барак обама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 07:24:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png барак обама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обама: Некои од акциите на Израел во Газа би можеле да имаат контраефект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-nekoi-od-aktsiite-na-izrael-vo-gaza-bi-mozhele-da-imaat-kontraefekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-nekoi-od-aktsiite-na-izrael-vo-gaza-bi-mozhele-da-imaat-kontraefekt/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=892391

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека некои од акциите на Израел во војната против Хамас, како што е прекинот на снабдувањето со храна и вода за Појасот Газа, може да ги „закорават Палестинците со генерации“ и да ја ослабат меѓународната поддршка за Израел. -Секоја израелска воена стратегија што ги игнорира човечките жртви „може да заврши со контраефект“, изјави вчера Обама. Во ретките коментари за актуелната надворешно-политичка криза, Обама кажа дека секоја израелска воена стратегија што ја игнорира човечката цена на војната „на крајот би можела да му се врати на Израел“. -Одлуката на израелската Влада да ја прекине храната, водата и електричната енергија за заробените цивили во Газа не само што се заканува да ја влоши растечката хуманитарна криза, туку може дополнително да ги зацврсти ставовите на Палестинците за следните генерации, да ја намали глобалната поддршка за Израел, да им користи на непријателите на Израел и ги поткопуваат долгорочните напори за постигнување мир и стабилност во регионот“, рече Обама. Израел жестоко ја бомбардира Газа по нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел на 7 октомври кога загинаа повеќе од 1.400 лица. Во израелските воздушни напади досега се загинати над 5.000 Палестинци, наведуваат официјални лица од Газа. Обама го осуди нападот на Хамас и ја повтори својата поддршка за правото на Израел да се брани, истовремено предупредувајќи на опасностите за цивилите во таквите војни. Не е јасно дали Обама ја координирал својата изјава со американскиот претседател Џо Бајден, кој беше негов потпретседател осум години. За време на неговиот претседателски мандат, Обама често го поддржуваше правото на Израел на самоодбрана на почетокот на конфликтот со палестинската исламистичка група Хамас во Газа, но брзо го повика Израел на воздржаност по зголемените палестински жртви во воздушните напади. Појасот Газа, долг 45 километри и дом на 2,3 милиони лица, е под политичка контрола на Хамас, исламистичка група поддржана од Иран од 2007 година, но е под израелска блокада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-nekoi-od-aktsiite-na-izrael-vo-gaza-bi-mozhele-da-imaat-kontraefekt/feed/ 0
Семејството Обама и брачната двојка Хенкс- Вилсон на грчкиот остров Сифнос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvoto-obama-i-brachnata-dvojka-henks-vilson-na-grchkiot-ostrov-sifnos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvoto-obama-i-brachnata-dvojka-henks-vilson-na-grchkiot-ostrov-sifnos/#respond Mon, 19 Jun 2023 12:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=847416

Поранешниот американски претседател Барак Обама, неговата сопруга Мишел и двете ќерки заедно со актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон вчера биле на вечера на грчкиот остров Сифнос, пишува грчкиот информативен портал „Ајефимерида“, објавувајќи фотографии, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на порталот, семејството Обама во петокот пристигнало во Грција и престојува во вилата на Хенкс и Вилсон на островот Антипарос, а со јахта вчера заминале на Сифнос што е на оддалеченост од околу половина час. Порталот коментира дека семејството Обама и брачната двојка Хенкс биле особено расположени и пријателски со останатите гости, одбрале мирен дел од ресторанот, а откако завршиле со вечерата се вратиле на Антипарос. https://youtube.com/shorts/oVIaiRWaO08?feature=share Фондацијата Обама во Атина одржува конференција на која ќе се обрати и поранешниот претседател на САД, а неколку дена пред говорот семејството Обама одлучило да одмори на островот Антипарос. Пристигнале во петокот со приватен лет за Парос, од каде што, спореd „Ајефимерида“, под силно обезбедување, со бродот заминале за Антипарос во вилата на Хенкс и Вилсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvoto-obama-i-brachnata-dvojka-henks-vilson-na-grchkiot-ostrov-sifnos/feed/ 0
Русија забрани влез на 500 Американци, на листата е и Барак Обама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-vlez-na-500-amerikantsi-na-listata-e-i-barak-obama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-vlez-na-500-amerikantsi-na-listata-e-i-barak-obama/#respond Fri, 19 May 2023 17:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=836550

