барања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 16:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png барања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Путин: Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/#respond Mon, 04 Sep 2023 16:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=874469

Рускиот претседател Владимир Путин денеска по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи изјави дека нема да има нов договор за жито со кој би се регулирал транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања, пренесуваат странските агенции. Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито за шест африкански земји. Тој во јули одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија. Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/feed/ 0
„Еуроњуз Албаниа“: Санкции за Косово и за Курти доколку не се исполнат барањата на ЕУ и САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/euronuz-albania-sanktsii-za-kosovo-i-za-kurti-dokolku-ne-se-ispolnat-baranata-na-eu-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/euronuz-albania-sanktsii-za-kosovo-i-za-kurti-dokolku-ne-se-ispolnat-baranata-na-eu-i-sad/#respond Wed, 07 Jun 2023 12:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=843212

Соединетите Американски Дртжави и Европската унија разгледуваат санкции во две фази против Косово, во случај владата на Албин Курти да не ги исполни своите обврски и не преземе мереки за деескалација на состојбата во северно Косово, јави телевизијата „Еуроњуз Албаниа“, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори. Во наводниот документ кој го пренесуваат изворите на „Еуроњуз Албаниа“, се вели дека „доколку не успее да ги исполни обврските, Косово ја загрозува сопствената иднина“. Медиумите во Приштина ги пренесуваат наводите на тиранската телевизија, според кои во првата фаза се предвидува замрзнување на фондовите на ЕУ, на процесот на визна либерализација, на процесот на зачленување во Советот на Европа, на фондовите на САД и на други проекти финансирани од Западот. Во втората фаза, се вели документот во кој „Еуроњуз Албаниа“ наводно имал увид, се најавува пасивен однос на сојузниците кон кампањата на Србија за повлекување на признавањата на косовската независност, реорганизација на меѓународното воено присуство и сериозно редуцирање на американскиот контингент во Косово, како и исклучување на Косово од одредени меѓународни организации. Предвидени се и индивидуални санкции против премиерот Курти и против министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, доколку ситуацијата на терен продолжи да се влошува. Во документот што го цитира „Еуроњуз Албаниа“, се вели дека Курти и Свечља можат да бидат прогласени за „нон грата“, со образложение дека „претставуваат закана за безбедноста и мирот“. - Никој не очекуваше дека Владата на Косово ќе биде таа која со своите дејствија ќе предизвика нестабилност и ќе поттикне кризи и конфликти, ја пренесува албанската телевизија оценката која се содржи во наводниот американски документ. Вчера и завчера во Приштина престојуваа специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, кои на Курти му ги изнесоа барањата за преземање конретни мерки за смирување на состојбата во северно Косово. Во тој регион, населен со мнозинско српско население, веќе две недели локалните Срби протестираат против градоначалниците Албанци на вонредните локални избори во тамошните четири општини, одржани во април годинава, а кои Србите ги бојкотираа. Европскиот и американскиот дипломат побараа од Курти, меѓу другото, повлекување на специјалните полициски единици и организирање вонредни локални избори во засегнатиот регион. Рокот што му го поставија да одговори на барањата на ЕУ и САД истекува денеска, а во спротивно, како што предупредија, ќе има „последици“ по Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/euronuz-albania-sanktsii-za-kosovo-i-za-kurti-dokolku-ne-se-ispolnat-baranata-na-eu-i-sad/feed/ 0
Кирил Петков ги кажа барањата за да го тргне ВЕТОТО за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiril-petkov-gi-kaza-baranjata-za-da-go-trgne-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiril-petkov-gi-kaza-baranjata-za-da-go-trgne-vetoto-za-makedonija/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=688814

