барање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 09:37:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png барање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вимблдон го одби барањето на Ѓоковиќ и Мареј https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vimbldon-go-odbi-baraneto-na-gokovik-i-marej/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vimbldon-go-odbi-baraneto-na-gokovik-i-marej/#respond Thu, 13 Jul 2023 09:37:31 +0000 https://kurir.mk/?p=856160

Барањето на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј натпреварите на „Централниот терен“ да започнуваат порано беше одбиен од Вимблдон. Мечевите на двата најголеми терени на Вимблдон почнуваат нешто подоцна, пред се поради ТВ правата, а програмата на тие терени трае до 23 часот. Предлогот на Ѓоковиќ беше натпреварите да започнат најрано во 12 часот, а не во 14.30 часот, како што е сега. Нема да има укинување на полицискиот час, па натпреварите и понатаму ќе бидат во прекин по 23 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vimbldon-go-odbi-baraneto-na-gokovik-i-marej/feed/ 0
Столе со несекојдневно барање – го сакал елекот на Карло Анчелоти! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-so-nesekojdnevno-baranje-go-sakal-elekot-na-karlo-ancheloti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-so-nesekojdnevno-baranje-go-sakal-elekot-na-karlo-ancheloti/#respond Tue, 08 Nov 2022 09:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=757266

Maкедонскиот фудбалски репрезентативец, Столе Димитриевски имаше нов брилијантен настап во Примера и беше еден од најзаслужните фудбалери на Рајо Ваљекано во сензационалната победа над големиот Реал Мадрид. „Кралевите“ беа поразени со 3-2, а како што пишува „Sports Brief News“ македонскиот голман имал несекојдневно барање до предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Наводно, Димитриевски не сакал да се менува со дресот со некој фудбалер на гигантот од Мадрид, туку го сакал елекот на Анчелоти. Македонецот е голем фан на тренерот на европскиот шампион и му се восхитува на неговиот стил на тренирање и на неговото однесување со играчите. Анчелоти е еден од најдобро облечените фудбалски менаџери, а елекот стана препознатлив детаљ од неговиот стајлинг. Дали желбата на Столе му се оствари засега не е познато.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-so-nesekojdnevno-baranje-go-sakal-elekot-na-karlo-ancheloti/feed/ 0
Мисајловски: Ниту една Влада во историјата на Македонија не го прифати барањето на Бугарија за заедничка историја – СДСМ тоа го напраи брзоплето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nitu-edna-vlada-vo-istorijata-na-makedonija-ne-go-prifati-baranjeto-na-bugarija-za-zaednichka-istorija-sdsm-toa-go-naprai-brzopleto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nitu-edna-vlada-vo-istorijata-na-makedonija-ne-go-prifati-baranjeto-na-bugarija-za-zaednichka-istorija-sdsm-toa-go-naprai-brzopleto/#respond Mon, 04 Jul 2022 19:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=699958

Јас лично бев дел од преговарачкиот тим кога се овој договор. Јас тогаш бев држен секретар во Министерството за надворешни работи па потоа бев колега заедно со Арбер во Владата и сме имале добра соработка и сме работеле. Што беше спорно тогаш, што е спорно денес? Три работи беа спорни: Прво - заедничката историја и ниедна Влада претходно и тогашната Влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на СДСМ и таа Влада. Зборам за еден потег, заедничка историја што сега ги прави сите проблеми, истакна Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Тој потенцираше на втора работа која е многу важна, а тоа е реципроцитетот, како што се однесува за нив така да се однесува и за нас. - Не може само Македонија да има обврски, и тогаш и тоа не се договори, но Владата на СДСМ веднаш го прифати. Зборам ниту една влада во историјата, ниту нивните Влади претходно не го прифаќале тоа барање. Исто така многу важно што го бараа македонскиот јазик како што сега го бараат и како што сега стои во овие документи, истото го бараа во договорот за добрососедство. И тоа беше од важните работи кои ние како ВМРО-ДПМНЕ заедно тогаш во Владата не го прифативме тој документ. Сега тој стои тука, и тоа е обврска. Тоа што сега е укочено, ќе стои во самиот процес. И да, добро кажа Арбер ова не е отварање на преговорите како Албанија што веднаш ќе ги почне после состанокот, туку Македонија има обврска да го смени уставот. Тоа е обврска задолжителна за потоа да започне преговори. Тоа е многу клучна разлика, појасни Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nitu-edna-vlada-vo-istorijata-na-makedonija-ne-go-prifati-baranjeto-na-bugarija-za-zaednichka-istorija-sdsm-toa-go-naprai-brzopleto/feed/ 0
ШВЕДСКА ДОНЕСЕ КОНЕЧНА ОДЛУКА: Поднесува барање за членство во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-donese-konechna-odluka-podnesuva-baranje-za-chlenstvo-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-donese-konechna-odluka-podnesuva-baranje-za-chlenstvo-vo-nato/#respond Mon, 16 May 2022 13:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=677411