Руските власти денеска соопштија дека забраниле влез на 500 Американци, а на листата е и поранешниот претседател Барак Обама, како одговор на санкциите воведени од Вашингтон. „Како одговор на антируските санкции што редовно ги наметнува администрацијата на Бајден... влезот во Руската Федерација е затворен за 500 Американци“, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерството додава дека на списокот е и поранешниот америански претседател Барак Обама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-zabrani-vlez-na-500-amerikantsi-na-listata-e-i-barak-obama/feed/ 0
Мишел Обама: Десет години не можев да го поднесам Барак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-obama-deset-godini-ne-mozev-da-go-podnesam-barak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-obama-deset-godini-ne-mozev-da-go-podnesam-barak/#respond Fri, 30 Dec 2022 10:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=782518

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама изјави дека 10 години „не можела да го поднесе“ својот сопруг, поранешниот американски претседател Барак, пренесува „Гардијан“. Во интервју за „ТВ револт“, таа ја претстави својата книга, па раскажуваше и како грижата за нивните ќерки кога биле мали, им го оптоварувала бракот. Мишел е со Барак е во брак околу 30 години. Таа деновиве ја промовира својата книга „Светлината што ја носиме“, па истакнува дека не разговарала доволно со својот сопруг за тоа – колку труд е потребно за да се воспитуваат деца и „колку тешко одат нештата дури и кога си лудо вљубен во некого“ и сè оди како што треба. – Цели 10 години не можев да го поднесам мојот сопруг. И погодете кога се случи тоа? Кога децата беа мали, вели Мишел. Ова се случило, вели таа, додека политичката кариера на Барак Обама била во нагорна линија, па таа морала сама да се грижи за Саша и Малија, кои имале 10 и седум години кога Обама првпат беше избран за претседател на САД, 2009 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-obama-deset-godini-ne-mozev-da-go-podnesam-barak/feed/ 0
Американски претседател купува НБА-тим https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanski-pretsedatel-kupuva-nba-tim/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanski-pretsedatel-kupuva-nba-tim/#respond Fri, 28 Oct 2022 05:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=751541

Сопственикот на Феникс санс, Роберт Сарвер, со години правеше разни скандали, а кога почнаа да излегуваат тие на виделина, НБА го принуди да го продаде клубот. Сега оваа франшиза е во процес на продажба, и Сарвер е веќе сменет од сите позиции. Овој арогантен милијардер, кој сексуално вознемируваше работнички и упадна во соблекувалната навредувајќи ги сите, ќе мора да се помири со продажбата на тимот. Познатиот НБА-кошаркар, а сега еден од најпознатите кошаркарски консултанти во Америка, Чарлс Баркли, откри во поткаст со Бил Симонс дека во една група што дава понуда за купување на Санс е поранешниот претседател на САД, Барак Обама. -  Слушнав дека Обама е во една од групите што даваат понуди и тој е еден од оние луѓе за кои верувам дека секој би сакал да биде на чело на франшизата. Ако ме повика Обама и побара од мене да бидам дел од сопственичката структура на тимот, секако дека ќе се согласам. Толку многу го сакам и му се восхитувам на тој човек – изјави Баркли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanski-pretsedatel-kupuva-nba-tim/feed/ 0
„Хил“: Бајден на Обама му соопштил дека ќе се кандидира за втор мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hil-bajden-na-obama-mu-soopshtil-deka-kje-se-kandidira-za-vtor-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hil-bajden-na-obama-mu-soopshtil-deka-kje-se-kandidira-za-vtor-mandat/#respond Tue, 19 Apr 2022 12:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=665392

Американскиот претседател Џо Бајден му кажал на поранешниот претседател Барак Обама дека планира по вторпат да се кандидира за претседател на САД, на изборите во 2024, јави „Хил“, повикувајќи се на свои извори. „Тоа е последната индикација, дека Бајден планира да се кандидира за втор мандат“, пишува весникот. На прес-конференција во Брисел во март, актуелниот претседател веќе зборуваше за неговите планови повторно да се бори за Белата куќа. „Бајден сака да се кандидира и очигледно сака да се увери дека сите го знаат тоа“, кажа изворот. Тој кажа дека Бајден останува демократскиот кандидат кој има најголеми шанси да го победи поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку тој биде номиниран од Републиканската партија. „Тој верува дека е единствениот кој може да го победи Трамп“, изјави извор запознаен со содржината на разговорот Бајден-Обама. Белата куќа одби да го коментира текстот, пишува весникот, а советникот на Бајден додаде дека самиот претседател јавно изјавил дека планира да се кандидира за втор мандат. Весникот наведува дека плановите на Бајден да се кандидира за реизбор може да бидат спречени само поради неговиот низок рејтинг. Според неодамнешната анкета на Си-Ен-Би-Си само 38 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден како претседател, а 53 отсто не ја одобруваат. Исто така, само 35 отсто од испитаниците ја одобруваат неговата економска политика. „Покрај бурните политички проблеми и нискиот рејтинг, и возраста на Бајден предизвикува дополнителни прашања“, пишува весникот. Бајден во моментов има 79 години и на почетокот на вториот мандат, доколку победи на изборите во 2024 година, ќе наполни 82 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hil-bajden-na-obama-mu-soopshtil-deka-kje-se-kandidira-za-vtor-mandat/feed/ 0
Обама: Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-putin-otsekogash-bil-bezmilosen-kon-svojot-narod-kako-i-kon-drugite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-putin-otsekogash-bil-bezmilosen-kon-svojot-narod-kako-i-kon-drugite/#respond Tue, 12 Apr 2022 13:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=661905