Бугарскиот премиер рече дека се работи заедно за да се види дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови. Бугарија има три јасни барања за да може да има напредок на темата со Северна Македонија, порача бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничка прес-конференција утрово во Софија заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Осврнувајќи се на обвинувања од партијата Има таков народ, која вчера излезе од владата, дека Петков води посебна надворешна политика и сака да го тргне ветото, бугарскиот премиер рече дека ова што го слуша последниве денови се лажни наводи. „Од утрово и последните денови слушам лажни наводи дека бугарската влада имала две надворешни политики и што уште не. Сакам да разјаснам дека Бугарија има три јасни барања за напредок на темата Северна Македонија“, рече Петков. Првото, рече тој, е почитување на рамковната позиција на Бугарија усвоена во парламентот. Второто е вклучување на Бугарите во Уставот за да може да се заштитат нивните права, а третото барање, вели премиерот, е спроведување на Договорот за добрососедство. „Ова беа нашите дискусии и порано и сега, и работиме заедно за да видиме дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови“, рече Петков. Вархеји, пак, порача дека само една земја ги кочи преговорите, а тоа е Бугарија и без нејзина согласност не може да се продолжи понатаму. „Не можеме да го продолжиме процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ без тоа да го одобрат сите земји членки. Сè уште чекам поддршка од една земја, а тоа е Бугарија и на тоа работиме со сите овие средби и разговори што ви водев овде и во Скопје“, изјави еврокомесарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiril-petkov-gi-kaza-baranjata-za-da-go-trgne-vetoto-za-makedonija/feed/ 0
Повеќе од 23 милиони барања за влезници за Мундијалот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/povekje-od-23-milioni-baranja-za-vleznici-za-mundijalot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/povekje-od-23-milioni-baranja-za-vleznici-za-mundijalot-vo-katar/#respond Sat, 30 Apr 2022 16:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=670235

Во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, ФИФА прими дури 23.5 милиони барања за билети, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага. Најмногу барања за влезници пристигнале од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Мексико, Катар, Саудиска Арабија и САД. Најбарана е влезницата за финале на 18 декември, а најголема побарувачка за групната фаза има за натпреварите Аргентина – Мексико, Аргентина – Саудиска Арабија, Англија – САД и Полска – Аргентина. Влезниците за Мундијалот во Катар се во просек за 30 отсто поскапи во споредба со Мундијалот во Русија 2018. Најскапиот билет за финалето чини 1.600 долари што е за 45 отсто повеќе отколку пред четири години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/povekje-od-23-milioni-baranja-za-vleznici-za-mundijalot-vo-katar/feed/ 0
Митева: Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vladata-da-zapre-so-pritisocite-kon-sonk-i-vo-celost-da-gi-ispolni-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vladata-da-zapre-so-pritisocite-kon-sonk-i-vo-celost-da-gi-ispolni-nivnite-baranja/#respond Mon, 25 Apr 2022 11:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=667575

Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања, порача од денешната прес-конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: -Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците. Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките. Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори. Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари. Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места, рече Митева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vladata-da-zapre-so-pritisocite-kon-sonk-i-vo-celost-da-gi-ispolni-nivnite-baranja/feed/ 0
ОД 26 АПРИЛ СЕКОЈ ДЕН НА ПРОТЕСТ: КСС излегува на улица доколку Владата не ги исполни нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-26-april-sekoj-den-na-protest-kss-izleguva-na-ulica-dokolku-vladata-ne-gi-ispolni-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-26-april-sekoj-den-na-protest-kss-izleguva-na-ulica-dokolku-vladata-ne-gi-ispolni-nivnite-baranja/#respond Tue, 19 Apr 2022 10:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=665305

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 26 април секојдневно ќе излегува на протести доколку дотогаш Владата не ги исполни нивните барања за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Најавите од синдикатот се дека ќе се протестира секој ден од 16 до 17 часот пред Собранието и пред Владата. – Членството е крајно разочарано и се чувствуваат изманипулирани. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот, рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција. Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата. Ги повикаа пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници, кој денеска е на дневен ред на 68. пленарна седница, затоа што сметаат дека се работи за манипулативен закон со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор за околу 100 до 200 денари. Секој пратеник што ќе го гласа законот, како што рекоа, ќе сметаат дека е против работниците. За КСС, е неприфатлив предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-26-april-sekoj-den-na-protest-kss-izleguva-na-ulica-dokolku-vladata-ne-gi-ispolni-nivnite-baranja/feed/ 0
Почнува поднесувањето барања за поддршка од земјоделскиот Интервентен фонд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-podnesuvanjeto-baranja-za-poddrshka-od-zemjodelskiot-interventen-fond/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-podnesuvanjeto-baranja-za-poddrshka-od-zemjodelskiot-interventen-fond/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=665224