Шведската влада денеска донесе официјална одлука нивната земја да аплицира за членство во НАТО. - Најдоброто нешто за безбедноста на Шведска е да влезе во НАТО, рече премиерката Магдалена Андерсон. Владата претходно во текот на денот имаше состанок. Пред тоа се одржа собраниска расправа за состојбата на безбедносната политика. На прес-конференцијата премиерката најави дека Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО. - Во нашиот парламент има големо мнозинство за прием на Шведска во НАТО, рече Андерсон. Таа ја нарече „Руската војна во Украина едно од најлошите прекршувања на Повелбата на ОН“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-donese-konechna-odluka-podnesuva-baranje-za-chlenstvo-vo-nato/feed/ 0
Русија се откажа од барањето Украина да се предаде, вели помошник на Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-se-otkaza-od-baranjeto-ukraina-da-se-predade-veli-pomoshnik-na-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-se-otkaza-od-baranjeto-ukraina-da-se-predade-veli-pomoshnik-na-zelenski/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=647879

Русија го омекна својот став во преговорите за евентуален договор со Украина, изјави помошник на украинскиот претседател. Игор Жовква, заменик шефот на кабинетот на претседателот на Украина, вели дека разговорите меѓу руските и украинските претставници станале поконструктивни. Тој нагласува дека Москва го променила својот тон и престанала да бара предавање на Украина, на што се инсистирало за време на претходните разговори. Жовква рече дека украинските претставници се чувствуваат како умерени оптимисти по преговорите, додавајќи дека средба меѓу Зеленски и Путин е неопходна за значителен напредок. Сепак, додека Украинците се оптимисти за преговорите со Русија, во соопштение од Кремљ се вели дека Путин останува на својот став и во разговор со Шарл Мишел, шефот на Европскиот Совет, нагласил дека Киев не покажува сериозна посветеност за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни. Во меѓувреме, пристигна и информацијата дека денешните преговори се завршени и дека работата ќе продолжи утре. Украинскиот претставник, Михаил Подољак, вели дека има суштински противречности во позициите на руската и украинската делегација во разговорите, но постои и можност за компромис, пренесува „Спутник“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-se-otkaza-od-baranjeto-ukraina-da-se-predade-veli-pomoshnik-na-zelenski/feed/ 0
ОПШТИНА БИТОЛА СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Граѓаните кои претрпеле штета од земјотресот да поднесат барање за проценка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-so-vazna-informacija-gragjanite-koi-pretrpele-shteta-od-zemjotresot-da-podnesat-baranje-za-procenka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-so-vazna-informacija-gragjanite-koi-pretrpele-shteta-od-zemjotresot-da-podnesat-baranje-za-procenka/#respond Mon, 10 Jan 2022 15:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=617635

После серијата земјотреси кои ја зафатија Општина Битола на ден 09.01 и 10.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола. Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено. Барањата можат да се доставуваат од вторник 11.01.2022 до среда 26.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот. Барањето може да се преземе од следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/izvestuvanje-na-opstina-bitola/]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-so-vazna-informacija-gragjanite-koi-pretrpele-shteta-od-zemjotresot-da-podnesat-baranje-za-procenka/feed/ 0
Во четврток ќе се одржи седницата за гласање доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-odrzi-sednicata-za-glasanje-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-odrzi-sednicata-za-glasanje-doverba-na-vladata/#respond Mon, 08 Nov 2021 15:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=592692