Рускиот претседател Владимир Путин постапува на нов непромислен начин во врска со инвазијата на Украина, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама во интервјуто емитувано денеска на Ен-Би-Си. -Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите. Тој отсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам, рече Обама. – Тој дел од Путин, мислам, отсекогаш бил таму. -Но, она што го гледаме со инвазијата на Украина е дека тој е невнимателен на начин што можеби не го очекувавте пред осум, 10 години, но опасноста секогаш беше тука, оценува Обама. Поранешниот претседател одби директно да одговори на прашањето дали, во ретроспектива, би постапил поинаку додека бил на функцијата, вклучително и кога Русија го анектираше Крим во 2014 година. Наместо тоа, тој рече дека е важно „да не ја земаме сопствената демократија здраво за готово“ и „да се залагаме и да се усогласиме со оние кои веруваат во слобода и независност“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-putin-otsekogash-bil-bezmilosen-kon-svojot-narod-kako-i-kon-drugite/feed/ 0
ФОТО: Обама се врати во Белата куќа, се пошегува со Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-obama-se-vrati-vo-belata-kukja-se-posheguva-so-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-obama-se-vrati-vo-belata-kukja-se-posheguva-so-bajden/#respond Wed, 06 Apr 2022 07:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=659006

Првпат откако ја напушти функцијата претседател на САД, Барак Обама се врати во Белата куќа. Со својот некогаш потпретседател Џо Бајден говореа за здравствениот систем „обамакер“ кој беше воведен пред 12 години. Обама истакна дека добро е чувството повторно да е во Белата куќа. Пред говорот, се пошегува за промените кои се направени во Белата куќа. -Видов мачка како трча наоколу, а гарантирам дека Бо и Сани не би биле среќни поради тоа, рекол Обама мислејќи на своите кучиња. По обраќањето, Обама го најави Бајден кој исто така имаше свое обраќање пред прустните. -Се викам Џо Бајден и сум потпретседател на Барак Обама, истакна Бајден предизвикувајќи смеа во кабинетот. Бајден кој го угостил Обама на ручек во Белата куќа, се пошегувал дека не знаеле кој каде треба да седне на масата поради претседателските функции. Барак Обама беше претседател на САД во два мандати од 2009 до 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-obama-se-vrati-vo-belata-kukja-se-posheguva-so-bajden/feed/ 0
Обама позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-pozitiven-na-kovid-19/#respond Mon, 14 Mar 2022 06:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=646621

Поранешниот американски претседател, Барак Обама, е позитивен на тест за Ковид-19. Информацијата во текот на вчерашниот ден ја потврди самиот Обама на Твитер, додавајќи, дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото. -Јас и Мишел сме благодарни што се вакциниравме и што го зајакнавме нашиот имунитет, нејзиниот тест беше негативен, појасни Обама. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Обама на КОП26: Не направивме доволно, да се обединиме за да одиме напред https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-na-kop26-ne-napravivme-dovolno-da-se-obedinime-za-da-odime-napred/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-na-kop26-ne-napravivme-dovolno-da-se-obedinime-za-da-odime-napred/#respond Mon, 08 Nov 2021 12:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=592638

Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на КОП26 во Глазгов зборуваше на панел посветен на отпорноста на островите, објави Би-Би-Си. Тој го започнува својот говор велејќи дека е „островско дете“ и рече дека е горд на работата што ја направил како претседател за островските држави „кои се најранливи на променливата клима. Обама рече дека не смета дека би имало толку амбициозен договор во Париз во 2015 година доколку не беа слушнати островските држави. „Како беше точно пред пет години, ние не направивме доволно и нашите острови се позагрозени од кога било“, рече тој, додавајќи дека е горд што американската влада и претседателот Џо Бајден посветуваат „внимание на прашањето што го заслужува“, со тоа што ќе се обврзе да обезбеди 3 милијарди долари за поддршка на најранливите на климатските промени. Обраќањето го заврши со една хавајска поговорка која гласи: „Обединете се за да одите напред“. „Тоа е духот што ни треба за да ги заштитиме нашите островски ресурси, тоа е духот што ни треба за да ги заштитиме нашите народи“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obama-na-kop26-ne-napravivme-dovolno-da-se-obedinime-za-da-odime-napred/feed/ 0