf-na-drzhavata-i-se-zakanuva-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarsko-mf-na-drzhavata-i-se-zakanuva-bankrot/#respond Wed, 15 Mar 2023 13:33:35 +0000 https://kurir.mk/?p=812272

Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека на државата и се заканува банкрот и дека постои ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот нагласи дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време. Министерството за финансии ќе бара од сите министерства да ги намалат расходите на нивните буџети за не помалку од 10 отсто поради критичната состојба на буџетот. Според неа, задолжувањето кај ММФ би помогнало за зачувување на фискалната стабилност, но може да наметне сериозни финансиски ограничувања и дека во таа ситуација приходите би биле замрзнати. „Проценките направени од Министерството за финансии покажуваат дека доколку се задржат политиките донесени во 2022 година и ги рефлектираат фискалните ефекти од прописите што стапија на сила, а кои ги предодредуваат приходите и расходите, ефектот за 2023 година подразбира значително влошување на буџетскиот биланс во јавната администрација во износ од 6,9 отсто од БДП“, рече Велкова-Желева. Таа нагласи дека како резултат на мерките што ги донесе собранието кое ја избра владата со премиерот Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василиев „забележано е значително зголемување на расходите на буџетот за 2023 година и на среден рок дефицитите се повторно околу 6 или 7 проценти од БДП“. Бугарски медиуми јавија дека доколку се задржат наведените трендови на негативниот дефицит, се зголемува можноста за забрзан пристап кон предвидените горни граници на јавниот долг од 60 отсто од БДП. „За надминување на ризиците, Владата треба да вложи максимални напори за усогласување со дигиталните фискални правила и ограничувања од Законот за јавни финансии, односно да предложи трајни мерки за консолидирање на приходите и расходите за да се достигнат целните нивоа на дефицит за периодот 2023-2026 година“ заклучи Велкова-Желева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarsko-mf-na-drzhavata-i-se-zakanuva-bankrot/feed/ 0
БАНКРОТОТ НА FTX ОШТЕТИ МИЛИОН ДОВЕРИТЕЛИ – долговите се поголеми од три милијарди долари, оштетени над 10.000 корисници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankrotot-na-ftx-oshteti-milion-doveriteli-dolgovite-se-pogolemi-od-tri-milijardi-dolari-oshteteni-nad-10-000-korisnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankrotot-na-ftx-oshteti-milion-doveriteli-dolgovite-se-pogolemi-od-tri-milijardi-dolari-oshteteni-nad-10-000-korisnici/#respond Mon, 21 Nov 2022 10:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=764096

Неуспешната платформа за тргување со криптовалути FTX има повеќе од 100.000 доверители, а бројката би можела да надмине еден милион, според документите во нејзиното барање за стечај во САД. Вкупните долгови достигнаа повеќе од 3 милијарди долари, а само двајца доверители бараат 200 милиони. FTX поднесе барање за заштита на доверителите пред американскиот суд минатиот петок откако во паника трговците повлекоа повеќе од шест милиони долари од платформата за само три дена, а конкурентот Binance се повлече од договорот за финансиска помош. Binance достави писмо со намери да купи FTX, но го повлече веќе следниот ден. Минатиот викенд, извршниот директор Чангпенг Жао објави на Твитер дека Binance повеќе не прифаќа депозити во криптовалутата FTX на FTX, сугерирајќи им на другите компании во секторот да го следат примерот. „FTX се соочи со сериозна ликвидносна криза што ја принуди да поднесе итна апликација (за заштита од доверителите) минатиот петок“, се вели во документите доставени до американскиот суд. Стечајната постапка вклучува повеќе од 100.000 доверители, но бројката може да надмине милион, бидејќи FTX побара од членовите на групата да не ги поднесуваат списоците на големите доверители одделно, туку да ги комбинираат во заедничка листа, се наведува во поднесувањето. „Се покренаа прашања за раководството на (извршниот директор Сем) Банкмен-Фрид и управувањето со комплексната низа на средства и бизниси на FTX под негово водство“, се додава. Основачот и поранешен извршен директор на FTX, Сем Бенкмен-Фрид, рече дека го проширил бизнисот премногу брзо, тврдејќи дека пропуштил знаци на проблеми во дигиталната