Земјоделските стопанства од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на Интервентниот фонд, соопшти Платежната агенција. Со Програмата е предвидена финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња, за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет, како и за одгледување кокошки несилки, за што се обезбедени 400 милиони денари. Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубриња ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година, а барањата за несилки до 30 април 2022. -Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 1 декември 2021 година до 31 мај 2022 година, наведува Агенцијата. Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари по хектар за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре. Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по хектар за користено течно ѓубре. Исплатата ќе се врши еднаш неделно, по обработка на примените барања. Според Агенцијата, барањата за финансиска поддршка за одгледување несилки ќе се поднесуваат со рачно пополнување. Притоа, треба да се достави потврда за бројна состојба на кокошки несилки издадена од официјален ветеринар. Висината на финансиската поддршка е 60 денари по несилка. Финансиската поддршка за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет ќе се извршува врз основа на податоци кои до Агенцијата ќе ги доставуваат регистрираните кланични капацитети, без претходно поднесено барање. Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по грло предадено јагне во период од 1 јануари до 31 мај 2022 година. Висината на финансиската поддршка изнесува 1500 денари по гоеница со тежина над 90 килограми заклана во период од 1 февруари до 30 април 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-podnesuvanjeto-baranja-za-poddrshka-od-zemjodelskiot-interventen-fond/feed/ 0
Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/resheni-1-300-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/resheni-1-300-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/#respond Tue, 08 Mar 2022 10:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=643241

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300. Од Град СКопје информираат дека најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми и барања за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии, проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот. На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. -Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени, велат од Градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/resheni-1-300-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/feed/ 0
Украина испрати список со барања до ЕУ – меѓу нив и казна за Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-isprati-spisok-so-baranja-do-eu-megju-niv-i-kazna-za-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-isprati-spisok-so-baranja-do-eu-megju-niv-i-kazna-za-belorusija/#respond Thu, 24 Feb 2022 15:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=636170

Украина ги повика членките на Европската унија итно да обезбедат системи за противвоздушна и противракетна одбрана, како и употреба на „сите средства“ за попречување на руски сателитски сигнали. Во списокот со барања испратени до европските лидери пред вонредниот самит во Брисел во четвртокот навечер, Киев повика и на „најстроги рестриктивни мерки против Белорусија, која директно ја поддржува руската инвазија во целосен обем“. Документот, составен од украински дипломати во Брисел и проверен од Гардијан, исто така повика на: – одземање на софтверски лиценци за воена и цивилна опрема во Русија и Белорусија; – блокирање или мешање на руски сателитски навигациски системи во воздухот, над Црното и Азовското Море; – употреба на сите средства за блокирање на рускиот сателитски навигациски систем „Глонас“, вклучително и мешање во неговиот сигнал над Црното и Азовското Море, Белорусија и украинскиот воздушен простор. Покрај повикот за прекин на „нормалниот бизнис“ со Русија, Киев исто така сака ЕУ да го отвори својот систем за итни случаи (механизам за цивилна заштита) за Украинците. Во текот на ноќта ескалираше кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави „почеток на специјална воена акција“, а потоа низ Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набрзо објави дека започнала инвазија на нејзината територија. Извештаите исто така велат дека Русите се на само 15 километри од Киев, додека НАТО распоредува дополнителни сили на исток и има 100 авиони на подготвеност. Кремљ во четвртокот објави дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-isprati-spisok-so-baranja-do-eu-megju-niv-i-kazna-za-belorusija/feed/ 0
Решени 1.077 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/resheni-1-077-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/resheni-1-077-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/#respond Mon, 21 Feb 2022 11:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=634246

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.273 барања, од кои решени се дури 1.077 проблеми, информираат од град Скопје. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл пријавувале и барале да се исчистат диви депонии, да се постават заштитни столпчиња на јавните површини и тротоарите за да се спречи непрописното паркирање, како проблеми со улични кучиња. На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа, се вели во соопштението на град Скопје. Порачуваат дека целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. - Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши сите проблеми кои ги имаат, се додава во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/resheni-1-077-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/feed/ 0