Информираме дека во Собранието на Република Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Македонија и истата е архивирана од надлежните служби, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието во врска со Барањето за гласање за доверба на Владата. Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-odrzi-sednicata-za-glasanje-doverba-na-vladata/feed/ 0
Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на 672 француски пожарникари против обврската за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-go-otfrli-baranjeto-na-672-francuski-pozarnikari-protiv-obvrskata-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-go-otfrli-baranjeto-na-672-francuski-pozarnikari-protiv-obvrskata-za-vakcinacija/#respond Wed, 25 Aug 2021 12:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=554888

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес, го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против Ковид-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година, јави дописникот на МИА. -Судот оцени дека овие барања се надвор од опсегот на член 39 од неговите правила, што овозможува да се свика по итна постапка кога жалителите се изложени на „реален ризик од непоправлива штета“. Пожарникарите се повикаа на одредбите на Европската конвенција за човекови права кои се однесуваат на „правото на живот“ и „правото на почитување на приватниот и семејниот живот“. Тие побараа од Судот да ја „суспендира обврската за вакцинација“ предвидена со законот од 5 август 2021 година во врска со управувањето со здравствената криза и, исто така, да ги суспендира „одредбите што предвидуваат забрана за вршење на нивната активност“ за оние меѓу нив кои „нема да ја исполнат обврската за вакцинација“, како и „прекинот на плаќањето на нивниот надомест“. Одлуката на ЕСЧП, донесена од формација од седум судии, сепак „не ги предвидува неговите последователни одлуки за допуштеност или за основаноста на предметите за кои станува збор“, прецизира судот. Во соопштението за печатот, синдикатот на пожарникарите СУФ СДИС инсистираше на почетокот на август на фактот дека „не е против вакцината“, туку е против вакциналната обврска „многу лошо примена, вклучително и од веќе вакцинирани агенти“. Ова е „прва европска пресуда за обврската за вакцина против # СОВИД19“, твитна адвокатот Никола Хервие, специјалист за ЕСЧП. Сепак, Судот, кој седи во Стразбур, веќе донесе одлука за случај во врска со обврската за вакцинација, на 8 април, повикан да се изјасни од чешките родители кои одбија да ги вакцинираат своите деца против детски болести. ЕСЧП смета дека оваа обврска може да биде „неопходна во демократско општество“. Оваа пресуда, дури и ако не се однесува на вакцинацијата против Ковид-19, се смета за неуспех за противниците на вакцините.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-go-otfrli-baranjeto-na-672-francuski-pozarnikari-protiv-obvrskata-za-vakcinacija/feed/ 0
Матурантите со писмо до пратениците – бараат поддршка за проблемот со полагањето на матура во време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-so-pismo-do-pratenicite-baraat-poddrshka-za-problemot-so-polaganjeto-na-matura-vo-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-so-pismo-do-pratenicite-baraat-poddrshka-za-problemot-so-polaganjeto-na-matura-vo-vreme-na-pandemija/#respond Fri, 29 Jan 2021 10:26:48 +0000 https://kurir.mk/?p=461398