платформа, чиј колапс предизвика шокови во крипто секторот, објави Њујорк Тајмс во понеделникот вечерта. Финансискиот регулатор на Бахамите, каде што е седиштето на FTX, ја сомничи компанијата за проневера на пари на клиентите, објавувајќи во понеделникот дека Врховниот суд назначил двајца стечајни управници, партнери на американската PricewaterhouseCoopers (PwC). FTX е основан во 2019 година, а минатата година имаше повеќе од еден милион корисници, заземајќи ја третата позиција во однос на вредноста на трансакцијата во криптовалутите. Во јануари оваа година неговата пазарна вредност беше проценета на 32 милијарди долари. Нејзините приходи се зголемија од 10 милиони долари во 2019 година на 1 милијарда долари во 2021 година и обработија околу 10 отсто од глобалните трансакции со криптовалути оваа година, покажа поднесувањето во септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankrotot-na-ftx-oshteti-milion-doveriteli-dolgovite-se-pogolemi-od-tri-milijardi-dolari-oshteteni-nad-10-000-korisnici/feed/ 0
САД: Банкротираше крипто-платформата FTX https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-bankrotirashe-kripto-platformata-ftx/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-bankrotirashe-kripto-platformata-ftx/#respond Fri, 11 Nov 2022 15:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=759319

Платформата за криптовалути FTX банкротираше во САД, а нејзиниот главен извршен директор Сем Банкмен-Фрид поднесе оставка, се вели во соопштението на компанијата. Банкротот е во крајот на неделата во која главните криптовалути, вклучувајќи го и биткоинот, паднаа поради финансискиот хаос во FTX. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-bankrotirashe-kripto-platformata-ftx/feed/ 0
Јавните комунални претпријатија пред можен банкрот, бараат цена на струјата како за домаќинствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnite-komunalni-pretprijatija-pred-mozen-bankrot-baraat-cena-na-strujata-kako-za-domakjinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnite-komunalni-pretprijatija-pred-mozen-bankrot-baraat-cena-na-strujata-kako-za-domakjinstvata/#respond Tue, 13 Sep 2022 14:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=732242

Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ коешто обединува 90 јавни комунални претпријатија во земјава, денеска уште еднаш алармираше дека се пред можен банкрот. Бара јавните претпријатија да плаќаат електрична енергија по цена иста како за домаќинствата. Доколку тоа не се случи, ќе достават барање за зголемување на цената на нивните услуги. Претседателот на РКЕ е на став дека треба да им се помогне, но вели дека нивното барање е противзаконски. – Ако не се преземе нешто многу брзо односно уште утре ќе се доведеме во тешка ситуација којашто потоа ќе предизвика други последици. Сметките за струја во одредени претпријатија достигнуваат до 10 пати поголеми суми односно зголемени се за илјада проценти, изјави денеска претседателот на АДКОМ Пеце Милевски. Барањата за директни средби, како што кажа, не дале резултат, но се надева дека претставникот на Владата кој присуствувал на денешната дебата ќе ги пренесе нивните пораки. – Во оваа ситуација во која што се наоѓаат претпријатијата има два избора – финансиски банкрот со којшто веројатно би се соочиле како претпријатие и тоа ќе предизвика недостиг или прекин на услугите што ги даваме и несигурност за 15 илјади вработени. Другата опција е ЈКП да поднесат нови пресметки до РКЕ за промена на цените односно услугите коишто ги даваат јавните комунални претпријатија, посочи Милевски. Корекцијата во зависност од различните трошоци на претпријатијата ќе биде различна, додаде тој, а РКЕ ќе треба да донесе разумни одлуки коишто ќе овозможат неопходно подобрување на билансите на претпријатијата и нивното преживување. – Како можно решение за оваа состојба или да не се случи граѓаните да плаќаат повисоки сметки, АДКОМ предлага јавните комунални претпријатија да плаќаат струја по единствена цена за киловат час 5,28 денари како што плаќаат физички лица односно во блок три максимална опција без пресметување на евтина и скапа тарифа и финансиска помош од државата односно покривање на разликите меѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија, изјави Милевски. Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски рече дека барањето на АДКОМ да добијат цена како за домаќинствата е спротивно на постоечкиот Закон за енергетика, но подвлече дека треба да им се помогне на јавните комунални претпријатија. – Во насока на таа помош треба да се гледа тоа што веќе и Владата ги оствари контактите со претставници од бугарската Влада. Се прават напори да се најде поевтин гас и на тој начин да се направи едно портфолио на потрошувачка на електрична енергија во којашто ќе бидат вклучени и ЈКП, но и  македонските компании коишто исто така се во незавидна ситуација имајќи ги во предвид нивните високи трошоци за електрична енергија, изјави Бислимоски. Според Бислимоски, јавните комунални претпријатија треба да поработат и на намалување на загубите во нивните мрежи, бидејќи во моментов државата во просек има загуби на вода од 65 проценти што е екстремно високо и им прави проблеми во нивното тековно работење. – РКЕ и да добие барања од јавните комунални претпријатија за зголемување на цените, ќе ги одбие, бидејќи не верувам дека зголемување на цена од 100, 200 300 проценти за водните услуги ќе го реши проблемот. На крајот на денот, македонските граѓани ќе треба да ја платат таа зголемена цена на водни услуги и верувам дека со зголемувањето на цените уште повеќе ќе се влоши проблемот бидејќи ќе се зголеми ненаплатата што нема да влијае на ликвидноста на компаниите, појасни претседателот на РКЕ. Додаде дека е можно зголемување на месечните трошоци за 20 до 30 денари, за коишто, како што рече, не е голем трошок за домаќинствата, а ќе им помогне на јавните комунални претпријатија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnite-komunalni-pretprijatija-pred-mozen-bankrot-baraat-cena-na-strujata-kako-za-domakjinstvata/feed/ 0
Банкротира најголемиот производител на кондоми во Германија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bankrotira-najgolemiot-proizvoditel-na-kondomi-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bankrotira-najgolemiot-proizvoditel-na-kondomi-vo-germanija/#respond Thu, 07 Jul 2022 14:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=701782

Еден од најголемите производители на кондоми во Германија, „ЦПР ГмбХ“ отиде во стечај откако ескалираа проблемите со наплатата на неговите производи во Русија. Фирмата од Сарстед, во Долна Саска, пролетва објави дека има финансиски проблеми. Според претходните извештаи, фирмата се наоѓа под притисок поради девизните проблеми и оние со наплатата на своето работење во Русија, откако почна војната со Украина и беа воведени санкции. Од тоа, само околу 15 проценти останале во Германија. Во Франција во текот на пандемијата на коронавирусот имало недостиг од кондомите на ЦПР, а според зборовите на шефот на компанијата Мајкл Кеселринг, тоа исто така се случило и во Германија на почетокот на пандемијата. Поради тоа, побарувачката во онлајн работењето на почетокот исто така пораснала. Кеселринг потврдил за „Лебенсмител цајтунг“ (ЛЗ) дека фирмата не може да го продолжи работењето. Во согласност со тоа, инвеститорите што ја посетиле фирмата во Сарстед по отворањето на стечајната постапка, не дале никаква понуда за преземање. Според информациите од ЛЗ, околу 80 работници во фабриката биле отпуштени. Меѓутоа, кризата на производителот почнала многу пред војната во Украина. Кон средината на 2020 година имало шанси таа да се спаси од неликвидност, но сега на ЦПР му дојде крајот. Компанијата била основана во 1987 година и долго време важела за најголем производител на кондоми во Европа. Нејзините стоковни марки „Сико“ и „Крејзи манки кондомс“ на корисниците им нуделе широка палета различни видови висококвалитетни кондоми направени од природен гумен латекс. Фирмата исто така произведувала машини и лабораториска опрема за производство на кондоми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bankrotira-najgolemiot-proizvoditel-na-kondomi-vo-germanija/feed/ 0
Стојаноски: Овој Ребаланс на Буџетот е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ovoj-rebalans-na-budzetot-e-direkten-dokaz-za-toa-deka-makedonija-e-na-rab-od-bankrot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ovoj-rebalans-na-budzetot-e-direkten-dokaz-za-toa-deka-makedonija-e-na-rab-od-bankrot/#respond Mon, 13 Jun 2022 09:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=690078

Почнувајќи од денес, па во наредните 3 недели, Собранието ќе расправа за Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Овој Ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа се зголемува сиромаштијата, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Стојаноски: -Државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг, имаме највисока инфлација во последните 20тина година, огромен недостаток на домашно производство на електрична енергија, најнизок економски раст во регионот, но најкорумпирана власт која за пет години успеа да уништи сиот институционален капацитет кој се создавал во минатото. Да почнеме со ред. Инфлацијата од 12% за месец мај е највисока во Европа со исклучок на балтичките земји кои се граничат со Русија. Овој податок ги демантира ПиАр економистите од Владата дека инфлацијата е целосно увезена. Има и домашен удел во инфлацијата. За пошироката јавност, инфлацијата во рамки на Европската унија е сеуште едноцифрена. Ако ова е податок за мај, колку ли ќе биде за јуни, кога Владата ги укина сите мерки и преку ноќ драстично и како никогаш досега поскапеа нафтата, лебот, зејтинот, шеќерот, јајцата, месото, оризот и други основни прехранбени производи. Веќе втора недела спремаат некаков пакет мерки, но единствено конкретно што слушнавме е дека струјата ќе поскапува, преку блокови. Поради 13 домаќинства и криминалот во ЕЛЕМ кој доведе до помало производство на електрична енергија, сите ќе плаќаме поскапа струја. И згора на се, со Ребалансот велат дека инфлацијата ќе била 7,2%. Ова е Влада на најголемите неработници. Се сменија десетина министри во економските ресори. Своето не знаење го покажаа Зоран Заев, Драган Тевдовски, Нина Ангеловска, Кочо Анѓушев, Мила Царовска, Фатмир Битиќи, Горан Сугаревски, Крешник Бектеши, Благоја Бочварски, Фатмир Бесими и Димитар Ковачевски. Резултатите нивни се катастрофални и се чуствуваат секојдневно и насекаде низ Македонија. Тоа не го велиме само ние, туку и меѓународните економски организации. Ние сме држава во која опаѓа продуктивноста, платите растат со субвенции од државата, јавниот сектор се зголемува, нема нови странски директни инвестиции, нема капитални инвестиции, јавниот долг ги пробива сите граници, а сме земја со најмал економски раст во последните пет години. Економскиот раст за 2022 година го намалија за 25%, а и сами се свесни дека ни така намален економски раст нема да можат да го исполнат. Во првиот квартал од 2022 година, кога сеуште не се осеќаше кризата поради војната во Украина, економскиот раст е 2,4%, далеку пониско од нивното предвидување за 3,2% за цела година. За тоа колку оваа Влада не знае доволно говори фактот што Вицепремиерот за економски прашања после 5 години владеење на една национална телевизија призна дека главна пречка за изградба на автопатот Кичево – Охрид е немањето институционален капацитет. Кој ги води тие институции? Кој сноси одговорност што 3000 денови се градат 50тина километри? Организираа економски форум за кој во време на економска криза платија 20 милиони денари и главниот гостин им кажа дека треба да ја подобрат инфраструктурата. Каков срам. Не можат да довршат повеќе од пола завршен пат, не можат да изградат 10 километри до граница со Косово, не можат да го тргнат одронот од новиот автопат Миладиновци – Штип, ќе правеле нешто повеќе? Кого мислат дека лажат? Дека власта нема институицонален капацитет говори реализацијата на капиталните расходи. 20% за пет и половина месеци. Со ребалансот повторно се кратат најпродуктивните трошоци, овојпат за 100 милиони евра. И така намалени, нема да ги реализираат. При најавата за Ребалансот најавија дека скратиле 200 милиони непродуктивни трошоци. Добро луѓе, зошто воопшто ги ставивте? Од 2020 сме во криза и цело време викате дека се скратени тие трошоци. Во суштина со овој ребаланс кратите од развојот на државата. Политиката купи ден, продај, уште еднаш ја покажувате на дело. Македонија е задолжена како никогаш до сега. До крајот на годината јавниот долг ќе пробие и нов плафон, осум милијарди евра. Со месеци водите преговори со ММФ за кредитна линија која покрај нас ја бараат Панама и Мароко. Се наоѓаме во група на земји кои имаат најголем пораст на јавниот долг во периодот од пред корона кризата до денес. Се радувате на инфлацијата, затоа што така ќе се намали процентот во однос на БДП. Генерации и генерации