Сојузот на средношколци и нејзиниот претседател Бленди Ходаи во име на генерацијата матуранти 2020/2021 вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука, како што е наведено во нивното писмо – ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање. Доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование што, како што наведува во упатеното писмо, е последниот демократски чекор, а во тој дополнет Закон „јасно ќе биде наведено дека одредбите се привремени, т.е. се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“. -Министерката Царовска е категорична дека државната матура треба да содржи четири предмети. Поради тоа, од вас како директни преставници на граѓаните и, пред сè, контролори на извршната власт бараме јавна поддршка за нашите барања и повикувања кон МОН нив да ги исполни; користење на вашето влијание како државни службеници за МОН конечно да се вразуми; и доколку Министерството не покаже добра волја и продолжи со својот безобѕирен однос – изготвување и донесување на законско решение кое ќе ги вклучи нашите барања. Ако дури и Вашата поддршка се покаже како залудна, единственото преостаното решение е Собранието да го измени Законот за средно образование, којшто МОН мора да го почитува, пишува во писмото кое Сојузот на средношколците и нивниот претседател Ходаи го доставиле до 85 пратеници односно до оние кои на официјалната страница на Собранието имаат наведено контакти по електронска пошта. Заради исполнување на барањето, матурантите организирани од Средношколски сојуз минатиот четврток, првиот ден од второто полугодие, почнаа бојкот на наставата, најавувајќи дека ќе трае една недела и потоа ќе одлучат што понатаму. Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека бојкотот денеска го завршуваат, а утре ќе одлучат за следните чекори, односно дали ќе се вратат на онлајн-настава од понеделник. Можно е да се иницира и собраниска дебата за нивното барање. – Претставници од матурантите во Сојузот утре ќе одлучуваме што ќе правиме од наредната недела. Осум дена бевме во бојкот и ќе одлучиме што е подобро за матурантите. Многу од нив се изнервирани од случувањата помеѓу Сојузот и МОН. Можеби ќе има порадикален чекор, како протест или слично, или ќе одлучиме да престанеме со бојкотот и да се вклучиме во наставата. Сè уште не се знае, ќе дискутираме утре и ќе се гласа што ќе се прави. Од разговори што вчера ги имав со неколку пратеници во Собрание, има индиции дека во понеделник може да се иницира дебата во Собранието. Така што, ќе видиме и пратениците дали и што ќе направат во наредните денови, изјави денеска Ходаи. Според него, се бојкотира во 20 градови. Пред два дена имале бојкот од 79 проценти, вчера 76 отсто и, за разлика од другите градови, како што рече, во Скопје се бојкотира делумно – во некои средни училишта има настава, а во други се бојкотира. Со ресорната министерка, рече Ходаи, немале контакт од 20 јануари, односно ден пред да го почнат бојкотот. Во упатеното писмо до пратениците за поддршка на нивното барање да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и втор предмет од областа која матурантит планира да ја студира, Сојузот истакнува дека е целосно разумно и изводливо и смета дека нашето општество не смее да ги игнорира последиците на неквалитетната настава на далечина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-so-pismo-do-pratenicite-baraat-poddrshka-za-problemot-so-polaganjeto-na-matura-vo-vreme-na-pandemija/feed/ 0
Угостителите со барање до Владата: Ви даваме рок до 25 јануари да ги усвоите сите наши барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-so-baranje-do-vladata-vi-davame-rok-do-25-januari-da-gi-usvoite-site-nashi-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-so-baranje-do-vladata-vi-davame-rok-do-25-januari-da-gi-usvoite-site-nashi-baranja/#respond Wed, 20 Jan 2021 09:16:52 +0000 https://kurir.mk/?p=457353

Во соопштението на Независната угостителска комора и здруженијата Клуб еснаф од Битола, Прилепски меанџии, Тиквешки угостители од Кавадарци, Бисер од Куманово, ЗУТ Крушево од Крушево, Антигонеа од Неготино и Охридски еснаф од Охрид, се вели дека на Владата ѝ се дава рок до 25 јануари да ги усвои сите нивни барања и да донесе одлуки со кои ќе креира посебни економски мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија. Угостителите бараат континуирана помош – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до официјално завршување на пандемијата ковид-19. Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани. Безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста. Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти. Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија, односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со грејс период или наплата по завршување на пандемијата ковид-19. НУК посочува дека трпението на угостителите кои чекаат средба со Владата за економските мерки е при крај. Тие очекуваат Владата да ги прифати овие мерки и да се применат по кратка постапка со цел да се помогне на угостителството кое што е пред колапс. - Владата задно со Министерството за економија и Министерството за финансии во целост ја носат обврската и одговорноста за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата ковид-19. Владата со одлуките од последната седница докажа и покажа ако сака, кога сака има и услови и можности и начини по кратки постапки да креира безусловни посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош на индустриите погодени од пандемијата ковид-19, соопшти НУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-so-baranje-do-vladata-vi-davame-rok-do-25-januari-da-gi-usvoite-site-nashi-baranja/feed/ 0