ќе го плаќаат економското цунами кое се случува во моментов. Почитувани, Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, поднесе 174 амандмани преку кои ќе се обидеме барем малку да го подобриме секојдневието на граѓаните. При креирањето на амандманите се водевме од три приоритети: вистинско стимулирање на економијата преку капитални инвестиции кои се остварливи, помош на граѓаните и стопанството во овие тешки моменти и спречување на расипничкото трошење на парите од страна на власта. Како позначајни, можам да ги одвојам амандманите кои што се по барање на ССМ и КСС, намалување на акцизи и ДДВ за горива, ослободување од ДДВ за храна како и финансиска поддршка за фотоволтаични и соларни системи за домаќинствата. Со оваа власт на ДУИ и СДСМ кризата ќе се продлабочува бидејќи тие се извор на кризи. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, напротив, Македонија ќе продолжи да тоне уште повеќе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро за добро на граѓаните, државата, стопанството, младите, земјоделците, пензионерите, просветните, здравствените, образовните работници и секој еден човек, истакна Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ovoj-rebalans-na-budzetot-e-direkten-dokaz-za-toa-deka-makedonija-e-na-rab-od-bankrot/feed/ 0
Мудис: Русија можеби веќе банкротирала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mudis-rusija-mozebi-vekje-bankrotirala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mudis-rusija-mozebi-vekje-bankrotirala/#respond Fri, 15 Apr 2022 08:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=663432

Русија можеби веќе банкротирала бидејќи не ги сервисирала своите доларски обврзници поради западните санкции наметнати поради војната во Украина, објави агенцијата Мудис. На 4 април, Русија изврши плаќање на две државни обврзници – со рок на достасување во 2022 и 2042 година – во рубљи, а не во долари. „Договорите за обврзници не содржат одредби за отплата во која било валута освен долари, наведува агенцијата. -Затоа, Русија, според дефиницијата на Мудис, може да се смета дека е во банкрот ако не ги исполни обврските во долари до 4 мај, кога истекува едномесечниот грејс период, се вели во соопштението на Мудис. Мудис тврди дека некои руски еврообврзници издадени по 2018 година дозволуваат плаќање во рубљи под одредени услови, но дека постарите од тој период не го дозволуваат тоа. -Мудис смета дека инвеститорите не добиле договорна исплата во странска валута на датумот на доспевање на исплатата, велат од агенцијата. Русија наведува дека сака да го отплати својот долг, но дека Западот ја спречил да го стори тоа со воведување строги санкции откако ја нападна Украина на 24 февруари. Во 1998 година Русија не врати 40 милијарди долари домашен долг, па ја девалвираше рубљата во времето на претседателот Борис Елцин, бидејќи практично банкротираше по азиската должничка криза и падот на цената на нафтата. Ова би бил првиот голем руски банкрот во повеќе од еден век. Москва ги отплати надворешните долгови и по распадот на Советскиот Сојуз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mudis-rusija-mozebi-vekje-bankrotirala/feed/ 0
Македонската економија „на респиратор“, бројките кои ги објави ДЗС се застрашувачки, ако продолжи ваков тренд Македонија ќе банкротира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-na-respirator-brojkite-koi-gi-objavi-dzs-se-zastrashuvachki-ako-prodolzi-vakov-trend-makedonija-kje-bankrotira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-na-respirator-brojkite-koi-gi-objavi-dzs-se-zastrashuvachki-ako-prodolzi-vakov-trend-makedonija-kje-bankrotira/#respond Tue, 08 Mar 2022 21:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=643655

Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра што претставува пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра што е пораст од 29,3 проценти. Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 67,7 проценти. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови и фероникелот, а во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и металите од платинската група и нивни легури. Најмногу во овој период се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-na-respirator-brojkite-koi-gi-objavi-dzs-se-zastrashuvachki-ako-prodolzi-vakov-trend-makedonija-kje-bankrotira/feed/ 0